Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Ноември.2014 во 11:41 |
За десертот да биде совршен не ви се потребни многу пари, ниту многу време. Вештините исто така се сведени на минимум, па овој рецепт може да го испробаат и почетниците. Потребна ви е само голема желба и пријатели со кои ќе го споделите слаткото уживање. Состојки: - 350g еурокрем
- 350g мелена Плазма
- Млеко по потреба
- 10 парчиња чоколадни банани
- Топено чоколадо, кокос, мелени ореви или бисквити за декорација, по желба
Подготовка: Кремот растопете го на пареа и додадете ја мелената Плазма. Со раце соединете ја смесата и по потреба додадете малку млеко. Чоколадните банани поделете ги на 5-6 дела. Како што ќе ги обликувате бомбиците, во внатрешноста на секоја ставете по едно парче чоколадна банана. За крај, потопете ги бомбиците во чоколадо или извалкајте ги во кокос, мелени ореви, бадеми, бисквити... Послужете и уживајте!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 11.Ноември.2014 во 08:44 |
Ако го сакате вкусот на чоколадото, а немате многу време за печење и правење комплицирани филови, ова е единствениот рецепт кој ви треба. Состојки: - 1l млеко
- 10 лажици шеќер
- 3 пудинзи од ванила
- 300g млечно чоколадо
- 100g бело чоколадо
- 500ml слатка павлака
- Пакетче бисквити
Подготовка: Во 200ml млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го. Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат. Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ¼ додадете во темното и светлото чоколадо. Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари. Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа остатокот од смесата со темно чоколадо. Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата. Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа. Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја. Сечете и декорирајте по желба.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Ноември.2014 во 15:49 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Ноември.2014 во 21:18 |
Состојки:
- 1l млеко
- 10 лажици шеќер
- 3 пудинзи од ванила
- 300g млечно чоколадо
- 100g бело чоколадо
- 500ml слатка павлака
- Пакетче бисквити
Подготовка:
Во 200ml млеко разматете ги пудинзите и шеќерот. Остатокот од млекото ставете го во тенџере и загрејте го додека не зоврие. Додадете го разредениот пудинг и сварете го.
Добиениот пудинг поделете го на 2 дела. Во едниот додајте го темното, а во другиот белото чоколадо. Мешајте додека чоколадото не се растопи. Оставете ги да се оладат.
Слатката павлака изматете ја со миксер, па по ¼ додадете во темното и светлото чоколадо.
Во овален калап ставете фолија, па истурете ја светлата смеса и дел од темната смеса. Благо измешајте ги додека не добиете црно-бели шари.
Нанесете ја преостанатата павлака, израмнете, па потоа додадете го остатокот од смесата со темно чоколадо.
Бисквитите потопете ги во млеко, па наредете ги врз смесата.
Тортата покријте ја со фолија и ставете ја во ладилник да се олади неколку часа.
Земете чинија или плитка тава поголема од садот во кој ја правевте тортата и превртете ја.
Сечете и декорирајте по желба.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Ноември.2014 во 08:27 |
Чоколаден ролат со банани бисквити
Вкусниот ролат збогатен со сочниот шмек на овошје е идеален за сите љубители на слатките, од најмлади до најстари.Се подготвува брзо, лесно и без печење. Потребни состојки: - 250g маргарин
- 300g мелени бисквити
- 150g шеќер во прав
- 4 јаболка
- 3 пасирани банани
- 4 цели банани
- 100g чоколадо за глазура
- 1 лажица масло
Подготовка: Изматете го маргаринот со шеќерот во прав, па додајте ги мелените бисквити. Добро промешајте и соединете ја смесата, а потоа додадете ги ренданите јаболка и пасираните банани. Соединете ја смесата, па раширете ја на фолија како тесто. Поделете ја на 2 еднакви дела, а во средината на секој дел ставете по две цели банани. Замотајте во форма на ролати и ставете ги во ладилник неколку часа, додека се стврднат. Пред послужувањето, ролатот премачкајте го со растопено чоколадо во кое ќе додадете 1 лажица масло. Декорирајте по желба.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:54
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Ноември.2014 во 18:37 |
ПЕСОК ТОРТА: ДЕСЕРТ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ, ГОТОВ ЗА 20 МИНУТИСостојки: 1 литар млеко 4 пакетчиња пудинг 330 гр шеќер 1 маргарин 200 гр бисквити 200 гр кокос 200 гр ореви Шлаг Подготовка: Ова е брз колач, готов е за 20 минути и не може да не успее! Количината на состојките секако зависи од големината на тортата што сакате да ја направите, но е важно да се сочува овој сооднос. Треба да ги сварите четирите пакетчиња пудинг, но не според упатството на производот, туку во еден литар млеко. Пудингот нека се олади и во него додадете го пенасто изматениот маргарин. Смесата поделете ја на три дела. Во едниот дел додадете кокос, во другиот ореви, а во третиот мелени бисквити. Треба да додадете толку состојки со цел пудингот да биде доволно цврст. Во соодветен сад ставете го прво кремот со бисквити, врз него кремот со кокос, а на крај тој со ореви. На крај изматете го шлагот и премачкајте ја тортата од сите страни.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Ноември.2014 во 16:04 |
Ако ви се смачи од печењето и експериментирањето во кујна, а ви се јаде нешто слатко и чоколадно, ви предлагаме да го пробате ова 5-минутно задоволство. Потребни состојки: - Путер за подмачкување
- 230g темно чоколадо
- 230g слатка павлака
- ¼ лажичка сол
- Какао
Подготовка: Земете тесен калап за печење ролати, премачкајте го со путер, па покријте го со хартија за печење. Растопете го чоколадото на тивок оган. Во друг сад загрејте ја павлаката, но не смее да зоврие. Тргнете ја и додајте малку сол. Промешајте ги двете смеси додека не добиете соединета смеса. Густата смеса ставете ја во премачканиот калап, покријте со пластична фолија и добро оладете го колачот. Најдобро е да го оставите да отстои неколку часа во замрзнувач. Извадете го неколку минути пред послужување, превртете го и посипете го со какао. Изненадете ги најблиските и уживајте заедно!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 25.Ноември.2014 во 16:16 |
KAСАТО ТОРТА (БЕЗ ПЕЧЕЊЕ)Потребни состојки: – 1 маргарин кристал – 150 гр. шеќер во прав – 2 чоколади за готвење – 3 жолчки – 500 гр. бисквити – 200 мл. млеко – 200 гр. сецкани ореви – 200 гр. сецкани желе бомбони – 100 гр. суво грозје прелиено со 1 лажичка рум – 100 гр. кокос – 100 гр. сецкани крем банани Подготовка:Ставете го маргаринот да се растопи и додајте го шеќерот во прав и една чоколада. Кога ќе се излади ставете ги трите жолчки и промешајте. Бисквитите скршете ги на ситни парченца и попрскајте ги со ладното млеко. Додајте половина од оревите, крем бананите, кокос, желе бомбони, суво грозје и мешајте заедно со половина од смесата со растопениот маргарин и чоколада. Потоа додајте ја уште половината од намирниците и смесата. Ставете на кутија за торта и формирајте облик по желба. Оставете ја да се олади 1 час и потоа на пареа стопете 1 чоколада па посипете ја тортата и вратете ја повторно во фрижидер.
Изменето од Valerija - 05.Април.2018 во 21:55
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Ноември.2014 во 09:04 |
Рум штанглите дефинитивно се наједноставните, но највкусни колачиња кои ни го одбележаа детството. За среќа, сега може да ги подготвите во домашни услови, без комплицирани постапки и скапи состојки. Одвојте 20 минути за нивна подготовка, а потоа уживајте со денови. Состојки: - 300g компир
- 300g мелени бисквити
- 200g темно чоколадо
- 140g маргарин
- 200g шеќер во прав
- 1 лажица какао
- 2 лажици рум (може да додадете и повеќе, по желба)
- 1 лажица масло
Подготовка: 1 чекор: Сварете го компирот, исцедете го и испасирајте го додека не добиете пире. Додајте му 100g чоколадо и 100g маргарин. Мешајте додека не се растопат од топлината на компирот. Додадете ги мелените бисквити, шеќерот во прав, какаото и 2-те лажички рум. 2 чекор: Формирајте тенок колач кој ќе го сечете на парчиња со дебелина од 2 сантиметри или обликувајте ја смесата со калапи. Оставете ја во ладилник додека го подготвувате преливот. 3 чекор: На тивок оган растопете го преостанатото чоколадо и 40g маргарин. Додадете 1 лажица масло и добро соединете ја глазурата. Извадете ги рум штанглите и прелијте ги или натопете ги во чоколадото. Ставете ги на послужавник и вратете ги во фрижидер уште 1 час. Не заборавајте да споделите со нас дали го погодивте вкусот!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 27.Ноември.2014 во 17:02 |
БИСКВИТ ТОРТА СО ОРЕВИПотребни намирници: 3 пакетчиња бисквити 200 мл млеко 100 гр ореви 750 мл млеко 200 гр шеќер 2 јајца 2 супени лажици брашно 1 пакетче ванилин шеќер Млекото (750мл) треба да зоврие. Се додава шеќерот и се меша додека се раствори. Брашното се меша со јајцата (2) и ванилиниот шеќер. Во тоа се додава и млекото со шеќерот и се меша постојано додека се добие крем. Бисквитите се кршат и со нив се покрива дното на садот за печење. Се поливаат со млекото (200мл) и со кремот се прави втор слој. Потоа повторно еден ред кршени бисквити, па слој од кремот се додека имате материјал. На крај се завршува со слој крем и мелени ореви.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Декември.2014 во 08:19 |
Мирисот на рум некако секогаш не потсетува на топлина во сред зима, но и на вкусни божиќни колачиња. А во комбинација со чоколадо и мелени лешници, создава слатка идила совршена за тмурните денови. Состојки: - 150g чоколадо
- 50g путер
- 150g мелени лешници, бадеми и ф’стаци (мешано)
- 2 лажици рум + 2 лажици кафеав шеќер
- 2 лажици рум
Подготовка: Чоколадото и путерот стопете ги на пареа. Додајте ги мелените јаткасти плодови и промешајте. Румот и шеќерот промешајте ги додека шеќерот не се растопи, а потоа додајте ја течноста во чоколадото и промешајте. Додајте уште 2 лажици рум, промешајте со дрвена лажица и со раце обликувајте топчиња. Добиените бомбици ставете ги да се оладат, а потоа извалкајте ги во цимет, какао или уште стопено чоколадо. Уживајте!
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Декември.2014 во 18:43 |
МИЛКА ТОРТА СО ПЛАЗМА БИСКВИТИ (НЕ СЕ ПЕЧЕ)Состојки: 12 јајца 10 лажици шеќер 375 г маргарин (едно и пол пакување) 300 г мелена плазма (едно пакување е 300 г) 600 г обични плазма бисквити 2 бели и 2 темни (обични, млечни) Милка чоколади Подготовка: Од јајцата се одвојуваат жолчките и се матат заедно со шеќерот. Смесата се става да вари на пареа да се згусне, притоа постојано се мати со миксерот. Посебно се мати маргаринот и и’ се додава на претходно оладената готова смеса од жолчки (мора да биде оладена, инаку ќе се растече многу). Потоа од белките се мати цврст снег и се додава мелената плазма. Оваа смеса се меша заедно со кремот од жолчките, па се дели на два дела. Во едниот дел се додаваат растопените бели чоколади, а во другата темните. Правоаголно длабоко тавче се обложува со алуминиумска фолија и се редат плазма бисквити натопени во млеко, не само на дното туку и од страните. Потоа се ставаат филовите еден врз друг, прво белиот, потоа кафеавиот. Повторно се редат плазма бисквити натопени во топло млеко. Се остава во замрзнувач 24h, потоа се превртува на чинија и се украсува со готов шлаг.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Декември.2014 во 18:44 |
РЕСАНА ТОРТА ГОТОВА ЗА 10 МИНУТИИ доколку не сте уметник во кујната, ќе го обожавате овој рецепт! Ќе го сакате бидејќи е толку едноставен и брз, а вкусот на тортата е фантастичен! ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: * 5 кутии ресани * 150гр маргарин * 50гр млечно чоколадо * 150мл млеко * 5 лажици шеќер * 100гр чоколадо за готвење * 1 лажица масло * по желба додадете и малку вишни, малини или јагоди НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Истопете го маргаринот и мелчното чоколадо, додадете го мелкото и 5 лажици шеќер, па се заедно мешајте на тивок оган додека не се истопи. Ситно исецкајте ги ресаните. Полиете ги со претходно подготвената смеса. Доколку ставате овошје, ситно исецкајте го и додадете во смесата. Оставете ја да се излади па ставете ја во калап обложан со фолија. Оставете ја во фрижидер неколку часа. Извадете ја од калапот и полиете ја со филот од чоколадо за готвење. По желба декорирајте со шлаг или овошје.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 08.Декември.2014 во 09:42 |
БЕЗ ПЕЧЕЊЕ: ТОРТА ОД ЧОКОЛАДНИ КРЕМ БАНАНИ ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ
Состојки: Пакетче “petit beurre” бисквити 25 чоколадни крем банани 200 мл кисела павлака 200 мл слатка павлака 200 гр шеќер во прав Шлаг крем Подготовка: Во поголем сад со миксер изматете ги киселата и слатката павлака со шеќер во прав. Во смесата додадете бисквите искршени на поголеми парчиња, потоа и крем бананите искршени на помали парчиња па рачно измешајте. Смесата исипете ја во соодветен сад. Украсете ја тортата со шлаг крем. Ако е потребно може веднаш да се сервира, но би било најдобро пред сервирање да се олади во фрижидер.
Изменето од Valerija - 08.Декември.2014 во 09:44
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|