|
На денешен Ден |
Внеси реплика | страница <1 343536 |
Автор | |
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Војводо вечна ти слава!
Сериозните времиња,бараат сериозни мисли. Но Војводо ова е ера на истите оние предавници кои те предадоа и комичари кои со вицови држава водат. Никола Карев 27 април 1905 предаден и убиен. |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
чоли
Сениор Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Во салата за седници на Советот на Град Скопје во 13 часот ќе се одржи комеморативна седница на која ќе присуствува и скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Тој традиционално на овој ден се среќава со делегација на Еврејската заедница во Македонија
Еврејската заедница во Република Македонија денеска ќе одбележи 73 години од депортацијата и холокаустот на 7.144 македонски Евреи во концентрацискиот логор „Треблинка“. Годишнината од тој трагичен настан се одбележува со комеморативни активности во Скопје, Битола и во Штип. Делегации од Еврејската заедница ги посетија Битола и Штип - градови во кои до 1943 година имало големи еврејски заедници. Централното одбележување е денеска во Скопје. Делегации од Владата, Град Скопје и од Еврејската заедница ќе положат цвеќе на местото на привремениот логор - Монополот и на Еврејските и партизанските гробишта во Бутел. Во Салата за седници на Советот на Град Скопје во 13 часот ќе се одржи комеморативна седница на која ќе присуствува и скопскиот градоначалник Коце Трајановски. Тој традиционално на овој ден се среќава со делегација на Еврејската заедница во Македонија. Ноќта меѓу 10 и 11 март 1943 година биле уапсени сите Евреи во Македонија и затворени во Монополот, денеска „Тутунски комбинат“, кој тогаш бил привремен концентрационен логор. Најмногу Евреи имало од Битола, Скопје и од Штип и по неколку семејства од помалите градови. Според евиденцијата на тогашните бугарски и германски окупаторски власти, уапсени биле 7.144 Евреи. На 11 март 1943 тие биле собрани во сточни вагони и од Битола и од Штип сите заедно доведени во скопскиот Монопол, каде што останале до крајот на март во екстремно тешки хигиенски и психолошки услови. Сиот имот им бил одземен, а накитот и парите конфискувани. Потоа повторно биле натоварени, меѓу 80 и 120 лица во еден вагон, и транспортирани во тогаш окупираната Полска, во логорот на смртта „Треблинка“, каде што биле егзекутирани. Ниту еден од уапсените не се вратил. Во „Треблинка“ биле убиени 98 проценти од вкупното еврејско население во Македонија во 1943 година, што е меѓу најголемиот процент во светот. Во спомен на депортираните македонски Евреи, делегација на Република Македонија во 2008 година во логорот „Треблинка“ постави обележје со натпис „Македонија“. Во март 2011 година, пак, во Еврејското Маало во Скопје, свечено беше отворен Меморијален центар на холокаустот на македонските Евреи. Музејот е изграден со средства од имотите на семејства на убиените македонски Евреи кои немале наследници. Тие беа собрани во Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија, кој претходно работеше на имотно-правните прашања поврзани со денационализацијата на земјиштето каде што е изграден објектот. Според проценките, во „Треблинка“ биле убиени околу 900 илјади луѓе, од кои над 750.000 Евреи. Жртвите на холокаустот во тој логор, кој се наоѓал 100 километри североисточно од Варшава, биле убивани луѓе меѓу јули 1942 и октомври 1943 година. ---- Таа година ги нема Бугарите? Скромно е споменато само: Според евиденцијата на тогашните бугарски и германски окупатопрски власти[/B, уапсени биле 7.144 Евреи. |
|
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|
Внеси реплика | страница <1 343536 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |