Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Мај.2012 во 22:44 |
доколку не се најде жариштето од каде е испровоцирано покачениот крвен притисок све ова теоријава околу исхрана е лук и вода, имај ти висок крвен притисок па јадење банани или пиење сок од брусница ќе го намали? а бе ај , не се лажете ... секое пореметување во организмот е поради нешто , најди го тоа нешто делувај на него и сите попратни симптоми ќе се смират и повлечат , еден од нив е и покачениот крвен притисок...
Изменето од bijonse1 - 23.Мај.2012 во 22:46
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Февруари.2014 во 21:09 |
5 начини како да го намалите вашиот крвен притисок
Високиот крвен притисок може да биде фатален.
Затоа луѓето со висок крвен притисок, мора да внимаваат како се
исхрануваат. Овде ви сугерираме 5 продукти кои ќе ви помогнат да го
намалите крвниот притисок на природен начин.
Банани
Луѓето кои јадат по две банани дневно, цела недела, можат да го намалат крвниот притисок за 10 проценти.
Цвекло
Дневна конзумација на 500 милилитри сок од цвекло ќе влијае одлично на целиот ваш организам. Посебно на вашето срце.
Лук
Дневната конзумација на лукот има неверојатна моќ да го намали високиот крвен притисок, меѓу другото.
Хибискус
Редовно пиење на чај од хибискус сигурно ќе ви помогне да го намалите
притисокот. Доколку можете да најдете сушени листови од хибискуст и да
ги вметнете во исхраната, уште подобро!
Какао
Универзитетската болница во Келн докажала дека употребата на какао многу влијае на намалувањето на високиот крвен притисок.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Март.2014 во 13:42 |
Неодамнешни истражувања потврдија дека пиењето 170ml јогурт со ниска масленост, три пати неделно, го намалува крвниот притисок.
Доколку имате проблем со притисокот и одлучите да го следите овој
совет, за да не ви здодее едноличноста во конзумирањето вметнете ги
следните додатоци.
- 80g ситно сечкана крставица, кромид во прав и една лажичка копар. Ова комбинација го намалува и холестеролот.
- 2 супени лажици пире од тиква, морско оревче, 2 - 3 коцки чоколадо.
Придобивки од тиквата, морското оревче и коцките чоколадо се подобрена
меморија и забрзана работа на мозокот.
- 1 супена лажица чиа семе и една зрела банана, исечкана на парчиња.
Ќе внесете многу влакна, антиоксиданси и протеини со кои освен
нормализирање на крвниот притисок, ќе ја подобрите и фигурата.
- Неколку ореви, 2 урми ситно исечкани и лажица мед. Оваа комбинација
е препорачана за машкиот пол, бидејќи го подобрува квалитетот на
спермата.
Испробајте и споделете ја ефикасноста.
Изменето од Valerija - 13.Април.2014 во 19:58
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2014 во 21:09 |
Неодамнешни истражувања потврдија дека пиењето 170ml јогурт со ниска масленост, три пати неделно, го намалува крвниот притисок.
Доколку имате проблем со притисокот и одлучите да го следите овој
совет, за да не ви здодее едноличноста во конзумирањето вметнете ги
следните додатоци.
- 80g ситно сечкана крставица, кромид во прав и една лажичка копар. Ова комбинација го намалува и холестеролот.
- 2 супени лажици пире од тиква, морско оревче, 2 - 3 коцки чоколадо.
Придобивки од тиквата, морското оревче и коцките чоколадо се подобрена
меморија и забрзана работа на мозокот.
- 1 супена лажица чиа семе и една зрела банана, исечкана на парчиња.
Ќе внесете многу влакна, антиоксиданси и протеини со кои освен
нормализирање на крвниот притисок, ќе ја подобрите и фигурата.
- Неколку ореви, 2 урми ситно исечкани и лажица мед. Оваа комбинација
е препорачана за машкиот пол, бидејќи го подобрува квалитетот на
спермата.
Испробајте и споделете ја ефикасноста.
Изменето од Valerija - 26.Март.2014 во 21:10
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Март.2014 во 21:09 |
Лубеницата го намалува крвниот притисок |
Лубениците се најновата овошје за кое научниците тврдат дека е корисно за здравјето на луѓето, а особено за здравјето на срцето. Едно ново истражување што го спровеле научници од Универзитетот на Флорида покажало дека амино киселините што се наоѓаат во лубеницата го поттикнуваат протокот на крв низ артериите кај луѓето кои имаат зголемен крвен притисок. Покрај тоа, научниците откриле дека секојдневната конзумација на лубеница го намалува крвниот притисок кај луѓето кои инаку имаат висок крвен притисок, што значи дека лубеницата е многу повеќе од нискокалорично овошје богато со влакна. Водачот на истражувањето Артуро Фигерос објаснил дека овие резултати покажуваат дека ваквата функционална храна може да спречи од благо зголемен крвен притисок да се развие хипертензија, што претставува значаен фактор за срцев или мозочен удар. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Април.2014 во 19:59 |
ЛЕК ОД СВЕТА ГОРА ПРОТИВ ВИСОК КРВЕН ПРИТИСОК
Лекот е многу едноставен и направен од лесно достапни намирници, но пак е мошне ефикасен и со докажани резултати. Пробајте! Состојки: 1 супена лажица природен мед 1 лажица природен домашен јаболков оцет 2-3 поголеми лукчиња, толчени и измешани убаво во смесата. Смесата треба неколку дена да отстои. Секое утро се пие по една лажица. Лукот нема мирис поради соединувањето со оцетот и медот.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
laki_bu
Сениор
Лидер
Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2015 во 00:35 |
A se prasuvam ...Pomaga li ova kaj pritisok 120/160.. Ili da si prodolzam da si pijam Enap i da ne eksperimentiram
|
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|
evangeline
Модератор
Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Февруари.2015 во 00:40 |
Тешко лаки. Да не се лажеме. Мајка ми што не проба, на крај пак е со таблети. Ма да она е и постара
Изменето од evangeline - 25.Февруари.2015 во 00:41
|
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Октомври.2015 во 21:18 |
Сè што треба да знаете за високиот крвен притисок (артериска хипертензија)
Високиот крвен притисок или артериска хипертензија претставува патолошка состојба при која во артериите владее покачен крвен притисок, односно систолен притисок над 140mmHg, а дијастолен притисок над 90mmHg. Најчесто се зголемени и систолниот и дијастолниот притисок истовремено. Но, постојат случаи каде е зголемен само систолниот или само дијастолниот притисок. Тогаш станува збор за конвергентен тип на хипертензија. Доколку систолниот притисок е покачен, а дијастолниот е намален, зборуваме за дивергентен тип на хипертензија. | Систолен крвен притисок (mmHg) | Дијастолен крвен притисок (mmHg) | Оптимален притисок | <120 | <80 | Нормален притисок | <130 | <85 | Висок нормален притисок | 130 - 139 | 85 - 89 | 1 степен (лесна хипертензија) | 140 - 159 | 90 - 99 | Подгрупа: гранична | 140 - 149 | 90 - 94 | 2 степен (умерена хипертензија) | 160 - 179 | 100 - 109 | 3 степен (тешка хипертензија) | ≤180 | ≤110 | Изолирана систолна хипертензија | >140 | <90 |
Табела: СЗО класификација на хипертензијата според висината на крвниот притисок кај возрасни над 18 години Крвниот притисок е „силата“ поради која крвта континуирано се движи низ крвните садови. Тој зависи од волуменот на крв што срцето го пумпа во минута и периферниот васкуларен отпор на кој крвта наидува при движење низ крвните садови. Доколку срцето пумпа поголемо количество на крв (зголемен минутен волумен), и/или луменот на артериите е намален (зголемен периферен васкуларен отпор), крвниот притисок се зголемува, односно се јавува артериска хипертензија. Артериската хипертензија е комплексно и мултифакториелно заболување со мозаичен механизам на настанување и во најголем дел од случаите причината за појава на болеста е непозната, односно не може да се објасни со еден патомеханизам применлив кај сите пациенти, па овој тип на хипертензија се нарекува примарна или есенцијална хипертензија. Кај мал дел од случаите (помалку од 5%) причините за појава на покачениот крвен притисок се познати и овој тип на хипертензија се нарекува секундарна или симптоматска хипертензија. Тука спаѓаат бубрежна, ендокринолошка, кардиоваскуларна, неврогена хипертензија и хипертензија специфична за бременост. ПРИЧИНИ ЗА ПРИМАРНА ХИПЕРТЕНЗИЈАПостојат голем број на различни фактори кои се преплетуваат во етиологијата и патогенезата на есенцијалната артериска хипертензија. Најчесто станува збор за: - Зголемен внес на сол. Консумирање на храна со зголемено количество на натриум предизвикува задршка на течности, а со тоа и покачување на крвниот притисок.
- Дебелина. Колку е поголема вашата телесна тежина, толку е поголема потребата од крв со цел да се обезбеди доволна количина на кислород и нутритивни материи за ткивото. Поради зголемениот крвен волумен што циркулира низ крвните садови, настанува зголемување на притисокот.
- Генетски фактор. Доколку имате позитивна фамилијарна анамнеза, односно некој член во вашето семејство страда од висок крвен притисок, тогаш ризикот за да добиете артериска хипертензија е поголем.
- Зголемена консумација на алкохол. Со тек на време, прекумерното пиење алкохол може да го оштети вашето срце и да го зголеми крвниот притисок.
- Намалена физичка активност. Физичката инактивност го зголемува ризикот за појава на покачен крвен притисок и зголемена телесна тежина.
- Стрес. Стресните ситуации може да доведат до привремено, но драматично зголемување на крвниот притисок. Доколку сте во стресна ситуација и се обидувате да се релаксирате со помош на цигари, прекумерно консумирање на храна или алкохол, со тоа само дополнително ја влошувате состојбата и негативно влијаете врз нивото на крвниот притисок.
- Возраст. Ризикот за покачен крвен притисок се зголемува со возраста.
- Недостаток на витамин Д. Сè уште не е докажано дали дефицитот на витаминот Дможе да доведе до покачување на крвниот притисок, но со сигурност се знае дека овој витамин учествува во создавањето на ензим во бубрезите кој директно влијае врз нивото на крвниот притисок.
- Одредени хронични состојби. Бубрежните заболувања, дијабетесот и високото ниво на холестерол го зголемуваат ризикот за појава на артериска хипертензија.
ПРИЧИНИ ЗА СЕКУНДАРНА ХИПЕРТЕНЗИЈАСекундарната хипертензија може да биде резултат од разни заболувања како: полицистична бубрежна болест, гломеруларни заболувања, компликации од дијабетес (дијабетична нефропатија), реноваскуларна хипертензија (стеснување на луменот на реналните артерии), Кушингов синдром, алдостеронизам, феохромоцитом, болести на тироидна жлезда, хиперпаратироидизам, коарктација на аорта, бременост и др. СИМПТОМИ И ЗНАЦИ НА ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОКВо почетокот може да недостасуваат субјективните тегоби, па болеста се открива случајно или при систематски преглед и мерење на крвниот притисок. Најчести симптоми и знаци кај примарната хипертензија се: - Отежнато дишење при напор;
- Нервоза;
- Прекордијални болки;
- Главоболка;
- Депресија;
- Angina pectoris;
- Палпитации;
- Губење на свеста;
- Отежнато дишење при мирување;
- Крварење од носот;
- Енцефалопатија.
Кај младите лица кои страдаат од лабилна хипертензија се забележуваат невровегетативни пореметувања како прекумерно потење, брза промена на бојата на кожата на лицето, пореметување на сонот, ладни дланки и стапала, лупање на срцето, утрински главоболки после будење, иритабилност, а кај постарите зуење во ушите, главоболка во пределот на тилот, гушење и хемоптизи (искашлување на крв). КОМПЛИКАЦИИ- Артериосклероза. Повеќе од 60% од пациентите со фиксирана хипертензија страдаат од артериосклероза. Тоа е состојба која се карактеризира со промена на ѕидот на крвните садови. Здравите артерии се флексибилни и еластични. При артериосклерозата, поради покачениот крвен притисок, ѕидот на артериите се променува, се јавува задебелување, крутост на ѕидот и губење на еластицитетот. Како резултат на тоа, настанува ограничување на протокот на крвта до органите и ткивата и појава на низа компликации: срцев или мозочен удар, ренопатија и ретинопатија која може да доведе до загуба на видот.
- Аневризми. Зголемениот крвен притисок може да предизвика слабост на ѕидот на крвните садови и создавање на аневризми. Руптура на аневризма е животозагрозувачка состојба.
- Кардиоваскуларни компликации. Оштетувањето на срцето во текот на хипертензија е непобитно утврдено. Може да се јави хипертрофија на лева срцева комора, срцева инсуфициенција и коронарна артериска болест.
- Церебрални компликации. Во оваа група спаѓаат мозочни крварења, мозочен инфаркт после тромбоза или исхемија, мозочен инфаркт после емоболија, интермитентна церебрална исхемија без инфаркт. При хипертензивна криза може да се јави и акутна хипертензивна енцефалопатија.
- Метаболен синдром. Овој синдром вклучува повеќе нарушување на метаболизмот – високо ниво на триглицериди, зголемена циркумференца на половината, низок HDL (добар холестерол), висок крвен притисок и високо ниво на инсулин. Доколку страдате од висок крвен притисок, постои можност да е застапена и друга компонента од метаболниот синдром. Колку повеќе компоненти се присутни, толку е поголем ризикот за развој на дијабетес, срцеви и церебрални заболувања.
- Проблем со меморијата и когнитивните функции. Неконтролираната хипертензија може да го наруши процесот на размислување, помнење и учење.
ДИЈАГНОЗАСо цел дијагностицирање на артериската хипертензија се применуваат одредени дијагностички процедури и постапки: - Анамнеза.
- Физикален преглед. Се прави целосен клинички преглед, а посебно внимание се посветува на мерењето на крвниот притисок, бидејќи голем број на хипертензитивни индивидуи особено на почетокот на болеста не манифестираат никакви симптоми.
- Лабораториски испитувања. Овие испитувања имаат за цел да диференцираат дали станува збор за примарна или секундарна хипертензија, дали е присутно оштетување на целните органи и дали има други метаболни нарушувања. Најчесто во урината се испитува седимент, гликоза, протеини, а во крвта гликоза, уреа, креатинин, HDL и LDL холестерол, триглицериди, протеини, албумини, хематокрит.
- По потреба се прават и дополнителни испитувања како ехосонографски преглед на бубрези и надбубрежни жлезди, преглед на очно дно, 24-часовно амбулантско мониторирање на крвниот притисок, ЕКГ, ехокардиографски преглед, Doopler на периферните крвни садови, на каротидните и реналните артерии.
Изменето од Valerija - 02.Октомври.2015 во 21:18
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Badi1
Нов член
Регистриран: 17.Март.2011
Статус: Офлајн
Поени: 10
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Декември.2015 во 17:14 |
За да се превенира и лекува високиот крвен притисок Предласгам да го користете Најреткиот и најскапиот чај на светот – ЖОЛТ-иот ЧАЈ! За основни податоци кликни тука : https://medium.com/@blagojjanev/%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0-62db4b69965c#.r4spqvgvd Повеќе детали кликни тука : https://medium.com/@blagojjanev/%D0%B6%D0%BE%D0%BB%D1%82-%D1%87%D0%B0%D1%98-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D1%80%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%87%D0%B0%D1%98-%D0%BD%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B5%D1%82%D0%BE%D1%82-509479dd925d#.nkl6u5tk8 Основни податоциПрезентација
|
|
Суада
Сениор
Регистриран: 25.Април.2015
Статус: Офлајн
Поени: 311
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Декември.2015 во 07:59 |
Јас на мои 20 год сум имала 180 со 120 притисок, главата ќе ми пукнеше буквално, го осеќав теретот на моето тело. Одложував доктори и не сакав да ги видам се додека еден ден не сум паднала у несвест. Кога станав веќе сум била во болница. Ми ги направија сите можни испитувања, да видат од каде ми доаѓа, во што е проблемот, дури и на компјутерска томографија сум била, носев апарати бла бла и триста чуда, цела година се моткав и ми се измачило веќе, не можеа да ја најдат причината што ми е. А башка сум имала тогаш и нередовен мензин, цели две години немав добиено. Сум направила значи милион тестови, хормонални и што ли уште не, едноставно не знаат зошто, СВЕ ИСКАЧА дека е у реду, се чудеа. Докторите бдееја врз мене и трчаа, за среќа не ме фрлаа од глава. Слушав разно разни мислења и претпоставки што може да ми биде. Еден ден се решив ЈА ОДАМ НА ПСИХОЛОГ, си реков. Си закажав, влегов, среќа се погодил еден премногу добар, исто не ме откачил како што прават повеќето од нив. А у меѓувреме примав терапија, Амлодипин (за висок крвен притисок) и Метформин од 500, кој потоа ми ја зголемија дозата, преминав на Глукофаж од 850мг (за да добивам месечен циклус). Си идев редовно на Психолог и секој пат ко излегував од таа врата се чувствував поинаку, многу подобро, ДЕНЕС имам 23 години, ПСИХОЛОГОТ веќе не ми е ПСИХОЛОГ, туку ми е пријател и тоа многу добар, се здруживме! На своја рака Амлодипинот и Глукофажот ги прекинав... Крвниот притисок ми е сега 120 со 80, добивам редовно и сум ТОП. А, што е најглавно самодоверба сум набиена до даске! Мене ми фалеше разговор, муабет со некој што знам дека ќе ме сфаќа... Мене телото не ми беше мирно, немав спокој, немав цилови во животот, јас сум била тотално изгубена душичка во овој свет која не знаеше зашо дишеше и која талкаше низ мракот. Сеа елхамдуллилах, сум одлично! Психа је чудо... И КАКО реагира таа НА нас.
|
Доаѓам тука-себеси се брукам... Ми идИ во глава да си пукам Хехе
|
|
Артерико
Нов член
Регистриран: 30.Септември.2016
Статус: Офлајн
Поени: 4
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Септември.2016 во 14:31 |
Со редовно конзумирање на Коктелот Артерико се намалува и регулира високиот крвен притисок. http://arteriko.com.mk/ http://nmd.mk/selectedarticle.aspx?cid=21430&scID=2133&l=63#cpage=1
|
|