IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Mодни декорации и козметички  средства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Mодни декорации и козметички средства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 13>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 22:44

Од стар пешкир – до мек тепих за во бања… Извонредно !!!


Зошто да ги фрлате старите пешкири ??? Со малку креативност и игра на бои, можете да бидете вешт дизајнер на интересен и мек тепих за во бања… Истовремено корисен, но и со необичен изглед… За кој никој нема да претпостави дека е направен токму од Вашата рака…

Сé што Ви е потребно е:

стари пешкири

ножици

пластична мрежа со посакуваните димензии на тепихот

Постапката е следна: Пешкирите се сечат на траки долги околу 12 – 14 сантиметри, а широки 2 – 4 сантиметри. Кога ќе исечете доволно, почнете да ги врзувате во јазли за пластичната мрежа, внимавајќи при тоа да ги врзувате на растојание кое Ви се чини најпогодно за тепихот да  има густина…

И тоа е сé !!! Можете да си играте со бои или сепак за почеток да се одлучите за еднобоен мек тепих, кој ќе биде интересен нов елемент во Вашето интимно катче…

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 22:45

Како да направите мини чантичка со прстен?


Апсолутниот моден хит кој владее веќе неколку сезони околу мини-чантичките. Денес ќе ви покажеме  како на наједноставен и најевтин начин може да дојдете до уникатна мини-чантичка…

Потребно ви е:

– тврда футрола за очила

– супер лепак

– прстен за два прста

Постапката брои еден чекор доколку одлучите футролата да ја искористите во својата оригинална боја и текструра (доколку не, ќе Ви треба спреј/материјал, како и дополнителни 24 часа за сушење) – така што, чекорот се однесува на лепењето на прстенот за футролата. Внимавајте да го залепите прстенот од практичната страна и оставете да се суши еден ден. И тоа е тоа! Нова чантичка за малку време и малку пари!

.1.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 22:47
Направете домашна маст против изгореници

Потребни состојки:

3 полни лажици свинска маст

1 белка

1 мала чашка домашна ракија, по можност комова

Подготовка:

Свинската маст се пере неколку пати со студена вода. Потоа се додаваат белката и ракијата, па пенасто се мати со миксер додека да се добие компактна маса, како шлаг за торта.

Оваа маст можете да ја користите за лекување на изгоретини од сонце, од врело масло, рерна, врела вода…

Се мачка 3-4 пати во текот на денот. Ги смирува болките и не дозволува да останат лузни.

Рок на употреба: 1 година, доколку се чува затворено во тегла, во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 22:55

Рецепт за природен и делотворен дезодоранс

Ако сакате природни производи и кожата со задоволство ја негувате со она што самите сте го подготвиле, тогаш овој едноставен рецепт за потполно природен дезодоранс ќе ве воодушеви. На секоја жена и е важно дезодорансот да и овозможи целодневна заштите, а токму тоа ќе ви го овозможи овој природен дезодоранс.

Потребно ви е :

– 6 лажици кокосово масло

– ¼ чаша сода бикарбона

– ¼ чаша пченкарен скроб

– есенцијално масло од лаванда

– празен сад со капак

Постапка:

Во сад измешајте ја содата и пченкарниот скроб.

Додадете го кокосовото масло и добро измешајте.

Додадете две-три капки есенцијално масло.

Смесата претурете ја во сад со капак или празно паковање од roll-on дезодоранс.



Изменето од Valerija - 24.Мај.2015 во 14:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 22:58

Сами направете миризлива свеќа од портокал


Богатата содржина која изобилува со минерали, витамин Ц и вода, го прави портокалот крал меѓу овошјето.  Иако неговата кора не се јаде,  една убава идеја ќе ве натера добро да размислите пред да ја фрлите во корпа.

Свеќата од портокал можете да ја направите само со неколку чекори:

Потребен материјал:

-          Портокал

-          Нож

-          Маслиново масло

-          Неколку капки етерично масло од портокал, по желба

Изработка:

Исечете го портокалот на половина и внимателно одвоете ја кората од  делот за јадење. За изработка на свеќата ќе ви користи оној дел во кој има останато мал бел израсток.

Секако пазете да не ја исечете, затоа што токму таа ќе ви користи како фитил.

Во чашата од кората на портокалот ставете маслиново масло, а со маслото премачкајте го и фитилот.

Во маслиновото масло можете да ставите и неколку капки етерично масло од портокал, запалете ја свеќата и уживајте.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 23:00

Евтино и ефикасно: Направете сами домашен омекнувач за алишта!



Доколку сте решени да го “опоравите” вашиот буџет и да заштедите на некои ситници, ова е вистинската работа за вас! Направете сами омекнувач за алишта со мирис по желба!

Примените на белиот оцет во домаќинството се бројни и многу корисни, а една од најпознатите е секако тоа што ефикасно го заменува купечкиот омекнувач за алишта, секако со некои додатоци.

На вашите алишта ќе им даде свежина и ќе го истакне мирисот на детергентот, додека неговиот сопствен мирис во текот на перењето во потполност ќе исчезне. Сепак, треба да се истакне дека белиот оцет никако не смеете да го мешате со избелувач за алишта.

Ова е наједноставниот и најповолниот омекнувач за алишта:

Состојки:

– еден филџан регенератор за коса ( може и најевтин)

– три филџани топла вода

– еден филџан бел оцет

– неколку капки етерично масло по желба ( лаванда, роза, портокал…)

Подготовка:

Балсамот за коса ставете го во поголем сад, па постепено додавајте топла вода, постојано мешаќи додека состојките не се соединат. Потоа додадете го белиот оцет и неколку капки етерично масло. Мешавината чувајте ја во затворен сад (на пример мала стаклена тегла). За секое перење користете ¼ филџан.



Изменето од Valerija - 29.Ноември.2014 во 23:02
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 23:06

Домашен балсам за нега на рацете: Решете го проблемот на сува и испукана кожа на природен начин


По само неколку дена кожата станува мека и еластична, а овој домашен производ има дури и подмладувачки ефект.

Ако имате сува и испукана кожа на рацете, вистинско решение за вас е овој домашен балсам. Се подготвува многу едносатвно, има подмладувачки ефект на кожата, а сите негови предности ке ги видите многу брзо: за 3-4 дена кожата на рацете станува мека, еластична, а испуканите делови се регенерираат.

Пред третманот на кожата со оваа домашна смеса, потребно е да ги подготвите рацете за нега.

Во еден литар топла вода растворете 2 лажици сол и во овој раствор држете ги рацете десет минути. Не ги бришете рацете, туку благо тапкајте ја кожата со пешкир за да ја упијат влажноста. Потоа на ред доаѓа нанесување на балсамот.

Измешајте две жолчки од јајце, 2 лажици мед и 2 лажици масло по избор (маслиново, бадемово, ленено).

Намачкајте ги рацете и оставете го балсамот да делува 20 минути. Потоа измијте ги со вода и намачкајте ги со крем. Балсамот можете да го користите 2-3 пати дневно.

Рокот на траење на домашниот балсам е 5 дена и треба да го чувате во фрижидер.

 



Изменето од Valerija - 29.Ноември.2014 во 23:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 23:10

За блескава коса направете домашен шампон



За да си подготвите домашен шампон, имате потреба само од 3 природни состојки: 1 банана, 1 јајце и еден лимон. По желба може да додадете 1 ампула витамин Б6 или Б12, како и неколку капки етерично масло.

Излупете ја бананата. Истискајте сок од еден лимон , а од јајцето користете ја само жолчката. Сето тоа измешајте го со блендер. Потоа додадете ги витамините и маслото ако сте решиле да ги користите.

Подготвениот природен шампон се чува во фрижидер. Може да го користите на секои три миења на косата. Резултатот од него, пријатно ќе ве изненади.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 23:19


Направете сами средство за отстранување на шминка!


Ви недостасува млеко или било какво друго средство за отстранување на шминката, сакате да бидете сигурни кои состојки ги содржи или едноставно сакате да заштедите пари…

Ние имаме решение за вас: направете сами “make-up remover”!

Потребно ви е:

-малку вода,

-лажица и половина детски шампон (кој не ги надразнува очите)

-мала лажица кокосово или маслиново масло

Во сад измешајте ја водата, бајби шампонот и избраното масло, добиената смеса префрлете ја во соодветно шише и користете ја за отстранување на шминката.

Пред секоја употреба, растресете го шишето, за состојките повторно да се измешаат. Малку од смесата ставете на памук и со неа отстранете ја шминката.

А доколку користите водоотпорна маскара, пред употреба на ова средство, отстранете ја за почеток со помош на неколку капки маслиново масло.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2014 во 19:38
    1

Направете шампон за суво миење на косата во спреј


Шампонот за суви миење во спреј е спас доколку брзате за излегување, а можете и самите да го направите. Се што ви е потребно е: 1 лажица пченичен скроб, 4 лажици вода, 1 лажица медицински алкохол и неколку капки етерично масло од лаванда, мента или ванила. Исто така ќе ви е потребно и шише со распрскувач.

Состојките истурете ги во сад и добро измешајте ги додека не добиете млечно бела течност без грутки, а добиената течност истурете ја во шишето со распрскувач. Пред користење шишенцето протресете го и шприцајте на коренот на косата само колку да можете да ја расчешлате косата. Исушете ја со фен или доколку не брзате толку многу можете да ја оставите и самата да се исуши. Алкохолот и водата ќе испарат, а скробот ќе ја впие мрснотијата од коренот на косата.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Декември.2014 во 19:40
1

Домашен пилинг против испукани усни


Со доаѓањето на студеното време треба да водиме сметка за усните. Студениот воздух многу ги суши и тогаш тие пукаат. Доколку сакате веднаш во старт тоа да го спречите ви претставуваме домашни рецепти кои сигурно ќе ви помогнат.

Бадеми – Потребна ви е лажица павлака, лажица вел шеќер, лажица мелени бадеми и лажица маслиново масло. Сите состојки измешајте ги, нанесете го пилингот на усните и нежно истријте ја кожата на усните со кружни движења. Потоа усните исплакнете ги со топла па потоа со ладна вода и на крајот само исушете ги.

Лимон – Како природно средство за одстранување на мртви ќелии се одлични цитрусите. Во сад ставете лажица сок од лимон и лажица рицинусово масло со глицерин. Мешавината треба да ја нанесете на усните и да оставите да се исуши преку ноќта, па наутро само треба да ги измиете усните.

Кафе – Во сад ставете половина лажица крем или лосион, четвртина лажица свежо мелено кафе и четвртина лажица сол. Со смесата измасирајте ги усните, оставете малку да одстои и потоа измијте се со млака вода.

Мед – Медот ја чисти кожата и делува антибактериски. Ставете во сад лажица мед, кафен или бел шеќер и неколку капки вода па со смесата измасирајте ги усните. По тоа измијте ги со млака вода и нахранете ги со хидратантна крема.



Изменето од Valerija - 21.Декември.2014 во 19:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Декември.2014 во 20:36

8 начини како да ги искористите старите чорапи


Иако се доста потценети, тие се едно од основните и најпрактични парчиња облека. Нивната потреба, покрај основната, може да биде навистина разновидна и креативна.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-corapi-01.jpg

Дали и вие се прашувате што да правите со чорапата чиј пар мистериозно исчезна?

Еве 8 идеи:

1. Спакувајте шише вино

Шишето вино кое планирате да го носите кај пријателите облечете го во некоја штосна чорапа и додадете му картичка и машна. На овој начин ќе покажете дека сте вложиле посебен труд, со што сигурно ќе измамите насмевка.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-corapi-02.jpg



2. Декорирајте ги саксиите

Обичните глинени и пластични саксии можете да ги развеселите со неколку дезенирани чорапчиња.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-corapi-03.jpg



3. Исчистете ги ролетните

Искористете ја самата чорапа како крпа. Едноставно е, навлечете ја на рака и пребришете ги тешко достапните места.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-corapi-04.jpg



4. Греачи за рака

Нов моден детаљ? Зошто да не... Исечете го делот за стапалата, зашијте, додадете копчиња и комбинирајте ги со омилениот џемпер.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-corapi-05.jpg



5. Нова играчка за миленикот

Во старата чорапа ставете празно пластично шише и заврзете го горниот дел. Едноствно, а корисно.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-corapi-06.jpg



6. Направете навлаки за свеќниците

Исечете неколку парчиња и исто како кај саксиите, само облечете ги свеќниците.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-corapi-07.jpg



7. Футрола за телефон додека трчате

Ако се занимавате со било каква физичка активност, оваа идеја ќе ви користи. Исечете го долниот дел од чорапата и облечете ја на раката. Ставете го телефонот и превиткајте. Закачете слушалки и подготвени сте за тренинг.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-corapi-08.jpg



8. Букет од чорапи

Звучи смешно, но ова е одличен подарок ако одите на гости кај блиски роднини или мали дечиња. Секако, за ова ќе ви требаат нови чорапчиња кои ќе ги обликувате како ружи околу стапче за ражничи.

8-nacini-kako-da-gi-iskoristite-starite-corapi-09.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2015 во 18:34

НАПРАВЕТЕ САМИ: ШАМПОН ПРОТИВ ПРВУТ И БРЗ РАСТ НА КОСАТА

5

Со цел косата да ви биде здрава морате да ја чувате и негувате од надворешноста па се до нејзината срцевина. Освен готовите шампони, од кои повеќето нема да ви одговараат, ви нудиме решение за кое ви се потребни неколку лесно достапни состојки и малку време.

Состојки:

Пола литар благ беби шампон или шампон од коприва

Едно шишенце АД капки

Едно шишенце концентрирани капки од коприва

Едно шишенце пантенол раствор

Во посебно шише додадете го шампонот, капките и растворот, добро измешајте и мијте ја косата на вообичаениот начин.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јануари.2015 во 08:23

Направи сама: Маска за супер волумен на вашата коса


Со редовната употреба на оваа маска, вашата коса ќе стане многу погуста, но и ќе се забрза нејзиниот раст. Маската за коса на база на какао ќе ја обнови нејзината структура, ќе и даде мекост и сјај.

napravi-sama-maska-za-super-volumen-na-kosata-1

Дајте и на вашата коса вистинско спа уживање:

Рецепт:

½ чаша кефир промешајте го со 1 кафена лажичка какао и 1 жолчка од јајце.

Делот од добиената смеса нанесете го на коренот и со чешлање распоредете го по целата коса. Откако смесата ќе почне да се суши, нанесете уште еден слој, па потоа повторно уште еден. Ставете најлонска кеса на косата, а над неа пешкир и почекајте 20-30 минути. Потоа измијте ја косата на вообичаен начин.


Употреба:

Маската се нанесува на сува и нечиста коса, а за да постигнете долгорочни и видливи резултати, користете ја 2-3 пати неделно во рок од 2 месеци.

Ако маската ја користите ретко, волуменот ќе биде видлив само по употребата. Доколку ја користите редовно, косата ќе има волумен во време траење од 2-3 дена.

Совет: Доколку имате светла коса и константно ја користите оваа маска, бојата може да се промени, бидејќи какаото е природна боја за потемнување на косата. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,781 секунди.