IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пити, пастрмајлии,погачи и др. сукани работи

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 11>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 23:16
Рударска пита

rudarska greblica

Состојки

  • 500 gr брашно
  • 10 gr свеж квасец
  • 1 лажица маст
  • 2 dcl млеко
  • 1 лажица шеќер
  • Кравјо сирење
  • Јајца
  • 300 gr мелени ореви или ситно исецкан спанаќ
  • 2 dcl кисело млеко

Чекор 1

Истолчете го квасецот и измешајте го со 1 децилитар млеко, во кое ќе додадете малку шеќер. Оставете го малку да се подигне, а потоа додадете брашно, остатокот од млекото и малку сол за да можете да направите тесто.

 

Чекор 2

Оставете го тестото да се подигне додека волуменот се се зголеми барем за 2-3  пати. Потоа тенко одвојувајте го и редете го на лим за печење. За внатре измеѓу тестата измешајте сирење и јајца.

 

Чекор 3

Рударската пита може да ја полните само со сирење, но можете да го помешате и со ораси или ситно исецкан спанаќ. Откако сте го додале сето тоа, тестото го преклопувате за премазот од сирење да биде затворен.

 

Чекор 4

Пред да го ставите во рерна, премачкајте го тестото со кисело млеко и направете неколку дупки на самото тесто. Печете го на температура од 200 степени околу 20 минути.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2014 во 23:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2014 во 20:36

ЗЕЛЕНА ПОГАЧА

14

Состојки:
Тесто:

  • 600 гр брашно
  • 3 лажички масло
  • Сол по желба
  • 2 лажици квасец
  • 200 мл млеко
  • 100 мл вода
  • Фил:
  • Спанаќ
  • Младо сирење
  • Сол
  • Масло

Премачкување:

  • 1 жолчка
  • 1 лажица масло

 

Подготовка:

Замесете го тестото. Покријте го и оставете го да нарасне. Премесете го уште еднаш и повторно оставете да нарасне.

Зелена погача
Премесете и поделете го тестото на два дела па фино обликувајте го.

Зелена погача

Оставете го тестото и подгответе го филот.

Измијте го спанаќот и исечкајте го. Додадете го сирењето, малу сол и маслото па измешајте.

Зелена погача
Размесете го тестото колку големината на плехот во кој ќе ја печете питата.

Зелена погача
Префрлете го тестото во намрсениот плех за печење па преку него нанесете го филот. (филот можете да го ставите на средина а околу рабовите да распоредите само еден дел . Делот помеѓу оставете го празен )

Зелена погача

Зелена погача

Развлечете го вториот дел од тестото и покријте го со филот. Доколку филот сте го распоредиле во средината, кога ќе го прекриете тестото со второто тесто, на средината ставете сад.

Зелена погача
Стиснете ги врвовите да не излегува филот и засечете со нож, па секој отсечен дел свтрете го нагоре.

Зелена погача

Зелена погача
Премачкајте со изматената жолчка и маслото и ставете го да се пече.

Зелена погача
Откако е испечена погачата премачкајте ја со путер и покријте ја со влажна крпа.

Зелена погача



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2014 во 21:06

ПИТА СО МЕСО: ТЕСТО ЗА 10 МИНУТИ

13

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТОТО:

* 2 јајца

* ½ лажиче сол

* една шолја (250мл) јогурт

* иста таква шолја брашно

* 1 лажиче сода бикарбона (или прашок за пециво)

ЗА ФИЛОТ:

* 300гр мелено месо (издинстано)

* 2-3 главици кромид (исечен на коцки)

* сол и бибер по вкус

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Измешајте го јогурот и сода бикарбоната и оставете ги да отстојат 5 минути. Потоа додадете ги останатите состојки (за тестото) и убаво измешајте ги. Намачкајте го плехот со масло (или маст) и попрскајте го со малку брашно. За оваа количина не е потрено да користите голем плех. Во плехот ставете половина од тестотот, додадете од филот и врз него ставете ја втората половина од тестото.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:43
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2014 во 23:51

Гибаница со кисело млеко



Потребни состојки:

  • 500 гр кори за пита
  • 5 јајца
  • 3 чаши кисело млеко
  • 1,5 дл масло
  • сол

Подготовка:

Изматете ги јајцата, киселото млеко и маслото и додадете сол. Во претходно намачкана тава, ставете 3 кори, па потоа намачкајте со изматената смеса. Врз тоа ставете 2 кори и повторувајте ја постапката сѐ додека не ви се потрошат корите. Одозгора премачкајте со масло. Ставете ги во рерна и печете на 200 степени.



Изменето од evangeline - 02.Септември.2014 во 23:51
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Октомври.2014 во 17:31

ПИТИ СО СИРЕЊЕ

7

Потребни состојки:
  • 500 г тенки кори
  • 500 г кравјо сирење
  • 4 јајца
  • 150 г маргарин
  • 180 г павлака
  • 1 лажица сол
Начин на подготовка:

Изматете ги јајцата со миксер, додајте омекнат маргарин, сирење, павлака и сол и добро измешајте. Корите и смесата поделете ги на половина. На првата кора ставете две лажици од смесата и премачкајте ја. На неа ставете ја другата кора и исто така премачкајте ја со смесата. Продолжете така сè додека не ја истрошите половината од корите и смесата, па замотајте ја во ролат. Направете уште еден таков ролат, па со нож исечете ги на кружни парчиња со ширина на два прста. Поставете ги питите на мрсна хартија во тава и печете во рерна на 200 степени, околу 20 минути.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2014 во 08:26

Подгответе: Сочна пита од тиква


Питите се омилено слатко или солено задоволство, најчесто подготвено од нашите мајки и баби. Мирисот на пита секогаш нè потсетува на дом, топлина, детство и семејство. Зависно од годишното доба и плодовите кои ги имате, може да подготвите вкусен фил.

vkusna-pita-od-tikva-01

Пред крајот на зимата во подрумот сигурно ви се наоѓа уште некоја тиква, која совршено ќе ја надополни вашата пита. Брз и лесен рецепт со кој ќе ги изненадите најблиските.

Потребни состојки за тесто:

  • 2 шолји брашно (од кои 1-2 лажици пченкарно, а останатото сенаменско или мешано интегрално и сенаменско)
  • 1 лажица шеќер
  • 120 g путер, исечен на коцки
  • 4-5 лажици ладна вода

Состојки за фил:

  • ¾ шолја шеќер
  • 1 лажиче мелен цимет
  • ½ лажиче мелен ѓумбир
  • ¼ лажиче мелено каранфилче или морско оревче
  • 2 јајца
  • 600 g пире од тиква
  • ½ шолја оризово млеко во прав, нерастворено

Подготовка:

Измешајте ги брашното и шеќерот, па додајте ги коцките путер и мешајте со прсти или со блендер.

Додавајте по една лажица ладна вода и мешајте го тестото сè додека не успеете да ја споите смесата во топка тесто.

Ставете го тестото во фрижидер додека го подготвувате филот. 

Тестото може да се направи и неколку дена однапред и да стои во фрижидер додека не ви притреба или да се замрзне.

За подготовка на филот, добро измешајте ги сите состојки во пластичен сад.

Развлечете го со сукало и ставете го на дното и на страните од тавче со пречник од 20-25 cm, премачкано со путер.

Истурете го филот врз тестото. Ставете ја питата да се пече на 250°C околу 15 минути, а за тоа време од остатоците од тестото може да направите украсни форми и да ги наредите врз филот.

Намалете ја температурата на 200°C и печете ја питата уште половина час или додека филот не се стврдне.

Послужете ја со кафе или чај.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Октомври.2014 во 08:50

Сочен залак: Карамел пита со јаболки ала крем-бруле


Вкусот на оваа пита е најсличен на вкусот на крем-брулето.

Потребни состојки:

  • 125 гр. путер
  • 100 гр. шеќер
  • Jајце
  • 250 гр. брашно
  • 1-2 лажици кисела павлака
  • Малку прашок за пециво

За подлогата:

  • 700 гр. јаболка
  • 200 гр. шеќер
  • Кесичка ванилин-шеќер
  • Цимет
  • Сок од 1 лимон

Подготовка:

1. Изматете го путерот пенесто, постепено додадете шеќер, цело време матејќи со миксерот, па додадете го јајцето и павлаката, и на крај со лажица сето тоа соединете го во еднолична смеса со брашното и прашокот за пециво. Тестото треба само да се одвојува од садот. Обликувајте кугла, замотајте ја во проѕирна фолија и ставете во фрижидер додека не го подготвите останатото.

2. Излупете ги јаболката и исечете ги на тенки кришки. Во тепсијата во која ќе ја печете питата ставете шеќер и рамномерно распоредете го на дното, потоа распоредете ги јаболката и нив посипете ги со цимет, ванилин-шеќер и испрскајте ги со сок од лимон. Ставете ги на загреана рингла и загревајте додека шеќерот не се стопи и карамелизира. Тргнете од оган и малку оставете да се излади.

3. Извадете го тестото од фрижидер, развлечете го по димензија на тепсијата, со него прекријте ги јаболката, а краевите стиснете го со ивицата на тепсијата. Питата печете ја на 180 степени околу 20-25 минути. Извадете од рерна и неколку минути држете ја прекриена со кујнска крпа, потоа питата свртете ја на чинија за служење.

Напомена: Питата сечете ја како торта и секое парче послужете го украсено со шеќер во прав.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Октомври.2014 во 20:10

КРЦКАВА ПИТА ОД ЈАБОЛКА

13

Одличен сезонски рецепт кој се комбинира совршено со сладолед од ванила.

Потребни состојки:
– 6 излупени исечкани јаболка со отстранети семки
– 110гр. путер, растопен
– 130гр. сенаменско брашно
– 200гр. шеќер
– 85гр. овесни снегулки за готвење
– 2 лажички цимет
– 60гр. путер на коцки

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови. Ставете ги јаболката во тава за печење. Во сад измешајте го стопениот путер, брашното, шеќерот, овесот и 1 лажица цимет да формираат ронкаста смеса. Потоа сипете ја смесата врз јаболката и наросете со преостанатата лажица цимет. Печете 50тина минути во загреана рерна, се додека смесата не стане кафена и јаболката не омекне. Уживајте…



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2014 во 20:15

КРЕМ ПИТА СО БАНАНИ

8

Потребни состојки за падишпан:
1 ½ чаша мелени непечени бадеми
¼ лажица сол
¼ лажица цимет
¼ лажица сода бикарбона
¼ чаша мелен сончоглед
1 лажица вода
1 лажица масло

Потребни состојки за фил:
Шлаг
2 зрели банани

Крем пита со банани

Подготовка на пандишпанот:
Во сад измешајте ги мелените бадеми, сода бикарбона, мелениот сончоглед, сол и цимет. Додадете малку масло и вода и замесете го тестото. Месете додека не се изедначи. Потоа ставете го тестото во тава број 9 и притискајте го тестото додека не се покрие еднакво целата површина на тавата. Ставете го да се пече во претходно загреана рерна. Кога ќе се испече, оставете го убаво да се олади.

Подготовка на филот:
Во сад испасирајте ја зрелата банана. Потоа направете шлаг и со лажица измешајте го заедно со бананата. За подобар вкус може да додадете и лажичка цимет.

Филот нанесете го на претходно изладениот пандишпан. Врз филот исецкајте ја другата банана на кругови. Така подготвената пита ставете ја во фрижидер убаво да се олади.

Крем пита со банани



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2014 во 15:23

Рецепт за брза грчка пита


Ви пристигаат гости, а не знаете што да послужите? Ви предлагаме феноменално топло предјадење - грчка пита.

recept-za-brza-grcka-pita-01.jpg

Се подготвува лесно, без развлекувања на кори и состојките се мешаат во еден сад.

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • 200ml јогурт
  • 1 прашок за печиво
  • 400g брашно
  • 100g шунка
  • 100g сирење
  • 5 кисели краставички
  • Масло, сол и бибер
  • Зеленчук по желба

Подготовка:

Исечкајте ги краставичките и шунката на ситни коцки. Во длабок сад соединете ги сите состојки, освен сирењето, додека не добиете тесто.

Ставете масло во тава за печење, размачкајте го, па нанесете го тестото. Печете 15 минути на 200 степени.

Извадете ја питата, изрендајте го сирењето и додадете ситно сечкан зелечук по желба, па допечете ја уште 5 минути.

Кога малку ќе се олади, исечете ја и послужете.

Уживајте!

recept-za-brza-grcka-pita-02.jpg



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2014 во 15:49

Пита готова за 15 мин


4

Состојки

  • 500 г готови кори (15 вкупно на број)
  • 1 китка блитва
  • 500 г урда
  • малку сол, бибер, оригано, лук во прав
  • малку масло за готвење

Подготовка

  1. Блитвата се мие, се сечка на ситни парчиња и се пропржува.
  2. Се додаваат урдата, зачините и смесата се трга од оган.
  3. Се земаат по три кори,секоја се пропрскува со масло, се филува со филот и се витка како ролат.
  4. Се прават вкупно пет ролати, се редат на масна хартија во плех и се сечат на помали ролатчиња.
  5. Се печат во загреана рерна на 220 степени додека не заруменат.


Изменето од Valerija - 25.Октомври.2014 во 15:50
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Октомври.2014 во 15:51

ВКУСНА ПИТА ОД ЈАБОЛКО И КАРАМЕЛА

3

Есента е годишно доба кое на масата ни сервира овошје од кое може да се направат вкусни пити и слатки. За денес, на мени ви ја нудиме питата од јаболко и еден од најдобрите рецепти за вкусно парче пита за вашите гости.
Питата е комбинацијa од свежи јаболки, цимет и солен карамел.
Тесто:
Измешајте 400 грама брашно,

пола лажичка сол,

220 грама путер (исечкан на коцки од 1 см),

2 жолчки (белките чувајте ги за премачкување на питата) и

3 лажици ладна вода.
За подготовка на карамелот ви се потребни:
200 грама шеќер,

3 лажици вода,

200 гр. слатка павлака,

6 лажици сок од портокал,

1 ванила,

четвртина лажичка сол,

6 јаболки,

сок од еден лимон,

1 лажица меко брашно,

2 лажици цимет,

50 грама путер и

4 лажици шеќер

плус две лажици цимет за посолување.
Начин на подготовка:
1. Измешајте го брашното со солта, набрзина додајте го путерот и измесете со прсти додека не добиете тесто со ронки. Изматете ги жолчките и додајте ги во брашното. Месете додека смесата не се собере во тесто, а ако тестото е суво, тогаш додајте ги трите лажици вода.
Изработете две топчиња од тесто, замотајте ги со пластична фолија и ставете во фрижидер најмалку еден час.
2. За карамелот, ставете шеќер, 3 лажици вода и ставете на млак огин. Варете додека шеќерот не се претвори во карамел (10 минути), не мешајте и по потреба, протресете ја посадата.
Кога карамелот е готов, тргнете од огин и внимателно вмешајте ја слатката павлака, сокот од портокал, ванилата и солта. Вратете на огин и кратко мешајте додека смесата не стане мека. Оставете ја смесата да се лади на собна температура.
3. Јаболките измијте ги, излупете ги и извадете ги семките. Ставете ги во посада со ладна вода во која претходно ќе додадете сок од лимон за да не потемнат. Исцедете, насечкајте ги на тенки кришки и додајте им една лажица бражно и 2 лажици цимет. Измешајте.
4. Загрејте ја печката на 200 степени. Измесете го првото топче тесто, а тавчето во кое ќе ја печете питата премачкајте го со путер и посолете со брашно.
На тестото, наредете еден слој јаболка и потоа ставете слој карамела и повторувајте така додека имате доволно смеса. На последниот слој јаболка распоредете неколку парчиња путер, а рабовите на тестото измачкајте ги со белките кои претходно ги сочувавте.
Со второто топче тесто, покријте ја питата, и одделете ги рабовите со стискање со прстите. Отстранете го вишокот тесто.
Питата покријте ја со алуминиумска фолија и ставете во топла печка. Печите на 200 степени првите 25 минути.
Извадете ја питата, тргнете ја фолијата, премачкајте ја питата со белки и посолете со мешавина од шеќер и циет. Вратете во печка уште 25 минути.
Откако питата ќе биде готова, оставете ја да се лади барем еден час.



Изменето од Valerija - 23.Декември.2017 во 13:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2014 во 20:56

Пита со сирење и шунка

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 400 г брашно

* 1 коцка свеж квасец

* 3 супени лажици масло за готвење

* 300 г сирење (издробено)

* 250 г шунка (ситно сечкана)

* 70 мл млеко

* 150 мл кисела вода

* 80 г маргарин

* малку сол, црн пипер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Во поголем длабок сад го ставаме брашното, додаваме квасецот и посолуваме. Во истиот садот ги додаваме исечканата шунка, киселата вода, млекото и маслото.Месиме се додека не добиеме фино тесто.

2.Тестото го оставаме да нарасне и да се одмори барем половина час.

3.На набрашнета работна маса го размесуваме тестото и го сечеме на 10 еднакви дела.

4.Од секое парче тесто формираме топче. Од секое топче, со сукало, развлекуваме кора. Кората ја премачкуваме со растопен маргарин.

5.Врз кората нанесуваме дробено сирење. Врз сирењето ја ставаме втората кора.

6.Постапката ја повторуваме со сите топчиња тесто, а последната кора ја мачкаме само со маргарин.

7.Целото филувано тесто, со сукало, го развлекуваме во една поголема кора.

8.Тркалезната тава ја попрскуваме со растопен маргарин и ја ставаме питата во тавата. По желба, наросуваме со сусам и ким.

9.Печеме 30 минути на температура од 200 степени. Ја вадиме тавата од рерна, ја сечеме и сервираме. Добар апетит.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Ноември.2014 во 18:22

Брза пита со спанаќ


Подгответе брз и вкусен појадок со кој ќе ги воодушевите вашите дома.

Потребни состојки:

  • 4 јајца
  • 1 лажица кисело млеко
  • 1 дл. масло
  • 300 гр. ситно сирење
  • 300 гр. пченично брашно
  • 300 гр. пченкарно брашно
  • 500 гр. спанаќ или блитва
  • 1 прашок за печење
  • малку сол

Подготовка:

Измијте го спанаќот или блитвата (во зависност што сте одбрале), сварете, изладете и исечете на ситни парчиња. Измешајте го сирењето, јајцата и киселото млеко, па посолете по вкус. Во смесата додајте масло, пченичното и пченкарното брашно и добро соединете.

Ставете прашок за печење, па сипете ја смесата во подмачкан сад. Печете во рерна загреana на 200 степени околу 30 минути. Кога малку ќе се излади, исечете и служете топло со јогурт.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 11>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.