Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
La Ninja
Сениор
She Hulk
Регистриран: 13.Јуни.2006
Статус: Офлајн
Поени: 1605
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Тема: Кифлички,кроасани ,мекици,крофни и панцероти Испратена: 20.Април.2008 во 21:37 |
ДОРЧОЛ КРОФНИ
*5ООгр. компири *500гр. брашно *100гр. путер *4 јајца *1 квасец *1 ванилин шеќер *100гр шеќер во прав *1 лимон *1 кесичка цимет Подготовка: *Откако ќе ги свариме компирите ги лупиме и ги сечкаме на парчиња. Ги ставаме во сад за марење и ги гмечиме со алатка за пире. Квасецот го дробиме со лажица и го додаваме во садот со компирот. Исто така ги додаваме и брашното, путерот исечкан на парчиња и ванилиниот шеќер. На ситна страна од рендето ја рендаме кората од лимонот. Јајцата ги кршиме и ги додаваме во садот. Миксерот го користиме со мешалки за тесто. Откако состојките ќе се соединат го вадиме тестото од садот и го месиме со раце на набрашнета маса. Правиме кора од тестото со сукало. Чашата која ќе ни служи како калап ја набрашнуваме и со неа вадиме тркалезни форми од тестото. Тавата за печење исто така ја набрашнуваме, ги редиме формите и ги оставаме да стасаат. Потоа ги пржиме крофните во тава на оган со поголема количина масло кое претходно се загреало. Како што ќе ги вадиме кога ќе се испржат ги ставаме на чинија обложена со салфетки. Откако ќе се исцедат од маслото ги редиме во чинија за сервирање и додаваме врз нив прво цимет, па шеќер во прав и на крај чоколадни мрвици. Пријатен апетит!
Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:43
|
Ne sum pijan, samo lezam na zemja i se raduvam....
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
Calipso
Модератор
Primarius
Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Октомври.2010 во 01:24 |
ПРИНЦЕС КРОФНИ
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
12 Шекер лажички
1000 милилитри Млеко
150 грама Маргарин
250 милилитри Вода
2 Ванила пудинг
150 грама Брашно
12 Јајца
ПОДГОТОВКА:
Ставете го маргаринот во ладна вода, потоа на рингла, а веднаш штом проврие додадете го брашното и силно матете ги со жица за се убаво да се соедини и да нема тврди топчиња.
Оставете да се олади, па додадете 6 јајца едно по едно и матете со миксер.
Со помош на кеса за шлаг истискајте крофни, ставајте ги на хартија за печење (со која сте обложиле плех) но правете простор помеѓу нив, бидејќи нараснуваат при печењето.
Рерната загрејте ја на 220 степени па печете ги 7 минути, а потоа намалете на 200 степени и печете ги уште 13 минути.
Не отворајте ја рерната за време на печењето.
Готовите крофни оставете ги да се оладат, па пресечете ги на пола и полнете ги со фил.
Од оваа мера би требало да направите 40 крофни.
Ставете да се свари 900 мл. млеко.
Изматете 6 јајца, шеќерот и прашокот за пудинг во 100 мл. млеко, па полека сипајте мешајќи во свареното млеко и варете додека не се згусне.
Оладете го филот, па полнете ги крофните. Одозгора посипете ги со шеќер во прав или топено чоколадо.
|
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент: Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Ноември.2010 во 14:22 |
Крофнички со банани
Потребно:
* 2 банани * 2 лажици кафен шеќер * 100 г брашно * 1/2 ќесичка прашок за печиво За пржење: * 500 мл масло За послужување: * кокосово брашно
Приготвување: испасирајте ги бананите, додајте ги шеќерот и брашното измешано со прашокот за печиво, па замесете тесто од сето тоа. Со помош на лажица земајте од тестото во облик на топче и пржете го во добро загреано масло. Пржените златно-жолти крофнички ставете ги врз хартиена салфета за да впие вишокот маснотија. Топлите крифнички послужете ги посипани со кокосово брашно.
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 18:19 |
КИФЛИЧКИ СО ПАВЛАКА ГОТОВИ ЗА 15 МИНУТИ
Изменето од Valerija - 30.Јануари.2018 во 19:27
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 18:22 |
МЕКИ МИНИ КРОФНИЧКИ![6 6](http://popara.mk/wp-content/uploads/2013/03/629-660x300.jpg) Меки, сочни и вкусни…идеални како десерт или ужина. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 170 милилитри млеко 1 коцка квасец 500 грама брашно 2 јајца 2 жолчки 90 грама шеќер 50 грама путер Малку сол Масло за јадење 300 грама џем по желба Шеќер во прав НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Загрејте околу 100 милилитри млеко, здробете го квасецот и додадете 150 грама брашно. Замесете тесто и оставете го на топло место околу 30 минути за да стаса. Додадете го путерот малку сол, убаво замесете и оставете го тестото на топло место околу 45 минути на топло место. Разматете ги јајцата плус 2 жолчки заедно со 90 грама шеќер, па додадете го претходно стасаното тесто заедно со преостанатото млеко и брашно. Додадете го путерот и малку сол, замесете и оставете го тестото да мирува околу 45 минути на топло место. По 45 минути поделете го тестото на 25 топчиња кои ќе ги наредите на крпа посипана со брашно. Покријте ги и оставете ги уште 30 минути да нарастат. Загреј те го маслото за јадење и испржете ги крофните. Испржените крофни редете ги врз салвети за да се упие вишокот на масло. Џемот ставете го во готварски шприц, малку пробушете ги крофните и внатре ставете џем. Крофните посипете ги со шеќер во прав. Уживајте во вкусот!!!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 18:24 |
ВКУСНИ КИФЛИЧКИ ГОТОВИ ЗА 10 МИНУТИПотребни состојки:- 4 шолји од 2dl брашно
- 2 лажици шеќер
- ½ лажица сол
- 2 лажици масло од сончоглед
- 500ml млеко
- 11g сув квасец
Подготовка: Потребно е само да ги споите сите состојки додека не добиете хомогена смеса. Така направената смеса се става во покриен сад или кеса и треба да отстои 1-2 часа во фрижидер. ![testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-02.jpg testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-02.jpg](http://www.crnobelo.com/images/stories/2015/05/testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-02.jpg)
Потоа лесно размесете, направете облик по желба – пирошки, лепче, кифли… Печете во тава на врело масло или во рерна, на подмачкан плех додека површината не порумени. Послужете со главно јадење, салати, сосови… Ова се само дел од идеите како да го искористите тестото: ![testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-03.jpg testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-03.jpg](http://www.crnobelo.com/images/stories/2015/05/testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-03.jpg)
![testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-05.jpg testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-05.jpg](http://www.crnobelo.com/images/stories/2015/05/testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-05.jpg)
![testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-06.jpg testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-06.jpg](http://www.crnobelo.com/images/stories/2015/05/testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-06.jpg)
![testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-8.jpg testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-8.jpg](http://www.crnobelo.com/images/stories/2015/05/testo-gotovo-za-10-minuti-za-meki-kiflicki-od-koi-ke-zamirisa-cela-kuka-8.jpg)
Изменето од Valerija - 30.Јануари.2018 во 19:27
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 18:26 |
БРЗИ КРОФНИ СО ПАВЛАКАСостојки:4 јајца 1 кисела павлака 16 лажици брашно Малку сол 1 прашок за печиво Подготовка: Ставете го брашното во подлабок сад, а потоа додадете го печивото, малку сол и сето убаво измешајте го. Во брашното додадете ја павлаката и изматените јајца, па добро измешајте ( како кога правите кајгана) Во тавата за пржење налејте масло, во висина околу 1 см. Добро загрејте го, па намалете на умерена температура. Со лажица вадете ги крофничките па пржете ги од двете страни додека убаво да заруменат. Служете ги со сирење или чај.
Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:11
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 18:27 |
ПОСНИ ЦРНО-БЕЛИ КИФЛИЧКИ ГОТОВИ ЗА 20 МИНУТИ
Потребни состојки за тесто:- 250 ml топла вода
- 50 g свеж квасец
- 250 ml масло
- 600 g брашно
- 3 лажички какао
- 3 лажички брашно
- Џем
За сируп: - 350 g шеќер
- 350 ml вода
- Ванила
![vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-1.JPG vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-1.JPG](http://www.crnobelo.com/images/stories/2014/12/vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-1.JPG)
Подготовка: 1. Во топлата вода растопете го квасецот, веднаш додајте ги маслото и брашното и замесете го тестото. 2. Поделете го на 2 дела. 3. Во едниот дел додајте какао, а во другиот 3 лажички брашно. 4. Двата дела од тесто поделете ги на 6 топчиња (вкупно 12). 5. Оставете ги околу половина час да нараснат. 6. За тоа време подгответе го сирупот. Измешајте ги шеќерот, водата и ванилата и оставете ја смесата да зоврие. 7. Загрејте ја рерната на 220 степени. 8. Премачкајте два голема плеха. 10. Ставете ги топчињата тесто на една полица и развлечете ги како кори со пречник од 20 cm. 11. Исечете ги на 8 делови, филувајте ги со џем и замотајте ги како класични кифлички. 12. Наредете ги во плех и печете додека не заруменат, околу 15-20 минути. 13. Извадете ги од рерната и прелијте ги со сирупот. 14. Завртете ги неколку пати за да се натопат со сирупот од сите страни. ![vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-2.jpg vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-2.jpg](http://www.crnobelo.com/images/stories/2014/12/vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-2.jpg)
Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:13
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 18:29 |
ПОСНИ ПРЖЕНИ КРОФНИ СО РАЗНО ПОЛНЕЊЕПотребни состојки:- 250ml млака вода
- Пакетче свеж квасец
- 800g брашно
- ½ маргарин
- 3 лажици шеќер
Подготовка: Во млаката вода ставете 1 лажичка шеќер со квасецот и 1 лажица брашно. Оставете да нарасне. Соединете го маргаринот со шеќерот, а потоа додајте ја водата со нараснатиот квасец и замесете тесто. Оставете тестото да нарасне неколку минути, а потоа растегнете го. Со калапи за крофни или со шолја извадете кругови. Наполнете едно тенџере со масло, затоа што крофните мора да пливаат додека се пржат. Во маслото спуштете неколку крофни и пржете додека не заруменат. Кога се готови, исцедете ги на една платнена крпа, проросете со шеќер и наполнете ги по желба. Служете ги додека се топли.
Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:12
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 18:30 |
ДОМАШНИ ПРИНЦЕС КРОФНИПотребни состојки:- 1 чаша вода
- 1 чаша масло
- 1,5 чаши брашно
- 1 литар млеко
- 10 лажици шеќер
- 7 лажици брашно
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 8 јајца
- 2 дцл. слатка павлака
- 1 пакување прашок за пециво
![](http://images.idividi.com.mk/images/krofni15.jpg)
Упатско за подготовка: Бидејќи мерките за тесто ви ги дадовме во чашки, тогаш користете чаша од 2 дцл, најдобро доколку имате некоја пластична од јогурт. Оставете да зоврие една чаша вода со 1 чаша масло. Кога ќе почне полека да врие, додадете 1,5 чашка брашно измешано со прашокот за пециво, со постојано мешање за да не се создадат грутки. Тргнете од оган и оставете да се олади. Ладното тесто префрлете го во сад за матење. На миксерот ставете ги спиралните маталки и со постојано мешање додадете 4 јајца, едно по едно (додадете едно јајце, матете додека тестото не се воедначи па додадете го следното). Готовото тесто можете да го сипате во шприц и да истискате ѕвездички или едноставно колачите вадете ги со помош на мали кесички. Големината треба да биде идентична на орев. Колачите редете ги во сад обложен со хартија за печење. Водете сметка помеѓу колачите да оставите доволно место бидејќи тие ќе нараснат за време на печењето. Рерната загрејте ја на 220 степени, па потоа ставете ги колачите да се печат. Нека се печат 20-на минути без отворање на рерната. Тие треба да бидат подеднакво румени на сите страни. ![](http://images.idividi.com.mk/images/970ea26369ecfae51c8a86221d50c354.JPG)
Во меѓувреме подгответе го филот: Во сад за готвење на пара ставете да провријат 8 дцл. млеко. Посебно изматете 4 жолчки со 10 лажици шеќер, еден ванилин шеќер, 7 лажици брашно и преостанатите 2 дцл. млеко. Кога млекото ќе започне да врие, полека со постојано мешање, додадете ја смесата од жолчки. Варете на тивок оган додека не добиете фил (кога ќе измешате со лажица на дното треба да остане јасен траг). Готовиот фил тргнете го од огинот, прекријте го со леплива фолија и оставете да се олади. Изматете 2 дцл. слатка павлака и спојте ја со ладниот фил. Секој колач пресечете го на пола и филувајте го. Одозгора посипете малку прав шеќер.
Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:12
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 18:31 |
НУТЕЛА КРОФНИЧКИПотребни состојки:- 2 шолји брашно
- 3/4 шолја шеќер
- 2 лажички прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- 3/4 шолја млеко
- 2 јајца
- 2 лажици путер (растопен)
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 6 лажици нутела
Подготовка: Загрејте ја рерната на 260 степени. Во поголем сад измешајте ги брашното, шеќерот, прашакот за пециво и солта. Во истиот сад додадете го млеко, екстрактот од ванила, растопениот путер и јајцата. Се заедно измешајте. Наполнете ги калапите за крофни. Одозгора на тестото ставете по пола лажица нутела и со нож нежно премачкајте ги. Печете околу 20 минути. По желба можете да украсите со ореви, лешници, плазма итн.
Изменето од Valerija - 30.Јануари.2018 во 19:27
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 18:33 |
БРЗИ ПИШИИСостојки:• 300 мл кисело млеко • 600 г брашно • 1/2 супена лажица сода бикарбона • 1/2 супена лажица сол • 1 пакетче прашок за пециво Подготовка: 1. Во подлабок сад се става брашно,потоа се додава кисело млеко,сода бикарбона,сол и прашок за пециво. 2. Се замесува меко и мазно тесто. Тестото се расукува во поголема кора со дебелина од 1 сантиметар. 3. Расуканата кора се сече по должина на ленти,а потоа и попреку накосо за да се добијат форми на баклава. 4. Добиените баклавчиња се пржат во загреано масло,а потоа се редат на кујнска хартија за да се исцеди вишокот маснотија од нив. 5. Пишиите се послужуваат со сирење и со чаша јогурт или пак со кисело млеко.
Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 21:47
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 18:40 |
ТАЈНАТА ОКОЛУ ПРЖЕЊЕТО НА МЕКИЦИТЕ
Потребни состојки:10 грама шеќер малку сол 100 мл масло 1 квасец 1 кг брашно Подготовка: Квасецот се раствора во една чаша млака вода. Потоа во длабок сад се меси тестото додавајќи 900 гр брашно и водата од чашата со квасецот (доколку оваа вода е малку, додаваме само топла вода). Откако тестото добро ќе се измеси се остава да отстои на топло за да нарасне. Откако тестото ќе нарасне, во тава на оган се загрева поголема количина на масло. А потоа од тестото се кинат парчиња и со раце се обликуваат кори во форма на тавата и една по една се пржат. Откако ќе се испржат ставете ги во една чинија да се исцеди маслото. Тајни околу пржењето на мекиците: Капнете неколку капки ракија за да не се полнат многу со масло. Едно капаче ракија на едно кило брашно. Се капнува во тестото. Пробајте како што е напишана рецептата и кога ќе стасаат посипете пола лажиче пециво и измешајте ги па после пржете ги. Ќе бидат многу меки и нема да бидат мрсни. Најбитно е тестото да не биде ниту многу меко ниту многу тврдо. Да не ви гори маслото ставете 3-5 зрна жив грав во маслото и пржете колку сакате.
Изменето од Valerija - 30.Јануари.2018 во 19:28
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Август.2015 во 18:41 |
МИНИ ШЕЌЕРНИ КРОФНИ- 280 г брашно
- 2 лажички прашок за пециво
- 240 мл млеко
- 120 мл масло за готвење
- 100 г шеќер
- 120 г путер (или маргарин) (за валкање на крофните)
- 120 г шеќер (за валкање на крофните)
- 1-2 кесички ванилин шеќер (за валкање на крофните)
Подготовка- Загрејте ја рерната на 180 степени. Малите калапите за колачиња премачкајте ги со масло и набрашнете ги за на не се залепат крофните.
- Во подлабок сад, со миксер, изматете ги сите состојки потребни за подготовка на мини крофните.
- За полесно да ги наполните калапите, смесата префрлете ја во кеса за замрзнување, исечете го крајот (налик на готварски шприц) и наполнете ги калапите (отприлика до пола).
- Печете ги околу 10 минути или се додека не добијат златно-кафена боја.
- Во меѓувреме, стопете го маргаринот или путерот. Во друг сад измешајте го шеќерот заедно со ванилиниот шеќер.
- Секоја крофна, потопете ја во маргаринот, потоа извалкајте ја во шеќерот и сервирајте ги. Добар апетит!
Изменето од Valerija - 29.Јануари.2018 во 22:12
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
![Кон врв Кон врв](forum_images/back_to_top.png) |