|
Што се случува со нашето образование? |
Внеси реплика | страница <1 2324252627 28> |
Автор | |
Ninja 35
Модератор Регистриран: 24.Февруари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 17840 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Затоа наместо вести, прашај некого што има дете средношколец, така ќе бифеш најточно информирана. Јас имам пријатели со деца што им е вршено притисок....
Од друга страна на еден другар син му не знаеше ни да ми каже зошто бојкотираат |
|
Angel-Miranda
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Регистриран: 24.Март.2015 Статус: Офлајн Поени: 143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ова со праќањево на писма и вршење притисок е навистина е претерано од нивна страна.Со кој памет им праќаат писма и им вршат притисок?Во едно од моите мислења имам споменато дека поголемиот дел од средношколците не знаат зашто бојкотираат.Тоа не го поддржувам.Кога веќе се бојкотира,треба да се знае зошто се бојкотира.
|
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам сега зошто бојкотираат, ама еве и јас се прашувам: Зошто македонските ученици не сакаат математика?Македонските ученици се речиси на дното од речиси сите ранг листи на светските организации кои го мерат знаењето на математика. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Кога учениците да диктираат какво образование ќе имаат и дозволија да бидат манипулирани од партијски интереси, тогаш повеќе од јасно е дека сме го достигнале најниското ниво.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Целиот нормален живот во земјата е уништен од партиско-мафијашкото влијание на власта,затоа можеби и учениците станаа посвесни за својата иднина,дека неможе КЕЦАРОШИ и оние СО КУПЕНИ дипломи да им наметнуваат образование од типот на ресавска препишувачка школа,со неопремени училишта за изведување на настава(физика,хемија,биологија..) и со многу проблеми кои се влечат од бившото комунистичко време,можеби затоа ,па веројатно нешто повеќе дознаваат за животот од ИНТЕРНЕТОТ,каде во паметните земји како Шведска,Норвешка,веќе и има пилот проекти да се напушти стариот систем на школување кој е производувач на ЗАОСТАНАТИ и ПОСЛУШНИ ДЕГЕНЕРИЦИ спремни само за бацирака,нема тоа повеќе,секоја поткрепа на сите нивоа на образование охрабрете се за вистински промени,ако веќе морате да трпите неписмени да ви кажуваат и да ве враќаат едно и повеќе столетија назад.
Но исто така вреди да се спомене и ова Нема пари за меѓународни натпревари за Сања од Охрид, првак по математика!http://libertas.mk/нема-пари-за-меѓународни-натпревари-з/ Изменето од Gorazd777 - 15.Април.2015 во 19:00 |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Супер, еве сега не сакаат математика, за некоја година физика и хемија ќе дојдат на ред, и на крај ќе полагаат за матура физичко, музичко и како се аплодира слика на фејсбук и секако ќе имаме генерации на дегени за десетина години.
Алооо дечки, луѓето не се раѓаат идиоти, околината ги прави. Нека не ве чуди што на глупави математички задачи на интернет од типот на 2+2x2 добивате одговор дека е 8 место 6........нека тераат бе, меѓутоа тој што ги шилка на ова нека се замисли кој ќе го услужува за некоја година кога ќе појде во некоја институција. За информација за членовите, средно кога се запишував 1992 година полагав примен испит кој се состоеше од полагање на Математика и Физика, за матура исто Математика, Електроника со практична настава и Македонски јазик а исто така и на првиот факултет кога се запишав Математика и Физика. Спремете се за неколку години да гледате генерации на дегени и идиоти во однос на образование.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Очигледно е дека тој што ги шилка на ова го интересира само како да ги искористи да дојде на власт, а не како да ги направи подобри ученици и да осигура подобра иднина за општеството.
|
|
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не знам што го интересира Меси, ама според мене има две опции.
Да ги искористи средношколците во моменалнава политичка калаК*рница или второ да произведеме генерации на дегени и идиоти во догледно време кои ќе им послужат како марионети во иднина. |
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Gorazd777
Сениор Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Неписмени кецароши и копуци со купени дипломи,а сега докажани мафијаши и клептомани,не можат да воведат паушални реформи во образование како што ќе им текне.
Ете на пример на почеток од оваа учебна година на мала врата без транспарентност им текна воведоа во деветтолетка предмет ИНОВАЦИИ. А,знаете каков е тој систем исто како во комуњарско време кога сите се псремаа да ги прават да бидат инженери,па учеа познатото ОТО(општо техничко образование)и да се надоврзам од тие генерации кои завршивме,доста и не одбраа таков позив во животот,значи за ташак ми беше потребен тој предмет,Така и со Иновации,предмет со СМЕШНО име,а се предава некаква безврска програма каде нема учебници,даскалот им носи ,поточно им праќа по и мејл материјал како се правела ЦВ-биографија и какво производство имало монополско и корпорациско. Така дечки има многу уште да се нведува за ова БОЛНО и невоспитано образование кое го дотолчија овие неписмени мафијаши продавајќи магла дека знаат нешто,ама тие и толку не се виновни,еден ден тие или нивното поколени еќе си го добие своето.Нека се подзамислат оние кои без размисла го поддржуваат ова зло. |
|
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
А што има лошо во предмет иновации?
Како што гледам све не чини. Не чини математика, па сега не чини иновации. Добро, чини нешто во образованиевно и во државава според тебе Горазд?
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Тука мене ме копка една друга работа..
Да речеме полагаат матматика.. Прво и основно, дали господата од министерството знаат дека во Македонија не сите училишта учат од исти учебници, па колку и да ме убедуваат во спротивното? Секое школо си фаворизира свои професори, поради тираж.. Во тие различни учебници има и различни работи.. Не може да биде ист тестот по математика за тие што учеле две години и за тие што учеле четири години. Ама ова е државна матура и ќе биде ист.. Зошто на молерофарбач му треба реално математика? На шминкер? На слаткар? Јас сум за полагање завршен испит со мајчин јазик и испит микс од сите предмети што ги учеле до сега, по некои си 10 прашања.. Кој сака да оди на факултет, нека полага приемен испит, математика, физика, хемија, што-и-да-е. Нешто налик на SAT, ACT, GRE, GMAT. Тие што ги полагале веројатно имаат претстава за што мислам.. Зошто бре да го тераш со сила да учи тој што не сака?! Само за да помине? Па да го спуштаат критериумот на ненормално ниско ниво затоа што некои деца требало да поминат државна матура?! Па нека не поминат де, не е крај на свет. Не учеле, не поминале. Доста им е средно без завршен испит..
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Абе не е проблемот во неполагање математика Еванџелин.
За година две на идните матуранти ќе им текне да не полагаат ништо и на крај ќе се заврши со испит од типот на како да аплодираш слика на фејсбук, како се пребарува на гугл, кој се најдобри порно страни на светот и слично. Ова е проблемот според мене. Има решение за ова и треба факултетите да си побараат да секој кој немал минимум оценка просечна од средно по математика пример 3,5 и не полагал математика за матура да не може да се запише на факултет од типот на електро, машински, технолошки, градежен, шумарски, земјоделски, економски и слично. Се слагам јас дека на правник не му треба математика, ама основа мора да имаш бе. Јас сум учел на факултет четири математики, сум ги положил нормално, во најголем дел се тоа се заборавило, ама ако сега нешто ми потреба со мало пребарување што и како е одма си се враќа наученото, тоа е целта на математиката и на повеќето предмети, ко ќе ти затреба да знаеш кај да го побараш при работа и проблеми, ретко кој може веднаш и средно - тежок математички проблем да го реши после завршување на образование, се заборава, ама па знаеш како да го најдеш тоа што ти треба. Денес математиката дојде да се напушта од матура, за 10 години ќе им текне дека не сакаат хемија да учат а се запишале во гимназија и после што прајме????? Најарно да исфрлиме математика, хемија и физика....не ни требаат, тешки се и ќе си учиме физичко, музичко и ликовно со по 4-6 часа неделно, биологија, историја и географија со по 2-3 часа како рекреација ќе ни бидат а информатика ќе ја сведеме на часови 4-6 во неделата, ама ќе учиме како се користи фејсбук, како да пишам твит на твитер и да ставам слика на инстаграм со газот натртен, а машките плус ќе имаат К*рсеви за Call of Duty и како да се приклучиш на сервер за мулти плеер играње.....смешно е ова ве молам Дегени ќе излегуваат генерациите идни, а ние сведоци ќе бидиме на тоа, верувајте ми.
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ја цитирав само оваа реченица оти ми падна во очи. Демек ако полагаше екстерно во основно и средно, па матура и државен испит како студент немаше да се заборави? |
|
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не, не, ќе се заборави, еве сега додека пишувам си мислам за тоа и сигурен сум дека обичен извод да ми постави некој нема да го решам, ама!
Потребни ми се 10 минути да разгледам за тоа и да решам нешто 5 пати потешко од предходното...тоа е целта на учењето, да знаеш кај и како да побараш кога ќе се сретнеш со проблем. Истото е и со хемија и физика кои ги учев цел живот од 7-мо одделение.....меѓутоа за разлика од математика ми е многу полесно и се уште ми стои во глава, посебно хемијата, изучив 7 хемии само на факултет. Целта на учењето е да знаеш што и како да побараш кога ќе ти треба, а ова ќе го можеш само ако нештото си го изучувал, во спротивно на било што ќе се пулиш како теле во шарена врата а ќе станеш академски граѓанин и интелектуалец, кој од математика ќе ја знае само таблицата за множење и делење, додуша и тие денес ги забораваат, да се живи и здрави калкулаторите за многу луѓе
|
|
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|
Внеси реплика | страница <1 2324252627 28> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |