IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Право
  Активни теми Активни теми RSS - Дали да се легализира марихуаната?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Дали да се легализира марихуаната?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 31>
Автор
Порака
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2015 во 18:42
Праксата и науката докажала дека тутунот нема никакво здравствено позитивно делување, за разлика од марихуаната која веќе с'е почесто се користи во здравствените установи.

Исто така, научно е утврдено дека марихуаната има далеку помали штетни последици од тутунот.

И сега дојдовме да се расправаме дека тутунот е во ред да е легализиран, а марихуаната не ??? збунетост








Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јуни.2015 во 20:18
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

Праксата и науката докажала дека тутунот нема никакво здравствено позитивно делување, за разлика од марихуаната која веќе с'е почесто се користи во здравствените установи.

Исто така, научно е утврдено дека марихуаната има далеку помали штетни последици од тутунот.

И сега дојдовме да се расправаме дека тутунот е во ред да е легализиран, а марихуаната не ??? збунетост












Па тоа и е проблемот. Противниците на легализацијата имаат двојни стандарди. Аргументите им паѓаат од проста причина што толерираат далеку по штетни пороци. Значи нека не не мафтаат дека се грижат за нашето здравје, за фондот за здравство и слично. Се работи за обични предрасуди и празноверие кон нешто што им е непознато и не се информирани на темата.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6759
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2015 во 19:28
Што убаво, откако ќе се легализира сите ќе шетаме надувани



Може и кобно ќе завршат некои живи суштестванамигнување
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Mazak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 24.Мај.2015
Локација: YesImSupercool
Статус: Офлајн
Поени: 629
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mazak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2015 во 19:39
Видете...сакале ние или не дистинкција постои помеѓу дрога, тутун и алкохол...така е според законот и да не забегуваме премногу во наши филмови дека сето тоа е исто...секако дека е штетно но ниту биле ниту ке бидат на исто купче(најверојатно поради ефектот од нивно конзумирање кој е секако штетен но различен)
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2015 во 19:15
За Евангелине
Аргументот ти е инвалиден скроз. Веројатно не си видела човек под дејство на марихуана, а и да си видела не би можела да го препознаеш по зборување, однесување или одење. Ама алкос дефинитивно ќе познаеш. Еве ти една компилација од алкоси. https://www.youtube.com/watch?v=pAKaxt8cp8o И чекам одговор зошто за овие луѓе на бараш ќорка.

Mazak
Што се дроги? Според научната дефиниција тоа се супстанции кои ја менуваат свеста, влијаат врз нервниот систем и имаат психомоторни ефекти. Според ова алкохолот, тутунот, кафето, дијазепамот, лексилиумот се дроги. Е сега, ако ти мислиш дека законот се води по некои космички вистини подобро почни да веруваш во Дедо Мраз, помала будала ќе испаднеш. Законодавството многу често се води од политички интереси и профит. Ако законот навистина се водеше од грижа за здравјето тогаш алкохолот и цигарите ќе беа исто така нелегални, нели?
Инаку во светот марихуаната станала нелегална без ниедно научно истражување за ефектите. Ефектите се откриваат дури сега и тие се во голема мера контрадикторни со празноверните тврдења на политички мотивираните "стручњаци" како нашиов Захариев на пример. Има еден куп други закони низ светот кои се просто кажано дебилни и се косат со здравиот разум, со логика, со наука и така натаму. И во нацистичка Германија концентрационите логори биле легални и убивањето на Евреите било согласно со законот. Би те прашал дали во тој случај ќе беше исто така легалист?

Ама ок, барем станавте искрени и веќе не го тапите со божемната грижа за здравјето, за теретот на фондот и слични будалаштини.
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2015 во 20:02
"Што убаво, откако ќе се легализира сите ќе шетаме надувани."

Евангелине, нели разбираш дека луѓето на кои им се дува ќе дуваат без разлика што вели законот. Ти и сега можеш да дуваш ама одбираш да не го правиш тоа, нели? Зарем навистина си толку слаб карактер што ако стане легална ќе се фрлиш да моташ по 10 џоинти на ден??? Дали навистина мислиш дека луѓето со слаб карактер нема да пробаат марихуана бидејчи законот ги спречува??? Не, ич нема црн пазар кој профитира од стотина илјади дувачи кои го кршат законот секој ден. Луѓе се шетаат надувани сакале ти или не. Мислам дај, уклучи малку логика.

Инаку за легалистите, еве еден интересен извадок од текст на м-р Јанаки Митровски, специјалист за оваа тематика:
"Став 2 од член 215 кој го регулира ова прашање дозволува привилегирана (полесна) форма на делото за наркотици во помала количина, но самиот закон не дефинира која количина е помала. На ИЛЕГАЛЕН(!!!) начин тоа го чини Републичкиот Јавен Обвинител со задолжителна директива до сите Јавни Обвинители согласно која, конкретно по Вашето прашање, марихуана до пет грама се смета за помала количина."
Ете како правен "систем" имаме.

Еве линкче до целиот текст:
http://420macedonia.blogspot.com/2015/06/blog-post_30.html
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2015 во 20:40
Луѓето во Америка кои сакаа да остане прохибицијата на алкохолот тврдеа дека доколку алкохолот се легализира сите ќе се клатиме пијани.

Пиењето, како и пушењето, вклучувајќи го и сексот, како и многу други работи,  е слободен избор на човекот и тој не зависи од легалноста или нелегалноста на нештата. 

Легализираноста на алкохолот не прави сите да бидеме ноторни пијаници, легалниот тутун не прави сите да сме пушачи, нелегалната проституција не значи непостоење на проституцијата и нејзините корисници, како што нелегалноста на дрогите не прави тие да не се користат од оние кои секако би ги користеле, ниту претставуваат било каква пречка за оние кои не сакаат да ги конзумираат. голема насмевка






Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2015 во 20:58
А еве и уште голема победа. http://praguepot.com/2015/07/01/spain-decriminalizes-the-growing-of-cannabis/

Иако шпанските власти подолго време генерално го толерираа користењето, од вчера марихуаната е законски декриминализирана во Шпанија. Тоа значи дека конзументите ќе смеат да одгледуваат марихуана за свои медицински и рекреативни потреби. Одгледувањето и конзумирањето на јавни места е прекршок и се казнува парично, додека одгледувањето во приватен простор е целосно либерализирано. Единствената рестрикција е растенијата да не се видливи од јавен простор. Ова значи дека конзументите кои се држат до овие правила нема да бидат повеќе малтретирани од разуздани џандари и приглупи морализатори. И сега тука да одговорам на нејаснотиите кои ги истакна Евангелине во еден пост. Имено како ќе биде регулирана продажбата? Како законот ќе се справи со ситуација во која конзумирањето е легално, а продажбата не е?
Одговорот е едноставен. Нема да има потреба од продажба. Марихуаната не е некоја хемикалија за која се потребни лаборатории и стручњаци. Таа е растение чие одгледување е релативно едноставно и не бара некои посебни знаења. Така што сите конзументи ќе можат да ја одгледуваат за сопствени потреби, наместо да фрлаат грдни пари на уличните дилери.Ваквата законска измена ќе биде сериозен удар за криминалните нарко картели.

И кај нас повеќето конзументи пре би се одлучиле за домашно одгледување, отколку за купување од улични дилери бидејќи е далеку поевтино. И многу веќе го прават тоа. Но, проблемот е што домашното одгледување носи многу поголеми казни отколку да бидете фатени како купувате од дилер.

Затоа на сите они кои се против декриминализација или легализација ќе ви кажам: Дечки, вие им вршите огромна услуга на македонските нарко картели. Им ги осигурувате профитите. Мислам дека треба да ве наградат со орден на заслуги.

Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2015 во 21:07
Сите ќе бидеме сведоци прво на декриминилазирање, а потоа и легализирање (во било која форма) на марихуаната.

Тоа е неодбегливо.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Mazak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 24.Мај.2015
Локација: YesImSupercool
Статус: Офлајн
Поени: 629
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mazak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2015 во 21:16
Нагуал за џабе везе по темава оти како прво марихуаната не е исто што и алкохолот или пак тутунот...и никогаш нема да биде во иста категорија...затоа и коментарите во кои тој ги споредува и ги става на исто рамниште не држат.

Марихуаната православниот свет нема никогаш да ја легализира.

Изменето од Mazak - 02.Јули.2015 во 21:21
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
Кон врв
TheNagual Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 22.Август.2013
Статус: Офлајн
Поени: 156
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај TheNagual Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2015 во 22:11
Originally posted by Mazak Mazak напиша:

Нагуал за џабе везе по темава оти како прво марихуаната не е исто што и алкохолот или пак тутунот...и никогаш нема да биде во иста категорија...затоа и коментарите во кои тој ги споредува и ги става на исто рамниште не држат.

Марихуаната православниот свет нема никогаш да ја легализира.


Мазак, сакаш да кажеш џабе везам пошто ти и сличните на тебе ќе продолжите да си верглате ноторни лаги и ќе игнорирате научни факти. И да, марихуаната не е иста со алкохолот и тутунот. Далеку по безбедна е и тоа е научно докажано. Што само по себе додава уште поголема тежина на глупостите што ги тресеш. Сеа ти можеш свесно да одбереш да не се информираш и јас тука неможам да ти помогнам. Ама навистина штета е што поради ваквите ставови ние сме генерално затуцано општество кое инстиктивно отфрла цивилизирани идеи. Абе пола милион луѓе се иселија од тука и заминаа во либерални граѓански држави. И тоа не само поради економски причини. Економските причини се само симптом на ваквиот менталитет.

И на крајот капаче: "Марихуаната православниот свет нема никогаш да ја легализира."
Дај жити се опрај се. Ова ти е као аргумент? Закана? Желба?

И да, знам дека џабе везам пошто ваквите ставови се причината поради која што мислам дека личниот приватен живот на поединецот НЕ СМЕЕ да биде предмет на јавен интерес. Сигурно и ти не би сакал јас да одлучувам дали смееш да бидеш православен или не, но веројатно не ни можеш да ги замислиш работите од друг агол.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2015 во 22:19
Ако марихуаната е недозволива по православна верска линија, тогаш истото важи и за цигарите и алкохолот.

Но тоа не е воопшто важно бидејќи ние не живееме во теократска држава.









Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Mazak Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 24.Мај.2015
Локација: YesImSupercool
Статус: Офлајн
Поени: 629
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mazak Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2015 во 22:39
Не е точно тоа што го напиша сега.
Марихуаната неможе да ја ставате во ист кош со алкохолот и тутунот.

Голем дел од православниот народ живее поблиски до верските норми одколку до демократските затоа што е разочаран од вторите.

Според тоа тој народ има одбојност кон дрогите како што е марихуаната и никогаш и не ги одобрувал.

И не ми контрирај и не се инати, пошто не си во право и плус извлекуваш нерелевантни заклучоци односно како на тебе ти одговара.

Твојата улога на форумов како администратор треба да е повеке административна одколку сугестивна.(одмарај малце со контракоментарите-затоа што ке го направиш форумов автократен а тоа не го сакаат лугето)

Али нема везе, да живее ВРМО

Изменето од Mazak - 02.Јули.2015 во 22:40
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2015 во 22:49
Мазак, како што реков во друга тема, имаме потполно демократско право да не се сложуваме, без да коментираме за нашите личности. 

Јас сум член на форумов исто како и секој друг и по некоја случајност истовемено сум администратор. Kако член можам да коментирам како секој друг член, а како администратор треба да се грижам за редот и дисциплината на форумов. Едното не го исклучува другото.

И тоа нема никаква врска со ВМРО, СДСМ, православие, јога илин било која тема која се коментира на форумов.







Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 31>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.