IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Екстерно тестирање
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Екстерно тестирање

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 1 Гласови, Просечно 5,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2014 во 23:07

 

 

 

     

Надзор и казна










 





 
 
 
 

Инаку, дека екстерното ни оддалеку не е објективен показател знаат сите. Што ако дента детето е деконцентрирано? Има ли човек право на лош ден? Што ако не е појадувано? Што ако е под стрес затоа што ноќта родителите имале жестока брачна пресметка? Што ако погрешно „кликне“ од трема на компјутерот? Што ако го заборавило тоа што го научило? Покрај меморијата, и амнезијата е сосема регуларен ментален процес

 
 
  

 


„Речник на човековата  душа“
e заеднички наслов на новиот
серијал колумни  на Венко
Андоновски, што премиерно ги објавува „Нова Македонија“.
Во нив Андоновски пишува
за загубените вредности
во лавиринтот
на современото живеење

 


 

- Екстерно тестирање, интерни солзи

За секоја детска солза треба сто стапа за оној што го расплакал, велеше една стара жена од Кумановско. Таа парафраза на Достоевски (дека целиот свет не вреди колку една солза на дете), кој старицата сигурно не го читала, деновиве е актуелна преку новиот бауч за сеење страв што го смисли државата: екстерното тестирање. Цела Македонија, родители и деца се во стрес - што ќе направиме на ексерното тестирање? Кому му служи тоа?
Како и многупати досега, секогаш постои одговорот: „Па, така прават сите“. Или: „Така прави Запад“. Да, но можно е сите и да крадат, како што е сосема јасно дека Запад фрла и бомби по светот. Дали тоа значи дека и ние, без никакво размислување, треба да го правиме тоа што сите го прават, само затоа што СИТЕ го прават? Сенека нѐ учеше токму спротивно: да не го правиме она што сите го прават: „... на ништо не треба да внимаваме повеќе отколку да не ја следиме како добиток толпата од оние што одат напред, упатувајќи се не таму каде што треба да се оди, туку таму каде што мноштвото оди. Ништо не нè вплеткува во поголеми несреќи од тоа што се поведуваме по јавното мнение, па мислиме дека се најдобри тие нешта што се примени со големо одобрување...(тогаш) не живееме според разумот, туку според поистоветување.“

Во „Надзор и казна“, како и во другите свои книги, Мишел Фуко покажа дека власта се занимава со контрола на за субјектот достапните територии во општеството, а една таква територија е и знаењето. Со екстерното тестирање, наводно, треба да се изврши контрола не само на знаењето на ученикот туку и на знаењето на професорот, односно на неговите етички капацитети. Треба да се провери дали тој „преку врски“ прогледал некому низ прсти или пак некого оштетил намерно. Убава, правдољубива цел. Но, како и секогаш, до убавата цел не секогаш се стигнува со убави средства. Сите револуции имаа за цел подобар свет. Но до него сакаа да дојдат со пролевање човечка крв. Незгоден парадокс. Овој пат до возвишената цел се доаѓа со пролевање детски солзи.

 Колку солзи исплакаа децата што, покрај сите петки, на екстерното добиле и една четворка? И вредат ли тие солзи? Така беше и со мојата средна ќерка, Деана. Ѝ реков да не очајува, а таа ми одговори дека се чувствува како на совршен кип што самата го вајала (сите петки), некој на крајот да драснал со шајка по лицето. На тоа личи она: на задната страна од свидетелството (на предната стојат сите петки), општеството, како супер-Херострат драснува своја лузна, го става својот жиг на суперправедност! Каква колективна бласфемија! Една четворка, колку да не биде совршено. Да се случеше, на пример, да фатат 12 петки наместо 12 единици (или наместо 12 тројки), тоа тестирање ќе имаше смисла. Вака, служи само за садизам, за стрес на родителите и учениците и за некој да земе плата во Министерството (оти го спровел фамозното тестирање).

Инаку, дека екстерното ни оддалеку не е објективен показател, знаат сите. Што ако дента детето е деконцентрирано? Има ли човек право на лош ден? Што ако не е појадувано? Што ако е под стрес затоа што ноќта родителите имале жестока брачна пресметка? Што ако погрешно „кликне“ од трема на компјутерот? Што ако го заборавило тоа што го научило? Покрај меморијата, и амнезијата е сосема регуларен ментален процес. Имаме ли право сето знаење стекнувано една година да го измериме во еден час и тоа да биде пресуда? И конечно, се прашал ли некој дали нашиот образовен систем е затрупан и со непотребни знаења? Децата не знаат да поминат улица, а ние во основно училиште ги учиме на нешта што некогаш се учеа во гимназија.

Тестирањата, значи, отсега ќе се делат на екстерни и интерни. Тоа важи и за солзите: интерни (вистински плач на душата што неправедно е понижена) и екстерни (крокодилски или лажни, општествени, со кои се стекнува корист). Таа дистинкција, очигледно, ќе биде најголемата придобивка од оваа реформа. И ништо друго: никакви други виши цели не барајте во тоа. Јас веднаш би ја укинал оваа апсурдна „реформа“.

 
   

Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44580
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2014 во 22:32
Веќе и не им се чудам како од ракав донесуваат закони...
Та од ракав сите како се наместија истресоа д-р;м-р
и сега на ист тој начин со тресење од ракав и закони ќе носат.
А верувам уфилмани и убедени се како и тоа д-р;м-р со
памет дека го заслужиле,и закониве оти со памет ги носат.
Него честито нека им е на студентиве.
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Октомври.2014 во 19:33
не ми е јасно како намераваат вакво тестирање да наметнат на ЕКТС системот...

и прво министеров нека си се запраша како и каде он има завршено образование, па после нека става забрани за образование...
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2014 во 14:18
Интересно е како се распоредени казните и наградите за наставниците и професорите. Значи ако имате отсатувања казната е 3.000 ден. а наградата е 600 денари глупчо
Колку што разбрав и ако добро разбрав ( ако не слободно корегирајте ме) - просветниот  работник кој ќе биде казнет трипати по ред ќе го изгуби работното место и ќе добие доживотна забрана за работа како просветен работник ... Абе ајде ... изненадувањедоста е

И од  СОНК велат - ништо од штрајкот а? замисленост
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2014 во 19:40
се разбира, се расчисти повеќепартиското владеење во институциите, се расчистија медиумите, а сега на ред е образованието... Сталин, Чаушеску, Ким Ил Сунг, Хитлер, и некои други од нивниот калибар би се гордееле со системот кој се спрема кај нас... уште па и овие другиве ги викаат комуњари замисленост
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2014 во 21:11
И мене ми е чудно, ама ако добиваат 100 пати по ред на избори тогаш изгледа
нешто не е во ред со народот, тие си се во ред.. така му доаѓа..

BDSM

Туку се мислам оној буцкото.. Ким Џонг Ун... да не студирал тука на некои од
нашиве дисперзирани факултети...? кај него веројатно би немало отстапувања после Екстерно тестирање...

Изменето од LiDivio - 05.Октомври.2014 во 21:15
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Ноември.2014 во 21:21
Конечно ДА СЕ КАЖЕ вистината за ЕКСТЕРНОТО,односно НЕГОВАТА ИДИОТСКА СТРАНА,и ТОА ОБЈАСНЕТО СО НАУЧНИ ФАКТИ,како е ОВОЈ ПРОЕКТ ЦЕЛОСНО НАУЧЕН ФАЛСИФИКАТ.

ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2014 во 13:33

Интересно излагање на професорот кое сосем е логично.
Меѓутоа ако се носи екстерно тестирање во високообразовните установи а причина за тоа е слабоста во образовниот процес тогаш логично е да се ревидираат и магистратурите и докторатите од овие неколку години.
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2014 во 14:09
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:


Интересно излагање на професорот кое сосем е логично.
Меѓутоа ако се носи екстерно тестирање во високообразовните установи а причина за тоа е слабоста во образовниот процес тогаш логично е да се ревидираат и магистратурите и докторатите од овие неколку години.

пред каква комисија ќе се ревидираат???
пред онаа одредена од оние кои ќе треба да се ревидираат???
нема логика...
нека отидат нашиве магистри и доктори и нека полагаат пред некоја комисија од Кембриџ....нема да можат го поминат ни материјалот за средно образование...се разбира, секаде има чесни исклучоци
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Декември.2014 во 03:25
Em sea mislam deka ova za studentite e opravdano , ne moze bre so 50 evra ispit da se zema ili so skara vo kafana ili pak so prase a utre go gledash ti se ligavi vo administracija
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
konan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 749
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај konan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2015 во 09:42
Кој и зошто се плаши од проверка на знаењето?
Како прво во се што правиме во животот на крај чекаме  и се радуваме  на резултатите, така и во образованието, учиш за да  научиш, на крај се радуваш на резултатот или тоа што си научил, радоста ќее поголема ако на крај се тоа тестира и докаже дека вистина си знаиш.
Ништо страшно, замислите сите студенти се на медицина, и немат на крај тестирање, оние кои не го одобруват тестирањето нека повелат кај нив на  лекар кога ќе се разболат, ќе одите?збунетост
Јас неби, е сега ако е на електро, ако е на земјоделски гајление така? е нее,на електро тие стварат и ни го олеснуват животот, замислите прават апарати кои несе безбеднии кои лесно можат живот да не коштат.
На земојделски?
Замислите се шо се произведува нема фитоконтрола и продуктите се преполни со отрови
Децо,можиме да кажиме на кој како ќе ни дојде кој од лично-политички причини кој од ..ете и јас ќе кажам нешто,ама верувајте со ова тестирање ке се добие генерациски поздрав кадар кој ке допринесе можеби не за нас но секако за идните наши поколенија
Nekogas gospod ja smiruva burata,a nekogas te smiruva tebe za da ja prziveis istata
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2015 во 16:48
Фала богу можат да се прочитаат и разумни коментари.
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2015 во 17:02
ДОДЕКА ИМА СОМНЕЖ ВО НИВНИТЕ КУПЕНИ ДИПЛОМИ,а ТИЕ САКААТ ДА СПРОВЕДАТ ТЕСТИРАЊЕ ЗА ЗАПЛАШУВАЊЕ И КАЗНА(КАКО НЕУЧЕНИ И ОНИЕ КОИ ЗАВРШИЛЕ СО МИТО И КОРУПЦИЈА ОДНОСНО СО ВРСКИ),
СЕ ДОДТОГАШ ЌЕ ИМА РАЗУМ ПРОТИВ ИСТОТО;А АКО ИМА ЖЕЛБА ДА СЕ АРГУМЕНТИРА СО ОНИЕ КОИ НАВИСТИНА ЗАВРШИЛЕ СО ТРУД И МАКА И ИМААТ СВОЈ ПРИДОНЕС,ТОГАШ МОЖЕМЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА РЕФОРМА ВИСТИНСКА.
ПРИЛОГ НА ОВА УНИШТЕНО ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ДЕВЕТТОЛЕТКА,ДОКАЗ ;СЕ СПРОВЕДУВА БЕЗ НАУЧНА И СООДВЕТНА ОСНОВА САМО ПАУШАЛНО;ИСТО КОГА НА НАС ВО КОМУНИЗМОТ СЕ СПРОВЕДУВАШЕ СРЕДНО НАСОЧЕНО(ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА)-тогаш СЛОВЕНИЈА ГО УКИНУВАШЕ КАКО НЕУСПЕШЕН ПРОЕКТ.
ВИТИНАТА Е, ДА СЕ СОЗДАДАТ ФОРМИ КАКО ДА СЕ ЗЕМААТ ПАРИ ОД СТУДЕНТИТЕ,КАКО ДА ИМА СТРАНСКИ НАВОДНО ИСПИТУВАЧИ КОИ ЌЕ ЗЕМААТ ПО 315.000ДЕНАРИ ПЛАТА,а КОМИСИИТЕ ОД ОВДЕШНИ ЧЛЕНОВИ ПОЛОВИНА ОД ТАА СУМА;И КАКО РЕКА ОД ПАРИ ЌЕ СЕ ДОБИВААТ.
ТОА Е СООДВЕТНО НА ХИТЛЕРОВОТО;СЕ УКИНУВААТ ПОПОЛЕКА НЕОСЕТЛИВО ПРАВАТА НА ЛУЃЕТО;ЗА ПОТОА ДА НЕ МОЖАТ ДА СЕ ПОБУНАТ ИСТО Е И НА ОВОЈ НАЧИН СО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ.

ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
konan Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 749
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај konan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јануари.2015 во 21:26
Децо, замислите дека нивните дипломи се купени и тие не се осеќат убаво поради тоа сега се каат, водат систем , водат држава, па ете решиле наредните генерации да бидат со не купени дипломи, односно генерации со силно реално образование, зошто тоа смета?
Пример:
Ако теткоти украл пари во некој систем, направил пари, неважно како дали како провизија од технометал, или било која друга фирма во системот, АМА свесен е дека грешел па тебе драг пријателе ти помогнал да се правилно образуваш и створиш реално чист и исправен бизнис во кој како таков ке работиш исправно, ке твориш ,вработуваш луѓе.Да не должам примерот е реален, ти ке станиш подобар човек а луѓето околу тебе ке стануват одраз на тебе зрели и исправи.

 Мада лично знам на  повеќето каде и какво им е образованието и им се восхитувам, сепак, размислите, прават кадар што ќе се носе рамо до рамо со најдобрите.
 
Всушност видов многу негодување, напаѓање а никаде не видов аргументи , знаето како велите вие?:
Овде не смеиш да се движиш
А каде смеам?
Ами незнамсреќа
Не функционира животот така


Nekogas gospod ja smiruva burata,a nekogas te smiruva tebe za da ja prziveis istata
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,105 секунди.