|
Што се случува со нашето образование? |
Внеси реплика | страница <1 2425262728> |
Автор | |
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОставуваш две прашања,едното ќе ти одговрам,за другото потребна е друга тема,за државата дали чини нешто? Околу Образовниот систем имам пишуван во овој подфорум Образование,па во кратки црти,но пред тоа,се прашуваш што фали во предметот Иновации и тука излегува ВАШАТА површност,на оние кои го бранат овј промашен образовен систем,ако не читаш претходно во образложението и ако не разбираш тоа е твој проблем,но ако го правиш тоа намерно,тогаш е поголем проблем на оние кои викаат УРаа,само за инает. Во првите години кога се Имплементираше во Образовниот систем ДЕВЕТТОЛЕТКАТА,јас бев инволвиран во тие години и од тогаш се залагав дека целосно имаат промашување во работата,дека тоа што сакаат да го воведат не е ДЕВЕТТОЛЕТКА од ЗАПАДНИТЕ земји(како што милуваа да кажуваат),туку е само ПРОШИЕРН СТАРИОТ РУСКО- ФРАНЦУСКИ СИСТЕМ;СО ГОЛЕМИ ВЛИЈАНИЈА НА КОМУНИЗМОТ,а сега прошиерн со наводни западни влијанија и цело време кажував дека не се спремни да воведат таков систем,затоа што има премногу предмети,не се следи развојот на децата,туку паушално се трупа и се оптеретуваат децата,а згора на тоа ВОСПИТНИОТ процес воопшто не е застапен. Имам прилика од блиски роднини да увидам кои завршуваат прва генерација деветтолетка,деја само предметите односно учебниците се преофрмулирани,па така во деветтолетка се користат ушебници од стариот систем на осмолетка,зошто затоа што нема способни кадри да направат учебник кој ќе биде онака како што е во западните земји. Како пример би го земал и предметот Англиски,децата учат по учебници кои се користат во Англија(директно им ги носат)и се учи по нив во Средно училиште,тие самите тоа го откриле и кога и поставиле прашање на наставничката,таа не знаела што да одговри,им рекла дека така од горе наредуваат. Примерите се многубројни,е сега Децата завршуваат деветтолетка,па јас поставувам прашање како ќе биде понатаму во Средно,одговорот е едноставен исто си останува. Сега тука правам мала дигресија и тебе ти поставувам прашање како на паметна персона,знаеш сигурно како е системот,на Запад,после доаѓа 10,11,за оние кои се со пракса или Колеџ систем (гимназиско)од 4 години,или оние кои продолжуваат на факултет. Ете од тука гледаш дека сето тоа не е спроведено како што треба,а зашто ,пак ќе речам овие кои се на власт се НЕПИСМЕНИ,тие купиле диплома или им завршиле со ВРСКИ,така се и кецароши и не можат да го спроведат тоа во обраџзовниот систе,па и самите знаеме за програмата по Кембриџ,што направија прво лажеа дека е од Министерство на Британија,после излезе ипрале пари преку некоја фирма која правела помошни активности во образованието. ЗНачи не е течко да се признае НЕСПОСОБНОСТА,да се активираат СПОСОБНИ кадри,за почеток (ХРВАТИТЕ ГИ ЗЕМАМ ЗА ПРИМЕР),нека земат онака како што е на Запад,нека го воведат,но ќе треба половина НОВО ПРИМЕНИ ПОЛТРОНИ од партијата на власт да ги отпуштат,затоа што толку предмети развојно не се потребни,па да ги намалт часовите,и секако да научат што е ОСНОВНО,а што е СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Токму така. Првата работа што ни беше кажано на факултетот беше: Немојте да мислите дека доаѓате да научите и да запамтите с'е од вашата идна струка! Доаѓате да научите која книга да ја извадите од рафтот за да се потсетите како се решава проблемот на кој ќе наидете во вашата идна работа. Уште повеќе, токму поради ова многу професори на испит дозволуваат студентите со себе да си донесат книги. Изменето од Messenger - 17.Април.2015 во 02:47 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Јас сум за тоа што е можно повеќе да се дигне прагот на толеранција и да биде поригорозно а не порелаксирано, иако лично мислам дека тој што сака да научи и во овој систем на школување ќе научи.
Мене многу повеќе ми пречи создавањето на слаби кадри на факултетите и штанцање на дипломи по разни приватни високообразовни институции, како и малите факултети што се отворија во секое населено место....па така секој што има доволно пари, може да стане академски граѓанин за неполни 10000 евра...исто и магистер, доктор и што уште не.... |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И тоа е катастрофално! Доста е бегање од невработеноста со штанцање вискообучени кадри. Иако, во македонскиве услови, оноа "високообучени" е многу сомнителна дефиниција… И затоа, во овие услови сум за приемни и екстерни тестови. Иако тоа не е можеби идеален начин за проверка на знаењето на учениците и студентите, сепак претставува веќе одамна проверен и практициран начин кој дава добри резултати. Во спрега со тоа треба да се воведе и промена на школското и универзитетското испитување и полагање (само писмено, под шифри наместо имиња и прашањата да бидат арбитрарно компјутерски извлекувани пред самиот испит). На тој начин ќе се маргинизира корупцијата со плаќањето школарина и полнењето на професорските џебови и оние деца кои не се кадри да се стекнат со академско образование ќе се преорентираат на стручности кои со години се дефицитарни и потребни во општеството. |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога се отвараа факултети во секоја месна заедница...
па сите средношколци , да не речам 100 % , се запишуваа и стануваа студенти... главна теза беше дека со тоа ќе се даде можност на многумина кои немаат финансиски услови да студираат во Скопје, да со ги остварат сонот... а уствари, меѓу другото, така се намалуваше бројката на невработени, која секоја година би се зголемувала со завршени средношколци... реков меѓу другото, а тоа другото е повеќе политика и нема врска со образование, уште помалку пак со квалитетно образование.. е сега, таа армија на кадри со штанцани дипломи, повторно се враќа во невработени- а каде и би оделе-па се убедуваат дека треба да почнат од работа која нема врска со нивната диплома, па потоа да напредуваат понатаму, не е битно во која струка... па така добиваме каша-попара на професии, знаења, незнаења, аматеризам и непрофесионалност... калаК*рница... и сега добивме штанцани дипломи... добивме млади кадри кои во атмосфера на "аматерско - ниски" критериуми на оценување... лесно се здобија со дипломи, кадри кои мислат дека многу знаат - а не знаат, а добар дел од нив имаат знаење помало од нивото на некогашните гимназии... секоја чест на исклучоците - оние кои знаат дека не знаат, и уште поретките - оние кои навистина знаат... во ситуација кога илјадници кои едвај некогаш завршиле основно, па потоа им дадоа средно... сега добија и универзитетски дипломи... добивме зидари, шнајдери, тишлери, бравари, возачи со академски титули... и не е проблемот во тоа со која професија се занимавале... туку како ги добиле дипломите... и тоа што си важи она старото - полош од тој што не знае е оној кој мисли дека знае... пун К*рац ги имаме такви денес... Така во еден таков хаос на несредени и недефинирани вредности и категории на квалитет и неквалитет.... на академско образование кое ја изгубило основната поента на постоењето - знаење... проблемот ќе бил решен со некаков си државен испит на факултетите и екстерно оценување во средните и основните училишта... а бе... страшно е кога тој што мисли дека знае, не е свесен за својата немоќ во неразбирање на суштината... но да не останам недоречен, во принцип државните испити не се проблем, и онака веќе ги има на неколку факултети ( во тваков или онаков облик) ... ништо повеќе од само еден испит со низата други... но тој нема никаква врска, ама баш никаква врска со зголемување на квалитетот на високото образование... за екстерното оценување немам што да додадам... секој кој бил во образование, а јас сум бил со дневникот во рака... знае дека поголема глупост немало досега во "лабараторијата наречена образованиe"... на деца им се наметнува ИСПИТ по факултетски терк... па студентите со месеци пред испит знаат кој предмет и кога е на термин за полагање... а децава треба да бидат спремни по сите предмети и во последен момент да им се каже кој од нив ќе го полагаат... па и оцената им влијае на општиот успех... а екстернното било за оценување и на знаењето на наставниците...?!! и повторно... така ќе се зголемел квалитетот на образованието...!!!! аман бе, аман... и се изнапишував некако, а не кажав за сегашниве средношколски протести... децата имаат право да бараат што мислат дека треба да бараат... но професионалната фела е таа која во ситуацијава треба да реши што и како... проблем е што ја нема или пак нема право на глас... ама тоа е веќе во она "другото"... инаку сметам дека математиката треба да си остане како матурски предмет... и мајчиниот јазик а би додал и англиски јазик... иако тоа би требало добро да се разработи на кои нивоа би било за различни средни стручни училишта и гимназии... има тука простор за муабет на професионалната фела која си ја сака работата... и образовниот процес го сфаќа како мешавина од знаење, воспитување и градење на личноста на младите души... некако верувам дека сеуште има такви во образованието... Изменето од којсумјас - 18.Април.2015 во 10:12 |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
При еден нов конК*рс од пред некоја година за новотоворените музеи,во овој случај на жртвите на стариот систем,меѓу другото кандидатот ги исполнува сите услови за истиот,освен еден немање на соодвете сертификат по Англиски јазик.
Пти негово обрашаќње до таму надлежните истите му одговараат зошто е одбиен и дека треба да има некаков сертификат од петминутните школи што ги имало на секој чекор тие знеле дека кандидатот ќе имал познавање на Англискиот јазик(во овој случај)затоа што ќе им се обраќал на странските туристи. На прашањето што во КонК*рсот е посочено да се достават документи со соодветно Образование,меѓу другото се доставени и сведителства од Основно,Средно и Факултет каде се учело и со одлично оценки се стекнало Познавање на Англиски јазик,одговорните одговриле тие БИЛЕ НЕВАЛИДНИ. Од ова драги мои не само Англискиот туку и многу други предмети треба да бидат под РЕВИЗИЈА ЗАШТО ДА СЕ УЧАТ, и ве молам Дискутираме што не чини како модел во нашето ОБРАЗОВАНИЕ,а не тоа дали на некој му се допаѓалао или така МИСЛЕЛ,дека некој предмет треба да им го ТРЕСНЕМЕ на децата или со тоа ќе се напикаат уште едн куп на полтрони. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Па со нашето образование се случува чудо.
Докази има многу,а за пример ке земеме една наша пратеничка која иако не знае дека Македонската азбука брои 31 буква,веке за 3 години таа можи да добие титула магистер по филолошки науки во областа македонски јазик. Тоа е возможно само во земја која има бирлјантен образовен систем. |
|
којсумјас
Сениор Регистриран: 22.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4543 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не е проблем, друже, што на форум ќе дискутираме јас, ти, овој, оној... секој има свое мислење и тоа е нормално... приказната е многу посложена, и затоа одлуките за промени треба да ги носат оние кои се стручни за областа... не дилетатнти... не аматери... не залутани во образованието, од питај бога која причина... не сеирџии... како и за се' друго што си бара стручност... во било која област... а не вака, кој како му текне на К*рот... то е исто ко баба Рада да ја прогласиш за најдобар доктор по медицина во државава... и да и дадеш да прави реформи во здравството... додуша... некако така и сега му доаѓа... правник мислам дека беше, им држи лекции на докторите како треба да оперираат... а бе... Алиса во земјата на изгрејсонцето... Долнодупени... Изменето од којсумјас - 19.Април.2015 во 15:15 |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Внимание, лажни факултети на МИТ запишуваат студенти! |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе ајде, овие од Вечер се најнекомпетентни да пишуваат на оваа тема. Може и нема акредитација, секој студент треба да се инфирмира во МОН пред да си ги даде парите, ама зошто не ја обработија оваа тематика пред неколку години кога ЕУРМ запишуваше студенти на стоматологија и тоа 2-3 години ПРЕД да го акредитираат?! Или може да пишуваме за Универзитетот на Рајко, Петко, ама не смееме ни да помислиме да напишеме нешто за својот ВМРовски Универзитет?! Уште и без срам ги рекламираа студиите во нивните статии.. Се тоа треба да се испозатвори и не само "Универзитетите" туку и газдите.. Изменето од evangeline - 29.Јуни.2015 во 23:25 |
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Mazak
Сениор Регистриран: 24.Мај.2015 Локација: YesImSupercool Статус: Офлајн Поени: 629 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се додека високото образование е потреба и можност за сите а не како во други земји -привилегија на богатите, ситуацијата ке биде таква како што најубаво ја опиша Меси-штанцање на невалидни високообразовни кадри поради нереалната можност за економски оправдана валидација на дипломите.
За жал тоа е вистината и, да... се слагам дека е доста сурова. На запад само ако родителите ви платат(односно во некои случаи сами работите за тоа и студирате напоредно) ке ви биде иднината посигурна и побогата. Значи запомнете ги добро овие зборови, затоа што се вистина и реалност ...во капитализмот високото образование е привилегија а не право на поединецот. Изменето од Mazak - 30.Јуни.2015 во 00:25 |
|
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Македонија наследи вештачка хиперпродукција од времето на социјализмот. Можеби звучи неверојатно, но факт е дека тoа остана погубителнатa традиција. Тогаш големата невработеност решија привремено да ја одложат со слободно отварање на универзитетите. Сковаа и соодветна парола - образованието е право на секој граѓанин. А родителите непрекинато ја повторуваа мантрата - учи за да не работиш. Тоа беа двете златни плочки кои водеа кон македонската работничка голгота. Високообразовните установи се преполнија со луѓе кои мислеа дека со вака добиените дипломи полесно ќе најдат лесна и добро платена работа. На никому не му одеше на ум дека во суштина така се создава уште поголема криза. Имено, на секој високообразиван кадар доаѓаат во просек неколку среднообразувани и уште повеќе нискообразувани работници. Доколку нема доволно работа за овие вториве и третите, како може да има за онаа армија од факултетски образувани луѓе? Поточно им одеше на ум на оние кои беа на власт, но секој од нив си планираше што побезболно да си го помине својот мандат, а проблемот да му го остави во мираз на следниот по него. Во таквата универзитетска хиперпродикција свој интерес си најдоа и професорите. Почнаа да пишуваат скрипти и да ги условуваат студентите со нивно обврзувачко купување. Во системот поcебно си го негуваа усното испитување оти тоа им даваше можност за додатна нагодба со студентите… секоја чест за оние професори на кои нивниот интегритет им беше поважен од полнењето на џебот. Ваквото школување, за жал, стана македонска традиција. Резултатот од тоа го гледаме денес - имаме високообразувани профили да го задоволиме Балканот за следните 20 години, а немаме средно стручни кадри и занаетчии ниту за лек. Иронијата дојде до таму занаетчиите да бираат што ќе работат, колку ќе работат и колку ќе наплатат. А зарабoтуваат повеќе од инжинери и лекари. Оваа влада барем се обидува преку медијата веќе неколку години да ги известува младите кои школи и занаети се дефицитарни. Проблемот е што во менталитетот на луѓето веќе е вграден теркот - учи за да не работиш и мора да завршиш високо образование. Оти што ќе речат роднините и пријателите? Срамота е да си работник или земјоделец. Најбитно е да се стави диплома во џеб охрабрен од родителите со приказни дека тоа ќе ти гарантира работа и добра плата. И каде сме сега? Онаму каде штио започнавме пред четириесет-пеесет години: трчање по секој можен факултет кој има слободни места, а овие гледајќи ги можностите за заработувачка изникнуваат како печурки после дожд. Капитализам во надобро светло: понуда и побарувачка. А што ќе правиш после? Оди барај работа од актуалната влада, демонстрирај, плачи дека таа е крива оти ти дозволила да учиш, повикувај се на социјализмот иако живееш во капитализам, очекувај друг да го бере гајлето, по никоја цена на прифаќај сопствена одговорност… Оти ние не сме криви. Секогаш се криви другите. Секогаш! P.S. Се додека не научиме една едноставна вистина бескрајно ќе патиме: СВЕТОТ НИКОМУ НЕ МУ ДОЛЖИ НИШТО! Изменето од Messenger - 30.Јуни.2015 во 02:38 |
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Mazak
Сениор Регистриран: 24.Мај.2015 Локација: YesImSupercool Статус: Офлајн Поени: 629 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Одлична рекапитулација на состојбите и дел од причините зошто економијата е таква каква што е не само во Македонија туку и на Балканот генерално кажано.
Колку е само суров капитализмот во поглед на класна поделеност не сме ни свесни. Токму од универзитетите потекнува целата економија и успехот на поединци во текот на својата кариера. Случаи многу, дури и со големи пари понудени огромен број на капацитет студенти неможат да се запишат таму каде што сакаат. Тука во одредени струки како медицината, правото и архитектурата голема улога играат и фамилијарните традиционани релации. Тоа е тоа...капитализам, ако твоите родители се во тие кругови и ти најверојатно ке бидеш таму. |
|
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ранг листа на најдобрите светски универзитети за 2015-2016 година
http://www.timeshighereducation.com/world-university-rankings/2016/world-ranking#!/page/0/length/25 Не успеав да најдам некој наш познат универзитет,а ете богами и некоја МУ-барак академија што ги отвори наново оваа учена власт,ни во 100 почетни,а богами ни во понатамошната листа.По се изгледа оваа власт има свој начин на вреднување. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
Внеси реплика | страница <1 2425262728> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |