Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Октомври.2014 во 10:01 |
ФОТО: Фатален избор за Ким
На Каније Вест и на преостанатата машка популација најверојатно ќе им се допадне последната модна комбинација на Ким Кардашијан, но модните критичари не се воопшто импресионирани. Реалити ѕвездата се обиде да комбинира три парчиња кои воопшто не одат едно со друго. Кратките фармерки до над колена, воопшто не се вклопија со сандалите и маицата со необичен крој која откри поголем дел од нејзиниот грб.
Се разбира задникот на КК повторно беше во прв план, па сосема оправдано Вест не можеше да ги тргне очите од него.
На Каније Вест и на преостанатата машка популација најверојатно ќе им се допадне последната модна комбинација на Ким Кардашијан, но модните критичари не се воопшто импресионирани. Реалити ѕвездата се обиде да комбинира три парчиња кои воопшто не одат едно со друго. Кратките фармерки до над колена, воопшто не се вклопија со сандалите и маицата со необичен крој која откри поголем дел од нејзиниот грб.
Се разбира задникот на КК повторно беше во прв план, па сосема оправдано Вест не можеше да ги тргне очите од него.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Октомври.2014 во 17:12 |
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Октомври.2014 во 10:28 |
Најпознатиот задник на светот никогаш не изгледал поголем! |
Ким Кардашијан е позната по тоа што сака на сите начини да ја нагласува својата позадина, но изгледа дека овој пат малку претерала. Нејзините, и така „големки” облини, изгледаат уште поголеми во волненото здолниште, под кое Ким очигледно носи еден број помали гаќички. Најпосакуваниот задник на светот заедно со сопственичката Ким Кардашијан, овој пат прошетаа во целосно црна комбинација. Класичната тесна блуза убаво го истакнала нејзиниот струк и бујните гради, но проблемот настанува кога погледот ќе се спушти малку подолу. Случајно или намерно, не знаеме, но очигледно е дека Ким облекла долна облека која воошто не ѝ одговара, поточно е за еден број помала. Волненото здолниште, кое го носи последниве денови, убаво би прилегало да не беше проблемот со гаќичките. Од друга страна, тенката блуза која е малку провидна, е совршен контраст за ова здолниште. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Октомври.2014 во 10:36 |
Роденденска забава во Вегас: Обидете се да ја гледате во очи! |
|
|
Таа не би била Ким Кардашијан, доколку не ги истакнела нејзините адути во преден план. Погледнете како беше облечена ријалити ѕвездата за нејзиниот роденден. Познатата Ким Кардашијан ги собрала членовите на семејството и најблиските пријатели со кои го прославила својот 34-ти роденден во еден клуб во Лас Вегас. Како и секогаш, ја следеле безброј фоторепортери, папараци, камери, блицови...а, таа нормално уживала во вниманието. Бидејќи пред неколку дена се врати од одмор на Хаваите, со задоволство го покажала својот исончан тен. Носела деколтирана бела тоалета која е невозможно да не се искоментира, а нејзиниот сопруг Канје Вест будно ја следел и внимавал на својата драга. И што и да се зборува за неа, Ким несомнено заработува милиони благодарение на својот изглед, а во минатата година ѝ се исполни сонот и заврши на насловната страница од престижниот магазин „Vogue”. Интересно е тоа што за гостување во клубовите, организаторите плаќаат износи и до милион долари по вечер, а нејзината видео игра ја освои публиката – исто како и нејзината книга со „селфија“. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Октомври.2014 во 10:38 |
Сиво, црвено, волнено и провидно: Ким ги споила сите трендови! |
Иако тој ден Во Калифорнија било многу топло, Ким Кардашијан се одлучила за малку подебела гардероба. Во црвено волнено здолниште, сива блуза и салонки, ријалити ѕвездата ни покажа дека не и` е грижа ниту за температурата, ниту за модните трендови. ТВ Ѕвездата Ким Кардашијан била фотографирана пред својата канцеларија во Лос Анџелес. Ким во таа прилика носела „тони“ гардероба за својата ќерка Норт Вест. Според пишувањето на „US Weekly“, плакарот на малата Норт, нејзината мајка го опремила со модели од Оскар де ла Рента, Роберто Кавали и многу други познати дизајнери. Гардеробата подготвено ја чека малата Норт Вест за бројните патувања, бидејќи Ким најчесто ја води со себе. Покрај облеката, ријалити ѕвездата сака и храната за нејзината ќерка да биде посебна, па малечката Норт јаде само органски намирници. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Ноември.2014 во 11:04 |
Ким облечена во бело и провидно: Е, така се оди на роденден |
|
|
Ким Кардашијан очигледно многу ја сака комбинацијата на долги тесни здолништа и краток топ, па буквално не излегува од нив. Овој пат, Ким облекла бела комбинација со беж мантил за роденденот на нејзиниот очув Брус Џенер, кој го прославиле во Малибу. Брус го прославил својот 65-ти роденден меѓу „неговите“ жени. На овој настан присуствувале неговите ќерки Кендал и Кајли и пасторките Ким, Клои и Кортни. Девојките поминале околу два часа на ручек со Брус и му однеле бројни подароци. Познатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан, по тој повод облекла прозирен бел топ и тесно здолниште во истата боја, за да може, како и секогаш, најдобро да ги истакне нејзините бујни облини, но и да се разликува од нејзините сестри. „Се гледа дека девојките многу го сакаат Брус и сите делуваат многу блиско со него. Делуваа навистина среќно што се собрале така заедно“, раскажал келнер од ресторанот. Иако не покажале што му подариле, Клои и Кортни неодамна открија што обично му подаруваат на Брус. „Брус е досаден. Ми делува како секоја година да му подаруваме исто, но тоа е она што тој го сака. Во прашање е роденденски чек“, раскажа Клои. Кортни објасни дека Брус сака да добива честитки со паричен чек и дека секој пат делува воодушевено. „Тој секогаш знае што ќе добие, но се прави дека е изненаден и се радува“, раскажа Кортни. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Ноември.2014 во 17:04 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Ноември.2014 во 17:06 |
Најновата насловна на Ким Кардашијан е повеќе од експлицитна и провокативна. За зимското издание на магазинот Paper таа го откри фамозниот задник и на него балансираше чаша со шампањ. Во ретро гламурозната насловна Ким е потполно гола, додека акцентот е ставен на нејзиниот добро познат задник. Магазинот откри дека целта на оваа насловна е да го „сруши интернетот,“ како што и гласи натписот веднаш под фотографиите на голата Ким. „И сите велат дека немам талент... обидете се да балансирате чаша шампањ на вашиот задник,“ напиша Ким на Твитер, кратко по објавувањето на фотографиите.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Ноември.2014 во 08:06 |
ТАА ЈА ОБОЖУВА СИНТЕТИКАТА: ЗАРАБОТУВА МИЛИОНИ, НО СЕПАК НЕ ИЗЛЕГУВА ОД ФУСТАНИТЕ ОД ЛАТЕКС | | И додека сите ние преферираме и вечно трагаме по облека која ќе биде изработена од квалитетни, природни и пред се' удобни материјали, таа и покрај своите милиони не излегува од латексот! Ким Кардашијан и овојпат повторно успеа да ја истакне својата фигура во облик на песочен часовник кога го промовираше својот парфем во Мелбурн.
На забавата одржана вчера вечер, таа се одлучи за розов тесен фустан од латекс, а веќе следниот ден избра бело здолниште кое ги прати линиите на нејзиното тело кога во трговскиот центар во Мелбурн таа го изложи својот парфем "Fleur Fatale". Но, се чини дека во латексот таа се чувствува далеку помоќно и има поголема самодоверба. И додека таа им одговараше на прашањата од публиката, еден обожавател ја запраша дали таа и Канје планираат да и подарат на малата Норт братче или сестричка.
На тоа Ким одговори со "Можеби" и веднаш продолжи да им одговара на останатите прашања.
Неколку обожаватели и успеаа да се качат на бината за да се фотографираат со неа, а обезбедувањето во одреден момент едвај ја застана масата од луѓе кои посакаа да и' се приближат на Ким.
По повод промоцијата на нејзиниот нов парфем таа гостуваше и во еден ноќен клуб во Мелбурн, каде полна со самодоверба таа беше вистинска ѕвезда на вечерта. Во таа прилика таа повторно облече фустан од латекс кој е во одредена мера и заслужен за нејзиниот самоуверен став. Ким очигледно едноставно ја обожува синтетиката, па неверојатно тесните фустани кои ги потенцираат нејзините облини се нешто со кое Ким особено се гордее. |
Изменето од Valerija - 22.Ноември.2014 во 08:07
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Декември.2014 во 16:04 |
НАЈЛОШИТЕ МОДНИ ИЗДАНИЈА НА КИМ КАРДАШИЈАНКим Кардашијан веројатно ни самата не знае колку парчиња облека поседува, секогаш се труди да изгледа различно, па во тоа некогаш и прави грешки. Ова се нејзините најлоши модни изданија. Во тоалетата припиена за нејзиното тело и направена од латекс, Ким Кардашијан беше далеку од елегантен изглед, единствено успеа да привлече внимание и да изгледа провокативно, што е нејзина честа цел. Меѓутоа, кога оваа комбинација ќе се пренесе на полето на модата, ријалити ѕвездата добива лоши оцени.
Овој фустан е реплика на брод, низа од јазли, како оние морнарските, беа нејзиното не само најлошо, туку и издание кое зачуди голем број луѓе. Во желбата да биде иновативна, Ким потфрли. Во премалото здолниште и преголема јакна, Ким Кардашијан изгледала како некој кој се скарал со модата. Накитот бил непотребен, а шминката прејака. Необичен израз, украсен со реси, ги натера модните критичари да го тргнат погледот од Ким. Овој фустан треба да се држи подалеку од старлетата, за да не ѝ текне да го облече уште еднаш. Во желбата да покаже што повеќе, Ким направила големо промашување. Таа често не успева да одбере модел на фустан кој одговара на нејзините гради. Како војничка, Ким можеби била спремна за некој вид на борба, но не за на црвениот тепих. Ким дозволила да ѝ се види мидерот за стегање, под фустанот. Ваква модна катастрофа не се „простува“.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Декември.2014 во 21:14 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Декември.2014 во 08:52 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Декември.2014 во 10:24 |
|
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Декември.2014 во 18:08 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|