IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Кина
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Кина

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
Автор
Порака
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14598
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Мај.2014 во 10:04
Vo Kina gi imam poseteno gradovite : Beijing ,Shanghai ,Chengdu , Chongqing , Guangzou , HGH

Ne e loso ....fini se lugjeto samo slabo angliski zborat ....
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Октомври.2014 во 17:12

Некаде со Роберт Смилески: Шангри Ла, Кина

Малку поинаква Кина



Замислете си место, далеку од сè и од секаде. Место каде што луѓето не се злобни и живеат во мир, медитација, спокојство, умереност и здравје. Каде што долгиот живот е правило, а не исклучок. Каде што мирисните ливади се обоени со најсилните бои во светот.

Каде што цвеќето постојано цвета, а кога се зборува за несреќа се зборува за минатото. Каде што насмевката е бесплатна, зашто доаѓа од срцето, а не од умот... Иако по малку звучи утопистички, сепак, такво место постои и се вика Зонгдиан. Се наоѓа високо во планините на провинцијата Јунан, во југозападна Кина. Попознато е по своето „второ име“ - Шангри Ла.

Првото чувство што ќе ве обземе кога ќе стапнете во Шангри Ла е сомнежот за реалност. „Ова постои навистина или јас сонувам?“ Луѓево со мазна, темна кожа, затегната од ветровите, со очиња закосени и подотворени се реални или излезени од некоја приказна? Нивните шапки, марами, бои и везови на облеката се изработени од рака или од фантазијата на сценаристот за некој неснимен филм на Бертолучи? „Ма ова мора да е сон“, си велите. „Ваква боја на дива зрела цреша од наметките на тибетските монаси има само на телевизија.“ 

Рајски жители


Сепак, не е филм, не е фикција, ова се стварните слики и звуци на луѓето кои ја населиле најизолираната и највисока висорамнина во светот, под светските врвови над врвовите. Овој свет чад што се извишува над манастирите е погуст, помирислив и сосем поинаков од сите чадови што дотогаш ги имав видено. Се досетувам дека ова, сепак, е измислениот свет за кој се пишувало, а тој всушност си постоел паралелно со мечтите на писателите кои само го „препишувале“. На овој пејзаж, на ова спокојство ли мислел англискиот автор Џејмс Хилтон кога го создавал својот роман „Изгубениот хоризонт” во 1933 година? Во својата приказна тој само ја разбудил заспаната вистина за изгубениот рај, за Шангри Ла, како што подоцна ќе се нарече Зонгдиан, во негова и во чест на сечиј човеков порив да го пронајде рајот на земјава.

Се присетувам и на ликот на пензионираниот британски дипломат Хју Конвеј кој го наоѓа својот внатрешен мир по преживеаната авионска незгода токму овде, сред здравиве и среќни луѓе со исклучително долг живот какви што се „шангриланците“ – вистински рајски жители. 

Поинакво лице 

Седнувам да одморам и да се соземам. Високо сум и на околу 3 500 метри над морската шир знам дека нештата умеат да „побегнат“ од фокусот на стварноста, а острите рабови на предметите и линиите на пејзажите да станат недоволно јасни. Седнувам да повлечам линија помеѓу фактите и митовите.


Првиот ден од мојот престој во Зонгдиан ми се случи и љубов на прв поглед. Првата прошетка низ полупразните улици низ ова гратче, пак, беше мое прво соочување со нирвана. Крај кривулестиот пат кој водеше нагоре, впрегнати јакови влечеа коли и ниту ним, ниту кому било друг, не му се брзаше.

 Во „рајот“, всушност, никој и не знае за брзањето. „Воздухот овде е и поредок, можеби затоа прекрасниве, опојни мириси ме лулеат на ваков непознат начин“, си помислив. Не се сеќавав кога последен пат ме имаа опиено толку и такви мириси на егзотични полски цвеќиња, на стапчиња од темјан од будистичките манастири и храмови. Жолтите и портокалови бои на трикатните куќи и храмовите како да не беа доволно „весели“, па дополнително, насекаде околу мене се нишаа и неизбежните тибетански молитвени знаменца во боите на виножитото.

Чувствувам како пулсира Тибет од зад планините. Вистинската Кина, онаа која летово го привлекува сето внимание на светот поради Олимписките игри, како да е далеку, се чини како друга, поинаква дестинација. Всушност, ова олимписко лето, Шангри Ла е „малку поинаква Кина“, малку поинакво лице на земјата од она што неуморно се појавува на насловните страници на светските спортски (и не само такви!) списанија, весници, магазини... 

Татковина на среќата

Чекорам полека меѓу исцртаните ѕидови на импозантниот стар тибетански будистички манастир Гедансонгзанлин, најголем во овој дел од Кина и еден вид Потала на провинцијата Јунан. Мислите ми ја создаваат вистинската палата Потала која лежи на црвениот брег во Ласа, главниот град на кинеската Тибетска автономна покраина, слевајќи се со самиот релјеф. Ги прашувам мештаните дали токму ова го видел (или го измислил!?) и опишал Хилтон во „Изгубениот хоризонт“? „Да“, ми велат сосем сериозни. „Шангри Ла е рајот на земјата. Овде чудата постојат, не се измислуваат.“ Потоа, надолго и нашироко, служам „докази“ за тоа дека будистичките свештеници и мистици отсекогаш биле надарени со извонредна моќ, дека многумина европски патници се враќале одовде со сведоштва за необјаснивите феномени. На пример, дека е сосем можно со упорно вежбање да се надмине гравитацијата и телесната тежина да се намали до тој степен што да може телото да се движи со вртоглава брзина...

На почетокот од минатиот век повеќе независни теолози од Европа известувале во детали за т.н. „трчачи“ кои се движеле насекаде, отскокнувајќи како лесни топки. „Овој дел од светот е свет и посебен“, ми објаснува Џои, фотографот и сопственик на гостилницата „Хармонија“.

„Шангри Ла е најубавото место на светот, зашто овде се наоѓаат сите сеќавања, овде е татковина на она што нè прави среќни. Сите... и Македонците“, додава и ми се насмевнува. Знам, чувствувам дека ова не е шега, зашто неговите очи, и покрај лесната насмевка, се сериозни. 

Пронаоѓање на „изгубениот хоризонт“


Си заминував преполнет со чувства. Што виделе јунаците на Хилтон? Постоеле ли тие места за кои пишуваат и тој и многумина други писатели или тоа ним им било само визија? Како и да е, каде и да е вистината, Зонгдиан наполно си го заслужил своето второ име што му го дале кинеските власти - Шангри Ла.

Токму овде и јас ги најдов убавината и мирот во најчистата, најелементарната форма. Кого и да сретнеш овде, ти подарува насмевка веднаш, всушност, тоа е она што засекогаш ме маѓепса. Оваа, малку поинаква Кина во Шангри Ла е и мој повторно пронајден „изгубен хоризонт“.

***
„Небесен рај во срцата“ 

Шангри Ла е второто име на градот Зонгдиан во провинцијата Јунан во југозападна Кина, каде што живеат 25 национални малцинства: Тибетанци, Лилијанци, Насијанци, Беи, Ли и многу други. Токму несекојдневниот, исклучително разнолик колорит на националните малцинства е она што ги привлекува туристите од целиот свет.

Но, „шангри ла“ е и еден од најчесто користените зборови во тибетантскиот будизам. Тој означува „место каде што нема сиромаштија, болести, смрт, ниту какви било тешкотии. Место каде цвеќето постојано цвета, а среќата е насекаде“. Шангри Ла е „небесен рај во срцата“, а идејата цел еден град да се именува вака е многу повеќе од признание дека рајот постои. 


Текст и фотографии: Роберт Смилески



Изменето од evangeline - 24.Октомври.2014 во 17:12
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12850
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Октомври.2014 во 23:55
Originally posted by Glenn Glenn напиша:

Кина ко Кина, полна со сваштарии, само доколку некој ја посети прво нека отвори 4 очи што јаде таму. Да не ви принесат печење од пресовано куче или супа од мачка



..te poslusav i ne odam tamu.голема насмевка
...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <123
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,109 секунди.