Нe можам да поверувам дека победив два пати во животот! Искрено, мислев дека за мене веќе нема шанса – изјави Амел на пресконференцијата по победата во регионалното шоу.
Покрај него седеше и Боби Мојсовски кој го освои второто место, а за кого Амел предчувствувал дека ќе му биде ривал во самото финале.
– Еве сега се сеќавам дека предвидев уште во буткампот. Тогаш му реков на Боби, а може и тој да потврди, дека ние се загреваме за во финале.
Победникот на овогодинешниот X-Фактор вели дека уште не направил детален план како ќе ги троши парите, но дека сигурно ќе отиде со Боби на ручек.
Шармантниот Сараевчанец на тој ручек ќе ја одведе и својата девојка, за која што не обожава многу да разговара со медиумите.
– Се вика Јелена и е од Сараево, повеќе од тоа нема да кажам- вели Амел.
Тој најави дека нема да чека „кариера“ како некои од неговите колеги, туку веднаш ќе се впушти во „огнот“.
– Нема да чекам година, две… Сакам веднаш да снимам албум, да тргнам во акција – вели дечкото кој дефинитивно успеа да завладее со сцената во белградската „Арена“.