IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 26>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2014 во 13:25

Салата од грав и сланина

 

Приготвување:

Загрејте го маслото во тава на средна температура. Ставете ги ги сланината и кромидот. Повремено мешајќи, пржете ги 5 минути, или додека сланината да стане крцкава, а кромидот да омекне.

Во тавата додајте ги доматниот сос, водата, медот и сувата пиперка и убаво измешајте. Повремено мешајќи, пржете ги 5 минути, и понатаму на средна температура, или додека смесата да згусне.

Додајте го сварениот грав, убаво исцеден. Динстајте мешајќи 3 минути, или додека гравот убаво да се стопли. Додајте го магдоносот. Зачинете со сол и црн пипер. Сервирајте на тост намачкан со путер.

За вегетаријанска верзија на ова јадење, сланината заменете ја со морков или со целер.

Состојки:

2 лажици маслиново масло

3 парчиња сланина, крупно сечкани

1 мал црвен кромид, ситно сечкан

250 мл доматен сос

125 мл вода

1 лажица мед

1 лажица дробена сува пиперка

400 г грав, сварен

2 лажици сечкан свеж магдонос



Изменето од Valerija - 01.Ноември.2014 во 13:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2014 во 13:30

Брза салата од ракчиња


Приготвување:

Внимателно измешајте ги сите состојки.

Послужете ја салатата разладена.

Состојки:

250 г ракчиња, зготвени и исечкани

3-4 лажици мајонез, по вкус

2 лажички ситно рендана кора од лимон

2 лажички свежо исцеден сок од лимон

3 листа целер, ситно сечкани

1 млад кромид, ситно сечкан

половина лажичка сув босилек

половина лажичка црвен пипер

половина лажичка морско оревче

црн пипер

сол

2-3 капки ворчестер-сос

1/2 лажичка лут сос (табаско)



Изменето од Valerija - 01.Ноември.2014 во 13:30
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2014 во 13:31

Салата „Колесло“

Приготвување:

Тенко исечете ја зелката. Исечете половина морков на тенки ленти. Исто така тенко исечете ги двата кромида.

За верзијата со мајонез додајте ги мајонезот и сенфот и убаво измешајте. Додајте црн пипер по вкус.

За верзијата без мајонез, додајте неколку лажици оцет. Попрскајте со шеќер, сол и црн пипер по вкус.

Послужете веднаш.

Состојки:

400 г зелка, зелена или црвена, или и од двете

1 морков

2 кромида

За верзија со мајонез:

3 лажици мајонез

половина лажичка сенф

црн пипер

За верзија без мајонез:

оцет

шеќер

сол и црн пипер



Изменето од Valerija - 01.Ноември.2014 во 13:31
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Ноември.2014 во 16:12

Пикантно уживање: Мексиканска салата


Пикантна салата која ќе ви ги освои сите ваши сетила, а ќе ве привлече и со нејзиниот изглед.

Потребни состојки:

  • 1 конзерва црвен грав
  • 1 конзерва пченка
  • 2 главици кромид
  • 1 главица зелена салата
  • 1 лажица мед
  • сок од 1 лимон
  • 1 лута пиперка
  • 1 црвена блага пиперка
  • малку масло
  • сол

Подготовка

Исцедете ги гравот и пченката. Исечете го кромидот на кругови, а салатата на ленти.

Сите состојки соединете ги во еден сад. За прелив измешајте го лимоновиот сок со малку масло, посолете по ваш вкус, а потоа додадете ги медот и исецканата пиперка.

Посипете го преливот преку салатата и послужете со лесно главно јадење, како тестенини или пак пилешко месо. Оваа мексиканска салата можете да ја јадете и како засебен оброк. По желба, за време на подготовката можете да додадете и црвена пиперка и друг зеленчук по желба. Секако, доколку сакате салатата да ја направите покалорична додадете на крај и мајонез. 

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2014 во 10:01
11

Салата од леќа

Состојки

4 модри патлиџани, исечени на тенки ленти

маслиново масло

250гр. чери домати

1 мало чешне лук

1/4 лажичка црвен пипер

сок од 1/2 лимон

140гр. павлака

400гр. леќа

80гр. ореви сецкани

4 лажици магдонос сецкан

70гр. млад спанаќ

Постапка

Сварете ја леќата 30 мин. во тенџере со вода на среден оган. Потоа процедете ја.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте плех со масло и наредете ги лентите од модри патлиџани и чери доматите. Премачкајте ги со маслиново масло и печете ги 3-4 минути. Потоа тргнете ги чери доматите во  чинија, превртете ги модрите патлиџани од другата страна и печете ги уште 3-4 минути.

Во мал сад измешајте павлака, лук, црвен пипер и сок од лимон.

Измешајте ги во сад за сервирање модрите патлиџани, чери доматите, леќа, магдонос, млад спанаќ и ореви. Зачинете со сол по вкус и прелијте ја салата со зачинетата павлака.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Декември.2014 во 10:03
10

Салата од тиквички

Состојки:

2 средни тиквички

100 гр фета сирење

100 гр кашкавал

Маринада

3 лажици оцет балсамико

5 лажици маслиново масло

2 главички бел лук

сол, пипер и рендана кора од лимон

Подготовка:

Иситнете го белиот лук, додадете оцет балсамико, маслиново масло, зачини и малку рендана кора од лином. Добро промешајте.

Тиквичките исечете ги по должина на тенки парчиња. Потоа ставете ги во маринадата, да одстојат најмалку пет часа.

Откако убаво ќе се измаринираат, секое тиквиче печете го во грил тава неколку минути додека добро не порумени.

Тиквичките ставете ги во чинија, одозгора ставете коцкички фета сирење и изрендан кашаквал. Можете да декорирате со свежо ливче нане или ситно исечкан магданос.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2014 во 21:56

ЗИМСКА САЛАТА СО МАКАРОНИ

9

Потребни состојки:

3 др. Јогурт

1 праз

2 дл. павлака

100 гр. мајонез

10 кисели краставички

150 гр. кашкавал

150 гр. шунка

300 гр. макарони

3 јајца

Сол и црн пипер

Припрема:

Сварете ги макароните во солена вода, па исцедете ги и оставете ги да се исушат. Сварете ги јајцата и изрендајте ги на рендето.

Празот, киселите краставички, шунката и кашкавалот исецкајте ги. Во посебен сад ставете ги макароните, краставичките, празот, шунката, јајцата и кашкавалот, зачинете со сол и црн пипер и промешајте.

Салатата од макарони оставете ја да се излади во фрижидер пред послужување. Добар апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јануари.2015 во 21:32
7

Италијанска салата

Состојки:

-200 гр. тестенини

-200 гр. моцарела

-150 гр. мортадела

-200 гр. кечап

-2 домати

-1 пиперка

-2 лажици маслиново масло

-50 гр. маслинки без семка

-оригано, сол

-мешан зачин, бибер

Подготовка:

1.Тестенините сварете ги во солена вода.

2.Пиперката исечете ја на тенки стапчиња, доматот на мали коцки, маслинките и моцарелата на кругови, а мортаделата на ленти.

3.Посебно соеднинете го кечапот, ориганото и зачинете по вкус.

4.Во поголем сад соединете ги тестенините, моцарелата, доматот, пиперката и мортаделата. Прелијте ги со подготвениот сос и полека измешајте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 10:51

САЛАТА СО РИБА, ГРАВ И КОМПИРИ



Потребно е: 250 г компири, 250 г грав, 4 кисели краставички, сол, црн пипер, 250 г риба, 250 г мајонез и 50 г маслинки.

Приготвување: Компирот, гравот и рибата сварете ги одделно и почекајте да се оладат. Потоа исецкајте ги на коцки. Исецкајте ги и киселите краставички и маслинки. Посолете, сипете црн пипер, па додадете го мајонезот и добро промешајте за да се соединат сите состојки. 

Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2015 во 10:53
Салата од туна

- една конзерва туна ( употребувам сецкана туна во маслиново масло ),
- 150 гр маслинки веќе исчистени од семките ( зелени за подобар изглед на салатата),
- 1 чаша павлака,
- 4 (средно големи) варени и изрендани компири,
- мелен бибер,
- сол,
- маслиново масло.

Маслинките ситно се сецкаат, се додаваат ренданите компири и туната и се убаво се меша. Се додаваат сол и бибер по вкус, сосема малку маслиново масло и на крај се додава павлаката. Се мешаат сите состојки и се остава во фрижидер најмалку 1 час да отстои. Се декорира по желба.

П.С.: ако оваа салата не е составен дел од романтична вечера....се додава и ситно сецкан кромид.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 13:23

Брзи салати за 5 минути




Брзи салати за 5 минути

Овој период од годи­ната нашите пазари и мар­кети се пре­по­лни со свеж зелен­чук и овошје. А, све­жиот зелен­чук е основна состојка на секоја салата. Во ком­би­на­ција со неко­лку други про­дукти, малку има­ги­на­ција и желба за готвење, ќе под­го­твите салати во кои ќе ужи­вате во овие топли денови и ноќи. Ние ви пре­дла­гаме реце­пти за три салати кои се мошне едноставни.

Зелена салата со зачини

Исеч­кајте зелена салата и ста­вете ја во пого­лем сад за салата. Насе­чете мали коц­кички пре­пе­чен леб и дода­дете пар­ме­зан и малку меша­вина од масли­ново масло и оцет. Потоа, надро­бете малку лив­чиња нане, боси­лек и рот­квица. Налејте 1/3 шолја масло од кики­ритки и 2 големи лажици сок од лимета.

.

Енди­вија салата со лешници и грозје

Надро­бете зелена салата (уште подо­бро ако нај­дете енди­вија). Попр­скајте со 2 шолји гро­зје (пре­се­чени на поло­вина), ¾ шолја кршени лешници, меша­вина од масли­ново масло и оцет.

.

Салата од кељ, суво гро­зје и сино сирење

Исе­чете кељ и попрс­кјате го со по 1 мала лажица масли­ново масло и оцет. Оста­вете да омекне. Потоа дода­дете 2 рен­дани мор­кови, ½ шолја суво гро­зје, ½ шолја сино сирење, 1/3 шолја масли­ново масло, 2 големи лажици оцет, 1 чешне лук и 2 мали лажици мед.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 13:24

Серијал летни салати: Панзанела



Пан­за­нела е вку­сна салата која се под­го­твува од леб и зелен­чук. Нема топла под­го­товка и ќе ви бидат потребни околу 45 минути за да ужи­вате во неа. Потек­нува од земјата на сала­тите — Ита­лија и сло­бодно може да биде дел и од веге­та­ри­јан­ското мени.
Панзанела салата

СОСТОЈКИ (за 4 пор­ции)
• 8 кри­шки леб (може и постар)
• 4 зрели домати
• 1 рака свеж боси­лек
• 1 кро­мид, вио­ле­тов
• 1– 2 кра­ста­вици
• масли­ново масло
• вин­ски оцет
• сол и бибер

ПОДГОТОВКА
Исе­чете го лебот на коцки и нато­пете го во сту­дена вода (околу поло­вина час). Кога ќе омекне, сти­снете го со раце за да се исцеди, но вни­ма­вајте да не се распадне.

Ста­вете ге во дла­бок сад за салата и дода­дете го зелен­чу­кот (домати, кра­ста­вица и кро­мид) кои прет­ходно тенко сте ги исеч­кале. Потоа, дода­дете го ситно сец­ка­ниот боси­лек. Зачи­ните со масли­ново масло, сол и бибер и садот оста­вете го во фри­жи­дер за да се излади салатата.

Оце­тот се додава при послужувањето.



Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 13:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 13:26

Серијал летни салати – Салата од ракчиња, диња и мента



Салата од диња, ракчиња и мента
Ако во првата салата од овој сери­јал им дадовме пред­ност на зелен­чу­кот и овош­јето, овој пат ќе ужи­ваме во мор­ска храна во ком­би­на­ција со диња и мента.

СОСТОЈКИ
• 1 диња
• 450 гр рак­чиња
• 1 лажица масло
• 2 лажици јабо­лков оцет
• листови мента
• сол и бибер
• 2 лажици кисела павлака
• малку масли­ново масло

ПОДГОТОВКА
Пре­по­ло­вете ја дињата и отстра­нете ги сем­ките. Со помош на лажица за сла­до­лед, напра­вете топчиња од диња. Топките, заедно со сокот од дињата, ста­вете ги во сад во кој потоа ќе ги дода­дете и рак­чи­њата кои прет­ходно малку сте ги про­пр­жиле на масли­ново масло. Садот затво­рете го и ста­вете го во фрижидер.

Во друг, помал сад, ста­вете ги маслото, јабо­лко­виот оцет и кисе­лата павлака. Посо­лете, дода­дете бибер и сѐ добро изме­шајте. Ста­вете го сосот малку да отстои во фрижидер.

Серви­рајте топка диња со рак­чиња и полејте со лад­ниот сос кој го под­го­тивте. Укра­сете со лив­чиња мента.



Изменето од Valerija - 27.Април.2015 во 13:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Omar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Too young to die...

Регистриран: 22.Февруари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 12633
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Omar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2015 во 13:45

ШОПСКА САЛАТА ВО НЕОБИЧНА ФОРМА

zelencuk
Потребни состојки:
  • 2 домати
  • 1 краставица
  • 1 главива кромид
  • 1 лажичка оригано
  • Сол
  • Масло за јадење
  • 3 гранчиња целер
  • Ливчиња нане

Припрема:

Исецкајте ги доматите и краставицата на коцки. Кромидот исецкајте го на ленти. Измешајте го зеленчукот во голем сад, па наросете сол и додадете го ориганото.

Шопската салата поделете ја во 6 чаши па чашите превртете ги на тава на која претходно сте ставиле алуминиумска фолија. Тавата ставете а во замрзнувач 15тина минути се додека салатата не се стегне.

Извадете ги чашите од замрзивач и полека отстранете ги, откако претходно сте ја отстраниле алуминумската фолија и сте ги превртеле на чинија за сервирање. Врз секој куп шопска салата ставете по едно гранче целер и ливчиња од нане. Чинијата за сервирање попрскајте ја со маслиново масло и украсете ја со сецкани листови од нане. Добар апетит!


Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2122232425 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.