|
DIY-Украси за домот и дворот |
Внеси реплика | страница <1 89101112 14> |
Автор | ||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Изменето од Valerija - 30.Март.2018 во 10:46 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Украсете ги свеќите со цветови!Направете прекрасни цветни декорации од свеќи кои ќе го освежат просторот во вашата соба. Се што треба да направите е да поставите цвеќе или лист врз свеќата. Потоа со загреана лажица на оган и со задната страна поставете го врз свеќата. Ова м оже да го направите на голем број свеќи и со многу цвеќиња. За да и дадете сјај на свеќата ставете ја во измешан топол восок. Внимавајте слојот на восокот да е тенок за да може да се гледаат листовите. |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Направи сам: Шарени свеќи за весела декорацијаОваа домашна изработка на весели свеќи е многу едноставна, а најдобро е што може да ја изработите со помош на вашето дете. Одличен проект кој ќе ја развесели било која соба во вашиот дом.
Како и кај сите изработки на домашни свеќи, подгответе ги мини чашките или стаклените садови и додадете им ги малите фитили. Растопете го восокот на оган или во микро печка, а потоа распоредете го во неколку мали садови. Во секој сад додадете по една третина креон мрсна боја, најдобро е изрендан за полесно да се стопи. Стоплете уште некоја минута за подобро да ја добиете бојата која ја посакувате. Чашките поставете ги на некоја косина, ако сакате да добиете шара како на фотографиите. Истурете малку восок во една боја и оставете го да се стврдне. Потоа додадете ја втората боја, па третата. Експериментирајте со боите и дезените и добијте ново декоративно парче кое нема да остане незабележано. |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Направете сами: Романтични декорации со стара тантелаОдамна веќе не се користат рачно изработените миленца кои порано служеле за декорација на масите, каучите или како подароци за во домот. Не треба да ги фрлиме, ниту да ги уништиме, но не мора само да ни ги полнат фиоките и орманите, ако имаме интересни креативни идеи со кои можеме да ги промениме и искористиме во модерното секојдневие. Овде се неколку идеи како да им дадете свежина и убавина на вашите стари работи, без да трошите пари за да купите нешто слично фабрички изработено, кое можеби многумина го имаат. Вака ќе имате одлична забава во вашето слободно време и оригинални изработки. Можат да бидат во различни големини и различни видови. Потребно е да искористите некои стари стаклени чашки и теглички. Од тантелата којашто ја имате исечете поширока трака колку што е висока чашата или теглата а во должина според ширината колку што треба да ја обложите. Добро би било да внимавате на линиите и шарите за да имате целина во декорацијата. Штом ја исечете лентата, зашијте ги двата краја, така што ќе направите обвивка низ која ќе ја протнете чашката, односно теглата. Ставете внатре една свеќа-пловка и запалете ја. Ќе добиете интересен и романтичен изглед. Вашиот стар бележник, некоја тетратка или тефтер, можат да добијат интересен изглед и дизајн, кој денес може да го купите и низ продавниците, но зошто да не се забавувате и да си го направите слободното време интересно. Потребни ви се ножици, спреј и селотејп. Исечете тантела доволно за да го обложите бележникот, од внатрешната страна зацврстете ја со селотејпот, а потоа испрскајте ја со спрејот. Оставете да се исуши и одлепете ја тантелата. Целиот нејзин дизајн ќе остане ископиран на кориците од бележникот. Можете да си играте и со спрејови во различни бои.
Вашите саксии во дворот и чиниите на трпезата за гости, не мора да бидат исти како оние на соседите. Со малку креативност можете да им дадете нов и интересен изглед. Исечете ленти со различни димензии и дезени од вашите миленца, стари завеси или прекривки и со помош на дрвофикс или некое друго позацврстувачко лепило, залепете ги на дел од чиниите или обложете ги цели саксии.
Бидете сами дизајнери на своите чанти. Тантелата е сè уште во мода. Може на некоја стара, излитена чанта да ѝ залепите некој дизајн на тантела или пак да направите целосно нова едноставна плик-чанта. Купете околу половина метро материјал од скај, кожа или некој кој вам ви се допаѓа, но да биде поцврст, за да може да го задржи обликот, еден патент и лепило. Старата тантела може и да ја обоите, ако сакате да ви одговара на некоја посебна комбинација. Материјалот преклопете го и зашијте го од внатрешната страна, а претходно зашијте го и патентот. Откако ќе го добиете бараниот облик, премачкајте го со лепило и обложете го со тантелата. Ќе добиете одлична модерна чанта. |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Бидете креативни и направете прекрасни рамки за слики!Ова е една едноставна и преефтина идеја како да ја искористите кутијата од кондури и во исто време да направите нешто на што сите ќе му се восхитуваат! Земете ги мапите кои веќе не ги употребувате, потребни ви се ножици, лепак, слики кои сакате да ги ставите. Хартијата треба да ја искроите и залепите. За да дојде сликата во израз ќе направите тридимензионален ефект така што ќе свиткате парче хартија и ќе го ставите под сликата и кутијата за кондури. Погледнете и на работа:
|
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Направете прекрасни сатенски ружиНаправете инзвонредни сатенски ружи кои ќе го разубават вашиот простор. Може да ги искористите за декорација на трпезариската маса или пак за декорација на спалната соба.
Изменето од Valerija - 19.Мај.2014 во 19:45 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Супер трикови за уникатен дворВреме е да промените нешто во вашиот двор! Не ви е потребна драматична преобразба за да внесете свежина и колоритност и да го направите ова место ваше омилено катче за летните денови. |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Чекор по чекор: Направете ги најубавите есенски декорацииАко чувствувате дека му е потребна промена на вашиот дом, почнете од деталите. Не само што се наједноставен начин за веднаш да го разубавите просторот, туку со додавање ситни детали низ домот ќе заштедите и пари за реновирање. Есента е идеално време за да внесете боја во својот дом. Доколку немате идеја, погледнете некои од интересните предлози со есенски декорации. За оваа ваза потребни ви се обични тегли, спреј во црвена или портокалова боја, коноп и вештачко цвеќе. Теглите испрскајте ги така што боите ќе се прелеваат, оставете ги да се исушат и намотајте го конопот околу нив. Врзете машничка и на крај ставете цвеќе по ваш избор.
За овој интересен аранжман не е потребно да користите бои, туку доволно е да имате една кошница со средна големина, вештачки листови и различни есенски украси како тиквички и шишарки. Многу е едноставен, а ефективен аранжман кои децата посебно го сакаат.
За овој пресладок есенски свеќник потребно ви е лепило, стаклен сад, вештачки листови и коноп. На чинијата залепете ги листовите, заврзете ги со конопот и на крај ставете ја внатре свеќата.
Уште еден интересен аранжман можете да направите така што ќе го наполните малиот кафез за птици со различни есенски мотиви. Може да користите вештачки листови, шишарки и тикви, а вие можете да го наполните со што сакате.
Тиквите се во тренд, особено црните. За оваа интересна декорација потребен ви е спреј во црна боја и бел маркер. Кај оваа декорација интересно е тоа што можете да напишете што сакате или да оставите некому порака. |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Направи сам: Тепих - мозаик од стари ќебињаЗамислете си дека наутро станувате и газите на тепих кој потсетува на камчиња од морски брег... Прекрасно! Со малку труд, старо ќебе, игли и конец можете да ја реализирате оваа убавина. |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Никако не ги фрлајте! Креативни начини како да ги искористите старите грамофонски плочиАко немате срце да се одвоите од старите грамофонски плочи кои ги чувате со години, еве неколку интересни и корисни решенија. Зошто да ги чувате на полица, кога може да им дадете корисна намена? Како масичка, подметнувач за чаша или часовник... Со малку вложен труд може да направите ретро декорација за домот. |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Што да направиш со старите сијалици Доколку ви изгори сијалица дома, наместо да ја фрлите во ѓубре, можете да ја претворите во нешто корисно и убаво. Може да си направите оргинална вазна или тегли за зачини. Можностите се бескрајни. Еве ги и нашите предлози: Направете слатко изненадување за партнерот, така што ќе ставите порака во сијалицата на неговото биро. Сигурно ќе го натерате да се насмевне. Може да ставите внатре срца од жица или вашата омилена фотографија.
Теглички за зачини Испразнете ги сијалиците, измијте ги добро, исушете ги и наполнете ги со вашите омилени зачини. Користете тапа за да ги затворите. |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Направи сам: 3D ѕидни декорации во домотРазните бои на ѕидовите или тапетите и сликите во рамки се веќе вообичаени и здодевни. За промена добро е да внесете малку повеќе колоритност и живост со декорации кои сами ќе си ги направите. Според вашиот стил и вкус, направете некоја 3D декорација која ќе изгледа како да излегува од ѕидот или ќе може да се допре и да се гледа од повеќе страни. Погледнете некоја од следните идеи и обидете се истите да ги направите за во вашата соба. За нив е потребно малку поголемо трпение и умешност за да ги изведете на правилен начин и да успеете да направите целосна комбинација. Потребна ви е хартија во боја или доколку е бела, тогаш ќе ви требаат спрејови со кои ќе ги обоите за да добиете поголема колоритност.
Со спојување на неколку картонски кругови, кои претходно ќе ги исцртате или обележите со линии во боја, некои со поголеми, некои со помали димензии, залепени едно преку друго ќе ви дадат интересно уметничко облаче кое е совршена декорација во собата на оние со понеобичен стил.
Старите книги чија содржина не ви се допаднала може да ги искористите и како ѕидна декорација. Отворете ги на средина и превиткувајте ги навнатре страниците.
За ова не ви треба некоја посебна умешност, туку малку повеќе време и трпение за да исечете многу срциња од хартија кои ќе ги поврзете на рибарски безбоен конец и ќе ги закачите на поголема закачалка или друга шипка во вид на големо срце.
Уште една уметничка декорација за оние со посебен вкус кои сакаат нешто понеобично, а едноставно. Лесно се изработуваат триаголниците, еден по еден и се спојуваат на едно место кое ќе го одберете на ѕидот. Изменето од Valerija - 14.Март.2015 во 09:03 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Романтичните души и писателски настроените ќе го обожаваат ѕидот со коверти. Оној дел што се наоѓа пред вашето биро, излепете го со коверти во кои ќе може да си оставате убави пораки, мисли или нешто што ќе ви служи како инспирација. Освен од бели, може да го направите и од разнобојни коверти.
Покрај цветовите од хартија, доколку сакате нешто посуптилно и понежно, добро е да знаете да ги направите цветовите од мек материјал, кои ќе ги поставите на една плоча, која ќе ви послужи како подлога, а потоа и на ѕидот како уметничка декорација.
Ако сте обожаватели на добро вино, тогаш сигурно имате и многу останати тапи од плута. Со помош на лепило, залепете ги тапите една до друга во вид на срце, или некоја друга форма која вам ви се допаѓа. Кога ќе се зацврсти целата инсталација залепете ја или закачете ја на некој ѕид.
Се прават многу лесно и едноставно, а сè што ви е потребно е хартија, ножички и гумено лепило кое го има во сите книжарници. Исечете ја формата, превиткајте ги крилцата и залепете ја каде сакате.
Изгледа мошне интересно кога наместо уметничка слика со мртва природа на ѕидот ќе нацртате само рамка, а во неа ќе залепите вистинско суво цвеќе кое може да се допре. Изменето од Valerija - 14.Март.2015 во 09:05 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||
Изменето од Valerija - 20.Март.2015 во 21:33 |
||||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||||
Внеси реплика | страница <1 89101112 14> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |