|
ДНЕВНО-ПОЛИТИЧКИ настани, вести и актуелности |
Внеси реплика | страница <1 163164165166167 173> |
Автор | |||
Leprechaun
Нов член Регистриран: 10.Декември.2013 Локација: Skopje Статус: Офлајн Поени: 25 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Дефинитивно најдобриот пост што некогаш сум го прочитал воопшто на интернетов на сите теми поврзани со политичките збиднувања во Македонија ... тоа е тоа што и јас со години наназад го трубам насекаде околу мене ама кој да сфати дека не е целата вина во политичарите туку и народот треба да си го стави прстот на глава и да размисли онака малку индивидуално со своја глава да ги батали тоа партиските штабови малце и да ги батали тоа 100% испартизираните медиуми било од власта било од опозицијата, потребно е индивидуално мислење, она што пропаднало пропаднало битно е да се спаси она што е здраво и да се гледа на заедничкиот интерес а заеднички интерес на сите граѓани без разлика на партиската определба е подобрување на економијата, демократијата, културен напредок и.т.н. еднаш засекогаш треба да ја исфрлиме клетата Балканштина од нас и да се обидеме марем малку да станеме Европјани ако не во платите и стандардот барем во размислувањата и духот да станеме Европјани и да ги прифатиме модерните западни вредности доста е од Балканските вредности, го видовме сите аирот од нив, со менталитетот од типот на ‘‘да му умре козата на комшијата‘‘ не се гради просперитетно општество и држава и не се гради светла иднина ! Овој систем е суров да но мора да изградиме држава во која ќе важат некои демократски и правни принципи, за сите граѓани треба подеднакво да важат законите како за политичарот и бизнисменот така и за административецот, така и за земјоделецот, сточарот и.т.н. за сите граѓани без разлика на социо-економската положба, најлошо е кога во една држава столбовите на државата ќе се разнишаат а тие столбови се демократијата и граѓанските права, држата во која нема демократија и не се почитуваат во целост граѓанските права и слободи воопшто не заслужува ни да постои како држава и народ кој не е способен да владее со својата држава тогаш сигурно дека ќе ја изгуби ! Заеднички интереси тоа е тоа за што треба да се бориме а не за партиски цели и интереси и за одбрана на задникот(фотељата) на своите лидери ... подобро и поквалитетно образование, подобро поефикасно и поефтино здравство, ефикасен неселективен и праведен судски систем, ефикасна полиција во која вработените ќе бидат барем елементарно писмени, 100% гарантирање на граѓанските права и слободи и.т.н. тоа се заеднички интереси на сите граѓани а не градење цркви на секои пет метри, воведување на веронаука по училишта, кампањи за 15то дете, реклами од типот на ‘‘абортусот е убиство‘‘, фрлање не на милиони туку на милијарди евра за барокни објекти, барокни фасади и безброј споменици, штанцање на закони преку ноќ од ракав без никаква здрава дискусија и дебата, спроведување на смешни непромислени и тотално неефикасни и неефективни реформи и.т.н. Потребен е прогресивизам а не враќање назад со децении и векови, јас знам дека постојат луѓе и во двата партиски табори и кај ВМРО-ДПМНЕ и кај СДСМ кои и до последната капка крв во своето тело би се бореле за своите партиски цели, интереси, каузи и секако за фотељите на своите партиски врхушки ама иднината не е во таквите хард-кор фанатизирани и чипувани луѓе, иднината е токму во оние луѓе кои се гадат од овие работи и луѓе што подлабоко и пошироко ги гледаат работите и проблемите во општеството ... моето мото е баталете партиски штабови, баталете испартизирани медиуми, баталете ги тие мозокоперални десница или левица сеедно вклучете мозок и размислувајте индивидуално на заедничките граѓански интереси и решавање на проблемите кои сите некого повеќе некого помалку не засегаат и ни го уништуваат секојдневието ! |
|||
Mazak
Сениор Регистриран: 24.Мај.2015 Локација: YesImSupercool Статус: Офлајн Поени: 629 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Во право сте, во држава во која повекето возрасни се искусни политиколози(кои не сакаат да работат било што за да придонесат за свое добро и на економијата) а нивните деца наместо читање литературни дела ги проучиле сите политички трикови и финансиски малверзации за да им се најдат за во иднина, нема да има позитивен преогрес.
Народот и неговиот менталитет е тоа што го креира политичкиот имиџ на една нација. Изменето од Mazak - 28.Мај.2015 во 22:01 |
|||
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Не дека не се сум читал вакви коментари - сум ги читал од првиот ден на доаѓањето на форумов… не дека во јавноста не се популарни - отсекогаш се промовирани од оние кои биле лично незадоволни од било која власт… но редовно читајќи ги добивам ист впечаток - дека народот (луѓето) не знаат што сакаат, не знаат што прават, не знаат што да вреднуваат, не знаат за што да гласаат, не знаат што бираат, не знаат што е слобода, не знаат што е демократија… оти не се сложуваат со нашите убедувања, желби и очекувања. … а тоа, преведено на уличен јазик, значи дека народот е недоквакан, необразован, загубен, глуп, прост, слеп… … небаре сите луѓе, освен ние кои тоа го увидовме, не cе свесни за своите вредности и за истите не се изјаснуваaт на демократски начин со гласање на избори и со избирање свои претставници во македонското Собрание. Излага дека сите се глупи слепци, а само ние сме паметните и опулените кои, за жал, никој не ги слуша и не ги следи, па затоа државата ни оди, демек, во распаѓање од библијски пропорции. Колку за рекорд - толку спомнуваните вредности, слобода и демократија народот ги практицира токму преку формирање и членување во разни партии и преку гласањето на избори и референдуми. А дали така добиените резултати нам лично ни се доаѓаат тоа е само наш проблем. За да не испадне на крајот дека во суштина ја пропагираме "најдемократската" парола во човековата историја - Народот е во право и кога греши! |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Извини Диоген, дури сега гледам дека си ми реплицирал.. Народот е крив, не викам не. Ама и друго знам - Кога ти зависи работното место од некои шутраци, ќе трчаш на протести, сенародни собири и на се друго. Ќе спиеш и по шатори и ќе викаш - ах што ми е убаво, ќе ја чувам демократијата! Или пак ќе скокаш како да те колат пред влада.. (тука само кога ќе ми текне како Шеќерчето влезе во политикава, ми иде и јас да поставам некој шатор, ама независен) Небитно.. Дури и јас еднаш реков дека утре да има избори, пак Грујо ќе победи. Не го сакам него, Зајко уште помалку. Немаме квалитетна опозиција, можам слободно да кажам дека личиме на држава со еднопартиски систем. СДСМ имаше лоши потези, ВМРО исто така. Но СДСМ сега и СДСМ пред 15-20 години се како две различни партии. Ја упропастија партијата, е само за тоа ми е жал. Денес не гласаш за некого затоа што ти се допаѓа програмата, гласаш или затоа што ќе изгубиш работа ако не гласаш.. Утре да треба да гласам и само овие две опции да ми се, нема да гласам, па слободно нека дојдат тука на форумов да ме убедуваат што сум губела со негласање.. Ама јас не зависам од партија, мене партијата ме нема вработено. Напротив, овие лидериве и министриве толку ми ја имаат усложнето работата, што ако порано дремев по шалтери поради неажурност и непознавање на работите на вработените, денес дремам затоа што вработиле неписмени албанци што македонскиот не го учеле ни на сон! Фала ти Рамко! Фала ти. Да можам со се работа да се преселам на Марс, уште утре би заминала. Ама очигледно не може.. И не заборавај драг Диоген, денес никој не го гледа заедничкиот интерес. Зошто да е тревата на комшијата позелена?! Работава е дојдена до степен на - мене ми е убава фотељава, а тебе столчето дома ако не ти чини, најди си партија |
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
д4 б3
Сениор Регистриран: 17.Јули.2014 Статус: Офлајн Поени: 1206 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=38E255EE9CA74049AF3E0F13E11EC499
може да фрли овде 2-3 бомби |
|||
old d4b3
|
|||
Diogen
Сениор Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Messenger , би сакал да одговорам на твојот пост, посебно на болдираните делови, можеби ќе се разбереме подобро. Во мојот пост немав намера да го навредам народот дека е прост, напротив, со болдираниот дел сакав да посочам дека народот е многу свесен за своите постапки и начинот на делување во изборот при гласање, како и мотивите за тој избор ( ова за она погоре- глупи слепци). Во однос на практикување на демократија преку членување во партија , можам да кажам дека кај нас тоа нема врска (корегирај ме ако грешам), а еве зошто го мислам тоаЧ 1. Огромен процент од членовите на ВМРО ДМНЕ ако ги прашаш не можат да објаснат, а претпоставувам и огромен број немаат поим за Демохристијанските начела и принципи на партијата. 2. Огромен процент од членовите на СДСМ ако ги прашаш не можат да објаснат, а претпоставувам и огромен број немаат поим за Социјалдемократските начела и принципи на партијата. 3. Практикување на демократијата преку членување во партија значи дека своите демохристијански или социјалдемократски идеи да ги промовираш во партијата од локално кон државно ниво, но кај нас имаме „султан“ партии каде на состанок во партиски штаб се оди само на брифирање за наредбите од „горе“ кои треба да гиспроведат овие „доле“, се разбира за соодветна против услуга- најревносните спроведувачи на задачите добиваат поголеми бенефиции. Во македонските партии нема ни „Д“ од демократија, а во статутите сите се декларираат како „Демократски“ 4. Партиската книшка во Македонија претставува работничка книшка-услов за остварување личен бенефит од спроведување на наредбите на партијата. Мислам дека има повеќе луѓе во Македонија со партиски отколку со работнички книшки. 5. Трета опција не постои затоа што сите ситни партии се „камелеони“ , кои лутаат лево десно, но секогаш во коалиција со власта или ако сево коалиција со опизиција пред избори, по изборите се продаваат на власта (најчесто). Така да немаме за жал голем избор, пак се сведува на- змијата или магарето. И сите знаат све за „политика“, а „дебатите“ наместо соочување на политичките начела на Демохристијаните и Социјалдемократите , се сведува на караници за тоа кој колку украл кој колку запослил, које патриот а кој не.... Јас се согласувам со Платон кој човекот го гледа како ζῷον πολιτικόν,и се согласувам дека секој граѓанин ја гради својата иднина преку практикување на политиката како член на заедницата, да ги даде своите идеи на заедницата , а власта да ја спроведува политиката која произлегува од заедницата. Ама те молам објасни ми каде во Македонија, во која „партија“ ќе практицираш демократија... Затоа велам дека народот е свесен за природата на нашата „демократија“ па во целиот овој хаос каде секоја власт само граба, се труди да искористо што може, додека има... Единствено, ако не застанеме и се „ресетираме“, на крај ќе нема и за власта и за народот, а цехот се знае кој го плаќа.... Е после не важи - Народот е во право и кога греши... Све е до народот, во него е силата, во негови раце судбината, каква ќе ни биде , зависи од нас, од „партиите“ видовме.... |
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Diogen, те разбирам што сакаш да кажеш, а тоа не е многу поразлично од било каде на светот. Такви се луѓето насекаде, насочени по своите интереси во зависност од дадените моментални услови.
Истото е и на запад каде живеам јас. Ќе ги следам твоите точки за да дадам појаcнување. 1&2. 99% од сите членови на било која партија никогаш не го прочитале статутот на таа партија, а најмалу 90% не можат да објаснат што навистина значи, на пример, да бидеш републиканец или демократ, а да не говориме што е разликата меѓу либерал и либератеријанец. Луѓето партиите ги бираат најчесто според ветувањата за подобрување на економската клима и меѓунардните односи, намалување даноци и односот према социјалната грижа и подршка. За групите луѓе со посебни интереси (како на пример религиозни комуни или ЛГБТ) важно им е како ќе си ги остварат нивните цели. Значи точно е дека не се разбираат во политика, но не е точно дека не знаат што им се дневните лични потреби и вредности. Тие не се глупави. 3. Кај сите партии се случува истото. И кај мене постојат партијски конгреси, но членовите секогаш се соочени со предлози или предлог кој доаѓа одозгора. Можат да гласаат само за нив. Главната стратегија на партиите доаѓа одозгора (од водачот на партијата), никогаш одоздола. Членстовото постои за да се зацврсти таа идеја и да се спроведе во дело. Демократијата не постои, како што теоретски си ја замислуваме, внатре во партиите. Не дека потполно не постои, но не е онаква како што мислиме дека треба да биде. Луѓето кои се зачленуват во партиите тоа го знаат, го разбираат и го прифаќаат. Во спротивно не би се зачленувале. 4. Така е насекаде, со таа разлика што во Македонија, поради скорешното историско наследство од социјалистичка Југославија, тоа е многу поизразено. Тогаш државата беше главниот (да не кажам единствениот) вработувач и таа инертност с'е уште е наша реалност. Во капитализам државата не е во бизнис на вработување, туку во создавање услови луѓето сами да се вработуваат внесувајќи го својот личен капитал , способноси и знаење, како и преку здружен капитал од земјата и надвор. 5. Услови за трета опција секогаш постои доколку има способни луѓе кои можат да ја содадат и организираат. За жал, кај нас веројатно с'е уште не постојат такви личности. Оние кои се самодекларираат како такви се позери во кои народот со право нема доверба, а сакаат да го искористат моментот за самоафирмирање со цел да се доберат до државна плата во Собранието. Најголемиот нивен дострел, доколку набрзо не исчезнат, е што поскоро да се приклучат како коалиционер на една од двете водечки партии во Македонија. Инаку, коалиционерството на запад е исто така неминовност, со тоа што најчесто се работи за избор меѓу три опции. Се сложувам со тебе дека човечкото его е доминатно во секојдневниот живот и тоа прави луѓето да се презентираат како "експерти" за политика и демократија дебатирајќи по форуми, кафани и улици. Тоа не само што за нив значи самотупкање по рамото како многу "паметни" луѓе, туку и покажува кои се нивните моментални лични интереси. А во остварувањето на тие интереси не се сепнуваат ни пред најниските морални вредности и пориви. Ограниченото знаење, неограничената желба за грабење и недостатокот на интегритет прави тие без тронка грижа на совеста да оговараат, конструираат и десеминираат лаги, да прават нелегални дела, да распродаваат национални интереси, да создаваат безредија, физички да се пресметуваат, па и да создадат граѓанска војна. Последица од вака доминатните лични интереси е фактот дека идејата за некаква демократија која би требало да произлезе од прифаќање на идеите на СЕКОЈ граѓанин што власта треба да ја спроведе, не само што е идеалистичка, туку е утопијска. Да не се вртиме со дискусијава во кругови, лугето не се зачленуваат во партии за да практицираат некаква идеалистичка демократија, туку да се здружат и да подржат група која им нуди потенцијално реализирање или одржување на нивните интереси. Политиката и правецот на дејствувањето на секоја партија се одредува од нејзината врхушка. Врхушката се одржува со бранeњето на интересите на нејзиното членство. Задоволството и незадоволството на членството, како и подржката од страна на народот, се манифестира на партијски и државни избори и референдуми. Тогаш таа или ќе биде наградена со следен мандат или ќе биде казнета со губење на истиот. И тоа е демократија во реалниот живот. Изменето од Messenger - 31.Мај.2015 во 21:32 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
д4 б3
Сениор Регистриран: 17.Јули.2014 Статус: Офлајн Поени: 1206 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=9435CA7B42A70543A75EFB5BC7FA91B4
Вчера на мала свеченост во скопскиот хотел „Амбасадор“ рускиот амбасадор во Република Македонија Олег Шчербак ~ врачи одликување на новинарката Мирка Велиновска за заслуги во борбата против фашизмот. За одликувањето одлучувал посебен одбор чиј претседател е рускиот претседател Путин. Во Македонија се доделени пет вакви одликувања, а покрај Велиновска, чест им е укажана и на претседателот на Република Македонија, Ѓорги Иванов, на генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, на Центарот за холокауст во Скопје и ректорот на скопскиот Универзитет „Св. Kирил и Методиј“, Велимир Стојковски. |
|||
old d4b3
|
|||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Gruevski denes najavi deka letoto ke go pomine na Makedonskite televizii
|
|||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
ТВ програма на РТРС Теркот на нелегално прислушкување се применува во повеќе балканските држави, не само во Македонија. Кој вака синхронизирано го организира прислушкувањето низ Балканот и зошто го право тоа токму во ова време ? Изменето од Messenger - 24.Јуни.2015 во 02:18 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Мигрантите остануваат во МакедонијаMинистерот за социјала на Србија, Александар Вулин уште изутринава информираше. Додека европските држави со меѓусебни закони го сопираат приливот на избеглиците од Северна Афрлика, Блискиот Исток и Афганистан, тие бараа од Македонија да ги релаксира законите за тие емигранти. Сега Македонија ќе биде соочена со истиот проблем како што се случи и со косовските албански избеглици од војната во Југославија. Во овој момент во Грција официјално се регистрирани околу 500.000 избеглици, а нивниот број во Турција уште не е установен. Сите тие се со намера преку Бугарија и Македонија да се реселат во западноевропските држави. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Веројатно најкомплетна и најсуштествена анализа за корените на сегашната состојба во Македонија:Груевски го потцени степенот на непријателство кон режимотИзменето од Messenger - 29.Јуни.2015 во 23:10 |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
д4 б3
Сениор Регистриран: 17.Јули.2014 Статус: Офлајн Поени: 1206 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=E57B5E27B22FDB43972097034631238C
BRICS ке се вика BRIMSCS |
|||
old d4b3
|
|||
Внеси реплика | страница <1 163164165166167 173> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |