|
Приказни за добра ноќ |
Внеси реплика | страница <123 |
Автор | |
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Деновиве сум во акција ама тешко ми оди,да го најдам тоа што барам.
Попат најдов некои интересни збирки од басни и бајки, па убава прилика тие што како мали немале можност да бидат лажени пред спиење,да ги лажат своите деца и внуци. Ханс Кристијан Андерсен-Бајки (српски)pdf Езоп-Басни (српски)pdf |
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Sto ubava prikazna , da mu ja prepratam na Ninja , mozebi ke go fati....son
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова скратена верзија ....не знам дали ќе му помогне
|
|
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ke ja procita dva tri pati i ke mu stane ko orginalot
|
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
Devojcence
Сениор Регистриран: 28.Март.2015 Локација: Skopje Статус: Офлајн Поени: 497 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Crvenkapa sekoja vecer
|
|
Mazak
Сениор Регистриран: 24.Мај.2015 Локација: YesImSupercool Статус: Офлајн Поени: 629 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ивица и Марица една вечер (по примената покана од пред месец дена-на имаил) се спремаа за на долго најавуваната забава во кукичката од слама-во шумата, која трите прасиња ја организираа во чест на будењето на Трнорушка.
Таму ке биде сигурно и принцот шармантен кој со својот бакнеж ја рекуперираше Трнорушка-И...Ох, мора да ги видам тие усни ангелски што со бакнежот на љубовта живот подаруваат.(си помисли на момент Марица во себеси) ...кога по саат време спремање и мечтаење ја разбуди остар тон на добро познат глас, ШО ПРАИШ УНУТРА МА ТИ СААТ ВРЕМЕ...НЕ Е ТОА ДНЕВНА СОБА...ТРЕБА ДА СЕ СПРЕМАМ И ЈАС...АМАН ВЛЕЧЛА НИ ЕДНА !!! И познатата братско - сестринска кавга започна...повторно... ПОБРЗАЈ МА ЖИТИ ФЕМИНИЗМОТ...кај и да е ке пристигне Црвенкапа пошо ја замолив јас да дое со нас пошо ми цркна батеријата на ЏПИЕСОТ...она го знае путот низ шумата...(нервозно залепен до вратата на бањата проговори Ивица). Се доближи до прозорецот и гледаше нанадвор како еден по еден паркираат автомобилите на паркингот пред зградата барајки ја со поглед познатата силуета на црвеното тико(удрено од позади и у лево крило напред и тоа два пати при паркирање) на црвенкапа... Наскоро... Марица излезе од тоалетот и со неја облак невидлив од арома од нејзиниот парфем кој го употреби во доволни количини(за да угуши и твор)-поклон од нејзината тетка од Јужна Камбера ет АУС за нејзината матурска... Ивица...со затнат нос и една наопачки облечена чорапа...влезе во тоалетот и моментално го најави своето соодветно присуство во тоалетот со громогласна анална флатуленција-(анална, пошо има и орална а богами и вагинална-али за задњава нема измислен МК збор-ке биде и тоа тука сум) не затварајки ја вратата намерно и за инат на сестра му. Тууут...туууут ТУУУУУУУУУУУУТ... звук од сирената на тикото...брканица кој да излезе прв надвор( за другиот да мора да заклучи врата)...кавга по скалите(пошо Ивица коа се отчука еднашка мртов пијан заспа со главата на вратата која се затвараше и отвараше контунуирано цела до Џаволова нок додека не го пронајдоа интоксициран и полужив и лифтоматикот е сјебан од тогаш-одавна) буткање кој да седне на предно седиште у тикото HA HA HAAAAAAAA SUCKER !!!...и ете ги Ивица и Марица во тикото на Црвенкапа...Ивица до Црвенкапа напред и залепени очи на прекратката сукњица црвена (се рабира). 30 километри патешествие низ земјен и делумично асфалтиран пат низ шумата(тикото нејке да чуе ко теренец и е...и стигнаа на една чистинка пред колибата од слама на трите прасиња пред која поставен беше знак со огромни букви ALL WELCOME ON TONIGHT'S "PISS OFF" PARTY, HAVE FUN - FREE PARKING !!! to be continued... Изменето од Mazak - 03.Август.2015 во 05:41 |
|
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Приказна за девојката и човекот Еднаш, не толку одамна во едно царство си живеела една девојка. Таа никогаш не посакувала да стане принцеза. Едноставно, само сакала да биде добра, почитувана и сакана. Нејзиното царство било еден двособен стан кој го наследила од мајка и. Во царството немало слуги, затоа што хероината не била мрзелива и секогаш со задоволство приготвувала ручек, ги миела садовите и ги одгледувала зачините во големи саксии во кујната. Неа животот не и бил лесен, впрочем како што не и бил лесен животот ниту на Пепелашка, ниту на Снежана. Како средношколка ја изгубила мајка си, набрзо потоа и нејзиниот дедо. Била приморана да работи и да студира истовремено, притoа внимавајќи да не остави многу апарати уклучени на струја како би заштедила на сматката за струја. Немала многу пријателки и не одела во диско, вечерите ги поминувала дома, стуткана во волнено ќебе на малечкиот двосед. Знаела каде е потрошен секој денар, успевала да си купи модерни фармерки, дискретно се шминкала. Таа никогаш не сонувала за Принцот. Знаела дека тој никогаш нема да дојде, затоа што таа не е принцеза и никогаш нема да биде. Сонувала за Човекот. Да, сонувала за еден најобичен човек, со искрена насмевка, голема душа и раце кои знаат да гушкаат. И бидејќи соништата се исполнуваат, еден ден, од нигде никаде се појавил Човекот. Не се запознале на никаков бал, едноставо се сретнале во книжарницата каде таа кога ќе успеела да заштеди некој денар плус си купувала по некоја книга. Денес, девојката живее заедно со тој човек. Имаат две деца. Не се постојано среќни, понекогаш имаат проблеми, но успеваат да ги надминат. Нивната љубов нема да биде вечна, оти и самите не се вечни. Но, еден за друг се незаменлви. Нивното царство повторно е еден стан, сега малку поголем. Ама е волшебен и исполнет со многу љубов и нежност. Исто како големите царски палати од приказните. |
|
Внеси реплика | страница <123 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |