IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Mодни декорации и козметички  средства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Mодни декорации и козметички средства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2014 во 19:38
    1

Направете шампон за суво миење на косата во спреј


Шампонот за суви миење во спреј е спас доколку брзате за излегување, а можете и самите да го направите. Се што ви е потребно е: 1 лажица пченичен скроб, 4 лажици вода, 1 лажица медицински алкохол и неколку капки етерично масло од лаванда, мента или ванила. Исто така ќе ви е потребно и шише со распрскувач.

Состојките истурете ги во сад и добро измешајте ги додека не добиете млечно бела течност без грутки, а добиената течност истурете ја во шишето со распрскувач. Пред користење шишенцето протресете го и шприцајте на коренот на косата само колку да можете да ја расчешлате косата. Исушете ја со фен или доколку не брзате толку многу можете да ја оставите и самата да се исуши. Алкохолот и водата ќе испарат, а скробот ќе ја впие мрснотијата од коренот на косата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 23:19


Направете сами средство за отстранување на шминка!


Ви недостасува млеко или било какво друго средство за отстранување на шминката, сакате да бидете сигурни кои состојки ги содржи или едноставно сакате да заштедите пари…

Ние имаме решение за вас: направете сами “make-up remover”!

Потребно ви е:

-малку вода,

-лажица и половина детски шампон (кој не ги надразнува очите)

-мала лажица кокосово или маслиново масло

Во сад измешајте ја водата, бајби шампонот и избраното масло, добиената смеса префрлете ја во соодветно шише и користете ја за отстранување на шминката.

Пред секоја употреба, растресете го шишето, за состојките повторно да се измешаат. Малку од смесата ставете на памук и со неа отстранете ја шминката.

А доколку користите водоотпорна маскара, пред употреба на ова средство, отстранете ја за почеток со помош на неколку капки маслиново масло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 23:10

За блескава коса направете домашен шампон



За да си подготвите домашен шампон, имате потреба само од 3 природни состојки: 1 банана, 1 јајце и еден лимон. По желба може да додадете 1 ампула витамин Б6 или Б12, како и неколку капки етерично масло.

Излупете ја бананата. Истискајте сок од еден лимон , а од јајцето користете ја само жолчката. Сето тоа измешајте го со блендер. Потоа додадете ги витамините и маслото ако сте решиле да ги користите.

Подготвениот природен шампон се чува во фрижидер. Може да го користите на секои три миења на косата. Резултатот од него, пријатно ќе ве изненади.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 23:06

Домашен балсам за нега на рацете: Решете го проблемот на сува и испукана кожа на природен начин


По само неколку дена кожата станува мека и еластична, а овој домашен производ има дури и подмладувачки ефект.

Ако имате сува и испукана кожа на рацете, вистинско решение за вас е овој домашен балсам. Се подготвува многу едносатвно, има подмладувачки ефект на кожата, а сите негови предности ке ги видите многу брзо: за 3-4 дена кожата на рацете станува мека, еластична, а испуканите делови се регенерираат.

Пред третманот на кожата со оваа домашна смеса, потребно е да ги подготвите рацете за нега.

Во еден литар топла вода растворете 2 лажици сол и во овој раствор држете ги рацете десет минути. Не ги бришете рацете, туку благо тапкајте ја кожата со пешкир за да ја упијат влажноста. Потоа на ред доаѓа нанесување на балсамот.

Измешајте две жолчки од јајце, 2 лажици мед и 2 лажици масло по избор (маслиново, бадемово, ленено).

Намачкајте ги рацете и оставете го балсамот да делува 20 минути. Потоа измијте ги со вода и намачкајте ги со крем. Балсамот можете да го користите 2-3 пати дневно.

Рокот на траење на домашниот балсам е 5 дена и треба да го чувате во фрижидер.

 



Изменето од Valerija - 29.Ноември.2014 во 23:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 23:00

Евтино и ефикасно: Направете сами домашен омекнувач за алишта!



Доколку сте решени да го “опоравите” вашиот буџет и да заштедите на некои ситници, ова е вистинската работа за вас! Направете сами омекнувач за алишта со мирис по желба!

Примените на белиот оцет во домаќинството се бројни и многу корисни, а една од најпознатите е секако тоа што ефикасно го заменува купечкиот омекнувач за алишта, секако со некои додатоци.

На вашите алишта ќе им даде свежина и ќе го истакне мирисот на детергентот, додека неговиот сопствен мирис во текот на перењето во потполност ќе исчезне. Сепак, треба да се истакне дека белиот оцет никако не смеете да го мешате со избелувач за алишта.

Ова е наједноставниот и најповолниот омекнувач за алишта:

Состојки:

– еден филџан регенератор за коса ( може и најевтин)

– три филџани топла вода

– еден филџан бел оцет

– неколку капки етерично масло по желба ( лаванда, роза, портокал…)

Подготовка:

Балсамот за коса ставете го во поголем сад, па постепено додавајте топла вода, постојано мешаќи додека состојките не се соединат. Потоа додадете го белиот оцет и неколку капки етерично масло. Мешавината чувајте ја во затворен сад (на пример мала стаклена тегла). За секое перење користете ¼ филџан.



Изменето од Valerija - 29.Ноември.2014 во 23:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 22:58

Сами направете миризлива свеќа од портокал


Богатата содржина која изобилува со минерали, витамин Ц и вода, го прави портокалот крал меѓу овошјето.  Иако неговата кора не се јаде,  една убава идеја ќе ве натера добро да размислите пред да ја фрлите во корпа.

Свеќата од портокал можете да ја направите само со неколку чекори:

Потребен материјал:

-          Портокал

-          Нож

-          Маслиново масло

-          Неколку капки етерично масло од портокал, по желба

Изработка:

Исечете го портокалот на половина и внимателно одвоете ја кората од  делот за јадење. За изработка на свеќата ќе ви користи оној дел во кој има останато мал бел израсток.

Секако пазете да не ја исечете, затоа што токму таа ќе ви користи како фитил.

Во чашата од кората на портокалот ставете маслиново масло, а со маслото премачкајте го и фитилот.

Во маслиновото масло можете да ставите и неколку капки етерично масло од портокал, запалете ја свеќата и уживајте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 22:55

Рецепт за природен и делотворен дезодоранс

Ако сакате природни производи и кожата со задоволство ја негувате со она што самите сте го подготвиле, тогаш овој едноставен рецепт за потполно природен дезодоранс ќе ве воодушеви. На секоја жена и е важно дезодорансот да и овозможи целодневна заштите, а токму тоа ќе ви го овозможи овој природен дезодоранс.

Потребно ви е :

– 6 лажици кокосово масло

– ¼ чаша сода бикарбона

– ¼ чаша пченкарен скроб

– есенцијално масло од лаванда

– празен сад со капак

Постапка:

Во сад измешајте ја содата и пченкарниот скроб.

Додадете го кокосовото масло и добро измешајте.

Додадете две-три капки есенцијално масло.

Смесата претурете ја во сад со капак или празно паковање од roll-on дезодоранс.



Изменето од Valerija - 24.Мај.2015 во 14:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 22:47
Направете домашна маст против изгореници

Потребни состојки:

3 полни лажици свинска маст

1 белка

1 мала чашка домашна ракија, по можност комова

Подготовка:

Свинската маст се пере неколку пати со студена вода. Потоа се додаваат белката и ракијата, па пенасто се мати со миксер додека да се добие компактна маса, како шлаг за торта.

Оваа маст можете да ја користите за лекување на изгоретини од сонце, од врело масло, рерна, врела вода…

Се мачка 3-4 пати во текот на денот. Ги смирува болките и не дозволува да останат лузни.

Рок на употреба: 1 година, доколку се чува затворено во тегла, во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 22:45

Како да направите мини чантичка со прстен?


Апсолутниот моден хит кој владее веќе неколку сезони околу мини-чантичките. Денес ќе ви покажеме  како на наједноставен и најевтин начин може да дојдете до уникатна мини-чантичка…

Потребно ви е:

– тврда футрола за очила

– супер лепак

– прстен за два прста

Постапката брои еден чекор доколку одлучите футролата да ја искористите во својата оригинална боја и текструра (доколку не, ќе Ви треба спреј/материјал, како и дополнителни 24 часа за сушење) – така што, чекорот се однесува на лепењето на прстенот за футролата. Внимавајте да го залепите прстенот од практичната страна и оставете да се суши еден ден. И тоа е тоа! Нова чантичка за малку време и малку пари!

.1.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 22:44

Од стар пешкир – до мек тепих за во бања… Извонредно !!!


Зошто да ги фрлате старите пешкири ??? Со малку креативност и игра на бои, можете да бидете вешт дизајнер на интересен и мек тепих за во бања… Истовремено корисен, но и со необичен изглед… За кој никој нема да претпостави дека е направен токму од Вашата рака…

Сé што Ви е потребно е:

стари пешкири

ножици

пластична мрежа со посакуваните димензии на тепихот

Постапката е следна: Пешкирите се сечат на траки долги околу 12 – 14 сантиметри, а широки 2 – 4 сантиметри. Кога ќе исечете доволно, почнете да ги врзувате во јазли за пластичната мрежа, внимавајќи при тоа да ги врзувате на растојание кое Ви се чини најпогодно за тепихот да  има густина…

И тоа е сé !!! Можете да си играте со бои или сепак за почеток да се одлучите за еднобоен мек тепих, кој ќе биде интересен нов елемент во Вашето интимно катче…

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 22:43

Направете сами: Старата кошула со нов сјај



Минатата сезона, тексас кошулите доживеаја враќање на модната сцена, а фактот што трендот датира пред три децении и сé уште е присутен, го прави ова парче облека безвременско. Верувам дека секој од Вас поседува тексас кошула, ако не нова сигурно заборавена vintage кошула во стариот плакар, “од времето на Вашите родители”. Со денешниот Направи сам туторијал ќе Ви покажеме како да ја надградите својата обична тексас кошула и да и дадете гламурозен сјај, во само неколку едноставни чекори.

Потребни материјали:

Тексас кошула

Украсни копчиња, циркони, полубисерчиња со разни големини, во компатибилни бои.

Лепак за текстил

Дрвено стапче и чечкалица

Мали клешти

Најпрво, исечете ги задните испакнати делови на копчињата, за да бидат рамни и подоцна полесно да ги залепите.

Ставете мала количина од лепакот на дрвеното стапче и со помош на чечкалицата нанесете малку лепак на задната страна на копчето.

Залепете го копчето на кошулата и оставете го така 2-3 минути за да се фиксира.

Повторете ја постапката за останатите и не заборавајте пред лепење на секое следно копче/цирконче да направите двеминутна пауза за да не го изместите претходно залепеното.

По нанесување на сите детали, оставете ја кошулата 24 часа природно да се исуши. Следниот ден ќе имате нова, надградена тексас кошула и се што Ви преостанува е да ја облечете и прошетате низ градот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 22:41

Маска од аспирин за подкожни влакна


Подкожните влакна можат да направат сериозен проблем, особено доколку почнат да се воспалуваат, а вие не ги третирате на правилен начин. Маската од аспирин е еден од најдобрите начини да се справиме со проблемот, бидејќи содржи активни состојки како салицилова киселина, која ги уништува мртвите клетки и му овозможува на влакното да падне само.

Неопходни состојки:

3-4 апчиња Аспирин

масло од јојоба

мед

Подготовка:

Земете една супена лажица мед и половина супена лажица масло од јојоба и загрејте ги малку за да се растопат. Издобете ги апчињата и измешајте ги заедно со медот и маслото. Доколку добиете густа смеса, додадете уште малку масло од јојоба. Маската нанесете ја на подкожното влакно и оставете да дејствува 15 минути. Потоа имијте го местото со ладна вода. Можете да го користите еднаш или два пати во неделата, во зависност од тоа колку е надразнето местото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Ноември.2014 во 16:06

Како да направите топла капа од стариот џемпер?


Зимата полека пристигнува, а сигурно до сега го исчистивте гардероберот од џемперите кои веројатно никогаш веќе нема да ги облечете. Наместо да ги фрлите, зошто да не ги искористите?

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-01.jpg

Плетените џемпери одлично може да ви послужат како материјал за неколку нови капчиња кои ќе ги износите во студените денови кои следуваат.

Потребни ви се ножички, метро, лепак или игла и конец и стариот топол џемпер.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-1.JPG


1 чекор: 
Измерете колкава висина сакате да има капата и пресметајте дополнителен 1 сантиметар за порабување, па исечете ја долната страна на џемперот. Ако сакате модел кој ќе се набира, исечете 10-15 сантиметри повеќе.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-2.JPG

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-3.JPG



2 чекор:
 Исечете го работ од едната страна за да добиете долго парче материјал.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-4.JPG



3 чекор:
 Измерете го обемот на вашата глава преку челото, па според тие мерки исечете го материјалот.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-5.JPG

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-6.JPG



4 чекор:
 Превиткајте ја ткаенината 


5 чекор:
 Исечете го горниот дел за да добиете полукружен облик, па раширете ја плетката.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-7.JPG

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-8.JPG



6 чекор:
 Превиткајте ја ткаенината на половина, а рабовите залепете ги или зашијте ги со игла и конец.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-9.JPG

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-10.JPG



7 чекор:
 Отворете ја капата и спојте ги соседните рабови додека не го затворите отворот.

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-11.JPG

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-12.JPG



8 чекор:
 Превртете ја капата и пробајте ја!

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-13.JPG

kako-da-napravite-topla-kapa-od-stariot-dzemper-14.jpg



Изменето од Valerija - 25.Ноември.2014 во 16:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2014 во 09:18

НАПРАВЕТЕ МАТ ЛАК ЗА НОКТИ ВО ВАШАТА ОМИЛЕНА НИЈАНСА

7

Матираните лакови за нокти се одличен хит избор за овој период од годината. Го отстрануваат сјајниот ефект од ноктите, давајќи им мат ефект, кој делува мистично, заводливо и секси. Навистина може да се најдат и евтини лакови за нокти со мат ефект, но зошто да купувате нови, кога веќе можете да ги употребите оние кои ги имате или дури, да создадете сосема нови нијанси со помош на две работи кои веќе сигурно ги имате дома – пченкарен скроб и секни за очи.

1-napravete-sami-mat-lak-za-nokti-vo-vashata-omilena-nijansa-kafepauza.mk

1. Претворете го кој било лак во мат

Потребно ви е:
  • Тацна за мешање
  • Чепкалка за заби
  • Саканиот лак за нокти
  • Пченкарен скроб
Постапка:
  1. На тацната ставете малку од лакот за нокти.
  2. Настрана ставете малку пченкарен скроб и со чепкалката додавајте малку по малку. Не претерувајте со количината. Убаво измешајте ги двата елементи.
  3. Со апликаторот веднаш нанесете на ноктот во дебел слој и оставете да се исуши.
  4. По лакирањето, апликаторот добро исчистете го со ацетон.

2-napravete-sami-mat-lak-za-nokti-vo-vashata-omilena-nijansa-kafepauza.mk

2. Претворете го проѕирниот лак во мат

Потребно ви е:
  • Тацна за мешање
  • Чепкалка за заби
  • Проѕирен лак
  • Мат сенка за очи
Постапка:
  1. Сенката за очи во прав истресете ја на тацната, а ако е во цврста состојба, иситнете малку од површината.
  2. Со апликаторот ставете малку од проѕирниот лак и со помош чепкалката добро измешајте го се сенката за очи додека не се соединат сосема.
  3. Нанесете го лакот со апликаторот и оставете да се исуши.
  4. По лакирањето, не заборавајте апликаторот добро да го очистите со помош на ацетон.


Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 09:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.