|
Студентски Марш |
Внеси реплика | страница <1 45678 17> |
Автор | |||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Кога во некогашна "народна" Југославија имаше само една "народна" партија (бидејќи секоја друга беше "ненародна") предност за запослување, особено за најдобрите и најважните позиции беше имањето партијска членска книшка. И најголемиот број луѓе се зачленуваа токму поради тој факт. Луѓето го прифатија тој начин на живеење како норма на времето. Кога Македонија се осамостои како држава секоја партија која беше во позиција си продолжи со таа пракса за да си обезбеди што поголем број членови и подршка меѓу народот кој веќе беше навикнат на некогашниот терк на вработување. Луѓето го прифатија тој начин на живеење како норма на времето и како некаква веќе заживеана традиција. Луѓето прифаќаат и го одржуваат во живот оноа што во моментот сметаат дека ќе им донесе некаков бенефит не гледајќи какви последици тоа носи во општеството, особено во неговата иднината. Но, кога нештото ќе заживее и ќе пушти длабоки корени, кога луѓето од него очекуваат дивиденти поради повеќегодишното инвестирање време, пари, врски и начин на живеење, тогаш никој не сака туку-така да се откажи од оноа што го со години го очекувал како плод за својата иднина. Иако сите го осудивале и го осудуваат партијското членство и купувањето дипломи како услов за вработување, во пракса ниту еден не сака да се откажи од тој начин на битување бидејќи на тој начин инвестицијата во иднината би му пропаднала. Би му попаднале сите оние години трчање по партијски состаноци, лепење плакати, собирање по конгреси, митинзи и улични протести, би му пропаднале и оние пари и канти со сирење поделени во професорските канцеларии. Би останал и без работно место… и без диплома… и без пари… и без време да започне нов живот поставен на нови вредносни норми. А штом е така, тогаш зошто би прифатил било каква општествена реформа од било кого и во било кое време ??? Изменето од Messenger - 13.Декември.2014 во 17:26 |
|||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Првиот дел на постот не е вистина. Незнам колку си возрасен, ама идеолошката подобност можеби била важна на самиот почеток по војната. И тоа делумно, само за раководните позиции. Со текот на времто овие киртериуми попушатле, да до самиот крај на распадот и воопшто небиле важни. Јас кога се вработував, никој не ми побара да докажам дека сум член на нардоната партија. Ниту пак некогаш сум бил! Туку од секогаш важело она, ова е НАШЕ ДЕТЕ! Да не ги политизирме работите непотребно. Туку за разлика од мене, гледам по јавните функции, луѓе кои и биле предани на народната партија, а сега се предани на некои нови вредности и идеали! Патем и таму каде што си ти, идеолошката подобност е критериум кој наголемо се применува. Ако ништо друго барем во високите кругови, таму каде што стратешките и извршните функции, несмеат да им бидат дадени на луѓе кои не се НАШИ ДЕЦА! Изменето од Platenik - 14.Декември.2014 во 01:41 |
|||||||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||||||||
Platenik
Сениор Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
ВО ВРСКА СО СТУДЕНСКИТЕ ДЕМОНСТРАЦИИ
https://www.youtube.com/watch?v=9prXuNeRVVA И после ќе рече некој ние сме имале проблем со бразованието?! Туку власта нека не се обидува отворената рана (образованието) да ја лекува со фластери (екстерно тестирање).Нека се обиде да ги најде корените на проблемите и грешките кои ги направија кога сметаа дека квантитетот ќе резултира во квалитет. Нека ми простат, ама Македонија нема ниту човечки, ниту интелектуален, ниту пак економски потенцијал да поткрепува високо образовни институции во секое селце и градче. Згора на тоа неможе бивши заставници, ѕидари......да бидат фактори кои ќе ја создаваат идната интелектурална елита на Македонија. Сигурно не, кога нема јасни и прецизни китриуми, односно услови под кои некому ќе му биде дозволено да се бави со оваа балгородна, општествена дејност. Приватни институции, да, но мотивот треба да биде квалитетот, а не профитот! Прозиведниот квалитет, подоцна, ке треба да резултира во финасиска корист! Фластерот, за мене, е индикатор дека власта се сомнева во систмот на образование која самата го креираше, па сега наместо по коњот ќе удира по самарот. Дали ова значи дека одговорните не се во состојба да си ги признае грешките и ги соочи консеквенците од лошата реформа во образованието во изминативе 10-15 години?! Изменето од Platenik - 14.Декември.2014 во 01:45 |
|||||||||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
студентите се само колатерална штета, кои со учење или со други средства, пак ќе го завршуваат факултетот, само што со ова им се отвара многу повеќе работа и се трошат повеќе пари... нешто што не го заслужил лично секој студент посебно да го носи на грб ...и да, за одредена политичка елита да носи идеи, треба истите тие идеи да ги поддржува со кредибилитет... така барем предлогот би имал смисла и полесно би го прифатил, и мислам дека дури и на тебе не ти е логично некој ако не дипломирал на чисто, да те тера тебе да дипломираш на чисто туку проблемот е друг, не знам колку си запознаен со тоа како функционира ЕКТС, затоа што, работата е многу покомплицирана од едноставно полагање на испит, проблемот е во системите и во другите стратегии кои се засегнати од образованието, не се совпаѓаат, и фактички, на еден недоквакан систем, се накалемува друг недоквакан систем, за кој сум скоро сигурен дека ќе има многу дупки... подетално ќе објаснам во уште еден пост |
|||||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Веројатно сум повозрасен од тебе… што можеби и не е за фалење. Да, скоро до крајот на некогашна Југославија беше многу важно луѓето кои доаѓаа на поважни позиции да бидат партијски членови. За оние подолни позиции имаш право… со време тоа се разводени… а и не можеше да се вработуваат само луѓе со членски книшки. Повеќето луѓе беа без нив. Па и сега, не се вработуваат само оние кои се партијски членови. Едноставно тоа не е возможно од повеќе аспекти и токму затоа постојано се бунат оние партијски војници кои гледаат како другите добиваат работни места наместо нив. И да, точно е дека и кај мене високите позиции се резервирани за "нивните" деца. Едноставно не се допушта на такви важни и одговорни фотељи да седнат луѓе кои би ги компромитирале востановените вредности и критеријуми. Така е насекаде. |
|||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
текстов не е мој, ама доловува голем дел од ситуацијата, а има и други проблеми:
Прво, како ќе го ‘спојат‘ тој таканаречен испит (екстерен или државен, исто .... само различно пакување) со ЕКТС системот - кој и самиот уште не е целосно имплементиран на сите факултети, дали поради одбивноста на дел професори или недоволно познавање на неговите карактеристики. Второ, автономијата на универзитетите. Ќе ги спомнам овде и професорите и генерално нивната безгласност.Секоја чест за неколкумината кои јавно се изјаснаа против, исто и Правниот факултет при УКИМ. Дојде време студентите да се борат за автономија на универзитетите без поддршка од професорите.Се борат и во име на професорите, да не им го потценат интелектот - иако ова е делумно дискутабилно за дел професори, баш тие поради кои факултетите се поврзани со термини како мито, корупција, непотизам. Трето, зошто проблемите кај нас секогаш се решавале после некоја ‘ситуација‘, а не со превенирање и секогаш најмногу имал дополнителна штета веќе првобитно оштетениот.Имаш лошо образование (Министерство, факултети, професори, лоши материјали и недостаток од истите, нула пракса) и на крај пак ќе испаднат студентите жртвено јагне. А не корумпираните професори кои користат не свои трудови туку туѓи материјали (често и на странски јазици и од некои други времиња), просветни инспектори, или министри со дискутабилна диплома. И прашање е во случај да е воведен таков испит, колкава е веројатноста дека истите овие горенабројани нема да продолжат со исто темпо? Четврто, двајца родители одвојувале огромен дел од нивниот мизерен семеен буџет за преживување на нивниот студент во друг град (едно 2000 евра на годишно ниво), тој положил се до втора година со убав просек и на крај добиваш нов шамар од некаква комисија со дискутабилна компетентност - си паднал на државен испит и немаш право да го продолжиш образованието со само 3 недоволно погодени одговори.Три од пет прашања за поминување, кои се ни еден процент од дотогашниот материјал.После ова, државниот испит можат да го крстат Државна лотарија. Петто, со најмали и нејасни реченици е наведено и државен испит после магистратура и докторат.Ако продолжиме во тој стил, следно ќе е државен испит за брак. И една забелешка во врска со поделбите приватни - државни и УКИМ - другите универзитети.Не е се црно - бело. Предност кај приватните е праксата и условите за студирање, кај државните процентот е околу нула пракса.Од друга страна на крај ако имаш огромна среќа за интервју за некаква работа, предност имаш со државен факултет... Друго, веројатно добар дел приватни се подобри од на пример државниот ФТУО во Охрид - претпоставувам тука еден од членовите мислеше на ‘дел факултети од УКЛО‘.Мојот факултет на УКЛО имаше барем 50% исти професори со неговите еквиваленти на УКИМ и УГД.Не верувам дали истите професори држат различен критериум и настава на различни универзитети, ама имаше различен систем форсиран од самите факултети (УКИМ/УГД заокружување прашања, УКЛО во најголем дел тематски систем). Нормално и обратни случаи каде доста приватни факултети се смешка во однос на државните или и други приватни. Исто озбилно прашање е зошто ги форсираа средношколците да запишат факултет? Дека ќе најдат полесно работа или реално да добијат институции и приватни фирми изговори и уцени од типот ‘епа сега секој е со факултетска диплома‘, квалитетот е разводнет, се отворија ванаби факултети во секоја можна зграда и сега имаш огромен број дипломирани и невработени без перспектива во земјава. Од една страна викаме се запишале огромен број студенти онака за тепање време, ама на почеток на 18-19 години се лажат со подобра иднина ако добијат една диплома плус, се дури не добијат шамар од реалноста па им е сеедно дали, кога и со каков просек ќе завршат. Јас сум за поинакви реформи.Една од најголемите утки е слаба, скоро непостоечка можност за практична работа во текот на студиите. Нека работат студентите во летниот период (или пола работно време паралелно со студии) пракса во фирми по нивна струка и нека бидат фирмите обврзани да ги платат, со можност да бидат платени дел од нивните студии од таа пракса. Со ова ем фирмите ќе се обврзани да воведат реална, а не кафетерија пракса и ќе им е однапред инвестиција во кадар за во иднина, кога по потреба за работно место ќе добијат во добар дел спремен работник, запознат со условите во идното работно место. Алкалоид и Витаминка веќе работат со стипендирање, ги пратат тие студенти во тек на студиите, па после добар дел и се вработиле.Посебно првите. И да гледаме каков кадар ни е потребен. - Не е нормално секоја година во Охрид да ваѓаш по 50-100 дипломци на царина, а граничните премини се исти на број - По 2-3 илјади економисти на сите универзитети, а гледаме економијата на какво ниво ни е - Во Битола имаше и Факултет за јавна администрација , мислам дека неговото постоење е смешно со оваа гломазна и нефункционална администрација. Нас ни фалат медицинари, истовремено квотата за запишување е најмала на тие факултети, а огромен дел од веќе постоечкиот кадар отиде во странство.Зошто нејќат да работат волонтерски за мизерни 5000 месечно, а потрошиле 7 години студирање.IT работници исто секогаш се во недостиг, па општо техничките струки.Па еден Факултет за енологија и вински туризам во Кавадарци (најсериозно)... Ова со испитот е само дел од купот проблеми во образованието, овие се многу дополнителни работи.А образованието е дел пд поголем куп проблеми. и бидејќи има луѓе кои викаат дека не се знаело што е предложено како државен испит, и студентите не знаеле за што протестираат: концептот во кој е замислен Државниот е: - Државнито испит ќе се полага на крајот од втората и крајот од четвртата година - Право на полагање на државниот испит после втората година имаат само студентите што ќе ги положат сите предмети од првата и втората година што значи доколу не положиш само еден предмет од втората година нема да можеш навремено да го полагаш државниот испит, а со тоа немаш право да запишеш трета година најмалку една година - Доколку студентот не положи државен испит тој има право да го полага во вториот рок, по неколку месеци што значи ќе го испушти рокот за упис на трета година - Полагањето на државен испит се поклопува со испитен рок што значи дека на студентите ќе им стојат два испитна рока наместо три - Резултатите од државниот испит нема да имаат никакво влијание ниту врз крајната оценка, ниту по професорот со што се поставува и прашањето "зошто всушност се воведува државниот испит?" - Државен испит ќе има и за постдипломски студии и докторски студии што е навистина смешно, како докторант ќе полага државен испит? Иначе ако ги прашате студентите тие ќе ви кажат дека се сложуваат: - Со регулација на Универзитетите т.е. намалување на државните и приватните универзитети во Македонија - Намалување на квотите и истовременот зголемување на квотите на дефицитарните струки - Зголемување на критериумите за упис на факултет - Намалување на квотите на постдипломски студии и зголемување на критериумите кои треба да се исполнат за упис и за магистрирање (во последните години има енормно зголемен број на студенти кои магистиррале и докторирале и тоа со многу смешни и аматерски изработени дисертации) - Целосно имплементирање на ЕКТС системот |
|||||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Образовнот систем не е креација од оваа власт, но дефинитивно на почетокот беше подржан од неа. Проблемот е втемелен од Југославија кога привремено решение за невработените беше најдено во ширoко отварање на универзитетските врaти. Тогаш беше лансирана и соодветна демагогија - никому не смее да му се ускрaти високотo образование. Целта беше притисокот за вработување од ниско и средно образованите кадри да се оддолжи за најмалу 5-6 години колку што би траело високото дообразување. Се разбира, уште поголемиот проблем на вработување високообразувани кадри никому не му пречеше бидејќи сите мислеа оти тој ќе падне на туѓ грб, на оние кои ќе дојдат со новитe мандати. Оваа влада, наследувајќи стотици иљади невработи од претходната позиција, кои останaа без своите работни места поради катастрофално водената политика и економија, плус иљадниците нови средно, вишо и високо образувани млади кадри, се обиде да најде здив во отварањето високи школи дисперзирани низ сета Македонија. Филозофијата беше како и онаа југословенската - немате работа, ама затоа користете го времето да се дообразувате. Се обиде да се добие тајм-оут додека се обезбедaт странскитe инвестиции. Во сета таа пресметка се заборави дека co вака креираната башибозук-едукација ќе се дојде до башибозук просветен кадар и башибозук образувани луѓе кои сега на тие основи ќе ја планираат својата иднина. И сега се наоѓаме пред Сцила и Харибда, пред змија и магаре. А за арното на сите еден ден некој, кој навистина ја сака оваа земја и иднината на овој народ, ќе мора да го јаде стапот и да пресече таму каде што најмногу боли. Изменето од Messenger - 14.Декември.2014 во 15:47 |
|||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Текстов можеби ти звучи здрав и логичен, но како целост не е баш таков…
Владата јавно вели оти дадена е само предлог идеја, а не некаков конечен план и решение за некаква егзекуција и дека за истото ќе се дискутира и ќе се најде соодветна формула, уште повеќе што сите се сложуваат дека на образованието му треба ремонт.
Образованието е незвисно, но е под надлежност на државата и таа не само што има потполно право да го усмерува и контролира, туку има должност да го прави тоа. Tака е во сите држави и нашата не е ништо посебно од другите. Независноста на професорите и установите не подразбира "јас ќе предавам што сакам , ќе користам критеријуми кои ги сакам и никој не смее да ме провери и евалуира".
Нештата во секое општество работат на тој принцип. Pетко се решава со превентива, а најчесто ОТКАКО проблемите ќе се појават. Работата е што до тогаш никој не може да гарантира дека евентуалната понудена превентива е базирана врз вистинcка потреба или е само претпоставка која никогаш нема да се реализира. Ниту една држава, вклучувајќи ги и оние најбогатите немаат капацитети превентивно да реагираат на сите ПРЕТПОСТАВЕНИ и ПОСОЧЕНИ проблеми. Ова го имам безброј пати видео и во мојот дел на светот, оној кој сите ние го посочуваме како идеал кој треба да се копира и да се следи. На пример, колку пати сме посочувале дека на одредени делови од патиштата, кои не се соодветно одбележани, има сериозна опасност од несреќи… но никогаш превентивно не се превземало додека НАВИСТИНА не се случи некаква несреќа и така не ја докажи исправноста на повикот за превентивност. Во конкретниов случај, студентите не се жртвено јаре, освен доколку не се сметаат за тоа и оние студенти кои се соработници во корумпираниот систем на расипаните професори. За немањето симпатии кон таквите професори, а со тоа и за посочените студенти, јавно се изјаснува и пишувачот на текстот, така да тука сметам дека никој нема примедба.
Несоодветно направените инвестиции не се гарантирани од никого и сите тие подлегнуваат на тестот на животот и времето. Зарем потрошните пари за минување на времето на универзитет на кој професорите делеле позитивни оценки и дипломи за мито наместо за знаење треба да се некаква гарантирана инвестиција ??? Постои измамник, измама и измамен… измамникот ја плете измамата и му ја понудува на оној кој треба да се измами како некаква сигурна лото-премија. Измамениот точно согледува дека тоа е измама, но се фаќа на неа бидејќи смета дека ќе го измами измамникот или следниот после него и дека така ефтино ќе профитира. За жал, реалноста е нешто друго… и потоа некој трет е крив, нели?
Сепак се работи за идеја која треба да се предложи и да се расправа околу неа. Hа страна бракот, останатото не е ништо надвор од вообичаната светската практика. Низ тоа имам минато и јас во некогашната Југославија.
Не навлегувам во тоа кој универзитет е подобар, а кој полош… иако самиот пишувач на текстот потврдува дека има установи кои се смешки од образовни установи што во суштина е најдобар аргумент за проверка на студентското знаење преку државен испит за СИТЕ установи без обзир кои професори предаваат на нив..
Не сум забележал дека некој некого форсира за запишување на факултат, додека сум постојан сведок кај мене и во Македонија каде се советува дека во денешно време средното образование, па дури и универзитетската диплома не е никаква гаранција за вработување доколку евентуално не е од највисок степен и од бранша за која се има потреба. Уште повеќе, факт е дека и кај мене и во Македонија има ноторен недостаток на занаетчии и средно стручни профили. За мајстор, почнувајќи од оџачар, па преку плочкар, водоводџија и електричар, треба да бараш луѓе со денови, а ако ги најдеш треба да чекаш по месец дена да ти дојдат на работа и да ги платиш буквално колку што ќе ти побараат. И ова го говорам од лично искуство. За рeновирање на станот во Македонија требаше двојно да ги платам мајсторите за да ги чекам само недела дена и да ја завршат работата на време… и не говорам за завршување навистина како што треба. Кога видов во каква куќа живее едниот нив се шокирав од нејзината големина и раскошност. Истото се случува и во мојот дел на светот. Нo, кај младината денес воопшто не е cool да се биде занаетчија или мајстор од било каков вид и сите сакаат да бидат државни бирократи и покрај тоа што на собранијскиот телевизијски канал, како и на приватните телевизијски станици постојано одат државни известувања кои кадри се потребни во општетсвото. Токму околу ова разговарав со еден пријател оваа година во Македонија. Детето му заврши средно училиште и се мислеше каде да продолжи… му реков дека во Македонија имаме правници и економисти доволно да го задоволиме сиот Балкан за следните 100 години и доколку детето сака навистина да учи тогаш најдобро би било да продолжи на еден од факултетите кои секојдневно се препорачуваат од државата… и после недела дена ми рече дека син му се запишал на економија бидејќи сите пријатели му отишле таму! Go figure !?!?! О да, гарантирам дека после 4-5 години и тој и син му ќе излезат на улица протестирајќи дека потрошиле "толку и толку пари" и дека државата е крива што детето нема работа.
За ова се сложувам и веќе нешто коментирав… но тoa спаѓа во друга тема (реновирање на школскиот ситем) и истото е комплементарно, а не го елиминира државниот испит како контрола на квалитетот на школувањето и стекнатото знаење на студентите.
За ова веќе коментирав и сега само би дополнил дека истото не е единствено проблем кој треба да го решава државата (таа тоа го прави со постојано јавно известување на учениците кои струки се дефицитaрни, а кои суфицитaрни), туку и со личната одговорност на самите студенти и нивните родители. На крајот до нив останува дали, кој и каде ќе продолжи со студиите. Не може да се окривуваат други за нашите лични постапки. Ултимативно, само ние одговорараме за себе.
Се сложувам 100% и верувам дека СИТЕ се сложуваат со оваа констатација. Но исто така 100% сум сигурен дека сите ќе се сложат оти треба да се почни од некаде бидејќи невозможно е да се почне одеднаш одсекаде.
Сметам дека сите знаеме оти постои само идеја за овој државен испит кој ќе треба да се стави на разгледување, дискутирање и дефинирање. Тука е местото каде што ќе треба да се изнесат сите релевантни аргументи и да се дојде до најпогодно решение за неговата имплементација. Со повеќето согледи се согласувам… како што сум убеден дека сите се согласуваат оти дефинитивно треба да се почне од некаде. На крајот, најмногу ми се допаѓа што ги оставаме празните излитени партијски пароли и поентирања позади нас и се фокусираме на реалните секојдневни проблеми кои мора што побрзо да се решат од било која влада. Изменето од Messenger - 14.Декември.2014 во 17:59 |
|||||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
1. Владата вели, ама владата и лаже... ова што е пишано дека е дадено како предлог, е дадено како предлог, и беше дадено како такво пред два месеци... не мора да чекаш детален план да ти донесат за да не се согласиш со идеја и концепт... ова е класично мотавање со јавноста, ај да речеш дека пред две години било па сите заборавиле, ама предлогот се даде пред два месеци
2. Не треба да се дава потполна слобода на професорите, ама не треба ни да им се ускратува... златна средина... затоа постојат правни системи и во образованието и професорите можат да се контролираат преку нив, и за што не е потребно целосно стандардизирање на образованието, туку стандардизирање на системот по кој функционира факултетот 3. Ти ја сфаќам поентата за реформите, знам што е реформа и дека во некој момент од политичката историја се донесува, без разлика на минатото... НО, образованието веќе беше реформирано во текот на владеењето на моменталната влада, преку воведување на ЕКТС системот... како што ти пишав претходно, на еден недоквакан систем се накалемува нов, наместо комплетно да се смени системот, или да се уреди постоечкиот плус, говориш за новиот систем како да тој ќе е имун на мито, корупција и останати црнила... ама баш напротив, тоа што го спомнав во претходната реченица, дозволува само повеќе да се раздлабочи сето тоа.. се отвараат дупки кои може да се искористат, прават транзициона ситуација во образованието без потреба а студентите СЕ жртвено јагне затоа што дополнително трошат време, пари и труд, на испит кои не ги засега, а можат на многу попаметни работи да ги насочат, како на пример пракса, нешто што го има во 0,005% од високото образование кај нас а мене на пример, во кредитите од ЕКТС, набројана ми е праксата која ја плаќам, а не ја добивам преку факултетот... ете гледаш сега дека не е се толку едноставно? (едит: за праксава гледам се согласуваш, ама сметај дека ако се оведе пракса на таков начин, кај одговорни и проверени фирми, од дополнителен испит нема да има потреба, затоа што испитот ќе биде самата пракса... подобра регулација на пазарот на труд, од тоа нема) 4. Има една прекрасна работа, се вика стимулација според потребите на економијата (и не се прави само со давање на пропаганди на телевизија кои никој не ги следи бидејќи никој не ги сфаќа сериозно)... како што кажав некаде претходно, кај нас најпрво не постои контролирана економија за да постои такво нешто... или кратко кажано, нема пазар на труд според кој ќе се насочува образованието... а постои простор за регулација пореку квоти, регулација преку пракса ако сакаш ова да ти биде јасно, треба да знаеш што точно направи самиот ЕКТС систем во земјава, откако се воведе... сеуште ме фрустрира за тоа што коментираш за работи кои ги гледаш од далечина... ја барем ти коментирам како апсолвент кој беше средношколец во времето кога се донесоа сите реформи на актуелната влада, ако сакаш ќе ти ја кажам и личната сторија околу тоа за да не ја водиме дискусијава наопаку од сите страни, вака како за почеток, може да ти објаснам како функционира ЕКТС и со какви полемики се соочува еден бруцош и еден апсолвент во нашиот образовен и работодавачки систем Изменето од zabegan - 15.Декември.2014 во 00:09 |
|||||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||||||
laki_bu
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Лидер Регистриран: 30.Ноември.2008 Локација: Germanija Статус: Офлајн Поени: 32100 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
http://www.dokaz.mk/ademi-vladata-tsvrsto-reshena-drzhaven-ispit-za-studentite-ke-ima-pa-makar-tsela-makedonija-izlegla-na-ulitsa/
Адеми: Владата цврсто решена – државен испит за студентите ќе има па макар цела Македонија излегла на улица– Една од новините, којашто веќе е и актуелна во јавноста се однесува на воведувањето државен испит, како механизам за верификација на академското знаење и за проверка на ефектот од она што како држава сме го вложиле во идната академска заедница. Како Влада цврсто сме убедени дека државниот испит ќе придонесе за унапредување на квалитетот на високо образовниот систем. Тоа е единствената причина за негово воведување. Сите останати тези, од типот дека со државниот испит се нарушува автономијата на универзитетите, државата сака да ги контролира професорите, да им наштети на студентите, да заработи на нивна сметка и слично, се само мит фабрикуван од одредени политички структури – рече Адеми. – Во оваа прилика би сакал да апелирам и до сите политички партии, наместо да посегнуваат по основците, средношколците, студентите, наставниците и професорите, со цел да ги манипулираат заради собирање на политички поени, да понудат свои предлози и сугестии, со што би дале придонес во имплементацијата на овој досега најкрупен пакет на суштински реформи во насока на унапредување на квалитетот на образовниот систем во земјата – додаде заменик министерот Спиро Ристовски.
|
|||||||||||
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
|
|||||||||||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Ич не ми е јасно зошто се крена толкава врева околу екстерното тестирање на студентите.
Па основците го полагаат веќе 2 години наназад, или дека се помали немаат право на глас и протест Меѓутоа, гарантирам дека со ваквото образование и ваквата наставна програма, на која безмилосно се осудени уште од прво одделение, учениците кои подоцна ќе бидат студенти ќе нема област која не ја познаваат, па и екстерното ќе им биде лесно ко боза |
|||||||||||
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|||||||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
а второ, многу полесно е да се примени државен испит за основно и средно образование, отколку за факултетите... основното и средното образование се стандардизирани, користат исти учебници и иста програма на предмети и смерови насекаде во земјата и инаку, баш поради тоа ја коментираме и глобалната ситуација, затоа што и средното образование е засегнато од тоа, а од тестови во основното училиште нема воопшто потреба, и за тоа требаше да протестира некој друг... сигурно нема дете од 12 години да излегува на маршови... |
|||||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||||||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
Да, основците и средношколците (се сирачиња), со далеку понеразвиена свест,
а очигледно и нивните родители, кои им се смешкаат на наставниците оти се од иста партија, и мора да викаат амин на секоја глупост на оваа влада, оти нели од тоа им зависи сегашното или идното им работно место. Затоа до ова дереџе сме стасани. Се додека магнетот има магнетни својства и додека Лица со лични примања се оние што имаат свој приход, а не се вработени, на пример: пензионерите, инвалидираните лица и лицата што примаат социјална помош, јас нема да верувам во ниту една образовна институција. А тоа што студентите протестирале...ќе протестираат, млади се и луди, крвта им врие годините им се кога мислат дека ќе го сменат светот...се додека не го положат екстерното, и не станат горди академски граѓани... После тоа.....е друга песна....за жал.... и уште нешто ...основното и средното образование не користат исти учебници, училиштето само одлучува од кои автори, кои учебници ќе ги користи Изменето од Gabriela_S - 15.Декември.2014 во 13:31 |
|||||||||||
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
|||||||||||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||||||||||
|
|||||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||||||||||
Внеси реплика | страница <1 45678 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |