Испечати | Затвори го прозорот

Приказни за добра ноќ

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Интима
Име на форумот: Семејство
Опис на форумот: ... до шесто колено
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=24695
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 18:05
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Приказни за добра ноќ
Постирано од: MyWay
Наслов: Приказни за добра ноќ
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 14:14

Прекрасно е кога детството се минува со приказни и мечтаење....Како мала едвај чекав некој да ми раскажи приказна....Нај омилени ми беа приказните од баба ми...Имаше неколку исти кои со години ми ги раскажуваше и никогаш не ми здосадија...
Обично нај омилени ми беа оние што почнуваат со Си бил еден цар...или Си бил еден јунак
и тн...

Која е вашата омилена приказна од детството...

-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......




Коментари:
Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 14:28


Jas sakam sto porealni simulacii... vikni me kaj tebe pred spienje, ima da ti ja raskazam najubavata prikazna...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: vivi1
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 14:30
vas nok vi e segaидеја

-------------
vivi


Постирано од: bluebell
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 16:16
I jas istoto se prasuvam, ke mora da dojde nokj, za da dobijam inspiracija

-------------
always look on the bright side of the life!


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 21:02
Originally posted by Marko Polo 1 Marko Polo 1 напиша:



Jas sakam sto porealni simulacii... vikni me kaj tebe pred spienje, ima da ti ja raskazam najubavata prikazna...


ajde pocni de

-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 21:11
Princezinata kruna mi e vo race... Nisto bez licno da i ja stavam na glava...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: vivi1
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 22:01
ne mi se spie ....тага

-------------
vivi


Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 23:28
pa koga saka vnukot so mene da zaspie togas mu treskam trista gluposti onaka so ke mi dojde u momentot ali bitno dobro mi ide sekad brzo zaspiva...valjda od dosada голема%20насмевкаголема%20насмевка

-------------
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 23:38
Izvrti mu gi prikaznite ednas, pa da vidis kolku kje mu e dosadno...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 23:39
изненадувањеnikako se pameti i poslem se kazuva голема%20насмевка

-------------
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика


Постирано од: Marko Polo 1
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 23:44
ko prazen hard disk se... sungjer...

-------------
Incredible Blue


Постирано од: FeaR
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 23:49
bas taka голема%20насмевка kakvo gaze ima mu e od mene i use go vika toa koa ke vidi nekoe zensko голема%20насмевка

-------------
"А ти поарен да не си?" -македонски начин на прифаќање критика


Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 10.Јули.2011 во 23:50
shhh... oftopik ste....

-------------


Постирано од: Tiggy Vicious
Датум на внесување: 11.Јули.2011 во 00:01
Не ми кажувале приказни за добра ноќ, ко во магла памтам дека добивав пољубац у чело од татко ми и мајка ми и една заушка и онакаЧ -бриши у кревет, касно е.

Дедо ми ми кажуваше, лисицата и волкот -стандард.

-------------
What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 11.Јули.2011 во 00:45
 
 

Пепелашка

 

Еднаш многу одамна живееше една убава девојка што се викаше Пепелашка, заедно со лошата маќеа и со две приглупави и себични полусестри.

Тие ја тераа да ги врши најтешките домашни работи. Често работеше покрај огништето,па облеката и беше извалкана од пепел.

Еден ден кралот ги повика на забава сите девојки од кралството.

Принцот си бара невеста, па, можеби, една од вас ќе има таква среќа, - рече маќеата на своите ќерки.

Пепелашка немаше свечен фустан и тажно ги гледаше своите полусестри додека се дотеруваа за забавата. Но, наеднаш пред неа се појави добрата самовила и и ги исполни желбите.

Глувчињата ги претвори во слуги, а тиквата во отмена кочија.

Потоа, добрата самовила ја претвори облеката што ја носеше Пепелашка во величествен балски фустан и и направи еден чифт стаклени чевлички.

“Немој да заборавиш дека дворецот мораш да го напуштиш пред полноќ, затоа што тогаш ќе престане дејството на магијата”, - добрата самовила ја предупреди Пепелашка и исчезна.

Веднаш штом се појави на балот, Пепелашка со својата убавина ги засени сите девојќи и го привлече вниманието на младиот принц. Тој веднаш ја покани на танц. Танцувајќи со него предизвикуваше завист кај другите жени.

Сред еден танц часовникот отчука полноќ. Пепелашка се сети на зборовите на добрата самовила и трчајќи го напушти принцот.

Во моментот додека трчаше по скалите го загуби едното стаклено чевличе. Без да се сврти, скокна во кочијата и замина.

Помина полноќ и Пепелашка повторно беше во својата стара и валкана облека.

Следниот ден принцот почна да ги посетува сите куќи во кралството.

“Ќе се оженам со таа девојка што ќе може да го обуе ова стаклено чевличе”,- рече тој.

Со денови залудно го обиколуваше кралството, кога стигна до куќата на Пепелашка. Грдите полусестри безуспешно се обидуваа да ги сместат големите стапала во чевличето.

Потоа се појави Пепелашка и го зема чевличето. На општо изненадување на сите присутни, стакленото чевличе совршено и прилегаше.

Принцот веднаш ја поведе Пепелашка во дворецот, каде што наскоро приреди голема веселба во чест на нивната венчавка.


 



-------------


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 11.Јули.2011 во 11:05

Празничната вечера на Насрадин Оџа

ПРАЗНИЧНАТА ВЕЧЕРА НА НАСРАДИН ОЏА Насрадин оџа и жена му станаа едно сабајле, утредента ќе биде бајрам. Бајрам дојде, ама, јадење нема, слатки нема, ништо нема дома... Што прават овие? Жено мори, што ќе јадеме сега? Ни манџа имаме, ни баклава имаме, ни ништо... Каков ќе биде овој наш бајрам? Е, што да правиме бе мажу? Вака ќе направиме: јас ќе земам еден стап, ти бегај кај комшијата. Јас ќе дојдам по тебе. Како и да е, таму ќе си се наручаме. Стана овој: Бам – бум! Бам – бум! – со стапот. Избега жената. Ух! Леле, море! Ух! Леле! – избега кај комшијата. Што е комшике? Шѕо стана? Аман! Ме отепа човекон. Зошто ручек не сум направила. Сабајлето донесе се што треба, ама доцна, ништо не направив. Ако бе комшике, ако. Кај нас има јадење. Дојдете, не се карајте. Е, бива ли така? Бива. Е, сите станаа, седнаа да ручаат. По ручекот Насрадин рече: - Ајде жено, стани сега да си одиме дома. Станаа, си отидоа дома. Виде ли жено, - рече – како ем бајрам си истеравме, ем трошок не направивме дома. Никаков трошок не направивме, ама, бајрамот си го истеравме се по ред: со баклавата, со јанијата, се си се најадовме... Господ да ни е напомош, многу убаво си поминавме.голема%20насмевка



-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 11.Јули.2011 во 11:10
Инаку за приказни махер сум да измислувам сама...
Толку бујна фантазија имам кога им раскажувам на внуците...
Ехее , лавови, тигри, џинови самовили свашта.....и многу често сама компонирам хи,%20хи.......оти тие што ги знам исцрпени се одамна...


-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: pajser
Датум на внесување: 11.Јули.2011 во 12:20
 

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 11.Јули.2011 во 15:12
Оти и ретко имам седено со баба и дедо...Ко низ магла ми поминуваат
некои приказни...Од кои најчесто дедо ми прв заспиваше
Но добро се сеќавам на раскажувачот,и нетрпението за следната
недела,да тој повторно од крај огништето раскаже една...

http://www.youtube.com/watch?v=pNuOpnuBg0w&feature=related - Воинот и смрта (1)
http://www.youtube.com/watch?v=M0YkGjXfsLU&NR=1 - Воинот и смрта (2)
http://www.youtube.com/watch?v=1AxA6KA88kE&NR=1 - Воинот и смрта (3)


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 11.Јули.2011 во 15:46
kako go najde raskazuvacot....

tolku vreme se trudam da go najdam a ne znaev kakoизненадувањеизненадувањеизненадување

bravossssssголемо%20гушкање




-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: volkswagen
Датум на внесување: 11.Јули.2011 во 16:31
Ох леле бре.... што ви требаше сега темава бе дечки... Ми текна на дедо ми... бог да го прости, беше подвижна збирка на приказни. Од татко му, од дедо му слушани....  Не се сеќавам како беа, мал бев кога ми ги раскажуваше, а последно не најдов време да одделам за да ми ги прераскажи за што ми е ненормално многу мака.
Останува мајка ми и баба ми да се присетат на сите што ќе успеат и јас да ги отпечатам на идивидиов. Очекувајте ги... генерации и генерации се пренесувани... трепкање

Мај .... ти си ѕвер бе човече...даМе потсети на нешто со овие приказниве смислени у секунда.... Тато е „махер“ за такви импровизирани приказни... само завршуваа најчесто со смеење уште 2 сати пошто човеков најчесто беше капнат од работа и не знаеше што зборува...смеење


-------------


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 31.Јули.2011 во 20:31
Ајде едно потсетување на детските денови...
http://www.youtube.com/watch?v=lhmO1Pp9b2k - Среќното дете


Постирано од: MyWay
Датум на внесување: 01.Август.2011 во 13:08
Originally posted by Орка Орка напиша:

Ајде едно потсетување на детските денови...
http://www.youtube.com/watch?v=lhmO1Pp9b2k - Среќното дете



лелеееее....која убавина да се потсетиш на раната младост мечтаење


-------------

Како изгледа совршен маж..Он не изгледа..Он се понаша ......



Постирано од: pajser
Датум на внесување: 11.Август.2011 во 10:04
 

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 26.Февруари.2012 во 21:42
 

http://www.youtube.com/watch?v=Swqb5AY1ZxA&feature=related" rel="nofollow - Петар Пан ......


-------------


Постирано од: BellaGrandma
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 01:18
Originally posted by volkswagen volkswagen напиша:

Ох леле бре.... што ви требаше сега темава бе дечки... Ми текна на дедо ми... бог да го прости, беше подвижна збирка на приказни. Од татко му, од дедо му слушани....  Не се сеќавам како беа, мал бев кога ми ги раскажуваше, а последно не најдов време да одделам за да ми ги прераскажи за што ми е ненормално многу мака.
Останува мајка ми и баба ми да се присетат на сите што ќе успеат и јас да ги отпечатам на идивидиов. Очекувајте ги... генерации и генерации се пренесувани... трепкање

Мај .... ти си ѕвер бе човече...даМе потсети на нешто со овие приказниве смислени у секунда.... Тато е „махер“ за такви импровизирани приказни... само завршуваа најчесто со смеење уште 2 сати пошто човеков најчесто беше капнат од работа и не знаеше што зборува...смеење



Која среќа си ја имал.....аплауз

Мене на пример.....многу ретко ми раскажуваа приказни.....3-4 пати во годината.....не памтам ни кои..


-------------
Можат се да ти земат - богатството, најубавите години, радоста и сите заслуги, но секогаш ќе ти останат соништата за одново да го создадеш светот кој ти го украле.


Постирано од: ПодВодно
Датум на внесување: 05.Март.2012 во 01:31
Баба ми, која буквално ме израсна, ми раскажуваше комични и поучни приказни и басни без самовили и романтика. не беа наменети за заспивање, туку за дружење - или се смеевме или ме проверуваше дали сум ја сфатила поентата.
мајка ми, ретко имаше време да ме заспива со приказна, но затоа кога пристигнаа нејзините внуци - се оддолжи кутрата десеткратно.


Постирано од: Radmila Rada
Датум на внесување: 29.Јануари.2014 во 22:25
И нас (мене и сестра ми) баба ни ни раскажуваше приказни ама овие беа за преспивање преку ден, оти навечер беше уморена да ни раскажува а и ние од сонцето -по што кај нив на село бевме секогаш на лето. Секогаш ќе ми останат во сеќавање, зашто беа многу поучни и верувам дека многупати и ќе измислеше нешто за да бидат поинтересни и поблиски до тоа нас што ни се случуваше, за полесно да ја сватиме пораката.
Приказните се прекрасна дружба на децата и возрасните и прекрасна ука што само постарите можат да ја пренесат на помладите. И на нивен својствен начин...
А детето се чувствува безбедно,ја активира фантазијата и се чувствува сакано додека раскажувачот ткае зборови и зборови...


Постирано од: Орка
Датум на внесување: 27.Мај.2014 во 09:31
Деновиве сум во акција ама тешко ми оди,да го најдам тоа што барам.
Попат најдов некои интересни збирки од басни и бајки,
па убава прилика тие што како мали немале можност
да бидат лажени пред спиење,да ги лажат своите деца и внуци.
http://uciteljskikutak.files.wordpress.com/2014/01/hans-kristijan-andersen-bajke.pdf" rel="nofollow - Ханс Кристијан Андерсен-Бајки (српски)pdf

http://www.os-pkanavelica-korcula.skole.hr/upload/os-pkanavelica-korcula/images/static3/1231/File/ezop_basne.pdf" rel="nofollow - Езоп-Басни (српски)pdf


Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 10.Мај.2015 во 01:10
Originally posted by zamislena zamislena напиша:

 
 

Пепелашка

 

Еднаш многу одамна живееше една убава девојка што се викаше Пепелашка, заедно со лошата маќеа и со две приглупави и себични полусестри.

Тие ја тераа да ги врши најтешките домашни работи. Често работеше покрај огништето,па облеката и беше извалкана од пепел.

Еден ден кралот ги повика на забава сите девојки од кралството.

Принцот си бара невеста, па, можеби, една од вас ќе има таква среќа, - рече маќеата на своите ќерки.

Пепелашка немаше свечен фустан и тажно ги гледаше своите полусестри додека се дотеруваа за забавата. Но, наеднаш пред неа се појави добрата самовила и и ги исполни желбите.

Глувчињата ги претвори во слуги, а тиквата во отмена кочија.

Потоа, добрата самовила ја претвори облеката што ја носеше Пепелашка во величествен балски фустан и и направи еден чифт стаклени чевлички.

“Немој да заборавиш дека дворецот мораш да го напуштиш пред полноќ, затоа што тогаш ќе престане дејството на магијата”, - добрата самовила ја предупреди Пепелашка и исчезна.

Веднаш штом се појави на балот, Пепелашка со својата убавина ги засени сите девојќи и го привлече вниманието на младиот принц. Тој веднаш ја покани на танц. Танцувајќи со него предизвикуваше завист кај другите жени.

Сред еден танц часовникот отчука полноќ. Пепелашка се сети на зборовите на добрата самовила и трчајќи го напушти принцот.

Во моментот додека трчаше по скалите го загуби едното стаклено чевличе. Без да се сврти, скокна во кочијата и замина.

Помина полноќ и Пепелашка повторно беше во својата стара и валкана облека.

Следниот ден принцот почна да ги посетува сите куќи во кралството.

“Ќе се оженам со таа девојка што ќе може да го обуе ова стаклено чевличе”,- рече тој.

Со денови залудно го обиколуваше кралството, кога стигна до куќата на Пепелашка. Грдите полусестри безуспешно се обидуваа да ги сместат големите стапала во чевличето.

Потоа се појави Пепелашка и го зема чевличето. На општо изненадување на сите присутни, стакленото чевличе совршено и прилегаше.

Принцот веднаш ја поведе Пепелашка во дворецот, каде што наскоро приреди голема веселба во чест на нивната венчавка.


 


Sto ubava prikazna , da mu ja prepratam na Ninja , mozebi ke go fati....sonнамигнување


-------------
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....


Постирано од: Blue Scarlet
Датум на внесување: 10.Мај.2015 во 01:12
Ова скратена верзија ....не знам дали ќе му помогне газење од смеење

-------------
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!



Постирано од: laki_bu
Датум на внесување: 10.Мај.2015 во 01:15
Originally posted by Blue Scarlet Blue Scarlet напиша:

Ова скратена верзија ....не знам дали ќе му помогне газење од смеење

Ke ja procita dva tri pati i ke mu stane ko orginalotнамигнување


-------------
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....


Постирано од: Devojcence
Датум на внесување: 04.Јуни.2015 во 00:18
Crvenkapa sekoja vecer


Постирано од: Mazak
Датум на внесување: 03.Август.2015 во 05:27
Ивица и Марица една вечер (по примената покана од пред месец дена-на имаил) се спремаа за на долго најавуваната забава во кукичката од слама-во шумата, која трите прасиња ја организираа во чест на будењето на Трнорушка.

Таму ке биде сигурно и принцот шармантен кој со својот бакнеж ја рекуперираше Трнорушка-И...Ох, мора да ги видам тие усни ангелски што со бакнежот на љубовта живот подаруваат.(си помисли на момент Марица во себеси) ...кога по саат време спремање и мечтаење ја разбуди остар тон на добро познат глас,

ШО ПРАИШ УНУТРА МА ТИ СААТ ВРЕМЕ...НЕ Е ТОА ДНЕВНА СОБА...ТРЕБА ДА СЕ СПРЕМАМ И ЈАС...АМАН ВЛЕЧЛА НИ ЕДНА !!!


И познатата братско - сестринска кавга започна...повторно...


ПОБРЗАЈ МА ЖИТИ ФЕМИНИЗМОТ...кај и да е ке пристигне Црвенкапа пошо ја замолив јас да дое со нас пошо ми цркна батеријата на ЏПИЕСОТ...она го знае путот низ шумата...(нервозно залепен до вратата на бањата проговори Ивица).

Се доближи до прозорецот и гледаше нанадвор како еден по еден паркираат автомобилите на паркингот пред зградата барајки ја со поглед познатата силуета на црвеното тико(удрено од позади и у лево крило напред и тоа два пати при паркирање) на црвенкапа...


Наскоро...
Марица излезе од тоалетот и со неја облак невидлив од арома од нејзиниот парфем кој го употреби во доволни количини(за да угуши и твор)-поклон од нејзината тетка од Јужна Камбера ет АУС за нејзината матурска...

Ивица...со затнат нос и една наопачки облечена чорапа...влезе во тоалетот и моментално го најави своето соодветно присуство во тоалетот со громогласна анална флатуленција-(анална, пошо има и орална а богами и вагинална-али за задњава нема измислен МК збор-ке биде и тоа тука сум) не затварајки ја вратата намерно и за инат на сестра му.


Тууут...туууут ТУУУУУУУУУУУУТ... звук од сирената на тикото...брканица кој да излезе прв надвор( за другиот да мора да заклучи врата)...кавга по скалите(пошо Ивица коа се отчука еднашка мртов пијан заспа со главата на вратата која се затвараше и отвараше контунуирано цела до Џаволова нок додека не го пронајдоа интоксициран и полужив и лифтоматикот е сјебан од тогаш-одавна) буткање кој да седне на предно седиште у тикото HA HA HAAAAAAAA SUCKER !!!...и ете ги Ивица и Марица во тикото на Црвенкапа...Ивица до Црвенкапа напред и залепени очи на прекратката сукњица црвена (се рабира).


30 километри патешествие низ земјен и делумично асфалтиран пат низ шумата(тикото нејке да чуе ко теренец и е...и стигнаа на една чистинка пред колибата од слама на трите прасиња пред која поставен беше знак со огромни букви


ALL WELCOME ON TONIGHT'S "PISS OFF" PARTY, HAVE FUN - FREE PARKING !!!


to be continued...












-------------
“Be content with what you have. You have enough to live a happy life.”


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 06.Декември.2018 во 21:16
Приказна за девојката и човекот


Еднаш, не толку одамна во едно царство си живеела една девојка. Таа никогаш не посакувала да стане принцеза. Едноставно, само сакала да биде добра, почитувана и сакана. Нејзиното царство било еден двособен стан кој го наследила од мајка и. Во царството немало слуги, затоа што хероината не била мрзелива и секогаш со задоволство приготвувала ручек, ги миела садовите и ги одгледувала зачините во големи саксии во кујната.

Неа животот не и бил лесен, впрочем како што не и бил лесен животот ниту на Пепелашка, ниту на Снежана. Како средношколка ја изгубила мајка си, набрзо потоа и нејзиниот дедо. Била приморана да работи и да студира истовремено, притoа внимавајќи да не остави многу апарати уклучени на струја како би заштедила на сматката за струја. Немала многу пријателки и не одела во диско, вечерите ги поминувала дома, стуткана во волнено ќебе на малечкиот двосед. Знаела каде е потрошен секој денар, успевала да си купи модерни фармерки, дискретно се шминкала. Таа никогаш не сонувала за Принцот. Знаела дека тој никогаш нема да дојде, затоа што таа не е принцеза и никогаш нема да биде.

Сонувала за Човекот. Да, сонувала за еден најобичен човек, со искрена насмевка, голема душа и раце кои знаат да гушкаат. И бидејќи соништата се исполнуваат, еден ден, од нигде никаде се појавил Човекот. Не се запознале на никаков бал, едноставо се сретнале во книжарницата каде таа кога ќе успеела да заштеди некој денар плус си купувала по некоја книга. Денес, девојката живее заедно со тој човек. Имаат две деца. Не се постојано среќни, понекогаш имаат проблеми, но успеваат да ги надминат. Нивната љубов нема да биде вечна, оти и самите не се вечни. Но, еден за друг се незаменлви. Нивното царство повторно е еден стан, сега малку поголем. Ама е волшебен и исполнет со многу љубов и нежност. Исто како големите царски палати од приказните.




Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk