IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Студентски Марш
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Студентски Марш

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 17>
Автор
Порака
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2015 во 23:53
Денес гледав на прва како владата аргументирано го оправдува екстерното оценување, преку обраќањето на некој си Андреа (не запамтив понатаму) од Weibo group.
Значи човекот убаво ни објасни како Македонците кои одат кај нив на тестирање и интервју за работа, во своите SV ги наведуваат своите квалитети и способности, како и дипломата од соодветното образование, но на тестовите се толку слаби што им треба барем 6 месеци обука, за да го достигнат бараниот минимум.

Е сега тука ми дојде прашањето како она што не може да го пружи нашето образование за 4 или 5 години, може некој друг за 6 месеци збунетост

И она што сакав да го кажам, дека на нашиот образовен систем не му треба екстерно оценување туку ослободување на материјалот од непотребни податоци и глупости, насочување кон смерот кој индивидуата сака да го изучува, повеќе пракса и интерактивна настава, и внесување на ученикот/студентот во наставната програма преку нагледни средства, меѓусебна комуникација, истражување, докажување, дали тоа ќе биде преку семинарски работи, преку заеднички или самостојни проекти, итн.

Се додека сме заглавени во вој систем во кој, наставникот/професорот зборува, а ученикот/студентот немо слуша, во кој мора без ден пракса да се набуба книга/материјал од 1000 страни, која мора да се купи, зашто инаку и невозможно е да се положи, освен ако си плати, ќе имаме вакви кадри.



Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 00:32
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:

...ослободување на материјалот од непотребни податоци и глупости, насочување кон смерот кој индивидуата сака да го изучува, повеќе пракса и интерактивна настава, и внесување на ученикот/студентот во наставната програма преку нагледни средства, меѓусебна комуникација, истражување, докажување, дали тоа ќе биде преку семинарски работи, преку заеднички или самостојни проекти, итн.

Се сложувам… и сметам дека треба:

1. Ревидирање на наставниот материјал кој во глобала остана ист како оној од времето на социјалистичка Југославија.

2. Ревидирање на професорскиот кадар кој остана со знаењето и критеријумита од времето на создавањето на наставниот материјал во кој самиот активно учествувал.

5. Унапредување и модернизирање на средните стручни школи.

На ова би го додал оноа што веќе го посочив во еден претходен коментар: 

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

1. Како прво потребно е да се вратат приемните испити со кои би се извршила евалуација и селекција на идните студенти. Со ваквите испити ќе се потврди веродојстојноста на знаењето во однос на формалната средношколска диплома. Универзитетите да имаат ограничен број на новозапишани студенти и овие места да им бидат овозможени само на оние средношколци кои успешно ќе го минат приемниот испит. Средношколската диплома би била услов да се добие право и шанса да се излезе на тој испит. Дополнителна вредност на резултатот од овој испит ќе биде и показателот на професорската успешност во работата во нивните средни школи. Национална припадност и верска определеност да бидат потполно ирелевантни фактори.

2. Како второ би требало да се воведи државен испит за сите факултети (како што постои за медицински и правен факултет). Резултатите од овој испит, како и оној приемниот, нема да ја обезвреди стекнатата универзитетска диплома, но ќе послужи за увид на студентското знаење и квалитетот на професорската работа. Овие резултати да му бидат достапни на секој работодавач доколку тој изјави интерес за нив. Овој испит да биде еднократен и бесплатен.

3. Сите испити, приемни, завршни и семестарски, да бидат исклучиво писмени и под шифра наместо со вистинското име на студентот. Овие шифри да бидат издавани на денот на испитите и изборот на прашањата да биде абритрарен истиот ден. Со ваквите испити ќе се минимизираат или анулираат сите притисоци, местенки и корумпирања на релација професор-студент.



Би сакал натамошната дискусија, наместо во непрекинато бесполезно политичко препукување и поентирање, да се води со конструктивна конверзација за подобрување на школството, токму оноа што стои пред нас и што мора да се имплементира. 












Изменето од Messenger - 06.Јануари.2015 во 04:37
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 04:35
Неколку пати имам спомнато дека Идивиди форумот, поради својот квалитет, особено е ценет во македонското општество и дека е редовно пратен од релевантни фактори. И овој пат ќе го потврдам тоа со постирањето на денешното интервју на Премиерот за Сител. Ако внимателно го слушате ќе забележите дека неговите одговори и коменатари целосно кореспондираат со конструктивните идеи и конверзации кои ги имавме изминатите деновиве на оваа тема:








Изменето од Messenger - 06.Јануари.2015 во 04:36
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 07:21
За жал (иако не смеам да му одам контра на шефот, барем не на работа) Идивиди форумов никој не го есапи многу одамна. Жална вистина, можеме да се тешиме дека не е така. 
Одвоив 16 минути да го проследам гостувањето на Никола на вестите на Сител и можам слободно да кажам дека ништо од тука не забележав, но тоа што го забележав е општото мислење на професорите и народот, со доза на иронија..
Очигледно ќе бидам подолга во обраќањето, кој сака може да го скокне моето мислење, не се лутам. Намерно и не коментирав во темава, затоа што 90% објаснуваат зошто е лошо тестирањево, 10% објаснуваат зошто е добро, а реално некои гледаат низ розеви а некои низ црни очила.

Прво што ми падна во очи е односот на Груевски, помислив дека ми седи во дневна и мавта со рацете. Протокол, бон тон, мм? Да, тоа е тоа.. Професорите барале дебата, ма кај сакаат таму бе, не ми е мене проблем што се секирате.
Ок идеме..
Студентката што дипломирала на правниот факултет сигурно знаела уште пред да се запише дека правото не е медицина, не е хемија, не е маркетинг, знаела дека правото важи во Македонија. Да дипломирала на економски, немало да има никаков проблем да го продолжи образованието надвор од границите на Македонија. Уште многу одамна македонски студенти студираат на најпрестижните универзитети во светот, од независноста па наваму само на еден Харвард кој се смета за топ 3 студирале 50тина студенти, што остана за другите универзитети. Како што може да се забележи застарениот образовен систем не бил никаков проблем во едукацијата надвор од границите на МК за одредени индивидуи.
Слободно би поканила еден веќе дипломиран поранешен студент од Yale или Stanford во Македонија и било каде на балканов па и во Европа, да видам дали ќе се избори за работа како адвокат или правник во било која поголема фирма. За тие што не знаат, погоре споменативе се едни од најценетите универзитети во светот на правниците.

Друго, според Груевски професорите требало да бидат меѓународно препознатливи. Не можат сите професори да бидат Џими Картер, Ал Гор и компанија. Ајде да им врземе околу врат плочка со име, демек овци шетаме. 
Проблемот не е во образованието, проблемот е во нашите професори. Многу од нив станаа професори додека речеш ОП, докторираа на Косово, во Албанија во Мала Речица и каде уште не. Има добар виц за докторските тези кој што ќе го оставам за некој следен пат, сигурно го знаете со мувата што упорно леталанамигнување
Немаше ни да има некаков проблем во образованието ако сите си ја работеа својата работа како што треба. Уште помал проблем ќе имаше ако наместо асистентите, професорите си ја вршеа професорската работа за која земаат добра плата. Но во ова модерно време со државни факултети каде и да се свртиш, во секој град и село па и каде што најмалку очекуваш, многу добра примена наоѓаат асистентите. Тоа мало чудно човече што влегува во предавална/амфитеатар и 2-3 часа рецитира нешто што и самиот го научил на памет, станува и си оди. А не дај Боже да ти треба професорот, е за него има да закажеш 100 години однапред. А кога ќе ти дојде ред да го видиш, магично ќе му излезе некоја друга работа. 
Трудови?! За какви трудови збориш бе Груевски, трудови во меѓународни научни списанија!!! Какви црни трудови, тие не седнале една обична колумна да напишат, а не некој труд. Па меѓународен! Хах. Смешки. Патем, трудовите нема да го направат професорот - повеќе професор, универзитетот нема да стане подобар универзитет само поради тоа. Ако самиот тој не вложил до сега во себе, дури и милион трудови да напише пак ќе биде една обична небитна трошка во светскиот образовен систем затоа што тие трудови ќе ги напише затоа што мора, а не затоа што сака. Во тој контектст би го запрашала господинот Груевски (штом одредени политички моќници го читале форумов), дали неговата влада е во можност да обезбеди истражувачки грантови за сите професори, како тие би ги усовршувале своите способности и знаењата би ги пренеле на своите студенти?! Дали може да донесе закон со кој што секоја фирма со да речеме 10+ вработени ќе има обврска да прими на пракса студенти од одредена област и за тоа да обезбеди соодветен паричен надоместок?! Веројатно одговорите се НЕ, исто како што не можат ни пристоен студентски живот да им обезбедат за жал. Ако подобро погледнам, не можат ни пристојни тоалети да обезбедат ама ајде тоа не се брои.

Сакал предлози, еве му предлози од мене, како што гледам освен Месинџер никој друг не дал нешто конкретно.
1. Чистење на професорскиот шлајм од македонските универзитети - (доктори на науки со дипломи од преку 7 планини и мориња, дипломи со сомнително потекло, особено на тетовскиот универзитет). Еве пример еден од мојот секојдневен живот - Газда на едно тетовско радио, од обичен партиски поттрчко стана професор. Предава правни предмети и сеуште кога го слушам се прашувам на кој јазик говори, но ете, јас не знам ни кога магистрирал ама ми се пофали дека веќе докторирал и предавал. Ако има тетовчани тука сигурно го знаат.
2. Ако е толку способен во реализирање на големи реформи, нека воведе систем на туторство. Нека покаже дека студентот како единка му е навистина важен, дека не е се за да се замачкаат очи на тие таму некаде што не ни знаат каде е Македонија.
3. Ако сакате да се споредувате со најдобрите, тогаш морате и да работите како најдобрите. Во законот за високо образование нека се предвидат неделни мини испити, квизови и месечни есеи. Така секој студент (а и професорите) ќе знаат како напредува, а со помош на точка 2 од моиве предлози, ќе можат студентите да се насочат во правилна насока. Оксфорд е еден добар пример за оваа точка. 
4. Колку и да звучи смешно, ова е нешто што се практикува на сите најпрестижни универзитети, обврзете ги професорите да им даваат домашна работа на студентите.
5. Воведете анонимно оценување на професорите (ова го практикува еден универзитет во Македонија, за другите не знам). Не е целта само студентите да бидат оценувани. 
6. Воведете задолжителен отворен ден на секој професор, еден ден во неделата каде што професорот задолжително мора да биде достапен на студентите по секоја цена (сите знаеме дека одредени професори во МК се навистина достапни 24/7, а другите ни Интерпол и ЦИА не можат да ги најдат)
7. Воведете задолжителни студентски проекти! Пример, студентите од ветеринарен факултет можат да работат слободно на мал милион проекти во зоолошкава (која што вчера ја посетив и изгледа очајно, а за животните подобро да не дискутирам). Да не редам за секој факултет посебно, паметни се советниците, ќе измислат нешто сигурна сум.
Имам и други точки, ама да не ги малтретирам советниците, ќе треба многу да мислат..

Е откако ќе ги воведете (дел од) предлозиве, слободно воведете ги било кои од UMAT, SAT, GAMSAT, LSAT, ACT, и обавезно познатите GRE и GMAT.  Или воведете некој македонски, ако сте способни.
Тек тогаш студентите ќе имаат причина повеќе да седнат и да се подготват за овие од погоре.. А до тогаш, кој и да се запише на факултет, знае дека утре дипломата може во WC да ја закачи и во најголем зорт да ја искористи.


Да резимирам..
Образованието не е играчка. Никој не смее да си игра со иднината на илјадници деца во земјава. Не можеш да земеш во раце јајце старо 24 години и да го скршиш, надевајќи се дека е здраво и дека ќе му направиш 2-3 чири бу чири ба и ќе можеш да го јадеш. 
Така е и со образовниот систем во земјава. 



И не заборавај Никола, од тие локални величини како што ги нарекуваш професорите, ти си го добил тоа знаење, кога вујко ти и татко ти те носеа до Прилеп на полагање, додека мајка ти цел живот каснеше на работа и трчаше од последната кривина на Градска. Баш тие локални величини ти солеле памет, (ама не ти го насолиле како што треба) а да не ти се свртеа коцките на 6ки, дури ни тебе немаше никој да те есапи
Многу добро Николче, тетка Нада е сигурно горда на твојот речник.
Ретки се случаите кога ученикот станува подобар од професорот.

Патем Меси, знам дека ќе го прочиташ целиов коментар до крај. Се ежам кога читам партијски, критеријуми, историјски... Ј не е сол, не оди во секоја манџакафе




Изменето од evangeline - 06.Јануари.2015 во 07:25
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
panter123 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Април.2010
Статус: Офлајн
Поени: 15783
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај panter123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 09:26
 
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

 
Проблемот не е во образованието, проблемот е во нашите професори. Многу од нив станаа професори додека речеш ОП, докторираа на Косово, во Албанија во Мала Речица и каде уште не. Има добар виц за докторските тези кој што ќе го оставам за некој следен пат, сигурно го знаете со мувата што упорно леталанамигнување
Немаше ни да има некаков проблем во образованието ако сите си ја работеа својата работа како што треба. Уште помал проблем ќе имаше ако наместо асистентите, професорите си ја вршеа професорската работа за која земаат добра плата. Но во ова модерно време со државни факултети каде и да се свртиш, во секој град и село па и каде што најмалку очекуваш, многу добра примена наоѓаат асистентите. Тоа мало чудно човече што влегува во предавална/амфитеатар и 2-3 часа рецитира нешто што и самиот го научил на памет, станува и си оди. А не дај Боже да ти треба професорот, е за него има да закажеш 100 години однапред. А кога ќе ти дојде ред да го видиш, магично ќе му излезе некоја друга работа. 
Трудови?! За какви трудови збориш бе Груевски, трудови во меѓународни научни списанија!!! Какви црни трудови, тие не седнале една обична колумна да напишат, а не некој труд. Па меѓународен! Хах. Смешки. Патем, трудовите нема да го направат професорот - повеќе професор, универзитетот нема да стане подобар универзитет само поради тоа. Ако самиот тој не вложил до сега во себе, дури и милион трудови да напише пак ќе биде една обична небитна трошка во светскиот образовен систем затоа што тие трудови ќе ги напише затоа што мора, а не затоа што сака. Во тој контектст би го запрашала господинот Груевски (штом одредени политички моќници го читале форумов), дали неговата влада е во можност да обезбеди истражувачки грантови за сите професори, како тие би ги усовршувале своите способности и знаењата би ги пренеле на своите студенти?! Дали може да донесе закон со кој што секоја фирма со да речеме 10+ вработени ќе има обврска да прими на пракса студенти од одредена област и за тоа да обезбеди соодветен паричен надоместок?! Веројатно одговорите се НЕ, исто како што не можат ни пристоен студентски живот да им обезбедат за жал. Ако подобро погледнам, не можат ни пристојни тоалети да обезбедат ама ајде тоа не се брои.

Сакал предлози, еве му предлози од мене, како што гледам освен Месинџер никој друг не дал нешто конкретно.
1. Чистење на професорскиот шлајм од македонските универзитети - (доктори на науки со дипломи од преку 7 планини и мориња, дипломи со сомнително потекло, особено на тетовскиот универзитет). Еве пример еден од мојот секојдневен живот - Газда на едно тетовско радио, од обичен партиски поттрчко стана професор. Предава правни предмети и сеуште кога го слушам се прашувам на кој јазик говори, но ете, јас не знам ни кога магистрирал ама ми се пофали дека веќе докторирал и предавал. Ако има тетовчани тука сигурно го знаат.
2. Ако е толку способен во реализирање на големи реформи, нека воведе систем на туторство. Нека покаже дека студентот како единка му е навистина важен, дека не е се за да се замачкаат очи на тие таму некаде што не ни знаат каде е Македонија.
3. Ако сакате да се споредувате со најдобрите, тогаш морате и да работите како најдобрите. Во законот за високо образование нека се предвидат неделни мини испити, квизови и месечни есеи. Така секој студент (а и професорите) ќе знаат како напредува, а со помош на точка 2 од моиве предлози, ќе можат студентите да се насочат во правилна насока. Оксфорд е еден добар пример за оваа точка. 
4. Колку и да звучи смешно, ова е нешто што се практикува на сите најпрестижни универзитети, обврзете ги професорите да им даваат домашна работа на студентите.
5. Воведете анонимно оценување на професорите (ова го практикува еден универзитет во Македонија, за другите не знам). Не е целта само студентите да бидат оценувани. 
6. Воведете задолжителен отворен ден на секој професор, еден ден во неделата каде што професорот задолжително мора да биде достапен на студентите по секоја цена (сите знаеме дека одредени професори во МК се навистина достапни 24/7, а другите ни Интерпол и ЦИА не можат да ги најдат)
7. Воведете задолжителни студентски проекти! Пример, студентите од ветеринарен факултет можат да работат слободно на мал милион проекти во зоолошкава (која што вчера ја посетив и изгледа очајно, а за животните подобро да не дискутирам). Да не редам за секој факултет посебно, паметни се советниците, ќе измислат нешто сигурна сум.
Имам и други точки, ама да не ги малтретирам советниците, ќе треба многу да мислат..

Е откако ќе ги воведете (дел од) предлозиве, слободно воведете ги било кои од UMAT, SAT, GAMSAT, LSAT, ACT, и обавезно познатите GRE и GMAT.  Или воведете некој македонски, ако сте способни.



Се согласувам со  Евангелине  во делот на нејзините конструктивни предлози кои ги даде а истите се во насока на подигнување на квалитетот и критериумите во високото образование, што е цел, интенција на секоја одговорна влада, во функција на подигнување на квалитетот на системот на високо образование кој ќе продуцира квалитетен кадар.
Евангелине даде доста квалитетни предлози кои треба сериозно да се земат во предвид и истите се во функција и насока на подигнување на критериумите и квалитетот на високото образование со наведување на неколку клучни точки кои преставуваа слабост и на кои треба да се работи сериозно
И јас во мојот претходен коментар ги нотирав причините кои доведоа до сето ова, ќе повторам некои од нив, а ќе дадам и некои нови предлози кои сметам дека ќе придонесат кон подигнување на нивото и квалитетот на високоборазовниот систем во Република Македонија
Нема да биде целосна реформата без да бидат земени во предвид следниве работи на кои во иднина треба сериозно да се работи и тоа:
 - Потребно е сериозно да се преиспита и ревидира односот на државата во делот на дисперзираните студии, според мене истите се непотребни, доведоа до квантитет за сметка на квалитетот
 - да се намалат квотите на студенти кои се запишуваат на државните универзитети од областа на општествените науки и тоа драстично, бидејќи моментално состојбата е алармантна - загрижувачка во делот на запишани и завршени - дипломирани, пред се економисти, правници и др кои се суфицитарни на пазарот на труд, тешко наоѓаат работа и во најголем дел истите се невработени
 - да се стимулира поттикнува запишувањето на факултетите чии профили се дефицитарни на пазарот на труд, на таков начин ќе се воспостави рамнотежа, баланс на понудата и побарувачката на кадри за одредени образовни профили кои се барани на пазарот.
 - да се формира тело од владата кое ќе го кординира лично премиерот, кое сериозно ќе ја разгледа моменталната состојба со понудата на профили на пазарот на труд и истата ќе ја сообразува секоја година тековно со квотите за запишување на студенти на државните универзитети, на овој начин ќе се придонесе кон намалување на квотите за запишување на образовни профили кои се суфицитарни на пазарот, на некои дури ставање во мирување за определен временски период, а ќе се зголемуваат квотите за студиските програми кои се дефицитарни на пазарот на труд.
 -ревидирање на студиските програми со воведување на четиригонишни додипломски студии или 240 кредити, и едногодишни посдипломски студии или 60 ЕКТС, на местото на досегашните 180 ЕКТС додипломски +120 ЕКТС посдипломски студии.
 - изнаоѓање на модус, механизам преку вметнување на член во законот за високо образование според кој ќе се подобри односот професор - студент во смисла подостапност на професорот за косултација, за подигнување на комуникацијата на повисоко квалитативно ниво, бидејќи досега професорите имаа сервилен однос и беа незаинтересирани да ја извршуваат својата должност како што и доликува на нивната професија, централна фигура во образованието треба да биде студентот, ама ова реално, вистински да се спроведе во практика и навистина да заживее
- сериозно да се работи на подигнување на стандардот на студентите, ова е исто така битно без кое нема да бидат успешни реформите во високото образование, потребно е сериозно да се поработи на вистинско, квалитетно реконстуирање на студентските домови, за да можат студентите да си дозволат да живеат пристојно како што доликува на еден иден високо образован академски граѓанин кој е иднината на оваа држава
 - да се продолжи со проектот на превод на литература од најпрестижните универзитети кој лично го сметам за корисен, со отстранување на слабостите на кои укажуваа некои во делот на преводот
 - овозможување на поволности, повластици за студентите кои ќе бидат во функција на подигнување на нивниот животен стандард.
 - го подржувам воведувањето на усниот испит како задолжителен покрај писмениот за одредени предмети за кои е тоа неопходно, но сепак потенцирам тоа да небиде апсолутно облигаторно за сите студенти и сите испити, да им се овозможи на студетите сами да избираат дали испитот ќе го полагаат усно или писмено ова во смисла и како аргумент - некои студенти подобро се изразуваат и подобро можат да се сконцентрираат кога полагаат писмено.
 



 


Изменето од panter123 - 06.Јануари.2015 во 10:18
Кон врв
Alekxandar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јули.2012
Статус: Офлајн
Поени: 1029
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Alekxandar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 11:23
Во овие 14 страни има добри предлози ,има малку зезање за да не биди се толку озбилно но вистинската причина е во слабата пракса...зошто.
Реално многу е полесно и временски пократко да се научи материјал од 500 страни одколку да се развијат моторните вештини и техники кои се потребни за студентот или практикантот да ги усвои за полесно да се вклопи при вработувањето.
На факултетите постои менторство од страна студент -професор но повторно учиме,развиваме теории но експериментално и практично не се проеруваат и применуваат.За тоа треба лабаратории и соработка со стопански субјекти и повторно велам финансии бидејки тие се главна причина која сите не поврзува.
Кога започна уништување на микро и малите претпријатија во државата со цел да им се отстапи простор за монополистичко работење на некои субјекти започна и декаденција во секоја свера на нашето живеење,а образованието не е исклучок бидејки овде допрва тоа ке се чувствува.
Државата е организам и еден заболен орган се одразува на другиот.
Затоа и образованието е заболено .
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 12:27
A jas pa od 14 strani vidov 10 od Mesi i zabegan kako se ubeduvaat vo istoto i sveto vo 2, kako marsovski vleguva vo muabet
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
svetosparki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај svetosparki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 13:45
Vi lici na Marsovski,posto cela Opozicija ste padnati od Mars...Marsovke,ja samo Lobiram,valjda imas tolku intelekt da svatis,a cela strucnost okolu toa se znae koj i kade go oprava...Ja neam ni pamet ni pozicija ,ni pa imam namera,posto neam strucnost i kompetencija da tupam okolu nesto so ne e u moj fah,za razlika od Vas,Inkvizicijata,so ste strucni u site oblasti...Znaci,Marsovci,samo Lobiranje...
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 14:53
Originally posted by evangeline evangeline напиша:

 
Патем Меси, знам дека ќе го прочиташ целиов коментар до крај. Се ежам кога читам партијски, критеријуми, историјски... Ј не е сол, не оди во секоја манџакафе

Јас сум ученик од друго време, кога професорите учеа да пишуваме токму онака како што те наежува…тага но современието ги менува нештата и во граматиката, па ќе се научaм и на новото.среќа

Тоа не ме загрижува толку многу колку што ме загрижуваат професорите кои не сакаат ништо да сменат и да научат, па ветуваат дека бајаги ќе земат активно креативно учество во јавната дебата за ревидирање на школството додека потоа бегаат од истото извлекувајќи и оправдувајќи се на сите можни начини. не



Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 15:10
Prosti mi shefe (kje chekam i prochka )
Spored makedonskiot pravopis nemaat j, a vo poslednite 4-5 meseci po "sluzbena dolznost" kontaktiram so makedonci sto zboruvaat makedonsko-srpski, nekoj chuden jazik, ni srpski ni makedonski. I stavaat "j". I iskreno, kosa mi se kreva
Ne beshe losha kritika, naprotiv dobronamerna. Znaesh, golemi usti...

Nego, vo pravo si, denes razgovarav so eden star profesor na eden francuski univerzitet, semeen prijatel...
Duri do tamu se slushalo za nash*te wanna be reformatori, prvo se smeele na nachinot na pristap na vladata, a potoa i razocharani bile koga nashiov im raskazal na koj princip rabotat nash*te univerziteti.
Mozam da go zamislam nivnoto razocharuvanje...

Mene znaesh shto najmnogu me zagrizuva? Odnosot profesor-student. Bez jaka vrska megju niv, nema dobro obrazovanie. Bez razlika kolku ispiti kje vovedat.
Treba povekje da se diskutira na ovaa tema, barem spored mene.
Panter i Aleksandar mnogu dobar osvrt dadoa na momentalnata sostojba i na toa vo koj pravec treba da se dvizat reformive...

Изменето од evangeline - 06.Јануари.2015 во 15:11
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Јануари.2015 во 18:05
Originally posted by Alekxandar Alekxandar напиша:

Во овие 14 страни има добри предлози ,има малку зезање за да не биди се толку озбилно но вистинската причина е во слабата пракса...зошто.
Реално многу е полесно и временски пократко да се научи материјал од 500 страни одколку да се развијат моторните вештини и техники кои се потребни за студентот или практикантот да ги усвои за полесно да се вклопи при вработувањето.
На факултетите постои менторство од страна студент -професор но повторно учиме,развиваме теории но експериментално и практично не се проеруваат и применуваат.За тоа треба лабаратории и соработка со стопански субјекти и повторно велам финансии бидејки тие се главна причина која сите не поврзува.
Кога започна уништување на микро и малите претпријатија во државата со цел да им се отстапи простор за монополистичко работење на некои субјекти започна и декаденција во секоја свера на нашето живеење,а образованието не е исклучок бидејки овде допрва тоа ке се чувствува.
Државата е организам и еден заболен орган се одразува на другиот.
Затоа и образованието е заболено .
sсо ова најмногу можам да се сложам... затоа и порано спомнав дека голем дел од проблемите не потекнуваат од образованието, туку од ред други фактори
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2015 во 01:59
Ако би сакале на некој начин да го прекинеме ВРТЕЊЕТО ВО КРУГ,а сложувајќи се со тоа дека Образованието зависи КАЈ НАС од ред многу други ФАКТОРИ,повторно би се надоврзал со АРГУМЕНТИ ОД ЖИВИ ПРИМЕРИ кои ЗНАЕЧЕЛЕ НЕШТО,ЗНАЧАТ сеуште во ОПШТЕСТВЕНИОТ ЖИВОТ и ДОКАЗ ДЕКА НЕШТОТО ГРАДЕНО КАКО СИСТЕМ А СЕ  САКА ДА се УРНЕ РАСИПЕ,ОМАЛОВАЖИ и тоа од кој друг, ЕДНОСТАВНО ОД НЕПИСМЕН- СТУДЕНТ КОЈ ПОМИНАЛ НА факултетче СО ВРСКИ И ДРУГИ МУ ГИ ПОЛАГАЛЕ ИСПИТИТЕ(премиерот).
А сега обрааќњето за Професорот Марјановиќ од едно ДРУГО ВРЕМЕ КОГА СЕУШТЕ НЕМАШЕ ДЕМОКРАТИЈА,КАКО СЕ ЗАЛАГАЛ ТОЈ ,КАКО СЕ УЧЕЛО и КАКО СЕ ВРЕДНУВАЛО.

НАШИОТ ХАВЕЛ

Обраќање од Александар Тортевски, повод: Настапот на Никола Тодоров по повод студентските протести во кој што студентите и сите што протестираа ги нарече сталинисти или инструирани од сталинисти.

Никола Тодоров рече дека протестите против државниот испит биле како во времето на сталинизмот. Со оглед на тоа дека помеѓу студентите што протестираа се наоѓаше и професоротЃорѓи Марјановиќ, без никaква намера на Никола Тодоров да му објаснувам кој е Ѓорѓи Марјановиќ (впрочем, невозможно е да му објаснувате нешто некому кој е убеден дека знае се: од право, образование, медицина доздравство), туку повеќе за помладите генерации, ќе се обидам со неколку случки да опишам каков интелектуален великан е професорот Марјановиќ и со каква гордост, стручност и самоувереност ја обавуваше професорската функција.

Во 1983 година во Струга, на 21 советување на Југословенското здружение за кривично право и криминологија, професорот Марјановиќ го изложува својот реферат со кој бара декриминализација на тн. вербален деликт односно бара во тогашната комунистичка Југославија луѓето да можат слободно да го изразуваат своето критичко мислење без страв од кривичен прогон.

По ова, тргнува вистинска лавина од напади  против  професорот  што доведе до покренување на постапка за негово исклучување од Сојузот на комунистите бидејќи таквите ставови  беа  оценети  од партијата  како исклучително опасни за комунистичкото уредување од причина што значеа скриено барање за воведување  на  повеќепартиски  систем.

Партиско судење

Беше организирано партиско судење, но професорот Марјановиќ ја претрка партијата и во текот на  постапката  самиот  ја  врати  партиската  книшка. Неговата сопруга, професорката Мира Марјановиќ веќе се беше помирила со тоа дека нивните  три  сина ќе  мора  да  ги  подига  исклучиво со нејзината плата, бидејќи бркањето од партија обично беше само првиот чекор по што непослушните  професори  ги  отстрануваа  од факултетот.  Нешто слично претходно го снајде професорот Славко Милосавлевски поради изнесување на слични ставови.

За прекрасно чудо, тогашните тврдокорни комунисти застанаа тука. Му ја оставија катедрата по кривично право на професорот Марјановиќ, му го почитуваа несомнениот интелект, научното ниво, непоткупливоста и принципиелноста. Едноставно им беше јасно дека лошото образование е кумулативна темпирана бомба во ткивото на еден народ и дека кога тогаш ќе експлодира со несогледивипоследици. За тоа каков професор беше Марјановиќ, ќе ви раскажам две случки од кои на втората бев и лично присутен.

1988 година комунистичкиот режим е се уште силен, претседател на државата е Ј.Б, а професорот Ѓорѓи Марјановиќ и понатаму вонемилост на власта. Еден ден, во кабинетот на професорот ѕвони телефонот, а од другата страна милозвучен глас: ,,Овде кабинетот на претседателот на Македонија”.

,,Овде кабинетот на професорот Марјановиќ”, одговара професорот.

,,Претседателот би сакал да ве види”, продолжува секретарката на претседателот.

,,Среда и петок имам приемен ден од 12 до 14 часот, кога сака некa дојде”, вели професорот

Од другата страна настапува молк. Секретарката, веројатно навикната по нејзиното јавување професорот да се наоѓа на половина пат кон кабинетот, сега треба да му пренесе на претседателот дека за да биде примен од професорот ќе треба да чека заедно со студентите во тесниот факултетски ходник. Пораката била пренесена, но маката на претседателот очигледно била голема, па претседателот веќе следната  среда  се  нацуцулил  пред  кабинетот  на  професорот.

По неколку К*ртоазно разменети зборови, професорот Марјановиќ го прашал престедателот што мака го мачи. Претседателот одговорил дека неговиот син студира право и дека ќе треба да полага кај него. На тоа, професорот му одговорил дека слушнал за синот на претседателот дека студира право и дека слушнал дека претседателот имал обичај  да  оди по  професори  што  воопшто  не  е  добро  оти некој ќе помисли или дека синот не сака да учи или дека не го бива за право.

Му ветил професорот на претседателот дека ќе се однесува спрема неговиот син татковски, како кон свое дете, по што претседателот постојано заблагодарувајќи се го напуштил професорскиот кабинет.

Синот на претседателот паднал на испитот по кривично право на следната сесија како и на неколку следни сесии.

Повторно следувало јавување  на  секретарката  која  барала  да  закаже  состанок  за  претседателот  на  Македонија,  а професорот ја потсетил на приемниот термин  во  неговиот  кабинет. Претседателот повторно се појавил во професорскиот кабинет.  Се пожалил дека се почувствувал како само да  му  наштетил  на  сина  си,  а професорот  му  имал  ветено  нешто.

Професорот, пак, рекол дека му ветил само дека кон неговиот син ќе се однесувал татковски, дека бил многу строг татко и дека нему на памет не му паѓало да оди по професорите на неговите синови. Му објаснил на претседателот дека и неговиот син има единици во Корчагин, но ако не му се повторува нема намера тој да оди да му ги поправи.

По оваа лекција претседателот си заминал и подоцна искористил некое службено патување на професорот Марјановиќ за син му да положи кај еден друг професор, инаку вечен истомисленик на секоја власт.

Вистинскиот дисидент

Пример втор. Во преполната аула на правниот факултет стоевме една поголема група на студенти. Ни пријде професорот Марјановиќ ина еден колега кој никако не успеваше да положи кривично право му се обрати со зборовите: ,,Вие колега, ќе разберете ли дека со подарување на уметнички слики никогаш нема да го положите испитот? Многу поедноставно би ви било да седнете и да научите”.

Колегата се правдаше дека без негово знаење, некој нему близок што ја знаел големата љубов на професорот кон уметноста се понудилпроблемот да го реши со подарување на уметничка слика. Епилогот веќе го знаете. Колегата наредната сесија го загреа столчето и го положи испитот. Професорот знаеше целиот хонорар за издаден учебник да го потроши за да си се почeсти со уметничка слика, но никого  не чeстеше  со  незаслужена  оценка.

Во 1990, во февруари требаше да се одржат еднопартиски избори во Македонија. Професорот Марјановиќ и неговата и мојата Лига за демократија предложија одлагање на изборите за на есен со цел да се формираат и други партии и во Македонија за прв пат да сеодржат повеќепартиски избори. ВМРО-ДПМНЕ во тоа време се уште не беше формирана.

Марјановиќ му поднесе отворена кривична пријава на Слободан Милошевиќ во време кога сите македонски автобуси беа излепени со сликите на Слобо. Кога го прашав зошто смета дека треба да ја поднесе таа кривична пријава,  ми одговори: ,,Тој човек е диктатор и ако му дозволиме да ја приграби власта која ја посакува, ќе не уништи сите”.

Марјановиќ со Лигата за демократија предложија одржување на референдум по кој Македонија стана независна држава. Навистина сечудни патиштата божји и човечките судбини. 24 години подоцна, Никола Тодоров и Диме Спасов во министерски кабинети ги решаваат големите државни прашања, меѓу кои и образованието, а професорот Марјановиќ со транспарент на минус 5 степени стои пред владата и протестира против нивните решенија. Наместо да си ги чукнат тоа тиквите, тие во  недостаток  на  аргументи  за  луѓето  што  протестираатвелат дека се инструирани од сталинисти. Тој човек можеби беше единствениот вистински дисидент во едноумието, тој беше нашиот Хавел. Тој ,,сталинист” одлучи на својот народ да му го подари преводот на Прустовото дело ,,Во потрага по изгубеното време” со желба да докаже дека македонскиот јазик е доволно богат за да овозможи превод на еден од најкомплексните литературни дела во историјата.

Господине Тодоров,

Ако околу нешто се согласуваме, тоа е фактот дека образовниот систем во Македонија е катастрофален. Но, за тоа не се виновни студентите и лошата состојба не може да се реши со еден обичен испит макар бил и државен. Виновни сте сите вие кои бевте власт идозволивте секое село да се преименува во студентски град.

Универзитетски градови направивте од пусти паланки во кои целокупниот социјален живот се одвива пред кооперација на гајби од пиво со мезење на евтина салама. Дозволивте пензионирани заставници од ЈНА да отворат факултети и згора на тоа со купени дипломи да држат катедри. Дозволивте Латас да биде професор. Е сега, Цацко ви е крив, па удри по студентите!

Александар Тортевски, адвокат

ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2015 во 04:14
Gorazd777, за вакви долги текстови решено е да се стваат линкови пропратени само со кус сегмент кој дава општа идеја за што се говори. Оние кои се заинтересирани за текстот ќе отидaт на линкот и ќе го прочитаaт. Нема потреба просторот по секоја цена да се одзема со текстови кои можеби никого  не го интересираaт или истиот да се користи за партијска пропаганда.

Поентата е што форумов постои за размена на мислења на членовите, а не за целосно препишување туѓи фермани.

Замолен си во иднина да се придржуваш до овие правила и препораки.








Изменето од Messenger - 07.Јануари.2015 во 04:16
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
svetosparki Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Октомври.2013
Статус: Офлајн
Поени: 694
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај svetosparki Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јануари.2015 во 10:18
Dali se ova momcite od Liga za Demokratija so !990 se sprdaa so Nacionalno-romanticarskiot karakter na VMRO DPMNE deka ne moze da bide Dvigatelna sila na MKD...I red drugi raboti so ne im e mesto ovde,pa zatoa ke go poslusam Mesi...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.