|
Студентски Марш |
Внеси реплика | страница <12345 17> |
Автор | |||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
и што е толку проблем ако партиите се замешани во протести? се протестира против одлуката за екстерно тестирање, а не против владата... што? не смее политичар да поддржи протест?
па дури и целосно протестот да е организиран од опозицијата, каде е тука проблемот? ...на протестот учествуваат многу, ама навистина многу луѓе, кои не се само во поголем број од сите митинзи и протести на опозицијата (кои нели, беа организирани со автобуси и со сендвичи), туку во нив учествуваат луѓе од најразни партии, вклучувајќи ги и позициските, и луѓе кои го поддржуваат протестот и се согласуваат со неговиот став... протестот беше неформално поддржан и од случајни минувачи и возачи... и ова беше само во Скопје и сигурен сум дека власта ќе најдеше начин да ги дискредитира и исмева незадоволствата на народот, затоа што секогаш наоѓала, за жал... ама фактот дека некој цела ноќ седел буден и од 1000 луѓе барал детални информации за кого да заокружи, наместо да искористи чиста сила, како досега, кажува многу и еве запрашајте се, зошто нема контрапротести? каде се луѓето кои излегуваа да се тепаат секој пат кога лошите мрачни соросоиди организираа протести? Изменето од zabegan - 11.Декември.2014 во 01:32 |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Знаеш каде е проблемот ако партии од опозиција се замешани, се губи автентичноста, сега пола македонија гледа и чита дека некои фаци што не треба да се тамо се тамо, место да се дискутира дали државниот испит е потребен или не, и кои се позитивни и негативни страни на истото. Мешањето на опозицијата им дојде на власта како кец на десетка, и сега власта има некое оправдување дека студентите се изманипулирани. Тука е проблемот според мене.
|
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Фикс поголемиот дел од оние од опозиција се професори
По тебе што треба да работи опозиција во една држава ако не и да е дел од протести,да плете чорапи?
|
|||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|||
Blue Scarlet
Модератор Амазонка Регистриран: 03.Ноември.2009 Статус: Офлајн Поени: 9011 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Никогаш, ама баш никогаш досега не се случило позиција или опозиција да „изманипулира“ толкава маса на луѓе без тие организирано да бидат донесени со автобуси од сите страни на државата наша мила .... тоа и врапчињата го знаат (барем оние што не викаат ВМРО - ДПМНЕ)
|
|||
Lupus non mordet lupum.
Vulneratus non victus! |
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Нека си направи протест свој Енџи и нека протестира, а не да се шлепа за студентите и да им го упропасти искрениот протест. Ако се способни како опозиција и сакаат да политички делуваат нека си напраат протест свој, со партиски обележја и слично и нека протстираат.
|
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
Andjelina
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор Miss High Hill’s Регистриран: 07.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 14129 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
овде не станува збор за способна или неспособна опозиција
ако беа способни да соберат толку луѓе уште ќе беа на власт важно е дека денеска за разлика од некои минати студентски протести на кои патем ќе ги сечеа ноктите на орлите и гасни комори нудеа (а денес истите се на власт) се случија мирни,културни и мултиетнички протести студентите се разбудија и јас денеска бев горда на сите тие млади луѓе,сепак имаме критична маса ништо друго не е важно
|
|||
Никогаш не научив дали е подобро да носиш патики или штикли кога ќе тргнеш во потрага по делот од душата кој ти недостасува
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
затоа и се донесоа закони за „заштита“ на вработените второ, кој ти вика дека на држваниот не може да се препише, и дека за него нема да се фрла по некое евро ваму и таму, а некаде најверојатно нема да мора ни да се фрла, затоа што се има врски? и кој ти гарантира дека студент може истите резултати да ги даде при полагањето на испитот? технички гледано, ја може 40 испити со 6 да сум ги положил, а државниот со 10, и сега треба професорите да го јадат стапот ради мене? токму тоа е проблемот, што тестирањата не менуваат ништо во начинот на кој ни функционира дебилново општество екстерното тестирање ќе функционира исто како што досега традиционално функционирал секој испит, само што овдека, владата ќе има контрола врз она врз кое порано немаше моќ и контрола, а тоа се неопределените и опозициските професори, ко и наместо да ти перат мозок се трудат да те научат нешто трето... познато ти е дека кај нас се збори дека дипломата е вредна само пред ВЦ шоља да си ја урамиш, така? што те тера да мислиш дека препораката ќе биде нешто поразлична од тоа? затоа и пак ќе ти кажам, проблемот е во пазарот на труд и начинот на кој се вработува кај нас... ако проблемот е во тоа да имаме соодветни кадри на соодветни места, тогаш регулацијата треба а се спроведе кај работодавачите, а не во образованието зошто би било проблем да има уште некоја регулација, ако не е проблем да постојат работни места за кои законски си приморан да имаш сертификат? и за крај, еве да речеме дека некој од студентите има идеи за подобро да се спроведе регулација на вработувањата и образованието, каде се тие кои треба да ги ислушаат? оваа влада не е заинтересирана за да седне на маса со тие луѓе и да изнајде заедничко решение, туку е тука да тера инает и своето лечење на комплекси да го обезбеди со уште еден глуп систем |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Вашно е бе Енџи, како не е важно ништо друго.
Па ти политички гледаш на протестот и бараш критична маса некоја, те молам она се студенти, а не критична маса. За што ти треба критична маса? За револуции дигање? Уште веруваш во мултиетничност Енџи, немој те молам, ни постоела ни ќе постои во реалноста во македонија, мултиетничноста само на телевизија ќе ја најдеш. Да се разбереме, не сум против протестот на студентите, ама ко ќе видам партиски ликови во протест, одма ми е нешто матно. Пак ќе речам, тие два-триесет фаци им го зафркнаа протестот на студентите, за да покажеа дека се искрени во намерите и независно го организираат протестот, требаше цела таа група на извикани ликови да ја избркаат на клоци, е дури тоа народ ќе им шлапкаше. Вака ко приврзок на СДСМ дојде маршот. |
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Забеган, има многу акпекти ова прашање, никако не можеме да ги кажеме и добрите и лошите страни во неколку реченици.
Значи се е во план, ништо не е конечно, што би се рекло само е речено а не пресечено. Ќе видиме што ќе биди, колку што гледам ова е важно нешто и ќе има јавна расправа а што ќе биде ќе видиме. Јас сум да има некаков државен испит и резултатите од тоа да се земат во предвид и самиот државен испит да носи некаква препорака за тие што ќе имаат висок успех на него.
|
|||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
а оригиналната поента на опозицијата е токму тоа да го поддржи незадоволството на народот, преку цивилизиран пат кој нема да предизвика револуција мене на пример, ништо не ми менува дали протестов е официјално организиран од СДСМ, или дали во него учествуваат членови на партијата, ако ми е јасна неговата цел и поента... како прво, треба да е доволно да се искаже дека не се протестира против владата, туку против тестирањето, а тоа веќе го направија и мислам дека нема човек што е доволно глуп да мисли дека луѓето таму, што се собрани в отолкав број, се против своја воља... а колку што има перачи на мозок и полтрони за кои навистина книшката е библија и не почитуваат свој сопствен став, толку има и луѓе со свој став... прашање на време е само кој колку ќе биде упорен и кој повеќе ќе се исплаши во контекст на муабетов ќе спомнам дека владата се обиде да ги намали или спречи протестите индиректно на секој можен начин, со заклучување на средните школи, приведување на луѓе кои го снимаат протестот и прекинување на телефонската и интернет мрежата... зошто да дадеме критика кон тоа како опозицијата учествувала во протестите, а не даваме критика за тоа како владата учествува во нив? и за крај, најбитно е тоа дека проблемот не е во власта или опозицијата, проблемот е во тоа колку народот ќе може да разграничи што е добро, а што лошо за него, еднаш, барем малку, логички, без партии, националности и лични проблеми... еднаш да има малку свест токму затоа и одбивам да учествувам на протести, иако вака од позади компјутер ги поддржувам нивните ставови... или кратко, ако народот не знае да распознае што е што и кој го манипулира, тогаш не заслужува протести и промени Изменето од zabegan - 11.Декември.2014 во 03:34 |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
инаку и претходно можеше да полагаш испит и да паднеш или положиш соодветно на наученото, така? и тоа исто така е регулирано од владата... професорите не се имуни на законите, со или без екстерно Изменето од zabegan - 11.Декември.2014 во 02:27 |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
zabegan
Модератор Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
а и не знам што расправам тука... зарем не кажува ништо тоа што од неколку илјади луѓе, протестот се оцрнува ради 30 души? значи ставот на останатите луѓе за кои нема доказ за партиска припадност, не ја засега владата... што да зборам уште? тоа значи дека немаше да ја засега и без тие 30 души |
|||
размисли пред да напишеш глупост
|
|||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Државен испит не е некаква нова измислица. Тој си постоеше и во некогашната Југославија. Како таков постои во многу држави. Немам никаде пронајдено дека било каде се протестирало против државен испит, а не се протестираше ниту во онаа Југославија во која студенти беа токму оние белокоси политичари, новинари и пензионери кои ги пополнуваа редовите на сегашниот студентски протест. |
|||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
||
Еве на ова прашање јас ќе ти одговорам без партиски испади, иако ти веќе си го одговорил самиот. Пак ќе биде фикс во предност. Зошто? Поради тоа во болд. И додека на запад во некоја развиена земја, забеган би бил во предност, во ова мало парче земја ти ќе го прегазиш забеган и ќе му бидеш шеф. Не го гледајте времето на Тито, во Југославија. Тогаш работа имаше по заслуга, не го бараат старите за џабе Тито назад. Гледајте го образованието во западните високо развиени земји (кое што патем не ви дава многу подобро знаење од Титовото време, ама ви дава барем поконкретно знаење), нели се стремиме кон ЕУ? Како полагаат студентите во една Германија на пример, м? Горда сум и јас на студентите, се надевам дека ќе бидат вака обединети и во иднина. Се надевам дека ќе бидат погласни и од власта и опозицијата заедно. Ама и покрај моите надежи, знам дека тие што треба да слушаат, ќе останат глуви!
|
|||
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|||
Внеси реплика | страница <12345 17> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |