IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 26>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2014 во 15:53
edf_squashsalad0710_vert

Салата од тиквички

  • 5 парчиња тиквичка, средни
  • 6 чешниња лук
  • 3 лажички маслиново масло
  • Ситно сецкан магдонос
  • 2 до 3 лажички цвежо цеден лимон
  • Сол и бибер, по желба

Чекор 1

Загрејте ја рерната на 250 степени. Исецкајте ги тиквичките на кружни парчиња и комбинирајте ги со сецканото лукче во сад за печење. Прелејте со маслиново масло и зачинете.

Чекор 2

Печете на средна температура додека тиквичките не добијат кафена боја па крајчињата, околу 55 до 60 минути. Оставете да се изладат.

Чекор 3

Префлете ги во голем сад и прелијте со лимонов сок и додадете го магдоносот и прелејт есо уште едан лажичка масло. Зачиенте по желба. Измешајте.



Изменето од Valerija - 12.Мај.2014 во 15:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2014 во 19:43

Salata so tuna

Ja si ja izmisliv ovaa ,mnogu e vkusna koj ne mi veruva neka "eksperimentira" I nema da zgresi голема насмевка
 
Sostojki:
 
Marula nekolku lista
Tuna 1 konzerva
Kubeti 1 kesence 
Kromidce (mnogu malkucka ,od edno prosechno kromidce dovolno e 1/5 najmnogu )
Pcenka shekerec 150gr (varena)
 
Preliv:
 
1/2 supena lazica majonez
3 supeni lazici hopla za gotvenje
1 do 2 supeni lazici dressing za salati Ceazer
 
I na kraj zejtince ,sol I biber
 
Samo da napomenam dressingot koj go imam jas e malku kiselkast pa poradi toa dopolnitelno ne stavam balzamiko.
 
Veruvam ke Vi se dopadne ,dobar apetit среќа
 
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Мај.2014 во 21:32

Француска салата со мортадела

salata-francuska

СОСТОЈКИ:

  • 1 кг урда
  • 300 г мортадела
  • 200 г сечкани ореви
  • 2 краставици (една за декорација и една за во салатата)
  • 300 г кисела павлака
  • 2 лажици мајонез

 

ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Мортаделата се сечка на многу ситни коцкички. Краставицата исто така ситно се сечка, потоа се остава на решетка да се исцеди.
  2. Урдата се става во еден подлабок сад, потоа во неа се додаваат сечканата мортадела, сечканата краставичката, потоа оревите исто така ситно исечкани, како и киселата павлака и мајонезот. Сè добро се меша додека се добие хомогена смеса.
  3. Од салата се обликуваат топчиња што се декорираат со краставица исечкана на кругови или, пак, по ваша желба и според вашата имагинација.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Мај.2014 во 21:09

Вкусот на пролетта: Освежителна салата со тестенини


Оваа лесна салата е неверојатно едноставна за подготовка, а притоа истата е преполна со вкусни намирници. Ќе се заљубите. За почеток сварете ги тестенините, но внимавајте да не ги преварите, туку извадете ги точно на време.

Исцедете ги и исплакнете ги со ладна вода. Ви препорачуваме да купите тестенини во три бои со цел чинијата да ви биде пошарена. Доколку не можете да најдете такви, тогаш добри се и обичните, еднобојни.

Во голем сад ставете ги тестенините, додадете чери томато, на коцки исечените сирење и шунка, на плочки исечете некоја салама или евентуално белото пилешко. Во сето тоа додадете исечена пиперка и црни маслинки, како и нешто по ваш вкус. Слободно употребете ја фантазијата и креативноста. Прелијте на крај со дресинг за салата. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2014 во 08:45

Студени, летни салати: Сечкајте и мешајте различни вкусови

Збогатете си го летното мени со неколку нови салати кои ќе ви ги дадат потребните хранливи и освежителни состојки, а истовремено нема да и наштетат на вашата линија.

studeni-letni-salati-seckajte-i-mesajte-razlicni-vkusovi-01

Туна салата

Потребно е: 2 конзерви туна, 3 чаши ориз, 300g мајонез, 400g павлака, 300g кисели краставички

Подготовка: Сварениот ориз измешајте го со сите состојки, оладете и послужете.

studeni-letni-salati-seckajte-i-mesajte-razlicni-vkusovi-02


Печени пиперки со павлака

Потребно е: 6-7 печени пиперки, 2-3 варени јајца, 400g кисела павлака, 100g мајонез, сол, зачини

Подготовка: Исечкајте ја пиперката на кругови, а јајцата на ситни коцки. Во сад измешајте ги со павлаката и мајонезот, па зачинете. Оладете и послужете со бело вино.

studeni-letni-salati-seckajte-i-mesajte-razlicni-vkusovi-03


Студени тестенини

Потребно е: 400g тестенини, 150g шунка, 150g бело сирење, 10-12 кисели краставички, 4 варени јајца, 3-4 лажици мајонез, 200g кисело млеко, 200 ml јогурт

Подготовка: Сварете ги тестенините и оладете ги. Ситно сечкајте ги сите состојки и помешајте ги со јогуртот, мајонезот и киселото млеко. Прелијте врз тестенините и послужете.

studeni-letni-salati-seckajte-i-mesajte-razlicni-vkusovi-04


Бела салата

Потребно е: 2 компири, 200g мајонез, 170g крем сирење, 400g павлака, 150g шунка, 3 јајца, 100g кашкавал

Подготовка: Мајонезот и половина од павлаката измешајте ги, па со таа смеса филувајте меѓу редовите. Изрендајте компир на дното на садот и посолете, па потоа премачкајте го со мајонез и павлака. Потоа наредете ја шунката со крем сирењето, прелијте со мајонезот и павлаката, па изрендајте ги јајцата. Најгоре додадете ја преостанатата павлака и изрендајте го кашкавалот.

studeni-letni-salati-seckajte-i-mesajte-razlicni-vkusovi-05


Салата од цвекло

Потребно е: 500g маринирано цвекло, 1 варено јајце, 200ml кисела павлака, 1 лажица сенф, масло, сол, бибер

Подготовка: Цвеклото и јајцата исечкајте ги ситно и додајте ја павлаката помешана со сенфот. Посолете, зачинете и послужете ја салатата како додаток на тестенини или парче бело месо.

studeni-letni-salati-seckajte-i-mesajte-razlicni-vkusovi-06

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:36
12

Салата од јачмен и печурки


Време на подготовка: 40 минути / ќе послужите: 6

  • 1/2 шоља маслиново масло
  • 1,25 килограми печурки по желба , исецкани (по потреба)
  • Крупна сол и црн бибер, по желба
  • 1 главица црвен кромид, ситно сецкано
  • 3 лажички балсамико
  • 150 грама павлака за готвење
  • 3 лажички сецкани стебленца од млад кромид
  • 3 лажички  ливчиња од мајчина душица
  • 2 главици марула, исечкана на покрупни парчиња
  • 500 грама варен јачмен
  • 150 грама ситно сецкан лешник
  • 150 грама свежи ливчиња од магдонос

Чекор 1

Загрејте една лажица од маслото во голема тава на срена топлина. Гответе ги печурките со една лажичка сол, мешајте повремено додека не добијат печурките златна боја, околу 5 минути, потоа префлете ги во длабок сад. Ситно сецканиот кромид се готви исто така со една лажичка масло на слаба топлина, додека да омекне. Потоа додадете балсамико и мешајте неколку минути.

Чекор 2

Тргнете го кромидот од топлина, измешајте го со павлата и преостанатиот балсамико. Прелејте со преостанатато масло. Додајте ги ливчињата од мајчина душица, ситно сецканите стебленца од млад кромид, зачинете со сол и црн бибер, оставете да се олади преливот. Во меѓувреме комбинирајте ги листовите од марула, печурките, лешникот и магдоност. Додајте го на крај врз нив готовиот прелив. Зачинте со сол и црн бибер, добро измешајте. Спремно за послужување.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2014 во 20:11

КРЕМ САЛАТА СО УРДА

14

Состојки:

  • 1000 грама Урда
  • малку сол
  • 250 грама маргарин
  • 2 чешниња Лук
  • малку бел бибер
  • 200 грама кисела павлака

Подготовка:
Пенесто изматете го маргаринот и додадете ја урдата. Продолжете го матењето па вмешајте ја киселата павлака. Проверете го вкусот па зачинете со сол. црн пипер и лук.

Совет: Можете да ја комбинирате и со тако чипс.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2014 во 18:51
12


Салата со пршута, рукола и топли сливи


  • 500 грама (околу 8 парчиња) модра слива
  • ½ лажичка сол
  • 1/2 лажичка свежо мелен црн бибер
  • Неколку свежи листови од босилек
  • 2 лажики маслиново масло
  • ½ шолја суво бело вино
  • 2 лажички балсамико
  • 250 грама рукола, исецкана
  • 250 грама тенко исецкана пршута

Чекор 1

Иецкајте ги сливите и отстранете ги смеките. Измешајте ги во подлабок сад со сол, бибер и листичата од босилек.

Чекор 2

На средна температура загрејте масло во голем плитка тава. Додадете ги половинките од слива, мешајте почесто додека сливите не пуштат сок но сеуште се цврсти, околу 5 до 6 минути. Додадте го виното и балсамико оцетот, измешајте и гответе уште 2 минути.

Чекор 3

Аранжирајте ја руколата во голема чинија за сервирање. Поставете ја пршутата нас руколата и над неа сливите, прелејте со сокот од сливи рамномерно и послужете.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2014 во 15:41

Летна салата со келераба и манго


Пробајте ја оваа фантастична салата со келераба и слатко манго со додаток босилек.

Состојки: 2 поголеми келераби, 1 помало манго или праска, дузина свеж босилек

За прелив: Јаболков оцет, 1 до 2 лажици маслиново масло, 1/4 лажичка сенф, 1/4  песто од босилек, 1 лажичка соја сос, свеж мелен бибер, морска сол

Подготовка: Отстранете ја кората од келерабата и исечете ја на тенки парчиња. Исчистете го мангото, и исечете го на мали коцки. Ако немате манго, може да земете една зрела праска, на која претходно ќе ѝ ја отстраните кората. Листовите од босилекот завијте ги во ролна и исечете ги на тенки ленти.

Наредете ги парчињата од келерабата на тањир за послужување, така што ќе се преклопуваат една со друга, и одозгора посипете од ситно сецканото манго а преку мангото посипете со ситно исецканите листови босилек.

Во мал сад ставете ги сите состојки за прелив и изматете со мала жица за матење и со лажичка прелијте преку салатата.

Послужете веднаш!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2014 во 11:22

Летен оброк: Пилешка салата во кроасан


Салатите се одличен избор во текот на летото. Лесни и вкусни, тие ќе ве освежат и заситат истовремено.

leten-obrok-pileska-salata-vo-kroasan-01.jpg

Ако сакате пилешка салата, еве еден интересен рецепт кој можете да го подготвите за појадок, ручек или вечера.

Потребни состојки:

  • 200g пилешко бело месо, сварено и исечкано
  • 50g исечкани печурки
  • ¼ шолја мајонез
  • ¼ шолја исечкан индиски орев
  • 1 лажица мед
  • ½ лажица сенф
  • 1 лажичка сок од лимон
  • 4 кроасани
  • Листови марула

Подготовка:

Помешајте ги сите состојки (освен марулата и кроасаните) во еден длабок сад.

Исечете го кроасанот на половина и на долната страна наредете листови марула.

Премачкајте го кроасанот со дебел слој пилешка салата и сендвичот е готов.

Пробајте и уживајте!

leten-obrok-pileska-salata-vo-kroasan-1.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Септември.2014 во 13:38

ПЕЧЕНА САЛАТА ОД КОМПИРИ

4

Состојки:

  • 1 кг компири
  • 50 мл. маслиново масло + 1 лажица
  • 1 лажичка рузмарин
  • ½ лимон
  • 1 црвен кромид
  • магдонос
  • сол
  • 200 гр. чери домати
  • 200 гр. тиквици
  • 200 гр. модар патлиџан

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Излупете ги компирите и исечете ги на коцки. Варете ги во тенџере со зовриена вода 5-10 минути. Потоа исцедете ги од водата и измешајте ги во еден сад со 50 мл. маслиново масло , рузмарин и сол по вкус.
Во плех намачкан со 1 лажица масло наредете ги компирите, половина лимон и излупени и исецкани кромид, тиквици и модри патлиџани. Печете ги 40 минути.
Потоа во сад за сервирање измешајте го печениот зеленчук со чери домати пресечени на четвртини и сок од печениот лимон. Зачинете со сецкан магдонос и сол по вкус.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Септември.2014 во 22:34

Салата од макарони со туна



Потребни состојки:​
1 ќесе макарони (може и повеќе, зависно за колку лица)​
1 лименка мелена туна​
4-5 лажици мајонез​
Грашок, по желба
Подготовка: 
Макароните се варат, другото се меша и се јаде.
Наздравје!
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Октомври.2014 во 21:19
16

Броколи пасата салата


Состојки:

– 2 големи парчиња брокула

– малку црвен кромид

– малку лук

– пола чаша сирење

– 150 гр. тестенини (од било кој облик)

– пола чаша павлака

– 2 лажици мајонез

– 1 лажица маслиново масло

– 1 лажица сусам

Подготовка:

Разделете ја брокулата на мали парчиња. Размешајте ја со ситно исецканиот кромид и лук.

Сварете ја тестенината и истурете ја водата. Додајте ја топлата тестенина во садот со брокули. Топлата тестенина ќе ги омекне брокулите.

Во еден сад направете го дресингот – измешајте ги павлаката, мајонезот, маслиновото масло и сусамот. Додатете сол по потреба.

Истурете го дресингот на тестенината и брокулите и измешајте убаво. Одозгора изрендајте го сирењето.



Изменето од Valerija - 23.Октомври.2014 во 21:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Ноември.2014 во 13:23

Салата од ананас со кокос, рум и индиски ореви

Приготвување:

Излупете го и исечкајте го ананасот.

Во суво тавче потпечете ги индиските ореви и зрнцата кокос. Здробете ги индиските ореви на не многу ситни парчиња.

Измешајте го шлагот со медот и румот. Ставете ги сите состојки (освен индиските ореви) во фрижидер.

Пред сервирањето прелејте ја смесата од рум и шлаг врз парчињата ананас и украсете со индиските ореви.

Состојки:

2 зрели ананаси

100 г индиски ореви

50 г зрнца кокос

2 дл шлаг

2 лажици мед

2 лажици рум
 



Изменето од Valerija - 01.Ноември.2014 во 13:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2021222324 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.