IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Студентски Марш
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Студентски Марш

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 17>
Автор
Порака
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 01:30
и што е толку проблем ако партиите се замешани во протести? се протестира против одлуката за екстерно тестирање, а не против владата... што? не смее политичар да поддржи протест?
па дури и целосно протестот да е организиран од опозицијата, каде е тука проблемот? ...на протестот учествуваат многу, ама навистина многу луѓе, кои не се само во поголем број од сите митинзи и протести на опозицијата (кои нели, беа организирани со автобуси и со сендвичи), туку во нив учествуваат луѓе од најразни партии, вклучувајќи ги и позициските, и луѓе кои го поддржуваат протестот и се согласуваат со неговиот став... протестот беше неформално поддржан и од случајни минувачи и возачи... и ова беше само во Скопје
и сигурен сум дека власта ќе најдеше начин да ги дискредитира и исмева незадоволствата на народот, затоа што секогаш наоѓала, за жал... ама фактот дека некој цела ноќ седел буден и од 1000 луѓе барал детални информации за кого да заокружи, наместо да искористи чиста сила, како досега, кажува многу

и еве запрашајте се, зошто нема контрапротести? каде се луѓето кои излегуваа да се тепаат секој пат кога лошите мрачни соросоиди организираа протести?


Изменето од zabegan - 11.Декември.2014 во 01:32
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 01:35
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

и што е толку проблем ако партиите се замешани во протести? се протестира против одлуката за екстерно тестирање, а не против владата... што? не смее политичар да поддржи протест?
па дури и целосно протестот да е организиран од опозицијата, каде е тука проблемот? ...на протестот учествуваат многу, ама навистина многу луѓе, кои не се само во поголем број од сите митинзи и протести на опозицијата, туку во нив учествуваат луѓе од најразни партии, вклучувајќи ги и позициските, и луѓе кои го поддржуваат протестот и се согласуваат со неговиот став... протестот беше неформално поддржан и од случајни минувачи и возачи
и сигурен сум дека власта ќе најдеше начин да ги дискредитира и исмева незадоволствата на народот, затоа што секогаш наоѓала, за жал... ама фактот дека некој цела ноќ седел буден и од 1000 луѓе барал детални информации за кого да заокружи, наместо да искористи чиста сила, како досега, кажува многу

и еве запрашајте се, зошто нема контрапротести? каде се луѓето кои излегуваа да се тепаат секој пат кога лошите мрачни соросоиди организираа протести?
 

Знаеш каде е проблемот ако партии од опозиција се замешани, се губи автентичноста, сега пола македонија гледа и чита дека некои фаци што не треба да се тамо се тамо, место да се дискутира дали државниот испит е потребен или не, и кои се позитивни и негативни страни на истото.
Мешањето на опозицијата им дојде на власта како кец на десетка, и сега власта има некое оправдување дека студентите се изманипулирани.
Тука е проблемот според мене.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 01:37
Фикс поголемиот дел од оние од опозиција се професори
По тебе што треба да работи опозиција во една држава ако не и да е дел од протести,да плете чорапи?
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
Blue Scarlet Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Амазонка

Регистриран: 03.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 9011
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Blue Scarlet Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 01:39
Никогаш, ама баш никогаш досега не се случило позиција или опозиција да „изманипулира“ толкава маса на луѓе без тие организирано да бидат донесени со автобуси од сите страни на државата наша мила .... тоа и врапчињата го знаат (барем оние што не викаат ВМРО - ДПМНЕ)  голема насмевканамигнување
Lupus non mordet lupum.

Vulneratus non victus!

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 01:43
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

Фикс поголемиот дел од оние од опозиција се професори
По тебе што треба да работи опозиција во една држава ако не и да е дел од протести,да плете чорапи?
 

Нека си направи протест свој Енџи и нека протестира, а не да се шлепа за студентите и да им го упропасти искрениот протест.

Ако се способни како опозиција и сакаат да политички делуваат нека си напраат протест свој, со партиски обележја и слично и нека протстираат.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
Andjelina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Miss High Hill’s

Регистриран: 07.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 14129
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Andjelina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 01:51
овде не станува збор за способна или неспособна опозиција
ако беа способни да соберат толку луѓе уште ќе беа на власт
важно е дека денеска за разлика од некои минати студентски протести на кои патем ќе ги сечеа ноктите на орлите и гасни комори нудеа (а денес истите се на власт) се случија мирни,културни и мултиетнички протести 
студентите се разбудија и јас денеска бев горда на сите тие млади луѓе,сепак имаме критична маса
ништо друго не е важно
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 01:56
Originally posted by fiks fiks напиша:

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

Originally posted by fiks fiks напиша:

Добро е да се протестира, само не ги разбирам студентите зошто толку се против тој државен или екстерен испит.
За некој што положил 40 испити на некој факултет, не гледам причина да не положи уште еден, што ќе биде потврда дека учел.

Само денес како што гледам, овај студентски марш на студентите им го испогани опозицијата и тоа ми е дегутантно мене.
Па кој К*р бараа тамо пензионери, соросоиди, пратеници од опозиција и слично.
Не ми е јасно за што протестираа Борјан Јовановски, Фрчко, Ѓорѓе Марјановиќ( жими се мислев дека умрел ) и еден куп од истата багра, окатени до уши...смешно или трагично, не можам да одлучам.
Нај интересни ми се подржувачи на опозиција што се воодушевуваат на протестот и истото го шлапаат на фејсбук и ментално ејакулираат...алоооооо па ви докажаа децата како се прави протест кон нешто бре, не како вас, дозволивте трето класни ликови да ви водат партија и да малтретираат една држава со глупости и слично.
а зошто да полагаш уште еден испит ако си полагал дури 40 испити? и што ти гарантира дека тој испит ќе се одвива регуларно ако досега другите испити не се одвивале така? дали со сигурност ќе бидеме сите еднакви пред законите, или ќе се толчат оние што сметаат, а со полна поддршка ќе полагаат разни бели мечки?
како да им верувам на предлагачите на овој систем дека ќе се работи све под конец, ако досега огромен број од тие предлагачи и поддржувачи положиле на начинот против кој ќе се борат со ова тестирање?
некој ќе троши време за џабе да полага некој безвезно составен испит, а некој ќе го боли цев за истиот испит, така?
 

Ај вака.

Што ако тој испит носи оценка со препорака пример.
Пример, Фикс и Забеган ги положиле сите испити и сега дошле до државен.

Фикс се заебавал цел факултет, препишувал, полагал испити со слушалката во уво благодарејќи на тоа што има коса ко пуцвалд, малку бил поимашлив и овде - онде фрлил по некое еврејче и слично.

Забеган учел цело време ко будала и имал солидни оценти, не е генијалец голем али учел и научил и дошил до државен испит.

И на државен Фикс не може да препише и освојува малку поени, а Забеганиот освоил многу поени и сега има добра оценка со добра препорака од факултет до идни работодавачи и слично.

Кој е во искрена и реална предност после ова те молам кажи ми.

Што ако се донесе со идниот закон ( кој не е ни донесен,а може нема ни да се донесе) нешто вакво слично како што опишав, студентите со добар резултат на државниот испит да имаа пример предност во вработување или слично, сега си шпекулираме онака.


значи како прво, работодавачите не смеат да бидат толку глупи... вработувањето не треба да го носат само дипломите, туку квалитетот на работата што ја вршиш... може некој да има 10 дипломи, ако не работи како што треба, јас одма би го шутнал од работа
затоа и се донесоа закони за „заштита“ на вработените
второ, кој ти вика дека на држваниот не може да се препише, и дека за него нема да се фрла по некое евро ваму и таму, а некаде најверојатно нема да мора ни да се фрла, затоа што се има врски? и кој ти гарантира дека студент може истите резултати да ги даде при полагањето на испитот? технички гледано, ја може 40 испити со 6 да сум ги положил, а државниот со 10, и сега треба професорите да го јадат стапот ради мене?
токму тоа е проблемот, што тестирањата не менуваат ништо во начинот на кој ни функционира дебилново општество
екстерното тестирање ќе функционира исто како што досега традиционално функционирал секој испит, само што овдека, владата ќе има контрола врз она врз кое порано немаше моќ и контрола, а тоа се неопределените и опозициските професори, ко и наместо да ти перат мозок се трудат да те научат нешто
трето... познато ти е дека кај нас се збори дека дипломата е вредна само пред ВЦ шоља да си ја урамиш, така? што те тера да мислиш дека препораката ќе биде нешто поразлична од тоа?
затоа и пак ќе ти кажам, проблемот е во пазарот на труд и начинот на кој се вработува кај нас... ако проблемот е во тоа да имаме соодветни кадри на соодветни места, тогаш регулацијата треба а се спроведе кај работодавачите, а не во образованието
зошто би било проблем да има уште некоја регулација, ако не е проблем да постојат работни места за кои законски си приморан да имаш сертификат?

и за крај, еве да речеме дека некој од студентите има идеи за подобро да се спроведе регулација на вработувањата и образованието, каде се тие кои треба да ги ислушаат? оваа влада не е заинтересирана за да седне на маса со тие луѓе и да изнајде заедничко решение, туку е тука да тера инает и своето лечење на комплекси да го обезбеди со уште еден глуп систем
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 02:02
Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

овде не станува збор за способна или неспособна опозиција
ако беа способни да соберат толку луѓе уште ќе беа на власт
важно е дека денеска за разлика од некои минати студентски протести на кои патем ќе ги сечеа ноктите на орлите и гасни комори нудеа (а денес истите се на власт) се случија мирни,културни и мултиетнички протести 
студентите се разбудија и јас денеска бев горда на сите тие млади луѓе,сепак имаме критична маса
ништо друго не е важно

Вашно е бе Енџи, како не е важно ништо друго.
Па ти политички гледаш на протестот и бараш критична маса некоја, те молам она се студенти, а не критична маса.
За што ти треба критична маса?
За револуции дигање?

Уште веруваш во мултиетничност Енџи, немој те молам, ни постоела ни ќе постои во реалноста во македонија, мултиетничноста само на телевизија ќе ја најдеш.

Да се разбереме, не сум против протестот на студентите, ама ко ќе видам партиски ликови во протест, одма ми е нешто матно.
Пак ќе речам, тие два-триесет фаци им го зафркнаа протестот на студентите, за да покажеа дека се искрени во намерите и независно го организираат протестот, требаше цела таа група на извикани ликови да ја избркаат на клоци, е дури тоа народ ќе им шлапкаше.
Вака ко приврзок на СДСМ дојде маршот.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
fiks Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПРАВДОЉУБЕЦ

Регистриран: 18.Април.2005
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 24000
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fiks Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 02:09
Забеган, има многу акпекти ова прашање, никако не можеме да ги кажеме и добрите и лошите страни во неколку реченици.
Значи се е во план, ништо не е конечно, што би се рекло само е речено а не пресечено.
Ќе видиме што ќе биди, колку што гледам ова е важно нешто и ќе има јавна расправа а што ќе биде ќе видиме.
Јас сум да има некаков државен испит и резултатите од тоа да се земат во предвид и самиот државен испит да носи некаква препорака за тие што ќе имаат висок успех на него.
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.

Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 02:22
Originally posted by fiks fiks напиша:

Originally posted by zabegan zabegan напиша:

и што е толку проблем ако партиите се замешани во протести? се протестира против одлуката за екстерно тестирање, а не против владата... што? не смее политичар да поддржи протест?
па дури и целосно протестот да е организиран од опозицијата, каде е тука проблемот? ...на протестот учествуваат многу, ама навистина многу луѓе, кои не се само во поголем број од сите митинзи и протести на опозицијата, туку во нив учествуваат луѓе од најразни партии, вклучувајќи ги и позициските, и луѓе кои го поддржуваат протестот и се согласуваат со неговиот став... протестот беше неформално поддржан и од случајни минувачи и возачи
и сигурен сум дека власта ќе најдеше начин да ги дискредитира и исмева незадоволствата на народот, затоа што секогаш наоѓала, за жал... ама фактот дека некој цела ноќ седел буден и од 1000 луѓе барал детални информации за кого да заокружи, наместо да искористи чиста сила, како досега, кажува многу

и еве запрашајте се, зошто нема контрапротести? каде се луѓето кои излегуваа да се тепаат секој пат кога лошите мрачни соросоиди организираа протести?
 

Знаеш каде е проблемот ако партии од опозиција се замешани, се губи автентичноста, сега пола македонија гледа и чита дека некои фаци што не треба да се тамо се тамо, место да се дискутира дали државниот испит е потребен или не, и кои се позитивни и негативни страни на истото.
Мешањето на опозицијата им дојде на власта како кец на десетка, и сега власта има некое оправдување дека студентите се изманипулирани.
Тука е проблемот според мене.
тоа е затоа што на јавноста и е испран мозокот уште одамна да мисли дека партиската книшка на овие простори е библија, и покрај тоа што не е така... се форсира тоа системов да биде авторитаријански, затоа што тогаш народот е скептичен кон се и се верува дека политиката слепо се следи од страна на народот
а оригиналната поента на опозицијата е токму тоа да го поддржи незадоволството на народот, преку цивилизиран пат кој нема да предизвика револуција

мене на пример, ништо не ми менува дали протестов е официјално организиран од СДСМ, или дали во него учествуваат членови на партијата, ако ми е јасна неговата цел и поента... како прво, треба да е доволно да се искаже дека не се протестира против владата, туку против тестирањето, а тоа веќе го направија
и мислам дека нема човек што е доволно глуп да мисли дека луѓето таму, што се собрани в отолкав број, се против своја воља...
а колку што има перачи на мозок и полтрони за кои навистина книшката е библија и не почитуваат свој сопствен став, толку има и луѓе со свој став... прашање на време е само кој колку ќе биде упорен и кој повеќе ќе се исплаши

во контекст на муабетов ќе спомнам дека владата се обиде да ги намали или спречи протестите индиректно на секој можен начин, со заклучување на средните школи, приведување на луѓе кои го снимаат протестот и прекинување на телефонската и интернет мрежата... зошто да дадеме критика кон тоа како опозицијата учествувала во протестите, а не даваме критика за тоа како владата учествува во нив?

и за крај, најбитно е тоа дека проблемот не е во власта или опозицијата, проблемот е во тоа колку народот ќе може да разграничи што е добро, а што лошо за него, еднаш, барем малку, логички, без партии, националности и лични проблеми... еднаш да има малку свест
токму затоа и одбивам да учествувам на протести, иако вака од позади компјутер ги поддржувам нивните ставови... или кратко, ако народот не знае да распознае што е што и кој го манипулира, тогаш не заслужува протести и промени


Изменето од zabegan - 11.Декември.2014 во 03:34
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 02:26
Originally posted by fiks fiks напиша:

Забеган, има многу акпекти ова прашање, никако не можеме да ги кажеме и добрите и лошите страни во неколку реченици.
Значи се е во план, ништо не е конечно, што би се рекло само е речено а не пресечено.
Ќе видиме што ќе биди, колку што гледам ова е важно нешто и ќе има јавна расправа а што ќе биде ќе видиме.
Јас сум да има некаков државен испит и резултатите од тоа да се земат во предвид и самиот државен испит да носи некаква препорака за тие што ќе имаат висок успех на него.
работата е што го знам исходот од сето тоа, без разлика како ќе се спорведе тоа тестирање... тоа ти го објаснувам, како и да се спроведе, се ќе остане исто како порано со промена во тоа што вака владата наместо делумно, комплетно ќе има контрола врз се... сега наместо професор да ја оценува твојата компетентност, владата ќе биде таа која ќе го прави тоа
инаку и претходно можеше да полагаш испит и да паднеш или положиш соодветно на наученото, така? и тоа исто така е регулирано од владата... професорите не се имуни на законите, со или без екстерно


Изменето од zabegan - 11.Декември.2014 во 02:27
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 03:31
Originally posted by fiks fiks напиша:

Originally posted by Andjelina Andjelina напиша:

Фикс поголемиот дел од оние од опозиција се професори
По тебе што треба да работи опозиција во една држава ако не и да е дел од протести,да плете чорапи?
 

Нека си направи протест свој Енџи и нека протестира, а не да се шлепа за студентите и да им го упропасти искрениот протест.

Ако се способни како опозиција и сакаат да политички делуваат нека си напраат протест свој, со партиски обележја и слично и нека протстираат.
и уште нешто, како што ти кажа Анџелина, голем дел од луѓево се професори, што значи оваа промена ги засега лично... сакаш да кажеш дека професор не смее да излезе на протест само поради тоа што е активист на одредена партија?

а и не знам што расправам тука... зарем не кажува ништо тоа што од неколку илјади луѓе, протестот се оцрнува ради 30 души? значи ставот на останатите луѓе за кои нема доказ за партиска припадност, не ја засега владата... што да зборам уште?
тоа значи дека немаше да ја засега и без тие 30 души
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 06:27
Државен испит не е некаква нова измислица. Тој си постоеше и во некогашната Југославија. Како таков постои во многу држави.

Немам никаде пронајдено дека било каде се протестирало против државен испит, а не се протестираше ниту во онаа Југославија во која студенти беа токму оние белокоси политичари, новинари и пензионери кои ги пополнуваа редовите на сегашниот студентски протест.





Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Декември.2014 во 08:44
Originally posted by fiks fiks напиша:

 
Ај вака.


Фикс се заебавал цел факултет, препишувал, полагал испити со слушалката во уво благодарејќи на тоа што има коса ко пуцвалд, малку бил поимашлив и овде - онде фрлил по некое еврејче и слично.


Кој е во искрена и реална предност после ова те молам кажи ми.

Еве на ова прашање јас ќе ти одговорам без партиски испади, иако ти веќе си го одговорил самиот.
Пак ќе биде фикс во предност. Зошто? Поради тоа во болд.
И додека на запад во некоја развиена земја, забеган би бил во предност, во ова мало парче земја ти ќе го прегазиш забеган и ќе му бидеш шеф.

Не го гледајте времето на Тито, во Југославија. Тогаш работа имаше по заслуга, не го бараат старите за џабе Тито назад. 
Гледајте го образованието во западните високо развиени земји (кое што патем не ви дава многу подобро знаење од Титовото време, ама ви дава барем поконкретно знаење), нели се стремиме кон ЕУ? Како полагаат студентите во една Германија на пример, м?
Горда сум и јас на студентите, се надевам дека ќе бидат вака обединети и во иднина. Се надевам дека ќе бидат погласни и од власта и опозицијата заедно. Ама и покрај моите надежи, знам дека тие што треба да слушаат, ќе останат глуви!
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <12345 17>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,137 секунди.