IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Лекови од нашите бабички и лекови од природата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лекови од нашите бабички и лекови од природата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 15161718>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Февруари.2015 во 09:10

Руски народен лек за циркулација, црн дроб и превенција од рак


Чајот од сончоглед е стар народен рецепт кој често се користи во Русија. Со редовното консумирање можете да се ослободите од чувството на трпнење на рацете и нозете, што е симптом на лоша циркулација, како и подобро здравје на коските и црниот дроб, поквалитетна коса, подобар вид и подобрување на мускулите. Многу веруваат дека токму овој чај е одлична превенција на рак, а помага и при намалување на нивото на холестерол во крвта.


Благодарение на антиоксидансите на овие семки, можете дури и да го смирите воспалението и да се решите од несоницата, бидејќи сончогледот е природен седатив.



Единствено што ви е потребно за да го припремите овој лековит напиток се семки од сончоглед и малку вода. Прелијте го сончогледот со половина литро врела вода и оставете го да одстои преклопен половина час. Пијте го секое утро на празен стомак по една шолја и уживајте во неговиот одличен вкус.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Март.2015 во 08:31

Бабински рецепт против кашлица


Доколку грипот или обичната настинка ве уловиле и вас оваа зима, наместо апчиња и други антибиотици зошто да не испробате еден од бабинските рецепти кои се базирани на природни состојки?

babinski-recept-protiv-kaslica-2

Освен што грипот или настинката за краток период ќе ве напуштат, вашата кашлица предизвикана од нив која ве дразни секој ден и е неподнослива веднаш ќе исчезне.

Овој бабински рецепт против кашлица и грип е составена од 3 состојки и вреди да се испроба.

Потребни ви се 250 грама сиров мед, 60 милилитри маслиново масло и три исцедени лимони.

Измешајте ги состојките во тенџерче додека не зовријат, а потоа оставете да се излади. Добиената смеса ставете ја во тегла која добро ќе ја затворите. Чувајте ја на студено место или во фрижидерот неколку денови, а постоа консумирајте 2 до 3 супени лажички дневно.

Доколку сакате може да ја комбинирате и во омилениот чај без шеќер, кашлицата значително ќе се намали, а по неколку денови сосема ќе исчезне.

Рецептот може да се искористи и за обична алергија.

babinski-recept-protiv-kaslica-1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2015 во 21:13

Природни лекови за циркулација – сами направете


Неколку природни лекови ја подобруваат циркулацијата, а со тоа влијаат и на вкупното здравје.

Сувиот екстракт од полодот „Aesculus hippocastanum“ ( див костен ), од одамна познат и ценет по лековитото дејство.

cirkulacija5-300x170

Сувиот екстракт содржи многу лековити супстанции ( флавоноиди, катехини и проантоцинидини), и  ценет е поради есцинот, кој придонесува за зголемување на тонусот на вените, зголемување на отпорноста на капиларите, намалување на пропустливоста на капиларите, подобрување на циркулацијата со тонизирање на вените, намалување на едемите од лимфната конгестија или од инфламаторно потекло.

Есцинот е регистриран лек во Германија и претставува активна компонента на голем број препарати кои се користат топикално или орално при третман на периферни васкуларни болести, поточно при болести кои се поврзани со капиларна пропустливост и отпорност.

Сувиот екстракт на коренот „Ruscus aculeatus“ (дивиот чемшир) содржи мешавина од стероидни сапонини , кои ја подобруваат венската циркулација и лимфниот проток и ги штитат внатрешните ѕидови на вените од оштетување. Се користи во болести на крвните садови, дејствува антивоспалително и спречува формирање на едем.

Сувиот екстракт од листовите од „Ginkgo biloba“ ( гинко ) содржи флавоноиди кои ја намалуваат капиларната кршливост и пукањето на капиларните ѕидови, го зголемуваат протокот на крвта низ капиларите и ја подобруваат периферната циркулација. Гинко одамна е познат како еликсир на младоста и долговечноста .

borovnica

Боровинката ( Vaccinium myrtillus, f.Ericaceae ) содржи флавоноиди, антоцијани, витамин Ц и друго. Дејствува протективно на вените и капиларите, адстрингентно, антимикробно, антиинфламаторно и антидијабетично.
Експериментално и клинички е докажано дека антоцијаните, како и флавоноидот рутин, дејствуваат на вените, а особено на капиларите, така што ја зголемуваат отпорноста на овие крвни садови, намалувајќи ја нивната пропустливост и на тој начин не доаѓа до нивно пукање. Поради таквото дејство, плодовите, сокот и екстрактот од боровинката се препорачуваат за болни од венопатии и капиларопатии на екстремитетите.

Сув екстракт од „Hamamelis virginiana“ е исклучително богат со танини и флавоноиди. Благодарение на својот состав има добро анти-воспалително, аналгетско, адстрингентно дејство, поради што се препорачува во сите пореметувања на венската циркулација ( проширени вени, хемороиди, воспаление на вени , и слично ..

Етеричното масло од Cypresus scariosus ( кипарис ) има долговеквна репутација како одличен хемостатиц, адстрингенс, и има вазоконстрикторен ефект. Покажува одлични резултати во третманот на хемороиди (ја намалува и ја елиминира болката и крварењето).

limun-i-luk

Примена на етерично масло Citrus limonum ( лимон) благодарение на добрите антисептилни и бактерицидни активности е важен во третманот на проширени вени и капилари , особено хемороиди.

Растителните екстракти со капиларопротективно дејство се применуваат во облик на топикални препарати ( гелови, креми, масти ) и препарати за орална употреба ( таблети, тинктури ). Што се однесува до појавата на несакани ефекти, важат за релативно безбедни. Хербалните лековити средства наменети за третман на капиларопатии покажуваат значајна ефикасност во зголемување на капиларната отпорност и превенција од прскање на капилари, но не можат да ги репарираат веќе оштетените капилари и да предизвикаат отстранување на пурпурно-црвените дамки што се резултат од нивно прскање. За поголем ефект, се препорачува доволен внес на витамин C ( капиларната фрагилност честопати е последица на дефицит од овој витамин ). Употребата на фитопрепарати со капиларопротективно дејство е неопходна после оперативни зафати за отстранување на оштетени капилари ( склеро терапија, ласерски третмани ) поради потентното профилактичко дејство.



Изменето од Valerija - 04.Март.2015 во 21:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2015 во 21:15

Лековита домашна ракија против отечени зглобови


Потребни состојки:

rakija zglob

1 рака сува коприва (лист)

1 рака сув магдонос (лист)

1 литар лозова ракија

Подготовка:

Сите состојки се ставаат во стаклена тегла, па убаво затворена се остава 15-20 дена на топло место. Секојдневно теглата треба да се промешува.

По изминатиот период, ракијата се процедува, и се користи како облога за отечени зглобови.



Изменето од Valerija - 04.Март.2015 во 21:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2015 во 21:35

Стар рецепт против кашлица од само 2 состојки


Состојки:

  • 1-2 листови зелка
  • Мед

zelka

Начин на подготовка:

Одвојте еден лист зелка и ставете го да постои неколку минути во врела вода -да стане топол и мек.

Потоа едната страна намачкајте ја со мед и намачканата страна ставете ја на градите. Преку ставете најлонска кеса и  шал или пешкир.

Доколку имате силна кашлица, потребни ви се два листа на зелка, со тоа што едниот ќе го ставите на гради, а другиот на грбот. Облозите се вадат наутро, а лекувањето трае од 5 до 7 ноќи, по што кашлицата исчезнува.




Изменето од Valerija - 04.Март.2015 во 21:35
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Март.2015 во 21:36

Домашен рецепт: Ослободете се од камчето во бубрезите за 10 дена


Обичното просо е житарицата која може да ви помогне, а е прилично евтина и едноставна за консумирање.

Ефикасно ги чисти бубрезите, го елиминира песокот, помага кај женски болести и брзо лечи циститис.

proso kamen bubreg

Рецептот за подготовка е едноставен:

Навечер ставете 1 чаша (200g) просо во топла вода и измијте го.

Потоа ставете го во голема тегла од 3kg и прелијте го со жешка вода додека теглата не биде 2/3 полна.

Затворете, добро протресете и замотајте ја теглата во нешто топло. Оставете ја да преноќи.

Утрото повторно протресете. Сега веќе ќе забележите матна течност, односно лекот кој треба да го консумирате.

Пијте во текот на денот без ограничување, колку што сакате и можете.Овој пијалак треба да го пиете најмалку 10-15 дена за да почувствувате подобрување.



Изменето од Valerija - 04.Март.2015 во 21:36
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2015 во 17:43

Моќна комбинација од 3 состојки убива инфекции и отстранува масти


Доколку често се заморувате и имате слаба циркулација, ова е вистинскиот рецепт за вас! Истото важи и за оние кои често се разболуваат заради слабиот имунитет, како и за оние кои имаат проблеми со крвните садови. 

Овој чудотворен напиток е исклучително моќен, а содржи само три состојки. Тоа се лук, ѓумбир и лимон. Сите три намирници можете да ги набавите лесно и ефтино. Ѓумбирот го има во подобро снабдените маркети, а количината која ќе треба да ја купите е многу мала.


Корисностите од овој природен лек се многубројни. Се работи за комбинација на три неверојатно здрави намирници, која има исклучително позитивни здравствени ефекти врз организмот. 

Овој лек е добар за лечење и превенција на запушени артерии. Исто така, одличен е и за регулирање на покачени масти во крвта, спречување на општиот замор на организмот, спречување и лечење на инфекции и настинки, интензивно зајакнување на имунитетот, чистење на црниот дроб и подобрување на ензимите на црниот дроб. Комбинацијата на лимон, ѓумбир и лук ја спречува појавата на слободни радикали во организмот, кои предизвикуваат најтешки болести и низа други состојби поврзани со болести на срцето и крвотокот.

Потребни состојки:

  • 4 поголеми главици лук
  • 4 цели лимони со кора
  • корен од ѓумбир (3-4 см)
  • 2 л вода

Подготовка:

Лимонот оставете го да постои во вода со сода бикарбона, за да се отстранат пестицидите. Потоа добро измијте го и исечкајте го на парченца. Излупете го лукот и заедно со лимонот и ѓумбирот ставете ги во блендер за да добиете хомогена смеса. Потоа смесата ставете ја во метален сад, додадете 2 литри вода и загрејте го сето заедно мешајќи, додека течноста не дојдете до точка на вриење.

Веднаш откако ќе зоврие, тргнете го садот од оган и оставете го да се олади. Процедете ја течноста и ставете ја во стаклени шишиња или тегли.

Лековитиот напиток се консумира секој ден по една чаша од 200 мл најмалку два часа пред јадење, на потполно празен желудник. Напитокот чувајте го во фрижидер, а пред секое користење добро промешајте го.

Терапијата трае три недели со секојдневно консумирање на една чаша после што треба да направите пауза од една недела, а потоа можете повторно да продолжите со консумирање во истиот циклус. Доколку вкусот не ви е пријатен, можете да додадете и малку мед.


После 3 недели користење, би требало да почувствувате значајна регенерација и ревитализација на телото. Покрај наведените полезности, напитокот е особено корисен и за спречување на калкцификацијата во телото, која предизвикува формирање на каменчиња во органите и запушување на крвните садови.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2015 во 14:09

ДОМАШЕН СИРУП ОД МОРКОВИ ПРОТИВ БРОНХИТИС

3

Освен вкусна храна морковот е и многу лековит. Тој содржи каротин – елемент кој во организмот се преработува во витамин А. Богат е и со витимин Е како и со целулоза која делува добро на варењето на храната. Морковите содржат и многу калиум кој го спречува развојот на гастрит.

Во  народната медицина морковите се препорачуваат како секојдневна храна на болните од ревматизам. Делуваат добро и при дијабет. Од морковите може да се приготви вкусен и лековит сируп – на две чаши свежо исцеден сок од морков се додава една чаша кафеав шеќер и се вари се додека смесата не се згусне.  Уште додека е врел сирупот се исипува во суво стаклено шише или тегла и се чува на суво и темно место. Се пие во зимските месеци против бронхит, настинка или ангина по неколку лажици на ден.



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2015 во 14:39

СПРЕЧEТЕ ЈА ГЛАВОБОЛКАТА ИНСТАНТНО СО ОВОЈ МАГИЧЕН ПИЈАЛОК

10

Луѓето кои страдаат од мигрена знаат колку е ужасна главоболка, и дека таа не е нешто што се лечи едноставно.

Или, не беше до сега! Заборавете на лековите против болки и обидете се со овој едноставен рецепт да се ослободите од вашата главоболка за само неколку минути.

Малкумина знаат дека постои метод кој им помага на речиси сите луѓе. Ова е метод на традиционалната и народната медицина, која денес е многу повеќе критикувана отколку поддржана. Вие одлучете дали ви се допаѓа или не, но пробајте го следниот пат кога ќе имате главоболка и споделете го искуството со нас.

Предложениот метод за лекување на мигрена е многу едноставен:

Сè што ви е потребно се сол и сок од лимон.

Прво, треба да се избере сол со висок квалитет. Најдобро е да се користи Хималајска кристална сол, бидејќи е збогатена со минерали. Оваа сол содржи 84 елементи, што е повеќе од добро, ако се земе во предвид дека науката познава 118. Солта може да ве спаси од главоболки, мигрени, зголемено ниво на серотонин во крвта, зајакнување на нервниот систем, го нормализира балансонт на алкалната киселина во телото.

Начин на подготовка:

Наполнете една чаша од свежо исцеден сок од лимон и додадете 2 лажички сол во истата. Промешајте, а потоа истурете ја во поголема чаша и додадете вода. Откога сето тоа е добро ќе се измеша, само испијте ја целата чаша одеднаш.

Вкусот е одвратен, но овој лек делува веднаш, и е како магија!

Untitled-11



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јуни.2015 во 18:19

СПРЕЧEТЕ ЈА ГЛАВОБОЛКАТА ИНСТАНТНО СО ОВОЈ МАГИЧЕН ПИЈАЛОК

10

Луѓето кои страдаат од мигрена знаат колку е ужасна главоболка, и дека таа не е нешто што се лечи едноставно.

Или, не беше до сега! Заборавете на лековите против болки и обидете се со овој едноставен рецепт да се ослободите од вашата главоболка за само неколку минути.

Малкумина знаат дека постои метод кој им помага на речиси сите луѓе. Ова е метод на традиционалната и народната медицина, која денес е многу повеќе критикувана отколку поддржана. Вие одлучете дали ви се допаѓа или не, но пробајте го следниот пат кога ќе имате главоболка и споделете го искуството со нас.

Предложениот метод за лекување на мигрена е многу едноставен:

Сè што ви е потребно се сол и сок од лимон.

Прво, треба да се избере сол со висок квалитет. Најдобро е да се користи Хималајска кристална сол, бидејќи е збогатена со минерали. Оваа сол содржи 84 елементи, што е повеќе од добро, ако се земе во предвид дека науката познава 118. Солта може да ве спаси од главоболки, мигрени, зголемено ниво на серотонин во крвта, зајакнување на нервниот систем, го нормализира балансонт на алкалната киселина во телото.

Начин на подготовка:

Наполнете една чаша од свежо исцеден сок од лимон и додадете 2 лажички сол во истата. Промешајте, а потоа истурете ја во поголема чаша и додадете вода. Откога сето тоа е добро ќе се измеша, само испијте ја целата чаша одеднаш.

Вкусот е одвратен, но овој лек делува веднаш, и е како магија!

Untitled-11



Изменето од Valerija - 24.Јануари.2018 во 18:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2015 во 08:26

5 Природни лекови за подобро здравје: Ментол за синуси, лаванда против главоболка


Кашлицата, затнатиот нос и главоболката се составен дел од сезонските настинки, вируси и грипови...

5-prirodni-lekovi-protiv-bolki-mentol-za-sinusi-lavanda-za-glavobolkaa-1

Докторите велат дека не треба веднаш да посегнувате по јаки антибиотици, туку да се обидете да ја намалите болката по природен пат.

Овие 5 природни лекови сигурно ќе ви бидат од голема помош:

1. Ментол против затнат нос

Доколку имате проблем со синусите, набавете си освежувач за просторија. Овие апарати ќе додадат влага во вашиот дом и така ќе ви ги ослободат дишните патишта. Освежувачот треба да биде на база на ментол.


2. Лаванда против главоболка

Ако чувствувате дека започнува да ве боли главата, тогаш вдишете малку од мирисот на масло од лаванда. Тоа ќе ви ги опушти мускулите во рамениците и веднаш ќе ви ја намали болката во главата.


3. Јога против несоница

Доколку патите од несоница тогаш пробајте секој ден по 1 час да вежбате јога. Секако не очекувајте уште првиот ден да се ослободите од несоницата, но со континуиран тренинг спиењето ќе ви се поправи и проблемот ќе ви се реши.


4. Лед против воспаление на мускули

После вежбање добро е да држите ладни облоги на мускулите и така ќе ги спречите силните болки. Во намалување на болката ќе ви помогне и туширање со стдена вода.


5. К*ркума против депресија

Овој ароматичен азиски зачин го поттикнува расположението кај оние кои редовно го консумираат и има слично дејство како медицинските антидепресиви.  

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2015 во 08:15

Народен лек против сите типови на цисти


Ова е рецепт кој се базира на примената на две главни состојки: алоето и алкохолот. По народните верувања се користи при лечење на цисти, малигни заболувања, астма, бронхит, ангина и запушување на крвните садови.

naroden-lek-protiv-site-tipovi-na-cisti-01.jpg

По сведочењата на оние кои имале проблеми со цистите, лекот помага во нивно отстранување по само две дози.

Во секој случај не би погрешиле ниту ако го користите како превентивна мерка и за подобрување и одржување на општото здравје.

Потребни состојки:

  • 500ml Медицински алкохол
  • 500g Домашен мед
  • 0,75l Црно квалитетно вино
  • 500g Кафе од цикорија
  • 150g Листови од алое вера

Листовите алое ги чистите од боцките и ги сомелувате во машина за месо или блендер. Останатите состојки само добро измешајте ги во еден сад, па на крај додадете ја смесата од мелени алое листови.

Потребна ќе ви биде тегла по можност од најмалку 3 литри за да можете да ги ставите сите состојки.

Теглата добро затворете ја и оставете ја на некое темно и ладно место да отстои 14 дена.

По отстојувањето процедете ја смесата со газа и течноста ставете ја во стаклено шише.

Течноста се пие најмалку 1 час пред оброците по 3 пати на ден и по 1 супена лажица.

Важно е желудникот да ви биде празен пред и по користењето на лекот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2015 во 09:28

Чај од семки од лубеница против камења во бубрезите


Американецот Едгар Кајенс, кој се смета за татко на холистичката медицина, го посветил целиот живот на истражување на билните препарати во лековити цели, пред да почине во 1945-та година. 

Познато е дека семките од лубеница им ги препорачувал на лицата кои имале бубрежни проблеми и камења во бубрезите.


Чајот од семки од лубеница е многу едноставен за подготовка бидејќи главните состојки ви се на дофат во текот на летните денови. Сè што ви е потребно се семки од лубеница и вода. Чајот не е штетен и може да се пие повеќе пати на ден. 

Состојки:

  • 4 лажици семки од лубеница
  • 2 литри вода

Подготовка:

Иситнете ги семките од лубеница (може со помош на млин за кафе). Семките мора да бидат свежи, а не сушени. Во садот ставете вода и додадете ги семките од лубеница. Кога водата ќе зоврие, намалете ја јачината на оганот и варете 10-тина минути. Оставете да се олади и процедете. По желба можете малку да го засладите и да додадете лимон.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2015 во 16:44

Домашен лек кој ги прочистува крвните садови и го штити срцето


Овој природен препарат благотворно влијае на целото тело, а се подготвува многу едноставно, што значи дека нема да ви одземе многу време, но и за да го направите нема да ви бидат потребни големи средства.


Истиот одржува оптимално здравје на целиот организам – ги прочистува вените, го штити срцето, ја зајакнува отпорноста на инфекциите и го прочистува црниот дроб.

Потребни состојки:

  • 15 лимони
  • 400 гр пченица
  • 12 чешниња лук
  • 400 гр ореви
  • 1 кг мед

Подготовка:

Пченицата ставете ја во голем стаклен бокал, прелијте ја со вода, покријте ја со газа и оставете да отстои 10-12 часа. Потоа, процедете ја низ газата и добро измијте ја пченицата. По еден ден, ќе се појават ’ркулци со големина од 1-2 милиметри.

Со машина за мелење месо, потребно е да ги измелете лукот, оревите и из’ртената пченица. Потоа сомелете 5 лимони заедно со кората (претходно отстојани во сода бикарбона за да се отстранат токсините, а потоа добро измиени) и додадете ги во останатите сомелени намирници. Од останатите 10 лимони исцедете го сокот и истурете го во смесата. Потоа додадете го и медот. Сето тоа добро помешајте го, ставете го во поголема тегла и чувајте го во фрижидер. Природниот лек ќе биде спремен за употреба за три дена.

Дозирање

Потребно е да земате по 1-2 лажици 30 минути пред јадење, три пати во текот на денот.

Пред употреба на овој природен лек, консултирајте се со вашиот лекар

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 15161718>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,719 секунди.