|
Како да направиш сапун |
Внеси реплика | страница 12> |
Автор | ||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 11.Март.2014 во 00:21 |
|
Значи во неколку постови во оваа тема ќе објаснам колку што можам најпросто како може да направите Сапун во Домашни Услови,макар да поставката изгледа доста лесно но во основа сака познавање на процесот и барем малку искуство во гледање кога некој правел сапун.
Сапуните во основа преставуваат соли на масни киселини со: - Натриум хидроксид(NaOH) при што се добива тврд сапун и - Калиум Хидроксид (КOH) при што се добива течен сапун За да направите сапун потребно ви е прво Маснотија,каде под маснотија се подразбира маст животинска или пример некои видови на растително масло како,сончогледово,кокосово,маслиново и т.н. Втора работа која е потребана е база или во народот познато како Жива или Каустична Сода а тоа е Натриум Хидроксид,ова се користи за тврди сапуни,додека за течни сапуни е потребен Калиум Хидроксид. Трета работа е Вода,и најдобро е да користите дестилирана вода. Потребен ви е и еден метален сад по можност од челик што не рѓосува со поширок дијаметар,затоа што процесот зависи од допирната површина на сите реагенси(маснотија или масло,лужина(NaOH,KOH),вода) кои се користат во процесот И нешто за мешање,најдобро некоја дрвена лажица или од пластика. Исто така потребни ви се и едни гумени ракавици,затоа што Натриум Хидроксидот е опасна хемикалија, и има силни нагризувачки својства.Исто така и препорачливо е да имате и некоја престилка. За секој случај при рака имајте алкохолен оцет во близина,доколку некои делови од кожата дојдат во допир со Натриум Хидрооксидот за да го неутрализирате,или најпросто кажано да го измиете од кожата. Доколку имате мали деца,најдобро е да ги тргнете или пак испратете ги кај баба им и дедо им Потребни ви се исто така и калапи во кои ќе го излиете добиениот сапун,може да послужат калапи со било каков облик,од дрво или пластика,или најпросто кажано како што се прават домашни колачиња во тие пластичните калапи,и тие може да се искористат во случајов. Сите состојки за процесот Сапунификација(Добивање на Сапуни) ви се познати и знаете како изгледаат,освем Натриум Хидроксидот кој преставува бела лушпеста супстанција или пак во гранули а Калиум Хидроксидот е исто така со бела боја во вид на лушпи или гранули(малечки топчиња). За изработка на сапуни постојат неколку постапки:Ладна постапка,Топла постапка,Крем сапун,Течен сапун и Глицерински сапун. Сите ови погоре напишаните ќе се потрудам да ги објаснам во наредните постови. За денеска толку. Темата ќе биде затворена додека не ззавршам,за било кое прашање пишете ми по лична порака
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
ЛАДНА ПОСТАПКА ЗА ПРАВЕЊЕ НА САПУН Кај Ладната постапка,температурата на состојките варира помеѓу 30-50 степени по целзиус,но самиот просец на сапонификација може да трае 3-6 недели. Значи пред почеток спремете ги сите состојки со кои ќе правите сапун. Значи Натриум Хидроксид,маснотии-во случајов за полесно ќе опишам процес со масла(Кокосово,Маслиново и Палмино),дестилирана вода,ракавици гумени,еден сад и ќе мешаме со Миксер(со тој дома што се мешаат теста за колачи и слично,заборавив во првиот пост да напишам),вага со која ќе ги измерите точните состојки и калап за излевање. Прво го земате садот и ги одмерувате количините на масла што ќе бидат наведени на крајот од постот.Садот се загрева додека не се растопат заситените масла(Кокосовото и Палминото) и се добие температура од 30 до 50 степени по целзиус. Во стаклен сад измерете го количеството вода и во посебен сад количеството на Натрумхидроксид.Потоа ставете го Натриумхидроксидот во водата,не обратно. Маслата ги земате и полека во нив турете го водениот раствор на Натриумхидроксид,и содржината малку ќе се замати.Земете го миксерот и мешајте ја содржината 1-2 минути. Содржината ќе стане матна и со кафеава боја поради почетокот на реакцијата на сапунификација,а исто така и миризбата ќе биде поинаква,нема да мириса на маслоата. Продолжете со мешање уште 1-2 минути и смесата ќе стане како редок пудинг. Во тој момент може да ставите додатоци како што се разни етерични масла за мирис или мелени билки за боја. Содржината миксајте ја се додека не добиете вискозност како за пудинг и излијте ја во калапот. Калапот покријте го со некоја полимерна фолија(најлон пример), и завиткајте го во крпа(за да не му студи Шала мала). Во идните 24 часа ќе се изврши најголемиот дел од сапонификацијата,масата ќе се загрее,ќе стане како проѕирна,бојата ќе се интензивира и после падот на температурата ќе се врати во нормала. После најмалку 24 часа може да го извадите сапунот од калапот.межутоа внимавајте,се уште постои опасност од Хатриумхидроксид па работете со ракавици. После вадењето од калапот можете да го исечето сапунот во каков што сакате облик. На крајот ставете со на собна температура во сува и темна просторија и повремено превртувајте ги облиците кои сте ги исекле. Сапунот треба да зрее од 3-6 недели и постоа може да го употребувате. Состојки кои ќе ви се потребни Маслиново масло 360 грама Палмино масло 270 грама Кокосово масло 270 грама Дестилирана вода 326,06 грама Натриум хидроксид 125,62 грама Изменето од fiks - 13.Март.2014 во 00:10 |
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Може да пишувате коментари,али ве молам сериозни бидете
Благодарам
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Е како да бидам сериозна? Јас да го правам ова дома, може да излезе нуклеарна бомба, наместо сапун |
||
zamislena
Сениор Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 14566 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
и откако ќе го направите сапунот
за што го користите највеќе... за миење на раце... лице ....коса..перење ...? и каков мирис има овој сапун ?
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Не бе зошто бомба,ептен е едноставно,ова овде е како еден патоказ и целта му е да го поттикне некого да проба да направи сапун дома.
Ако некој се заинтересира може на интернет да најде еден куп материјали за ова,дури и видеа на ју туб има
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Значи Сапун како тие купечките е,немаш никаква штета од него освем што може како и секој друг кожата малку да ја суши и ништо повече. За мирис сама ќе си одредиш,какво етерично масло ќе му ставиш така ќе си мириса За све можеш да го користиш,за миење раце,коса и перење
|
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Постапка за правење на сапун со лимон Во рачно изработените сапуни нема алкохол, адитиви и конзерванси. Во светот на козметиката, сапуните од полиците во продавниците ги избуткаа речиси сите купки и гелови за бањање. Сепак, квалитетот на домашните, рачно изработени сапуни, секогаш доаѓа до израз, бидејќи во нив нема алкохол, адитиви, конзерванси, па шансите да предизвикаат алергии или лупење на кожата се минимални…Покрај тоа, имаат “шарм”, мирисаат убаво и од нив се чувствувате добро. Направете го својот сапун со лимон, а тоа воедно може да биде и одличен подарок за вашите пријатели. Како база потребни ви се само сапун од козјо млеко, етерично масло од лимон, како и изрендана кора од четири лимони. Исечете ги на коцки сапунот од козјо млеко, загрејте во микробранова на 30 секунди или во метален сад на шпорет, додека сапунот не се растопи, односно да премине во течна форма. Потоа, додадете етерично масло и кора од лимон и добро помешајте. Смесата ставете ја во саканите калапи и оставете да се зацврсти (најмалку 60 минути). Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 08:40 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Направете сами ароматичен сапун од маслиново маслоМногу е пријатен за кожа, а рацете ќе ви бидат миризливи, мазни и нежни. За да направите ароматичен сапун за раце, потребно ви е само маслиново масло и остаток од вашиот стар сапун. Многу е пријатен за кожа, а рацете ќе ви бидат миризливи, мазни и нежни. Потребни состојки: 1/2 кг остаток од истрошено парче сапун, 2 лажички дестилирана вода, лажичка глицерин, пола лажичка етерично масло од цимет и масло од сладок портокал и маслиново масло. Подготовка: Иситнете го сапунот, ставете го во голем сад, додадете ја водата, глицеринот, етеричните масла и добро промешајте. Додадете маслиново масло, но не претерувајте со количината за да нема јак мирис. Садот покријте го со чиста кујнска крпаи оставете да отстои десетина минути, додека не омекне за да можете да го обликувате. Колку е сапунот поста, толку побрзо ќе омекне. Потоа смесата обликувајте ја по желба, а најлесно е да правите форми од топчиња. Кога ќе завршите, наредете ги на хартија за печење и оставете ги да отстојат ден или два за целосно да се стврднат. Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 08:56 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Како што знам во минатото наместо Натриум хидроксид ставале сол. Ќе го биде ли рецептов со обична сол |
||
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
,,,,ni pod razno da ne si ni pomislila da stavaš sol kako zamena za odredeni sostojki vo recepturata,,,od p,rvut ne ke možeš da se oslobodiš,a zgora na se kožata na skalpot ima da ti bide ko gjon,,,,:),,, |
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
Gabriela_S
Модератор Регистриран: 22.Февруари.2008 Локација: On the stone Статус: Офлајн Поени: 21943 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
па ова е за сапун, не за шампон
|
||
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
|
||
pajser
Сениор kloshar Регистриран: 04.Март.2011 Локација: Lao People's Dem. Rep. Статус: Офлајн Поени: 13921 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
,,,pa da de za sapun zboruvame,,,ne ke da e lošo malku pepel da staviš,,,,,zaboravi ja solta,,, ,,,
|
||
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
|
||
fiks
Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Администратор ПРАВДОЉУБЕЦ Регистриран: 18.Април.2005 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 24000 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Ја запоставив темава, ќе треба да допишам тоа што требаше
Полека Габи, не оди тоа така.
За да се оствари процес на сапунификација потребна ти е база или Натрриум - Калиум хидроксид. Со сол место база не можам да сконтам што би добиле, ама сигурен сум дека сапун не, може нешто друго, ама колку што знам хемија, не гледам како би реагирала солта ( натриум хлорид NaCl ) со масна киселина...ќе проверам и ќе ти кажам. |
||
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена, само шлаг пена ќе бидеме и можеби неколку жолти ракии. |
||
Внеси реплика | страница 12> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |