IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Вероисповед
  Активни теми Активни теми RSS - КАКВИ ГРЕВОВИ ИМААТ БЕБИЊАТА И ДЕЦАТА
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

КАКВИ ГРЕВОВИ ИМААТ БЕБИЊАТА И ДЕЦАТА

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
Автор
Порака
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2015 во 01:10
Originally posted by spiros spiros напиша:




Голема среќа, незаслужена добрина, милост и благослов е да бидеш роден во вера, фамилија, средина, услови ... каде што се верува, учи, практицира и наводнува доброто (Божјото) семе во срцето на детето, а не лошото, грешното (антихристијанското), коешто исто така е од самиот почеток (дури и во мајчината утроба) присатно!

Јас знам дека нити едно вистинско и будно Чедо Божје, не би му дозволило на сопственото (малолетно) дете да земе оружје в рака и да се бори или дури и да убива.

Милиони Христијани од пошироката географска територија во која живееле и твореле Исус и Апостолите, под притисок и неправда ја напуштиле и напуштаат својата домовина, но не ги тераат своите деца со оружје во рака да се борат за истата!






тоа за кое што збориш е злоупотреба на религија и досега се случила кај сите постоечки религии во светов
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јануари.2015 во 01:53
zabegan, aко не си верник, поточен си од верниците. да

Не за бадијала Исус вели, не им браните на децата да пријдат до мене, ним им припаѓа Царството Божје. Тој никогаш не рекол за нив дека се грешници.

Проблемот со Христијанството е што токму гревот го подигна на пиедестал и го наметна Божјиот Син како едниствен способен да се справи со бего. Што беше политиката со тоа? Да ги направи сите верници вечни грешници и должници кои вака единствено би можеле да се спасат преку Божјата воља манифестирана co Божјиот син Исус Христос.

Крштевањето е уште една карика во инcтитуцијализираното Христијанство кое било непознато на почетокот. Имено, во самото Писмо имаме пример за крштевањето кое го прави Јован. Таму се крштеваат само возрaсни, оние кои ги увиделе своите гревови и преку крштевањето се покајуваат за нив и одново се раѓаат како нови личности. Некои тогаш и формално си ги менувале имињата.

Подоцна сета таа работа се испреврти, се даде сосем друго значење, бебињата се направија грешници уште со самото раѓање, гревот го направија наследен уште од Адама, па и самото раѓање го направија плод на грешноста бидејќи и сексот беше прогласен за грешен.

За жал, изворното Исусово учење морфираше во нешто сосем друго. Исус знаеше дека ќе дојде до ова и затоа на крајот им порача на своите следбеници да не ги слушаат оние кои подоцна ќе дојдат да проповедаат во негово име. тага








Изменето од Messenger - 28.Јануари.2015 во 07:12
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
spiros Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: На пат
Статус: Офлајн
Поени: 4490
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај spiros Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јануари.2015 во 00:26
Originally posted by zabegan zabegan напиша:


генетиката е чиста наука, тоа го мислам... не мора да се форсира мешање на науката и религијата


Еден ден човештвото ќе се разбуди за Светлината на Духот, Која е Темелот и (всушност) крајната Цел на секоја логија (наука) исто како и на религијата!

Originally posted by zabegan zabegan напиша:


можда нема што да се изнакажам за генетика и теологија, ама со сигурност можам да кажам дека нема ништо почисто и поневино од мало дете, а не па новороденче
не знам за тебе, ама според мене, религијата е потребна за тоа да ги учи децата како да го направат светов подобро место, а не да им суди уште недоквакани, а не да им форсира некакво прочистување за кое самите тие не се свесни


Детето е нешто најчисто на светот, тоа е потполно точно, но исто така во себе (во својот ген) го наследува и носи семето, кое е поопасно од секој животински агресивен инстикт.

Да не го заборавиме и да не го игнорираме тој факт, бидејќи со тоа се лажеме себеси, како што денес многумина го прават тоа.


Originally posted by zabegan zabegan напиша:


мене дури и крштевката на новорденчиња ми е тотално антирелигиска политичка ствар со утната поента... па нели според религијата Бог им дал на луѓето слободна воља? нека оди во пеколот ако сака, ама прво остави го да бира, па после суди му на одлуката
зарем ако дедо ми убил човек и јас треба одам во затвор поради него и покрај тоа што јас не сум како него и имам голема почит животот како дар? која е поентата на целото учење ако однапред ни е пресудено?



Крштевката со вода, а посебно со Дух Светол, е нешто од најважните нешта во животот на човекот, бидејќи преку неа се наводнува, храни и култивира животопријатното Семе на Светлината Божја (тоа е Христос) во нас, со што единствено се прекинува линијата на семето на гревот. Она исто семе на грев кое го натерало дедоти да го убие човекот, односно човекот кој што се обидел да го убие дедоти, бабати, итн. ... баш она исто семе кое низ историјата и сегашноста ги прави најголемите катастрофи!



Originally posted by zabegan zabegan напиша:


тоа за кое што збориш е злоупотреба на религија и досега се случила кај сите постоечки религии во светов


Злоупотребата на религијата се случува тогаш, кога луѓето од известни причини се одделуваат од Светлината на Вечниот Дух БОЖЈИ (Христос) и следат известни традиции, религии, филозофии, учења, книги, откровенија, примери, адети. ... кои се прават попаметни од праксата и учењето на Вечното Евангелие Божје, Кое за спасение на сите стана човек во Исус Христос!


Ти Ја посакувам Светлината и Духот, Која/Кој е пред дедоти, дедоми, таткоти, таткоми, ... и сите земјени татковци.


Изменето од spiros - 29.Јануари.2015 во 00:33
Through the Blood of His Grace,
we are Forgiven and Free,
in Time & Eternity!

БОГ да го благослови Авраам, Исаaк, Израил ...!



Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.