Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Јуни.2015 во 15:20 |
БРЗА СЛАДОЛЕД ТОРТА СО БИСКВИТИ
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јуни.2015 во 07:18 |
Доколку сакате нешто брзо и вкусно за десерт, а немате многу време за подготовка, овие Нутела бомбици со кикирики ќе ги подготвите за само 15 минути. Можеби ќе ви одземат мал дел од денот, но ќе зборувате за нив цел ден, затоа веднаш фатете се за работа и набавете ги следните состојки со кои се подготвува овој брз десерт. - 400 грама Нутела еурокрем
- 300 грама лупени кикирики
- 200 грама чоколадо за готвење
Начин на подготовка:
Најпрво кикирите малку се потпекуваат и се кршат или толчат на ситни парчиња. Потоа се топат кремот и чоколадото на пареа, па се додаваат половина од иситнетите кикирики. Жешката смеса се става во книжни корпи за колачиња и се наросува со преостанатата смеса од иситнетите кикири. На крај оставате да се стврднат во ладилникот околу еден час и потоа послужете со ладно кафе. Ќе излижете прсти!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Јуни.2015 во 17:45 |
ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ БЕЗ ПЕЧЕЊЕКремаста и чоколадна торта која ќе ја обожавате по првото залче. Се прави брзо и лесно, а се служи добро оладена после ручек или кафе. Потребни состојки: - Пакетче тенки кори за торта
- 1,5 l млеко
- 2 пудинзи од чоколадо
- 200g шеќер
- 4 лажици брашно
- 2 лажици густин
- 300g чоколадо за готвење
- 250g млечно Милка чоколадо
- 3 пакетчиња ванилин шеќер
- 200g путер или маргарин
За глазура: - 50g путер или маргарин
- 50g млечна Милка чоколадо
- 1dl слатка павлака
Подготовка: Загрејте литар млеко додека не зоврие, па во него помешајте го преостанатото млеко со пудинг, брашно, густин и шеќер. Кога кремот ќе биде готов тргнете од оган и додадете го чоколадото да се растопи. Прво мешајте со дрвена лажица, па потоа неколку минути со миксер. Измешајте го маргаринот или путерот со ванилин шеќер и додајте го во оладениот крем. Премачкувајте ги корите со по еден дебел слој крем се додека не го потрошите материјалот. На крај, стопете ги сите состојки за глазурата на пареа и прелијте ја целата торта. Сечете коцки или правоаголници и послужете ги оладени.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Јуни.2015 во 15:24 |
НАЈБРЗА ЛЕТНА ТОРТА ОД ЈОГУРТ, БИСКВИТИ И МАЛИНИВо сезоната на малините вреди да се потсетиме на една од најлесните ( можеби и најлесна) тори кои можете да ни направите за миг, а притоа да уживате во еден освежителен вкус. Потребни ви се 10 минути и следниве состојки: 500 г. бисквити литар јогурт 200 грама шеќер во прав 500 грама овошје по желба (малини, јагоди, вишни, ананас, банани, киви) 200 грама крем – шлаг Подготовка: Искршете ги бисквитите, додадете јогурт, шеќер во прав и овошје, па сето тоа добро промешајте го со лажица. Сипете ја смесата во огромен сад и ставете го во ладилник. Изматете крем – шлаг и ставете го преку тортата. По желба украсувајте со овошје.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јуни.2015 во 08:14 |
Ви се јаде нешто благо, вкусно, а свежо. Не ви се пече торта и сакате набрзина да бидете готови. Нема посовршен летен десерт од колачот со ресана, плазма и овошен јогурт кој дава посебно освежителна нота на секое залче. Вистински летен десерт. Потребни состојки: - 2 кутии ресани
- 2 кутии плазма
- 3 кесички шлаг од ванила
- 1 kg слатка павлака
- 800 g овошен јогурт со овошје по ваш избор
Подготовка: Плазмата потопете ја во малку сок по можност од истото овошје кое го има во јогуртот, колку да омекне. Наредете ја на поголема тепсија или друга подлога. Изматете ја слатката павлака не премногу цврсто и додајте го овошниот јогурт, па продолжете да матите со лажица или со жица и половина од смесата нанесете врз плазмата. Врз неа наредете исто така потопена ресана во сок, па врз неа премачкајте ја останатата половина од слатка павлака и овошен јогурт. На крај, изматете ги трите шлагови од ванила со млеко и премачкајте го колачот целосно. Готови сте за 15 минути. Оставете го во фрижидер да се излади и стврдне, па може да го послужите со некоја лимонада.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јуни.2015 во 21:03 |
ТОРТА СО ПУДИНГ И БИСКВИТИПотребни состојки:- 4 пудинга од ванила
- 10 лажици шеќер
- 1,5 литри млеко
- 320 грама маргарин
- 100 грама шеќер во прав
- 500 милилитри шлаг пена
- 600 грама бисквити
Начин на подготовка:Измешајте го прашокот за пудинг со шеќерот. Од млекото, одземете 15 лажички и измешајте ги со пудингот и шеќерот, така што да добиете хомогена смеса. Остатокот од млекото сварете го, па тргнете го од оган и додајте му го изматениот прашок за пудинг. Вратете го на оган и мешајте 2 минути. Внимавајте да не се залепи. Оставете го да се олади и повремено мешајте за да не се засуши горниот дел. Изматете го маргаринот со шеќерот во прав и потоа додајте ги на оладениот пудинг. Матете го шлагот сè додека не стане цврст и во тава (35×25) наредете бисквити врз кои ќе го сипете пудингот, па шлагот. Повторувајте ја постапката 6 пати и завршете со шлаг пената.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јуни.2015 во 21:04 |
ТОРТА СО РУМ И МЛЕКОЗа тестото:- 400 грама бисквити
- 100 милилитри млеко
- 1 лажичка рум
- 500 милилитри слатка павлака
- 300 грама несолена урда
- 100 грама шеќер
- 1 кесичка желатин
- 1 лажичка какао
За глазурата:- 150 грама чоколадо за готвење
- 1 лажичка рендано чоколадо
Начин на подготовка:Изматете ја слатката павлака со шеќерот и додајте го сирењето. Растопете го желатинот во малку вода на тивок оган, оставете го да се олади и сипете го во смесата со слатката павлака. Одвојте третина во друг сад и додајте какао. Бисквитите намачкајте ги во млекото измешано со рум и наредете еден ред во долга тава, па врз нив распоредете половина од белиот фил. Потоа наредете уште еден ред бисквити потопени во млеко и рум и врз нив наредете го филот со какаото. За крај остануваат уште 2 реда бисквити меѓу кои ќе го додадете и остатокот од белата смеса. Завршете со растопеното чоколадо.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Јуни.2015 во 21:05 |
Потребни состојки:- 100 грама кокос
- 4 лажици јаворов сируп (може и мед или некој друг засладувач)
- 2 лажици кокосово масло
- ½ лажичка екстракт од ванила
- прстофат сол
Начин на подготовка:Ставете ги сите состојки во белндер и мешајте. Можете да мешате и рачно ако немате блендер. Потоа префрлете ја смесата во сад и ставете ја во фрижидер еден час или во замрзнувач 15 минути за да се стврдне. Потоа може лесно да се сече и да се консумира.
Изменето од Valerija - 27.Јуни.2015 во 21:06
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Јули.2015 во 14:00 |
Ова дефинитивно е најдобриот колач кој можете да го подготвите кога ви се брза и ви се јаде нешто студено и слатко. Состојки: - 500ml млеко
- 500ml павлака за шлаг
- 12 лажици густин
- 1 ванилин шеќер
- 100g чоколадо за готвење
- 100g бело чоколадо
- 4 лажици шеќер
- Пакетче бисквити или пишкоти
Подготовка: Помешајте го млекото со слатката павлака, па од таа количина земете 200ml кои ќе ги помешате со густинот и шеќерот. Остатокот ставете го да зоврие, па сварете го густинот. Кремот брзо се згуснува, така што за 2-3 минути ќе биде готов. Поделете го на 2 дела и во едниот додадете го чоколадото за готвење, а во другиот белото чоколадо. Мешајте енергично додека целосно не се растопи. На дното на една тава ставете пишкоти или бисквити (можете да ги натопите во млеко ако сакате), па одозгора премачкајте со темниот крем. Потоа веднаш премачкајте го и белиот крем. Ако сакате можете да ги филувате наизменично за привлечен дезен. Оставете ја тортата во фрижидер најмалку 1 час пред да ја послужите.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Јули.2015 во 18:48 |
ЛАДЕН И ЧОКОЛАДЕН: ВКУСЕН КОЛАЧ, БЕЗ ПЕЧЕЊЕ250 г. бисквити 150 г. млечно чоколадо 100 г. благ путер 150 г. мед 100 г. суви кајсии, исецкани 75 г. суво грозје 60 г. сецкани ореви Подготовка:1. Обложете ја тепсијата со хартија за печење 2. Иситнете ги бисквитите, користејќи толчник, а претходно ставете ги во пластична кеса, за да не летаат насекаде. 3. Стопете ги чоколадото, путерот и медот на пареа. Повремено мешајте. 4. Тргнете ги садовите од оган и измешајте ги мелените бисквити, сувото грозје, оревите и сувите кајсии. 5. Смесата ставете ја во тепсија и израмнете ја одозгора. 6, Оставете да се олади, а потоа ставете чоколадо врз неа и ставете во ладилник на 1-2 часа. 7. Пред сервирање исечете го колачот на 12 коцки и уживајте во вкусот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Јули.2015 во 08:18 |
Комбинацијата на солено благиот вкус на путерот од кикирики совршено се вклопува со богатиот вкус на чоколадото, па затоа овие слатки и брзи коцки се идеалниот рецепт кој ви треба за летово. Добро одат после кафе или после летниот ручек, а нивна предност е што можете да ги направите и со денови да ги чувате во замрзнувач. Кога сакате само исечете неколку и уживајте. За подготовка потребни ви се следниве состојки: - ½ шолја путер
- 1 шолја и 2 лажици кремаст путер од кикирики
- 1 шолја измелени бисквити
- 1 шолја шеќер во прав
- 200g искршено чоколадо
Подготовка: Во стаклен сад ставете го путерот и стопете го во микробранова. Потоа додадете ја шолјата со путер од кикирики, кршените бисквити и шеќерот во прав. Мешајте додека не се соединат состојките. Во тава со средна големина ставете пластична или алуминиумска фолија и нанесете ја смесата рамномерно. Оставете да се олади 1 час. Во меѓувреме истопете ги 2-те лажици путер од кикирики со чоколадото. Добиената смеса ставете ја во тавата. Оладете уште 1 час, а потоа сечете коцки.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Јули.2015 во 08:20 |
Топлите денови ни пристигнаа, а тоа значи дека неопходен ни е десерт кој ќе ве освежи. Оваа торта од крем павлака и малини ќе ве освои на првото залче, а не се пече, ниту филува со часови. Потребно ви е: - 5 мали кисели павлаки
- 250g шеќер во прав
- Пишкоти
- 250g свежи малини или 2 пакетчиња замрзнати
- 400 ml слатка павлака
Подготовка: Изматете ја киселата павлака со шеќерот во прав. Во калап наредете ред од пишкотите, премачкајте со половина изматената кисела павлака, па наредете и половина од малините. Потоа повторете ја постапката со пишкоти и преостанатиот фил од кисела павлака. Доставете ги и малините, но може да оставите и една шолја за декорација. Филувајте со 400ml матена слатка павлака и ставете ја тортата да се излади неколку часа. На крајот чашката малини кои ги одвоивте само истурете ги непрецизно одозгора. Не бидете изненадени ако сите ви побараат рецепт уште на првиот залак.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Август.2015 во 19:37 |
РЕЦЕПТ ЗА БАЈАДЕРА ЗА КОЈ НЕ ВИ ТРЕБА НИ РЕРНА НИ МИКСЕР - ГОТОВА ЗА 20 МИНУТИПотребни состојки: 9 лажици вода 200 грама шеќер 150 грама мелени ореви, бадеми или лешници 250 грама мелени бисквити 170 грама маргарин 100 грама чоколадо за готвење 1 лажиче рум – ПодготовкаЗа прелив
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 09.Август.2015 во 15:09 |
Колач готов за 5 минути, без печење, од само 3 состојки, преку кој најдобро ќе уживате во оригиналниот вкус на чоколадото. Потребни состојки: - 400g квалитетно црно чоколадо
- 400ml кондензирано млеко
- 50g путер
Подготовка: Стопете го чоколадото заедно со путерот. Мешајте додека не добиете смеса без грутки. Додајте го кондензираното млеко и тргнете од оган. Смесата ставете ја во силиконски калапи за колачи и оставете во замрзнувач неколку часа. Можете да послужите со парчиња овошје, компот или џем. Доколку немате слатко кондензирано млеко, можете да го подготвите на следниов начин: 1 литар кравјо млеко ставете во тенџере и оставете го да се вари на средна температура додека количината двојно не се намали. Мора постојано да мешате за да не загори. Додајте 1 лажица ванилин шеќер, ½ лажица екстракт од ванила и 150g шеќер и мешајте уште малку. Тргнете од оган и ќе имате околу 400ml готово кондензирано млеко. Оладете пред користење.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|