IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 11>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Декември.2014 во 23:02

ПИТА СО КРЕМ СИРЕЊЕ И ЈОГУРТ

22

Изматете ги пенесто јајцата, па додајте ги водата, маслото и јогуртот.

Состојки:
500 гр готови кори за пита
Фил:
4 јајца
15 лажици млака вода
10 лажици јогурт
20 лажици масло
1 пециво
400 гр крем сирење
За посипување:
Сусам или ленено семе

Кратко проматете ги сите состојки.
Додајте го пецивото и крем сирењето и малку посолете.
Убаво измешајте го филот.

Земете една кора премачкајте ја со филот, врз неа ставете уште една кора и пак премачкајте од филот.
Свиткајте ги во ролат, а потоа како потковица со тоа што краевите ќе бидат споени.
Повторете ја постапката со сите кори.
Наредете ги во плех споени едно до друго и посипете ги со преостанатиот фил.
Посолете со сусам и семки од лен.

Печете на 180 степени додека убаво зарумени.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јануари.2015 во 16:45

БРЗА ПИТА СО КОМПИРИ


Состојки:
3 јајца
1 компир
50 мл млеко
50 гр рендано сирење
1 лажица маслиново масло
Сол по вкус
Подготовка:

Скршете ги јајцата и изматете ги со сол. Додајте го ренданото сирење и мешајте ја смесата со вилушка. На крајот додајте го млекото, полека мешајќи со вилушката. Премачкајте една тава за печење со маслиновото масло.
Сварете го компирот и исечете го на тенки кришки. Додајте ги на смесата со јајца. Додајте малку масло и малку сол, па префрлете ја смесата во тавата за печење. Печете ја 15 до 20 минути на 180 степени во загреана рерна или додека не зарумени.
Љубителите на кромидче секако може да си додадат 1 мало кромидче



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
lotus flower Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 08.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај lotus flower Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2015 во 00:45
sakam pastrmalii
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2015 во 15:57

БРЗА МРЗЛИВА ПИТА СО СИРЕЊЕ

1

Состојки:
3 чаши брашно
1 кисело млеко
4 јајца
4 лажици путер
1 чаша кршено сирење
1 лажичка сода
Подготовка:
Најпрво изматете ги јајцата, додадете го путерот, постепено почнете да го додавате киселото млеко, во кое сте ги измешале брашното и содата.
На крај додадете го и сирењето и сол ако има потреба. Смесата истурете ја во тепсија подмачкана со путер.
Во почеток печете 10 минути во силно заграна рерна, а потоа уште 20 минути на умерена температура.

Мързелива баница, готова за минути



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2015 во 15:27

ПОГАЧА СО ЗЕЛЕНЧУК



За четири лица:

250 г. брашно,

125 г. растителен маргарин,

300 г. сирење,

1,5 дл. млеко,

6 стебла естрагон,

100 г. шампињони.

200 г. домати,

2 главици кромид,

2 лажици сончогледово масло,

сол и бибер по вкус.

1. Измешајте ги брашното, маргаринот и 5 лажици вода во голем сад, замесете глатко тесто и  равијте го околу 25 сантиметри. Калапот за колачи намачкајте го со масло, посипете брашно, ставете го тестото, па дното и рабовите притиснете ги оставете ги да се оладат околу 30 минути.

1

2. Сирењето исечете го на коцки и варете го пет минути во зовриена вода, исцедете го и оладате. Во блендер измиксајте го сирењето со млеко, додадете исецкан и исчистен естрагон, посолете и побиберете.

2

3. Шампињоните исечете ги на тенки кришки. На загреано масло пропржете го иситнатиот кромид, додадете печурки и кратко динстајте. Тестото намачкајте го со филот од сирење, ставете зеленчук и преполовен домат. Печете во рерна на 180 степени околу 40 минути.

3





Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:04
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2015 во 19:57

БРЗА ПИТА СО ТИКВИЦИ И СИРЕЊЕ

17
Состојки
  • 9 кори за пита
  • 250г сирење
  • 1 голема тиквица
  • 1 чешне лук, исечкан
  • 100г кисела павлака
  • 2 јајца
  • сол, бибер

за сосот:

  • 1 лажица масло
  • 1 јајце
  • 100г павлака
  • половина лажичка сода бикарбона

Начин на подготовка

Изрендајте ги тиквичките, посолете ги и ставете ги фрижидер да одстојат половина час. Загрејте ја рерната на 180°C. Во сад измешајте ги сирењето, павлаката, јајцата и лукот, и додадете сол и бибер по вкус. Исцедете ги тиквиците и додадете ги во смесата. Во друг сад направете сос од јајцето, маслото, павлаката и содата бикарбона.

Раширете три кори за пита на работната маса и премачкајте ги со сосот од јајца. Оставете дел од сосот за премачкување на другите кори. На премачканите кори додадете им ги и останатите кори. Потоа додадете ја смесата со тиквици и завиткајте ги корите во три ленти. Ставете ги завитканите кори во калап за печење и премачкајте ги со остатокот од сосот. Печете ја питата околу 40 минути.

Послужете ја питата со чаша ладен јогурт.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2015 во 18:36
6

    Рударска пита

  • 500 gr брашно
  • 10 gr свеж квасец
  • 1 лажица маст
  • 2 dcl млеко
  • 1 лажица шеќер
  • Кравјо сирење
  • Јајца
  • 300 gr мелени ореви или ситно исецкан спанаќ
  • 2 dcl кисело млеко

Чекор 1

Истолчете го квасецот и измешајте го со 1 децилитар млеко, во кое ќе додадете малку шеќер. Оставете го малку да се подигне, а потоа додадете брашно, остатокот од млекото и малку сол за да можете да направите тесто.

 

Чекор 2

Оставете го тестото да се подигне додека волуменот се се зголеми барем за 2-3  пати. Потоа тенко одвојувајте го и редете го на лим за печење. За внатре измеѓу тестата измешајте сирење и јајца.

 

Чекор 3

Рударската пита може да ја полните само со сирење, но можете да го помешате и со ораси или ситно исецкан спанаќ. Откако сте го додале сето тоа, тестото го преклопувате за премазот од сирење да биде затворен.

 

Чекор 4

Пред да го ставите во рерна, премачкајте го тестото со кисело млеко и направете неколку дупки на самото тесто. Печете го на температура од 200 степени околу 20 минути.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Август.2015 во 22:12

ПИТА СО КРЕМ СИРЕЊЕ И ЈОГУРТ

22
Изматете ги пенесто јајцата, па додајте ги водата, маслото и јогуртот.

Состојки:
500 гр готови кори за пита
Фил:
4 јајца
15 лажици млака вода
10 лажици јогурт
20 лажици масло
1 пециво
400 гр крем сирење
За посипување:
Сусам или ленено семе

Кратко проматете ги сите состојки.
Додајте го пецивото и крем сирењето и малку посолете.
Убаво измешајте го филот.

Земете една кора премачкајте ја со филот, врз неа ставете уште една кора и пак премачкајте од филот.
Свиткајте ги во ролат, а потоа како потковица со тоа што краевите ќе бидат споени.
Повторете ја постапката со сите кори.
Наредете ги во плех споени едно до друго и посипете ги со преостанатиот фил.
Посолете со сусам и семки од лен.

Печете на 180 степени додека убаво зарумени.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 08:39

ПИТА СО СЛИВИ

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 400гр брашно
  • 250гр путер
  • 200гр шеќер
  • кора од лимон
  • кесичка ванилин шеќер
  • 1кг сливи
  • половина лажичка цимет
  • лажица рум

Начин на подготовка:

Растопете 50гр путер во тава, ставете ги исецканите сливи и промешајте. Додадете половина шеќер, ванилин шеќер, цимет и рум, кратко варете, тргнете од оган и оставете да се олади. Путерот со раце помешајте го со брашното и додадете го простанатиот шеќер. Додадете јајца, кора од лимон и измесете тесто. Поделете го на два дела и развијте кора. Ставете ја едната кора во подмачкан плех и печете 15 минути на 180 степени. Извлечете од рерна, распоредете ја смесата со сливите, покријте со друга кора и вратете во рерна уште половина час.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 09:06

СОЛЕНА ПИТА ОД ТИКВA

Потребни состојки:

  • 1 пакување тенки кори
  • ½ тиква со средна големина
  • 2 јајца
  • 200гр сирење
  • сол
  • масло
  • 3 лажици павлака

Начин на подготовка:

Тиквата излупете ја, исечете ја на прачиња и изрендајте.  Потоа посолете. Кога малку е отстои исцедете ја и додадете сирење и јајца. Се лесно соединете, па потоа филувајте ги корите. Плехот подмачкајте го со масло па додадете две кори, попраскајте ги корите со масло па додадете фил составен од тиква, сирење и јајца, па на филот додадете две кори исто така попрскани со масло и повторно фил. Постапката повторете ја додека не се потрошат филот и корите. Последната кора премачкајте ја со масло и питата исечете ја на триаголници. Ставете во загреана рерна и печете на 200 степени. Печената пита извадете ја од рерна и премачкајте ја со павлака.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Август.2015 во 09:13

СУПЕР ЕСЕНСКА ПИТА

Супер есенска пита со прекрасен фил! Ќе погрешите ако не ја направите …

Потребни состојки:

12 кори за баклава (може и за гибаница, ама така питата подолго ќе се пече)

15 големи и полни лажици ајвар (благ или лут, по желба)

300 гр. сирење

3 јајца

100 гр. павлака

300 гр. свежи шампињони, исечкани на тенки листови

1 лажиче сол

1 лажиче прашок за печиво

сусам или ленено семе, за посипување

1

Подготовка:

Корите поделете ги на три дела по 4 кори. Во тавче за пржење ставете малку масло да се загрее. На загреаното масло ставете ги шампињоните да се пропржат. Пржете додека да испари нивната вода. Во посебен сад измешајте ги павлаката, јајцата и сирењето и печивото. По потреба, во зависност од тоа колку е солено сирењето, посолете. Почнете да ја редите питата. На работна површина ставете една кора. Попрскајте ја малку со масло и врз неа ставете уште една кора. Врз оваа втора кора, ставете 5 полни лажици ајвар и размачкајте ги убаво низ целата површина. Потоа, ставете уште една кора и врз оваа трета кора ставете 1/3 од филот со сирење. Ставете уште една кора, врз неа ставете 1/3 од филот со шампињони и завиткајте во ролат. На овој ист начин направете ги о преостанатите два ролати. Ролатите ставете го во тавче за печење обложено со хартија за печење. Секој ролат премачкајте го со остатокот од филот со сирење (ако ви остане, ако не, со белка од јајце) и посипете со ленено семе или сусам. Ставете ги ролатите да се печат во рерна загреана на 200 Целзиусови степени, додека да поруменат.

2



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:05
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2015 во 18:31

КРЦКАВА ПИТА ОД ЈАБОЛКА

Одличен сезонски рецепт кој се комбинира совршено со сладолед од ванила.

Потребни состојки:
– 6 излупени исечкани јаболка со отстранети семки
– 110гр. путер, растопен
– 130гр. сенаменско брашно
– 200гр. шеќер
– 85гр. овесни снегулки за готвење
– 2 лажички цимет
– 60гр. путер на коцки

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови. Ставете ги јаболката во тава за печење. Во сад измешајте го стопениот путер, брашното, шеќерот, овесот и 1 лажица цимет да формираат ронкаста смеса. Потоа сипете ја смесата врз јаболката и наросете со преостанатата лажица цимет. Печете 50тина минути во загреана рерна, се додека смесата не стане кафена и јаболката не омекне. Уживајте…



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 11:06
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2015 во 13:54

БРЗА ПИТА СО КОМПИРИ

10

Состојки:
3 јајца
1 компир
50 мл млеко
50 гр рендано сирење
1 лажица маслиново масло
Сол по вкус
Подготовка:

Скршете ги јајцата и изматете ги со сол. Додајте го ренданото сирење и мешајте ја смесата со вилушка. На крајот додајте го млекото, полека мешајќи со вилушката. Премачкајте една тава за печење со маслиновото масло.
Сварете го компирот и исечете го на тенки кришки. Додајте ги на смесата со јајца. Додајте малку масло и малку сол, па префрлете ја смесата во тавата за печење. Печете ја 15 до 20 минути на 180 степени во загреана рерна или додека не зарумени.
Љубителите на кромидче секако може да си додадат 1 мало кромидче.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Август.2015 во 15:24

ПИТА ОД ЛИМОН

За тесто:

125 гр. брашно

125 гр. путер

1 жолчка

2 лажици вода

Кора од ½ лимон

100 гр. бадеми

За крем:

3 јајца

150 гр. шеќер во прав

80 мл. сок од лимон

50 гр. путер

Кора од 1 лимон

Припрема:

Ставете ги сите состојки за тестото (освен бадемите) во посебен сад и замесете тесто кое ќе го завиткате во пластична фолија и ќе го оставите да отстои во фрижидер половина час.

Потоа ставете го тестото во калап за пита и печете на температура од 180 степени се додека тестото не порумени. Откако ќе се испече, врз тестото рамномерно распоредете ги мелените бадеми.

На пареа згответе ги јајцата, шеќерот во прав и сокот од лимон со постојано мешање. Кога смесата ќе се згусне, тргнете ја од оган и изматете ја со путерот и кората од лимон. Потоа прекријте го садот со фолија и ставете го во фрижидер да се излади. Изладениот крем рамномерно распоредете го на питата.

Изматете ја слатката павлака за шлаг, па додајте и неколку капки лимонов сок. Премачкајте ја питата со шлаг и декорирајте по желба. Добар апетит!

 



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,406 секунди.