|
Нападнато Куманово |
Внеси реплика | страница <12345 13> |
Автор | ||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Да Меси, подобро е да не се појави, барем не на ВОНРЕДНА прес конференција. Вонредна прес конференција се свикува ако имаш да кажеш нешто што е итно и не дозволува одолговлекување. Се појави и онака НИШТО не кажа. Зошто би се појавувал ако не изнесуваш никаква информација? За да видиме колку си убав, паметен? Тука ти паѓа во вода мислењето дека треба да се појави и да каже колку знае - затоа што очигледно ништо не знае.
Народот уште од сабајле е расприкажан, не се секирај за тоа. Затоа чека официјален СТАВ на МВР.. Патем, почнала евакуацијата на Дива населба.. Бог нека им помогне! Изменето од evangeline - 09.Мај.2015 во 16:23 |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Кога се случува сериозна полицијско-воена интeрвенција официјална владина личност МОРА јавно да се појави со известување. Таква работа не смее да остане во доменот на чаршијските муабети. Така е насекаде. Излага личноста која е одговорна да даде податоци и вели "се случува ова и ова, за сега ги имаме овие податоци, навремено ќе ве известиме штом ќе добиеме подетални инфорамции". Колку што ми е познато изјавено е дека државата во Куманово се справува со извесна група терористи уфрлена преку границата со Србија и дека има повредени бранители кои веднаш се пренесени во македонските болници и за кои е потребно да се донира крв. Додека акцијата с'е уште трае и не се дознае нешто повеќе сметам дека ова е повеќе од доволна информација. За оноа, Бог нека ни помогне, тоа го велам веќе подолго време. Изменето од Messenger - 09.Мај.2015 во 16:37 |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не Месинџер, во ниеден закон не е предвидено дека официјална владина личност МОРА јавно да се појави со известување. Иако е препорачливо нели..
За да стои такво правило, тогаш треба да има санкции за негово неизвршување, а и такви нема.. Чаршиски муабети или не, пред саат време ми пиша едно другарче и ми рече дека веројатно тројца мртви има и дека таа вест е најевројатно точна. Дечкото работи на клиника, доктор. Амбасадата на САД изразила сочувство, а Иво молчи.. Па барем нека се координираат и нека молчат сите, за срамота. Ете затоа ме боли што го лажат народот. Може сум грешка, не го лажат, ова се бели лаги за заштита. Ама ако.. Голем е Господ, гледа.. Мене пак од друга страна многу ме интересира зошто кога веќе имале сознанија дека е формирана група во кумановско, не интервенирале порано. Колку за информација, групава не ја поминала вчера границата.. Гранична полиција?! Очигледно ја немаме или не е способна.. Јас одбивам да верувам дека не е способна, само мислам дека имаат добиено погрешни инструкции.. |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
И јас тоа прашувам. Како ни ги штитат границите.
Фала Меси за copy-paste поуката. Уживајте во убавиов ден. Јас се изморив од фејк информации. Се гасам,доста ми е |
||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Никаде не реков дека има закон дека мора да се јави. Неговата позиција и одговорност бара од него да се јави и за многу помали случаи. Тоа му е должноста и тој мора да ја извршува. Претседателот веднаш ја напушти посетата на Русија и не знам дали е пристигнат во Макдонија, na и тој, штом ќе биде известен за збиднувањава, ќе МОРА да се јави. Не дека има таков закон, туку затоа што неговата позиција Претседател на државата го бара тоа од него. Не гледам дека било кој го лаже народот. Kакви црни или бели лаги? Како го лаже? Кажува работи што не постојат, изнесува измислени податоци… ? Од каде се сознанијата дека групата е создадена во кумановско? Зошто претпоставуваме дека би било подобро акцијата да била направена порано? Од каде тврдењето дека немаме гранична полиција и дека е неспособна? Зошто сметаш дека добила погрешни инструкции? Па што се случува сега во Куманово? Зарем непостоечка, недоветна и погрешно инструктуирана полиција добро организирано ќе заобиколи и ќе се пресмета со терористичка организација недозволувајќи таа подлабоко да влезе во Македонија и да превземе акции за кои била пратена? Оноа што јас би прашувал е како тоа веднаш по организираните насилни протести и најавата за еден скорешен, уште поголем собир, се инфлитрира терористичка група која треба да внесе хаос меѓу македонците? Кои се овие терористи, кој ги организирал, кој ги плаќа и кој ги праќа? И не сакам да се расправам со претпоставки и да ширам чаршијски муабети, туку ќе чекам оваа акција на нашата полиција да се заврши и да се презентираат собраните податоци. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
Polaris
Сениор Регистриран: 04.Октомври.2007 Локација: Turkey Статус: Офлајн Поени: 1514 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Dva pati VMRO-DPMNE doaga na vlast dva pati pravi voeni scenarija. SDSM kolku bese na vlast niedno voeno scenario nemase..
|
||
Alekxandar
Сениор Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
___________________________________ Јас со мојата фамилија,исто како и ти со твојата фамилија,како и целиот обичен народ на Македонија,не вредиме ни 1 денар во очите на политичарите. Ние сме од ефтин материјал. Ефтино средство за постигање на целта. Ова треба добро да го запомниш доколку те повикаат од штабот. Политичкиот естаблишмент во Македонија има олигарско-мафијашка поставеност и затоа државата е константно крадена, па исто како со трикот од 2001 година,покварените политичари мислат повторно да го употребат зашто криминалната трага најдобро се прикрива со крв. Штета шо денес се повредени полицајци,цивили,независно на кој етникум припагаатно но тие се ефтин материјал и брзо се заменливи за разлика од децата на Вељановски,Груевски,Мијалков,Тачи,Ахмети,Заев,Црвенковски.... Е сега ако некој ми пратат на врата,слично како во 2001 година,подобро ке му биди да се замени со претседателот на општинскиот комитет,секретарот или некоја друга политичка фаца.... Изменето од Alekxandar - 09.Мај.2015 во 17:17 |
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најубаво им е на тие што не гледаат ништо, а најмалку тоа што им е сервирано..
(се однесува општо, да не се пронајде некој..) Ми постави прашања, па да ти одговорам (мој став) Сликата од погоре е од изјавата на МВР и е поставена на официјалната страна на МВР. Значи официјално потврдено од МВР е дека групата влегла илегално, се засолнила и утврдила во кумановско. За да влезе илегално, треба да има дупка во нашето погранично обезбедување.. За да утврди и засолни потребни се повеќе од 10 минути, не мислиш така?!
|
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Мене ме прашуваш?
|
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Хмм, не. Сама се прашувам, онака.. Во МВР имале сознанија и требало да интервенираат порано. А да немало дупка во пограничното обезбедување, немало ни нелегално да влезат.. Кога веќе влегле, од МВР не требале да дозволат да си се сместат и засолнат, требало да се интервенира одма.. Требаше да се фатат неспремни и да се исчистат од корен ваквите терористички формации.. Ама не, ако ни е и вака.. |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Прaшањата на прв поглед ти се логични, но кај полиција и војска пости стратегијска доктрина која не мора да е веднаш очебијна. Како прво, значи информацијава вели дека терористите не се организирани во кумановско, туку дека уфрлани преку една соседна држава. Сега за оноа другото… податокот дека знаеш оти некој нешто приготвува и се подготвува за некаква акција е асет кој треба да се употреби во најпогоден момент за да има најголем ефект. Тоа значи дека не треба автоматски веднаш да се реагира. Не е далеку претпоставката дека оваа поголема група влегла во Македонија од неколку места, поделена на неколку помали групи. Тоа би им обезбедило поголема сигурност. Доколку една е откриена и спречена на границата, другите ќе се вовлечат оставајќи привидот дека постоела само онаа група. Инфлитрираните групи се состануваат на едно место за финална подготовка и договор. Моментот да се пресретнат е токму тогаш. Сите се на едно место, концентрирани во една или две куќи со мали шанси да се извлечат од таму. |
||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ама ова може и да го кажаеш и вака - Два пати СДСМ е во опозиција и два пати прави воени сценарија. Сега кој е во право?? Смешни се значи и твоето, а и моево тврдење.
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6759 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Меси, да не те цитирам (километарски)
Повеќе од очигледно (и од изјавата на МВР и чисто онака од здрав разум) е дека групата има организатор, водачи и членови. Исто како и МВР така и тие имаат свои сознанија, кога е најбезбедно да ја преминат границата, каде и исто така имаат членови кои се веќе инфилтрирани во земјава, кои што ги чекаат и им помагаат во своите намери.. МВР ако си ја работела работата како што треба, при прибирање на оперативни сознанија, треба да формира групи на оперативци и уште од првиот момент да воспостави план на делување. Да имале тактика, немало да ги фатат неспремни. Наишле на отпор бла бла. А што очекуваа, дека ќе налетаат на бело знаменце?! Мислам која е логиката да формираш терористичка група во Македонија, а при една полициска акција да се откажеш без борба?! Сакам да те прашам, дали си запознаен на кој принцип функционираат терористичките ќелии?! Ако појдеме од сознанијата (ако знаеш како функционираат) тогаш ќе стигнеме пак на истото, што се врти во круг.. Или некој им дал погрешни информации за вооружувањето на групава или некој свесно ги пуштил во оган нашите.. А ако некогаш си правел оперативни тактики, знаеш дека не е потребно со месеци да ги следиш терористите ако сакаш побрзо и побезболно да ги искорениш. Ги оставаш и ги следиш само тогаш кога со тоа добиваш нешто повеќе од апсење (убивање) на група терористи.. И пак ќе кажам, нашите немаа ни тактика ни техника, да имале немало да бидат фатени вака неспремни.. Инаку, ќе се повлечам од темава додека Неговото Височество г-дин Котевски не даде изјава.. Се чувствувам како јас и Меси да ја киднапиравме темава. Бетер од тетористиве сме
Изменето од evangeline - 09.Мај.2015 во 17:52 |
||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
||
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Полно мртви и полно ранети...голема материјална штета...нарушени меѓучовечки односи.
Акцијата во Куманово заврши, остануваат уште чистење на теренот за комплетно да се утврди фактичката состојба и толку. Нека им е лесна земјата на тројцата специјалци и на цивилните жртви, за терористите може да кажам, нека горат вечно во пеколот. |
||
Внеси реплика | страница <12345 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |