IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Торти и колачи што не се печат
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Торти и колачи што не се печат

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 16>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2014 во 08:34

ЕДНОСТАВНО И БРЗО: НАПРАВЕТЕ ЈА ФАНТАСТИЧНАТА ЛЕДОЛИНА ТОРТА

7

Состојки:

500 мл млеко

500 мл павлака за шлаг

12 лажици густин или 110 гр

1 ванилин шеќер

10 дкг чоколада за готвење

10 дкг бела чоколада

4 лажици шеќер

Кутија пишкоти или помала кутија бисквити во варијанта за торта или колачи

Подготовка:

Измешајте го млекото и павлаката за шлаг и од таа количина одземете околу 2 дл за да го растворите густинот со шеќерот.

Остатокот од течноста ставете ја на оган и кога ќе зоврие додадете го растворениот густин. Кремот релативно брзо се згуснува па затоа не е потребно долго време да се вари, околу 2-3 минути.

Кремот поделете го на два дела. Во едниот дел додадете рендана чоколада и мешајте енергично додека се стопи, а во другиот дел додадете бела чоколада и добро измешајте.

На дното од калапот за торти ставете пишкоти натопени во млеко или бисквити па веднаш премачкајте прво со темниот, а потоа и со белиот крем.

Ставете ја тортата во фрижидер добро да се олади.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Декември.2014 во 08:35

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ТОРТА ОД ЧОКОЛАДНИ КРЕМ БАНАНИ ГОТОВА ЗА 15 мин

14

Пакетче “petit beurre” бисквити

25 чоколадни крем банани

200 мл кисела павлака

200 мл слатка павлака

200 гр шеќер во прав

Шлаг крем

Подготовка:

Во поголем сад со миксер изматете ги киселата и слатката павлака со шеќер во прав. Во смесата додадете бисквите искршени на поголеми парчиња, потоа и крем бананите искршени на помали парчиња па рачно измешајте. Смесата исипете ја во соодветен сад. Украсете ја тортата со шлаг крем. Ако е потребно може веднаш да се сервира, но би било најдобро пред сервирање да се олади во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2014 во 19:26

ЧОКОЛАДНА КЕКС ТОРТА: ОДЛИЧЕН ДЕСЕРТ БЕЗ МНОГУ МАКА

23

Состојки:

500 гр петит бисквити

700 мл млеко

1 пакетче пудинг од чоколада

250 гр маргарин

150 гр шеќер во прав

100 гр црна чоколада

Подготовка:

Во топлото млеко со постојано мешање сварете го пудингот. Во пудингот додадете црна чоколада, мешајте додека не се стопи и оставете да се олади.

Маргаринот и шеќерот во прав се матат со миксер и се додаваат во пудингот.

Бисквитите се потопуваат во млеко и се подредуваат во калап. Се премачкуваат со чоколадниот фил, а постапката се повторува се додека не се употребат сите состојки.

Со останатиот фил се декорира тортата, како и со рендана чоколада, па се остава да се олади во фрижидер.

Ладната торта се сече и се сервира.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Декември.2014 во 08:16

Фереро Роше бомбици готови за 30 минути



Се вели дека најдобрите колачи се подготвуваат брзо и лесно, а ги содржат омилените состојки. Такви се бомбиците Фереро Роше од Нутела и лешници.

ferero-rocher-bombici-gotovi-za-30-minuti-01

За нив потребни ви се само 5 состојки, а вкусот и задоволството се незаменливи.

Потребни состојки:

  • 100g лешник наполитанки
  • 150g лешници
  • 200g Нутела
  • 150g чоколадо за готвење
  • 4,5 лажички масло.

Начин на подготовка:

Искршете ги наполитанките, додајте ги исечканите лешници и Нутелата за да се соедини сè. Обликувајте ги бомбиците и ставете ги во фрижидер за да се изладат. Стопете го чоколадото за готвење на помала температура, па прелијте ги бомбиците. На крај може и дополнително да ги извалкате во издробени лешници.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2014 во 08:37

НАЈЛЕСНИОТ ЧОКОЛАДЕН КОЛАЧ

Состојки:

  • 250 бисквити (може и чајни колачиња или друг вид колачи)
  • 85 г несолен путер
  • 400 г темно чоколадо со над 60% какао маса
  • 180 мл хопла

Подготовка: Со мало парче путер намачкајте го долниот дел од правоаголното тавче. Покријте го со хартија за печење. Скршете ги бисквитите на мали парченца. Остатокот од путерот растопете го во мало тенџере. Кога ќе се стопи, ставете ја хоплата. Кога и хоплата ќе се загрее, ставете го чоколадото скршено на коцки. Мешајте со дрвена лажица за да се стопи чоколадото. Кога ќе добиете хомогена смеса, тргнете го од оган, ставете ги скршените колачи и измешајте за да се соедини сè. Смесата претурете ја во намрсениот и обложен со хартија калап и ставете го колачот да отстои во фрижидер 3 до 4 часа.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јануари.2015 во 11:48

Домашни наполитанки: Рецепт кој ги надминува купечките кекси


Култните наполитанки во детството на сите ни беа омилен десерт, па токму затоа нашите мајки и баби се труделе успешно да го импровизираат вкусот на чоколадо и кекс кој се топи во уста.

domasni-napolitanki-recept-koj-gi-nadminuva-kupeckite-keksi-01.jpg

Ако некогаш станете носталгични или едноставно ве фати криза за нешто слатко и крцкаво, ви предлагаме да го пробате овој рецепт за најубавите домашни наполитанки.

Состојки:

  • 4 листа обланди
  • 250g путер
  • 200g шеќер
  • 12 лажици вода
  • 250g мелени ореви
  • 250g мелени бисквити
  • 100g чоколадо за готвење

Подготовка:

Во тенџере ставете ги путерот, шеќерот и водата и мешајте додека состојките не се соединат. Потоа додадете ги оревите, бисквитите и чоколадото. Повторно мешајте додека не добиете крем.

Поделете го кремот на 3 еднакви дела и оставете го да се олади.

Потоа мачкајте на горниот дел од секоја обланда и редете ги додека не ги потрошите. Потоа замотајте ги во мрсна хартија и над нив ставете нешто тешко за да се притиснат.

Оставете ги на студено место, а по желба може колачот да го прелиете со топено чоколадо.

Совет плус: Ако сакате да го засилите вкусот на кремот, откако ќе го направите додајте малку сок од портокал или неколку капки рум.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 16:09

Без печење: Милка торта готова за само 30 минути


Доколку не сте расположени за готвење за време на празничните денови, но сакате да го изненадите семејството или партнерот со нешто слатко, Милка тортата е одличен избор за вас бидејќи може да ја подготвите само за половина час.

milka-torta-gotova-za-samo-30-minuti-1

Потребни состојки:

  • 1 литар млеко
  • 10 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 300 грама млечно Милка чоколадо
  • 100 грама бело Милка чоколадо
  • 500 мл слатка павлака
  • Бисквити


Подготовка:

Пудингот и шеќерот промешајте ги со неколку лажици млеко, а потоа смесата додајте ја во загреано млеко. Сварете го пудингот, а потоа смесата поделете ја на 2 дела.

Во едниот дел истопете го темното чоколадо, а во другиот белото.

Измиксирајте ја слатката павлака и ¼ ставете во белиот, а ¼ во темниот крем.

Земете плех или тава за печење, издробете ги бисквитите или наредете ги цели, па прелијте го белиот крем. Оставете малку за декорација. Одозгора ставете го темниот крем.

Преостанатиот бел крем кој го оставивте за декорација нанесете го врз темниот во вид на мали точки кои може да ги прошарате со чепкалка.

Оставете ја тортата да се олади во фрижидер или замрзнувач, па потоа послужете ја.

Може да декорирате со рендано Милка чоколадо или нешто друго по желба.

milka-torta-gotova-za-samo-30-minuti-2

Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2015 во 15:56

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: КОЛУМБО КОЦКИ СО БИСКВИТИ

16
Состојки:

300 гр мелени чоколадни бисквити
250 гр шеќер
3 јајца
125 гр маргарин
100 гр сецкани ореви
100 гр сусам
100 гр чоколадо за готвење
1 лажица рум
1 лажица чоколадо во прав
2 ванили
Прелив:
300 гр шеќер во прав
60 мл млеко
Неколку капки лимон

Подготовка:

Ставете ги во тенџерче маргаринот, шеќерот, јајцата и чоколадото и на не многу силен оган варете ги неколку мин. мешајќи.
Потоа тргнете го тенџерчето од шпоретот и ставете ги и другите состојки. Кога сето ќе се соедини, турете го во некое правоаголно плехче, 20*30 цм.
Кога ќе се олади, направете го белиот фондан. Млекото зовријте го па турете го врз шеќерот, па капнете и некоја капка лимон. Нека постои така минута-две, па потоа измиксајте го со миксер и прелијте го колачот.
Нека се олади добро, па исечете го со нож потопен во врела вода, на коцки 3*3 цм.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Јануари.2015 во 15:03

Без печење: Колач во чаша готов за 10 минути


Овој рецепт ќе им се најде на сите домаќинки кои немаат баш многу време на располагање, а сакаат да се покажат во добро светло пред гостите.

bez-pecenje-kolac-vo-casa-gotov-za-10-minuti-01.jpg

Плус, кога и да ви се пријаде нешто слатко можете за многу кратко време да ја задоволите желбата.

Потребни состојки:

  • 300g мелени бисквити
  • 50g мелени ореви
  • 2-3 лажици Несквик
  • 3 кеси шлаг
  • ½ лажичка цимет
  • Чоколадо за готвење, по желба


Подготовка:

Мелените ореви и бисквитите измешајте ги со циметот и Несквикот, па потоа соединете ја смесата со 2 кесички изматен шлаг. На крај додајте го растопеното чоколадо за готвење.

Смесата ставете ја во шолји, па одозгора премачкајте со преостанатата кесичка шлаг.

Прелијте со малку стопено чоколадо и украсете по желба.

Доброто кај овој колач е што можете да ги менувате состојките. Важни се само бисквитите и шлагот, додека оревите, Несквикот и циметот може да ги замените со кокос, мелени бадеми, ф’стаци, бело чоколадо, екстракт од ванила...

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јануари.2015 во 16:39

ТОРТА СО БИСКВИТИ И НУТЕЛА

25
Потребни состојки:

–          500 гр бисквити

–          половина литар млеко

–          3 кесички шлаг

–          Нутела

–          4 жолчки

–          250 гр шеќер во прав

–          250 гр путер

–          4 лажици брашно

–          2 кесички ванила

–          100 гр чоколада за готвење

–          малку млеко за да ги потопите бисквитите

Подготовка:

Најпрво подгответе го  чоколадниот фил. Изматете ги жолчките со две кесички ванила и четири лажици брашно. Во оваа смеса ставете неколку лажици млеко, од половина литар млеко. Остатокот од млекото ставете го да се вари, па кога ќе почне да врие ставете ја смесата со жолчките. Варете додека не добиете густ фил, на крајот ставете ја чоколадата и мешајте додека не се растопи. На страна пенесто изматете го путерот со шеќерпт во прав и ставете го во изладениот фил.

Изматете го шлагот според упатството. Потопете ги бисквитите во млеко, па наредете ги на еден плех. Одозгора ставете еден слој нутела, па ставете од шлагот, па чоколадниот фил. Повторете ја постапката додека имате од состојките.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2015 во 16:42

ЧОКОЛАДНА ТОРТА СО ПАВЛАКА БЕЗ ПЕЧЕЊЕ

5
За денешниот лесен и летен рецепт со кој ќе го разубавите денот на блиските не Ви треба многу.Малку време, кутија кекси, хопла, јајца, млеко и чоколада за готвење – каде што сметаме дека не Ви треба постапка на приготвување бидејќи едноставоста на истата е достапна на фотографијата подолу. Отако ќе завршите со подготовката, оставете да се излади и сместете ја тортата во фрижидер. Послужете ја студена, во комбинација со студено кафе.



Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јануари.2015 во 20:50

МИНИ ТОРТА „БОМБА“

31

Состојки:

• 1 парче ролат од брусница на „Винчини“
• 100 мл слатка павлака
• 4-5 лажици инстант какао (Несквик)
• малку слатко од боровница, јагоди, капини, малини.. (по желба)
Подготовка:
1. Ролатот од брусница исечете го на парчиња со дебелина од 7-8 мм.
2. Мини зделата за салата (ние користевме сад со дијамер од 15 см и со длабочина од 8 см) обложете ја со проѕирна растеглива фолија.
3. Целата здела, почнувајќи од дното, обложете ја со парчињата ролат од брусница.
4. Слатката павлака (хоплата) иматете а и додадете неколку лажици несквик. Доколку саката да биде поцрно, додадете какао во прав, ноне заборавајте да додадете и шеќер во прав.
5. Зделата обложена со ролат наполнете ја со изматената слатка павлака и одозгора затворете ја со останатите парчиња ролат.
6. 6.Мини тортата оставете ја да се олади, превртете ја, тргнете ја проѕирна фолија и сервирајте ја.
7. По желба, ставате малку слатко од боровница, јагоди, капини, малини..

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2015 во 21:01

ЧУДО КОЕ НЕ СЕ ПЕЧЕ, А ГОТОВО Е ЗА 20 МИНУТИ!

8

Ако не сте од оние кои со многу ентузијазам и трпение влегуваат во кујна со цел да подготват торта, ова е рецепт за вас. За оваа торта не треба да се плашите дали ќе ви успее, бидејќи не треба да ја печете.

СОСТОЈКИ:

1 литар млеко
4 пудинзи од ванила
300 грама шеќер
250 грама путер
200 грама мелени бисквити
200 грама кокос
200 грама мелени ореви
шлаг за украс (по желба)

ПОДГОТОВКА:

Згответе четири пудинзи од ванила во 1 литар млеко. Пудингот оладете го и во него додајте путер кој пред тоа е измиксан со шеќер.

Смесата поделете ја на три дела, така што во еден ќе додадете кокос, во друг мелени ореви, а во трет мелени бисквити. Додајте онолку состојки колку што ви се потребни пудингот да биде доволно црврст.

Во калап за торта ставете ја прво смесата со бисквити, на неа смесата со кокос, а на крај со ореви. Тортата по желба украсете ја со шлаг. Ако не сте премногу нестрпливи, оставете ја тортата во фрижидер неколку минути.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2015 во 21:03


НАПРАВЕТЕ ДОМАШНА ВЕРЗИЈА НА ЧОКОЛАДО ТОБЛЕРОНЕ!


7

СОСТОЈКИ:

300 грама чоколадо
300 грама лешник
3 јајца
300 грама путер
300 грама бисквити
300 грама шеќер

ПОДГОТОВКА:

1. Карамелизирајте 200 грама шеќер. Во карамел измешајте 200 грама препечени лешници. Ставете ја смесата на мрсна чинија па оставете ја да се олади. Останатиот шеќер измиксајте го со јајцата, а путерот разматете го посебно и соединете го со јајцата, потоа додајте растопена чоколада и 100 грама мелени лешници.

2. Иситнетите лешници измешајте ги во смесата, па додајте мелени бисквити. Се` добро промешајте и ставете во троаголен калап.




Изменето од Valerija - 27.Јануари.2015 во 21:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 16>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,266 секунди.