Кина
Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Патувања...
Опис на форумот: Многу ме нервираат типови кои се фалат дека сакаат патувања. Па добро бе, кој не сака?
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=17284
Датум на принтање: 27.Ноември.2024 во 12:33 Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com
Тема: Кина
Постирано од: maki_seker4e
Наслов: Кина
Датум на внесување: 02.Јануари.2009 во 00:58
dali nekogs bi otisle vo kina.jas da sakam eden vikend da otidam vo hong kong ili vo shangaj i ubavo da se prosetam...moze i da stavate nekoi ubavi sliki od gradovite vo kina
------------- I love saying yes...and doing the opposite. a friend is alweys there when you need them.NOT ME!
|
Коментари:
Постирано од: Biolica
Датум на внесување: 02.Јануари.2009 во 10:53
Sum bila Kina Bejing i sum bila vo Hainan i vo Shanghaj.
Prekrasna zemnja , malce prljava no dinamicna , ubavi parkovi , super noken zivot i a za shoping ne ni pravam muabet , sve e zivo dzabe.
No eden vikend ? Saglam si imas minimum 10 sati let ne se isplaka za 3-4 dena i baska togas mozis samo edno mesto da vidis
-------------
|
Постирано од: maki_seker4e
Датум на внесување: 02.Јануари.2009 во 20:44
dobro de taka ide zborot
------------- I love saying yes...and doing the opposite. a friend is alweys there when you need them.NOT ME!
|
Постирано од: THEPRINCESS
Датум на внесување: 04.Јануари.2009 во 13:31
Bi sakala da otidam vo Kina, ima mnogu raboti za da se vidat, ali mora prvo da se informiram dali imat restorani za evropska hrana oti ne mozam da zamislam da jadam ku4inja i ma4ki so marmalad
|
Постирано од: ^italina
Датум на внесување: 06.Јануари.2009 во 11:46
Bas bi sakala da idam-mi izgleda interesno.
------------- A closed mouth catches no flies
|
Постирано од: igi 3
Датум на внесување: 09.Јануари.2009 во 20:41
Kina e zemja so mitovi,legendi,cuda. I zatoa e za nas interesna i bi sakal i jas da ja posetam da ja vidam nivnata kultura i nivnata istorija.
|
Постирано од: maki_seker4e
Датум на внесување: 18.Јануари.2009 во 17:57
koga bese majkata na drugarkami vo kina(neznam koj grad)na sekade im smrdelo na umreni macki,kucinja i majmuni...koga ke idam ke si kupam eden golem kufer i ke go napinam so hrana za koa ke otidam tamu da ne blujam...
------------- I love saying yes...and doing the opposite. a friend is alweys there when you need them.NOT ME!
|
Постирано од: DAC23
Датум на внесување: 23.Јануари.2009 во 16:31
би летнал до таму да им го видам ѕидот таму само
|
Постирано од: Glenn
Датум на внесување: 26.Јануари.2009 во 00:20
Кина ко Кина, полна со сваштарии, само доколку некој ја посети прво нека отвори 4 очи што јаде таму. Да не ви принесат печење од пресовано куче или супа од мачка [:-&]
------------- Beauty fades, dumb is forever
|
Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 28.Јануари.2009 во 20:46
sum bila vo kina.....preku televizija
|
Постирано од: konan
Датум на внесување: 30.Март.2009 во 18:53
De ako sakas dajgo malku televizorot? da prosetam nekade
------------- Nekogas gospod ja smiruva burata,a nekogas te smiruva tebe za da ja prziveis istata
|
Постирано од: Majkl
Датум на внесување: 01.Април.2009 во 16:41
Bi otisol samo do Hong Kong, drugoto ne me intersira - nekako mi e premnogu golemo... Me zagrizuva samo siot toj smog koga nema veter.
Hong Kong pri samrak, so 7-te milioni ziteli naseleni vo oblakoderive
|
Постирано од: ANITA11
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 16:16
bi sakala da prosetam vo kina
|
Постирано од: nelson
Датум на внесување: 03.Април.2009 во 16:48
THEPRINCESS напиша:
Bi sakala da otidam vo Kina, ima mnogu raboti za da se vidat, ali mora prvo da se informiram dali imat restorani za evropska hrana oti ne mozam da zamislam da jadam ku4inja i ma4ki so marmalad |
ima Mek
------------- Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
|
Постирано од: kokomoko81
Датум на внесување: 07.Април.2009 во 00:47
Kina- drugata strana od prikaznata za svetot !!!
------------- ......
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 19.Јануари.2011 во 05:32
/magazin/zanimlivosti/15612-10-raboti-sto-ne-gi-znaete-za-Kina - 10 работи што не ги знаете за Кина
1. Кина егзекутира три пати повеќе луѓе од остатокот на Светот
Според најновиот извештај на Amnesty International во Кина годишно има три пати повеќе пресуди на смрт отколклу во целиот Свет заедно. Само во 2008 година потврдени се 1718 смртни казни, но се проценува дека вистинската бројка е околу 6000. Автобусот а сликата се вика „Комбе на смртта“ и во него се извршува смртната казна со вбризгување на отров. Според кинезите овој начин на убиање е многу похуман отколку стрелањето кое го применуваа до сега.
2. Во Кина моментно има повеќе христијани отколку во Италија
Да, да , добро прочитавте. Според процените денес во Кина ина околу 54 милиони христијани, од кои околу 40 милиони се протестанти, а 14 милиони се католици. За споредба Италија има околу 60 милиони жители од кои 79% се христијани.
3. Повеќе од 4000 бебиња во Кина биле крстени „Олимписки игри“ во 2008 година
Би рекол дека оваа појава нас не ни е непозната бидејќи по улиците во Скопје се шетаат многу Касандри, Ранду, Шехерзади, Онури и слично. Само пто кинезите биле преокупирани со Олимпијадата.
4. Кинезите употребуваат 45 милијарди стапчиња годишно
Или во превод 25 милиони дрва годишно.
5. Повеќе од 200 милиони луѓе во Кина живеат со помалку од 1 долар дневно
Стапката на сиромаштија во Кина е намалена од 64% од популацијата во 1984 година, на 10% денес, но сепак 200 милиони луѓе е многу.
6. Над 700 милиони луѓе во Кина пијат загадена вода
Иако во Кина живее 20% од светското население, таа на своја територија има само 7% светските резерви на питка вода. Според Светската Банка 90% од подземните во ди во градовите и 75% од реките и езерата во Кина се загадени.
7. Сладоледот и шпагетите потекнуваат од Кина
Сладолед, односно замрзната мешавина од млеко и ориз се продавала во Кина во 200 година п.н.е. Исто така, неодамна во западна Кина е пронајдена чинија со шпагети (noodles) стара 4000 години. Постојат и други докази дека шпагетите во Италија го донел Марко Поло.
8. 50% од фалсификуваните производи во Европа потекнуваат од Кина
Врвот на листата на најфалсификувана стока без конк*ренција го заземаат CD/DVD производите, додека втори на листата се цигарите, зад кои се наоѓа облеката.
9. Во кина сеуште има средновековна чума
Лани во кинескиот дел на Тибет цел град со 10.000 жители бил ставен под карантин 2 недели, поради епидемија на чума. Да, онаа истата од Средниот век за која учевте на часовите по историја.
10. До 2025 во Кина ќе бидат изградени 10 градови големи колку Њујорк
Брзината со која кина се урбанизира е неверојатна. Доколку продолжи со истото темпо во 2025 година 926 милиони луѓе ќе ќивеат во градови. Тоа значи дека Кина ќе има 219 градови со повеќе од 1 милион жители. За споредба, Европа денес има 35 градови со повеќе од 1 милион жители и 24 со повеже од 5 милиони. За да се сместат сите луѓе, ќе бидат изградени 5 милиони згради, од кои 50.000 облакореди ( 10 пати повеќе од Њујорк).
-------------
|
Постирано од: емил
Датум на внесување: 23.Февруари.2011 во 07:07
Камена Шума Јунан (Yunnan)
Во Јужната кинеска покраина Јунан (Yunnan) има супертропска клима и растат многу рододендрони и камелии. Главниот град на покраината Кун Минг е познат како град на вечната пролет, а целата област претставува ризница од растенија и дрвја.
Шумата што се наоѓа на висорамнината 120км југоисточно од Кун Минг не е позната по дрвјата, туку по варовничките столбови со необични форми што ги создале времето и природните услови. Јунанската камена пума се простира на подрачје од 5км квадратни и во неа се наоѓаат безбројни камени столбови, меѓу кои некои се високи колку човек, а други пак и до 30 метри.
Некои камени столбови изгледаат како бамбусови стебленца, некои како големи мечеви, други пак личат на птици или животни, крупни печурки или јагоди.
Многу генерации биле инспирирани да ги опишуваат, што се открива преку нивните имиња: "Фенкиксот што ги дотерува своите пердуви", "Скалест водопад", "Одмаралиштето на лавот", "Врвот на лотосовиот цвет". Во некои групи има стотици столбови, а други стојат осамени. Во мрачните премини меѓу столбовите се наоѓаат базени, пештери и кривулести патеки со бујна вегетација. Скалите што изгледаат како да се направени за да се помине полесно меѓу вертикалните карпи покрај многу места каде што се всечени. создаваат лавиринт што ги надминува сите човечки творби. На некои места постојат мостови и павилјони што оставаат впечаток дека се наоѓате во некоја шумска градина.
Многу карпи се покриени со мов и лишаи; и покрај недостигот на почва и ограниченото количество на дневна светлина во погустите делови на шумата, таму одлично успеваат, држејќи се за стрмнините, растенијата што ползат, а нивните црвени и розови цветови ја прават оваа необична глетка уште поживописна.
Пред повеќе милиони години оваа фантастична шума изгледала како компактна маса од варовник.
Движењата на Земјината кора ја издигнале и ја обиколувале благо разбрануваната висорамнина, а на варовникот создале многу вертикални пукнатини. Дождовницата и водата од почвата, поради бујната вегетација заситена со јаглероден диоксид, се претвориле во блага киселина која многу делотворно го растопува варовникот, така што пукнатините многу брзо се прошириле. Првобитниот слој од варовник во централниот дел од Камената Шума денес речиси и го нема бидејќи го стопила киселината, а тоа што останало, стои во облик на остри, камени кули со жлебови
-------------
|
Постирано од: Santijago
Датум на внесување: 11.Февруари.2012 во 13:51
Разнобојната Пештера – Флејта
Едно од чудата во светот кои одземаат здив, е секако Reed Flute Cave (Пештерата Флејта), која се наоѓа на 5 км од градот Гуилин во областа Гуангкси, Кина. Своето име оваа пештера го добила по трските кои растат пред нејзиниот влез, а кои се познати по тоа што од нив се прават кавали. Внатрешноста на ова неверојатно природно дело, која е составена од варовник е осветлена со разнобојни светла, кои и даваат убавина која изгледа како од друга планета. Проценето е дека пештерата постои – верувале или не, околу 180 милиони години, а е мета за посетителите веќе 1200 години (доказ се 70 пронајдени написи со мастило, кои датираат од 792 година во време на династијата Танг.) Пештерата – Флејта има облик на буквата “U” и е погодна за долги прошетки, во кои посетителите ќе уживаат во импресините сталагмити, сталактити и колонии од варовник кои се формирани пред илјадници години и се формираат до денешен ден. Исто така, надвор од пештерата постои еден неверојатен парк со фасцинантни градини, езерца, пагоди и мирни патеки за уживање.
Автор е Марија Јовановска
------------- I'm out bcz of pathetic around here
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Април.2012 во 01:46
Sega vo Kina mozhete da prestojuvate kako turist 9 ili 10 dena vo hoteli so 5 zvezdi, so poln pansion, patuvanje megju gradovi (Peking, Shangaj...), vlezni bileti vo muzei i mesta na atrakcii, so platen tip za site restorani i uslugi, vkluchuvajkji i vodich koj znae odlichno angliski jazik za nekade okolu $380.
Vie treba samo da si osigurate kineska viza i avionski bilet do tamu i nazad.
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: paton
Датум на внесување: 10.Април.2012 во 01:47
што мајка барам Кина....јас у албанија не можам да отидам со лична карта......
|
Постирано од: Messenger
Датум на внесување: 10.Април.2012 во 01:54
И јас тоа си велам... што мајка бара човеков во тема за Кина кога не може да отиде ниту во Албанија ???
------------- Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
Постирано од: paton
Датум на внесување: 10.Април.2012 во 01:57
аааа...па ти демек вчера се врати од Кина.......и сега си мао це донг
|
Постирано од: brza
Датум на внесување: 10.Април.2012 во 15:54
kina?
...ma,begajte od nea podaleku...koga ke im pukbne....''balonot'!
------------- Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
Постирано од: saguaro
Датум на внесување: 03.Јуни.2012 во 21:28
Беше маж ми во Шангај пред две години. Вика никој не знаел англиски, со раце морал да мафта за да се разбере, а Њу Јорк на Шангај вода можел да му носи со облакодерите. Најинтересно му било кога видел еден долг ред на кинези како чекаат на улица, па отишол да види што тоа чекаат, кога тие за печени костени чекале .
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 01.Октомври.2012 во 22:07
Pozdrav od Beijing
Da me prasa nekoj so praam u 4 h sabajle i ja ne znam . Ajde use malce da se razdeni pa do kineskio zid
-------------
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 01.Октомври.2012 во 22:11
баш се радувам што машата Mindy...отишла дур до Кина.
Да ми донесеш така-толкав камен од кинескиот ѕид...ќе ми треба за расол зелка..за потис.по можност беЉутрак! ...ако има.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 01.Октомври.2012 во 22:23
Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 25.Февруари.2014 во 16:17
Волшебни оризови полиња во Кина
Оризовите полиња во Јунан, Кина, кои се протегаат долж Црвената река, се познати низ светот по своите прекрасни оризови тераси. Оваа
област воедно е вклучена во листата на светското културно наследство во
Кина. Се уште недопрено од љубопитните туристи, ова место ја има
сочувано својата автентичност.
Терасите биле рачно ископани од Ханите, пред околку 1000 години, во
планините кои се наоѓаат на 1800 метри надморска височина. Водата се
канализира од врвот на ридот, а полињата се наводнуваат од ноември до
март, додека пак оризот се бере во септември.
Иако патиштата кои водат до ова место не се со најдобар квалитет,
сепак, искуството кое може да се доживее е навистина уникатно. Покрај
прекрасните тераси, животот и културата на етничките групи откиваат уште
една волшебна страна на Кина.
------------- Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
Постирано од: Mindy
Датум на внесување: 30.Мај.2014 во 10:04
Vo Kina gi imam poseteno gradovite : Beijing ,Shanghai ,Chengdu , Chongqing , Guangzou , HGH
Ne e loso ....fini se lugjeto samo slabo angliski zborat ....
-------------
|
Постирано од: evangeline
Датум на внесување: 24.Октомври.2014 во 17:12
Некаде со Роберт Смилески: Шангри Ла, КинаМалку поинаква Кина
Замислете си место, далеку од сè и од секаде. Место каде што луѓето не се злобни и живеат во мир, медитација, спокојство, умереност и здравје. Каде што долгиот живот е правило, а не исклучок. Каде што мирисните ливади се обоени со најсилните бои во светот. Каде што цвеќето постојано цвета, а кога се зборува за несреќа се зборува за минатото. Каде што насмевката е бесплатна, зашто доаѓа од срцето, а не од умот... Иако по малку звучи утопистички, сепак, такво место постои и се вика Зонгдиан. Се наоѓа високо во планините на провинцијата Јунан, во југозападна Кина. Попознато е по своето „второ име“ - Шангри Ла. Првото чувство што ќе ве обземе кога ќе стапнете во Шангри Ла е сомнежот за реалност. „Ова постои навистина или јас сонувам?“ Луѓево со мазна, темна кожа, затегната од ветровите, со очиња закосени и подотворени се реални или излезени од некоја приказна? Нивните шапки, марами, бои и везови на облеката се изработени од рака или од фантазијата на сценаристот за некој неснимен филм на Бертолучи? „Ма ова мора да е сон“, си велите. „Ваква боја на дива зрела цреша од наметките на тибетските монаси има само на телевизија.“
Рајски жители
Сепак, не е филм, не е фикција, ова се стварните слики и звуци на луѓето кои ја населиле најизолираната и највисока висорамнина во светот, под светските врвови над врвовите. Овој свет чад што се извишува над манастирите е погуст, помирислив и сосем поинаков од сите чадови што дотогаш ги имав видено. Се досетувам дека ова, сепак, е измислениот свет за кој се пишувало, а тој всушност си постоел паралелно со мечтите на писателите кои само го „препишувале“. На овој пејзаж, на ова спокојство ли мислел англискиот автор Џејмс Хилтон кога го создавал својот роман „Изгубениот хоризонт” во 1933 година? Во својата приказна тој само ја разбудил заспаната вистина за изгубениот рај, за Шангри Ла, како што подоцна ќе се нарече Зонгдиан, во негова и во чест на сечиј човеков порив да го пронајде рајот на земјава. Се присетувам и на ликот на пензионираниот британски дипломат Хју Конвеј кој го наоѓа својот внатрешен мир по преживеаната авионска незгода токму овде, сред здравиве и среќни луѓе со исклучително долг живот какви што се „шангриланците“ – вистински рајски жители.
Поинакво лице
Седнувам да одморам и да се соземам. Високо сум и на околу 3 500 метри над морската шир знам дека нештата умеат да „побегнат“ од фокусот на стварноста, а острите рабови на предметите и линиите на пејзажите да станат недоволно јасни. Седнувам да повлечам линија помеѓу фактите и митовите.
Првиот ден од мојот престој во Зонгдиан ми се случи и љубов на прв поглед. Првата прошетка низ полупразните улици низ ова гратче, пак, беше мое прво соочување со нирвана. Крај кривулестиот пат кој водеше нагоре, впрегнати јакови влечеа коли и ниту ним, ниту кому било друг, не му се брзаше. Во „рајот“, всушност, никој и не знае за брзањето. „Воздухот овде е и поредок, можеби затоа прекрасниве, опојни мириси ме лулеат на ваков непознат начин“, си помислив. Не се сеќавав кога последен пат ме имаа опиено толку и такви мириси на егзотични полски цвеќиња, на стапчиња од темјан од будистичките манастири и храмови. Жолтите и портокалови бои на трикатните куќи и храмовите како да не беа доволно „весели“, па дополнително, насекаде околу мене се нишаа и неизбежните тибетански молитвени знаменца во боите на виножитото. Чувствувам како пулсира Тибет од зад планините. Вистинската Кина, онаа која летово го привлекува сето внимание на светот поради Олимписките игри, како да е далеку, се чини како друга, поинаква дестинација. Всушност, ова олимписко лето, Шангри Ла е „малку поинаква Кина“, малку поинакво лице на земјата од она што неуморно се појавува на насловните страници на светските спортски (и не само такви!) списанија, весници, магазини...
Татковина на среќата Чекорам полека меѓу исцртаните ѕидови на импозантниот стар тибетански будистички манастир Гедансонгзанлин, најголем во овој дел од Кина и еден вид Потала на провинцијата Јунан. Мислите ми ја создаваат вистинската палата Потала која лежи на црвениот брег во Ласа, главниот град на кинеската Тибетска автономна покраина, слевајќи се со самиот релјеф. Ги прашувам мештаните дали токму ова го видел (или го измислил!?) и опишал Хилтон во „Изгубениот хоризонт“? „Да“, ми велат сосем сериозни. „Шангри Ла е рајот на земјата. Овде чудата постојат, не се измислуваат.“ Потоа, надолго и нашироко, служам „докази“ за тоа дека будистичките свештеници и мистици отсекогаш биле надарени со извонредна моќ, дека многумина европски патници се враќале одовде со сведоштва за необјаснивите феномени. На пример, дека е сосем можно со упорно вежбање да се надмине гравитацијата и телесната тежина да се намали до тој степен што да може телото да се движи со вртоглава брзина... На почетокот од минатиот век повеќе независни теолози од Европа известувале во детали за т.н. „трчачи“ кои се движеле насекаде, отскокнувајќи како лесни топки. „Овој дел од светот е свет и посебен“, ми објаснува Џои, фотографот и сопственик на гостилницата „Хармонија“. „Шангри Ла е најубавото место на светот, зашто овде се наоѓаат сите сеќавања, овде е татковина на она што нè прави среќни. Сите... и Македонците“, додава и ми се насмевнува. Знам, чувствувам дека ова не е шега, зашто неговите очи, и покрај лесната насмевка, се сериозни.
Пронаоѓање на „изгубениот хоризонт“
Си заминував преполнет со чувства. Што виделе јунаците на Хилтон? Постоеле ли тие места за кои пишуваат и тој и многумина други писатели или тоа ним им било само визија? Како и да е, каде и да е вистината, Зонгдиан наполно си го заслужил своето второ име што му го дале кинеските власти - Шангри Ла. Токму овде и јас ги најдов убавината и мирот во најчистата, најелементарната форма. Кого и да сретнеш овде, ти подарува насмевка веднаш, всушност, тоа е она што засекогаш ме маѓепса. Оваа, малку поинаква Кина во Шангри Ла е и мој повторно пронајден „изгубен хоризонт“. *** „Небесен рај во срцата“
Шангри Ла е второто име на градот Зонгдиан во провинцијата Јунан во југозападна Кина, каде што живеат 25 национални малцинства: Тибетанци, Лилијанци, Насијанци, Беи, Ли и многу други. Токму несекојдневниот, исклучително разнолик колорит на националните малцинства е она што ги привлекува туристите од целиот свет. Но, „шангри ла“ е и еден од најчесто користените зборови во тибетантскиот будизам. Тој означува „место каде што нема сиромаштија, болести, смрт, ниту какви било тешкотии. Место каде цвеќето постојано цвета, а среќата е насекаде“. Шангри Ла е „небесен рај во срцата“, а идејата цел еден град да се именува вака е многу повеќе од признание дека рајот постои.
Текст и фотографии: Роберт Смилески
------------- Внимавај кому му веруваш. И ѓаволот еднаш беше ангел.
https://www.youtube.com/watch?v=1DUYlHZsZfc" rel="nofollow - Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE
|
Постирано од: zagor
Датум на внесување: 26.Октомври.2014 во 23:55
Glenn напиша:
Кина ко Кина, полна со сваштарии, само доколку некој ја посети прво нека отвори 4 очи што јаде таму. Да не ви принесат печење од пресовано куче или супа од мачка |
..te poslusav i ne odam tamu.
------------- ...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|