|
СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ |
Внеси реплика | страница <1 6263646566 67> |
Автор | |
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"На таа што никогаш не ми веруваше дека ја сакам повеќе од светов и од себе си - кажете и!"
На таа што никогаш не ми веруваше дека ја сакам повеќе од светов и од себе си На онаа која стално и каснев и и се понашав ко за се К*р да ме боли На таа што за првиот роденден откога бевме заедно не и се појавив зашто немав пари за поклон оти три дена од радост не се отрезнив На таа што и се смеев и и велев де де де кога и е тешко оти знаев дека ме има мене и никогаш и за било што нема да ме изгуби На таа што и држев лутина ко на душман и крвник, а сакав само кришем на полноќ на врата да ми заѕвони и да ме стега во прегратки ко со канџи. https://m.youtube.com/watch?v=mcYu5Vg_YH8 Да ме стега само и да се насмее и цела ноќ да не ме отпушти. На таа што знаеше да ми каже оти претерувам и оти не знам за почит На онаа која од вонземска љубов се исплаши На онаа која сакаше сериозни ама романтични Немојте никогаш да и кажете! Ве молам немојте никогаш да и кажете еве ви кажувам ако ја сретнете нејзе некогаш немојте никогаш да и кажете ви кажувам за да не ви се испушти! Дека Петар Пан е мртов. Дека Петар Пан е всушност ангел кој по небото до Рајот ги придружува детските душички. Оставете ја да верува дека ќе ме заборави и дека времето се лечи! Како Венди. Како Венди. Оставете ја да мисли дека е лесно со толкава љубов и тежок мрак во себеси несериозен да си. Таа многу ја сакаше Венди. Јас знаев дека Петар Пан е мртов и дека е тој ангелот кој починати дечиња да не се изгубат по небото до Рајот ги носи. Го знаев тоа од шест години ама го криев. Го криев од нејзе и никогаш не го изустив. Никогаш. Само кога ќе ми кажеше дека сум несериозен и недораснат и ќе пораснеш ли еднаш и се дерев :прекини ! прекини ! со солзите на очи. Оти не сакав никогаш да ме поистоветува со некој си Петар Пан. Оти тоа значеше дека таа е Венди, а нејзе најмалку сакав нешто такво да и се случи! На таа што никогаш не ми веруваше дека ја сакам повеќе од светов и од себе си кажете и дека времето се ама баш се лечи! Нека верува во тоа и нека е среќна! Нека биде среќна! Спокојно нека остари. На таа која никогаш не ми веруваше дека ја сакам повеќе од себе си никогаш не и кажав зашто хистерично и викав Прекини Прекини кога мене со Петар Пан синдром знаеше да ме накити. На таа која никогаш не ми веруваше дека ја сакам повеќе од себе си никогаш не и кажав колку е тешко со толкав мрак на плеќи и толкава љубов во гради - несериозен да си! Ама вие кажете и! Кажете те и! |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Раѓањето на пеперутките
Велат пепрутки имам во стомакот кога љубовта се раѓа… Растреперени пеперутки ми се раѓаа при секој твој тон на музички ноти завиен во својата стутулена форма откривајќи го светот…Велат пеперутките носат среќа и растрепереност… Се раѓаат со пролетта, умираат на зајдисонце, а пак растреперени во крилата… Метафорички слободни, а заробени во времето на својот век, заробени во своето постоење, заробени во своето времетраење… Метафорички слободни и што имаат од метаморфозата на создавањето кога траењето им е доволно кратко, но шарено и уникатно да се впијат во природата… Растреперени пеперутки ми се раѓаа… Сега растреперено умираат... С.Б. |
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Ја доби како на лотарија уште кога и спомна „кафе“.
Скопско мангупче. Таквите секогаш знаеле како. Експлодираше како ненадеен електрицитет, се` она што стоеше меѓу нивните секојдневни ѕиркања. И го пиеше погледот И на секој случаен допир и ја вознемирваше кожата. Копнееше за него. Знаеше дека беше негова уште од првиот ден. Глумеше по малку незаинтересирана. Глумеше недостапна. Ама се топеше во неговите прегратки. Слатка и мала со него. Сјаеше до него. Беше негова, ама никогаш не му припаѓаше. Општеството не им даде. Прости предрасуди. Тој си остана мангуп. Таа си остана „недостапна“. А очите и` светкаа. Нему секоја вечер му одеше да ја бара во некоја друга. Од инат. За да си докаже дека е мангуп. Ама ни пијанствата не му ја бришеа желбата да биде само негова. Секој ден ја посакуваше. Се` повеќе и се` повеќе. И стануваше се` пожеден. Се` побесен, а неговиот поглед се` побурен. Си го мразеше скопскиот фраерлук и уште толку повеќе ја збунуваше. Таа играјќи некоја игра не му ги сфати сигналите. Фати погрешна фреквенција и се разочара. И повторно секоја вечер му ги сонуваше допирите. Ама повеќе никогаш не се надеваше. И беше еднашка. Ја доби како на лотарија. Отсекогаш беше негова. Ама никогаш не му припаѓаше. И прости предрасуди. Останаа на пол приказна недовршена. Ради фраерлукот. Ради погрешните фреквенции. Ради стравот. Ради инатот. Тој си остана мангуп. Таа „недостапна“...... M.J
|
|
mrzla
Сениор натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Мамо ти си втора најубава жена на светот
А која е првата? Исто ти само кога се смееш. |
|
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПЛЕМЕ ОД ДВАЈЦА
не е само тој мирис што ме распаметува: во секоја пора од телото имам по зрно од твојата суштина – лесно се навлеков на тебе, на сите твои чудесни магии кои низ мене прскаат секој еден ден. зашто ти си: именувана и доживеана потполно инстинктивно и совршено точно – во некој само насетен ритуал ние ја скокнавме иницијацијата на сите познати племиња. ние сме племе од двајца, огнена моја, моја шумо во која ловам и нè сокривам. ти ловиш со мене и пред мене: слушаш подобро, душкаш подобро; кога ми се приспива, ти ми ја ставаш главата во скутот. и им шепкаш на птиците дека твојот љубен спие... сето тоа го знам. јас сето тоа го знам. ти го земам телото под своето и долго, долго те топлам, за врела да се разбудиш, полна сила полна сокови од кои ќе се напиеме. обилно и во тишина, додека птиците над нашите намирисани тела упорно нè повикуваат на игра. |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ДОВИКУВАЊЕ, НАМАМУВАЊЕ ела, усните ми се испукани 25.11.2014, 04:19 Игор Исаковски |
|
zverka_
Сениор Регистриран: 11.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 6604 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сергеј Јесењин: ДАЛЕКА ВЕСЕЛА ПЕСМА
Неко песму весело певуши, Далеко је, далеко од мене. И ја хоћу ту песму у души, Ал' не дају груди разбијене. Узалудно душа за њом жуди, У грудима тражи сличне звуке, Зато што су и снагу и груди Изнуриле невоља и муке. Одвећ рано мисли ми полећу Ка сновима земље идеала. Рано почех да ропћем на срећу И мислим шта прошлост ми је дала. Рано душом, страсно, узаврело, Тражих себе у дане суморне, Па не могу да певам весело, Немам снаге, груди су уморне |
|
Јас сум 99% сигурна дека луѓето ме озборуваат,но 100% сум сигурна дека баш "ме заболи" за тоа!!!
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПОНЕКОГАШ, ПОСТОЈАНО ПОНЕКОГАШ
понекогаш ти доаѓа во денот да проживееш три дена и три ноќи во здивови забрзани како локомотива, со полна сила да протатниш низ времето. понекогаш ти доаѓа денот да го одлебдиш со душата скокоткана од пердуви и топли насмевки кои полни сила ѕунат низ просторот. понекогаш, навистина, понекогаш, силата е пикната под топол превез од тишина која лебди меѓу денот и ноќта, која забрзано дише, насмевната, постојано во своето понекогаш. И.И |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
alexa_1
Сениор Регистриран: 07.Април.2012 Статус: Офлајн Поени: 1378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
KO SAM, ŠTA SAM
Ko sam? Šta sam? Samo sanjalica kojoj oko ispi magle let. I svoj život uzgred, tužna lica, ja proživeh uz ostali svet. I s tobom se ljubim po navici - mnogo puta već se ljubih s drugom, k'o da kresem vatru po šibici, nežne reči šapucem ti dugo. "Draga moja", "mila", "znaj, doveka" - duša hladna ostaje u svemu, kad se darnu strasti kod čoveka, nema više istine u njemu. Zato moja duša i ne preza od ljubavi ledom zalivene, ti si moja lutalica breza sazdana za druge i za mene. Ali uvek, tražeć' srodnu sebi, mučeći se bez nežnosti pune, nimalo se ne ljutim na tebe, nimalo te i nikad ne kunem. Ko sam? Šta sam? Samo sanjalica kojoj oko ispi magle let, i voleh te uzgred, tužna lica, isto tako k'o ostali svet. Sergej Jesenjin |
|
Човек гледа добро само со срцето, најсуштественото е невидливо за очите.
|
|
alexa_1
Сениор Регистриран: 07.Април.2012 Статус: Офлајн Поени: 1378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Euridika
Dušo, reci, koliko patnje možeš podnijeti? A ti, drug mog duha, zbog koga sam se gazeci tvrdu koru zemlje survala tri puta dole u duboku dubinu - zbog mene koliko patnje možeš podnijeti? Izbljuvana iz grotla sramote iz beznadnog, užarenog pijeska tvoga bespuca, srušila sam se u gorko-slani vir uzburkanog mora tvoja patnja me je poput mora preplavila i bol i smrt su do kosti prodrli. Nježna pjesma, tihi potok frule da l' ce povratak donijeti? Jer tebe je moja tamna smrt poput mora preplavila. Da l' ceš me nazad dovesti? Živ do dna pakla si tonuo da bi me snagom tihe pjesme izbavio, mene, koja je u tebi živjela, umrla i potonula zbog mene koliko patnje možeš podnijeti? Beney Zsuzsa |
|
Човек гледа добро само со срцето, најсуштественото е невидливо за очите.
|
|
Omar
Сениор Too young to die... Регистриран: 22.Февруари.2009 Статус: Офлајн Поени: 12633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Секогаш кога ќе ги прочитам овие стихови ми се ежи кожава:
Do not stand at my grave and weep; I am not there. I do not sleep. I am a thousand winds that blow. I am the diamond glints on snow. I am the sunlight on ripened grain. I am the gentle autumn rain. When you awaken in the morning's hush I am the swift uplifting rush Of quiet birds in circled flight. I am the soft stars that shine at night. Do not stand at my grave and cry; I am not there. I did not die... |
|
alexa_1
Сениор Регистриран: 07.Април.2012 Статус: Офлајн Поени: 1378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Liši me vida: gledaću tvoj lik,
zapuši uši moje: slušaću te, onemi me: al' zvaću te kroz krik, bez nogu još ću k tebi naći pute. Slomi mi ruke: hvataću te srcem; zaustaviš li srce meni, sam moj mozak tad će kucati i bdeti; a ako mi i mozgom užgaš plam - na krvi svojoj ja ću te poneti. Rilke |
|
Човек гледа добро само со срцето, најсуштественото е невидливо за очите.
|
|
alexa_1
Сениор Регистриран: 07.Април.2012 Статус: Офлајн Поени: 1378 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Oprostajno pismo G.G.Markesa
Zaljubljen u ljubav Kad bih imao jedan komadic zivota, dokazivao bih ljudima koliko grese kad misle da prestaju da se zaljubljuju kad ostare a ne znaju da su ostarili kad prestaju da se zaljubljuju. Kad bi Bog za trenutak zaboravio da sam ja samo krpena marioneta, i podario mi komadic zivota, moguce je da ja ne bih kazivao sve sta mislim, ali nesumnjivo bih mislio sve sto kazem. Stvari bih cenio ne po onome sto vrede, vec po onome sto znace, spavao bih manje, sanjao vise, shvatio sam da svaki minut koji provedemo zatvrenih ociju, gubimo sezdeset sekundi svetlosti. Hodao bih kad drugi zastanu, budio se dok ostali spavaju. Slusao bih druge kad govore, i kako bih uzivao u sladoledu od cokolade. Kad bi mi Bog poklonio komadic zivota, oblacio bih se jednostavno, izlagao potrbuske suncu, ostavljajuci otkrivenim ne samo telo, vec i dusu. Boze moj, kad bih imao srce, ispisivao bih svoju mrznju na ledu i cekao da izgreje sunce. Slikao bih Van Gogovim snom na zvezdama jednu Beneditijevu poemu, a Seratovu pesmu bih poklanjao kao serenadu u casu svitanja. Zalivao bih ruze suzama, da bih osetio bol od njihovih bodlji i strastveni poljubac njihovih latica. Boze moj, kad bih imao jedan komadic zivota... Ne bih pustio da prode nijedan jedini dan a da ne kazem ljudima koje volim da ih volim. Uveravao bih svaku zenu i svakog muskarca da su mi najblizi i ziveo bih zaljubljen u ljubav. Dokazivao bih ljudima koliko grese kad misle da prestaju da se zaljubljuju kad ostare, a ne znaju da su ostarili kad prestanu da se zaljubljuju. Deci bih darovao krila, ali bih im prepustio da sama nauce da lete. Stare bih poucavao da smrt ne dolazi sa staroscu vec sa zaboravom. Toliko sam stvari naucio od vas, ljudi... Naucio sam da citav svet zeli da zivi na vrhu planine, a da ne zna da je istinska sreca u nacinu savladavanja litica. Shvatio sam da kad tek rodeno dete stegne svojom malom sakom, po prvi put, prst svog oca, da ga je uhvatilo zauvek. Naucio sam da covek ima pravo da gleda drugog odozgo jedino kad treba da mu pomogne da se uspravi. Toliko sam toga mogao da naucim od vas, premda mi to nece biti od vece koristi, jer kad me budu spakovali u onaj sanduk, ja cu na zalost poceti da umirem. |
|
Човек гледа добро само со срцето, најсуштественото е невидливо за очите.
|
|
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
.....И ќе го забранам имeто твое да се спомнува околу мене.
А ќе те сакам. Дур сум жив ќе те сакам. И нема никогаш да ти кажам пак. Да чуеш од моја уста или глас. А ќе ме гледаш. Ќе ме гледаш... D.L |
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
|
Внеси реплика | страница <1 6263646566 67> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |