Испечати | Затвори го прозорот

Како да направиш сапун

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Стил на живот
Име на форумот: Направи сам
Опис на форумот: Се што ви треба на едно место. Направете сами и поттикнете ја вашата креативност.
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27018
Датум на принтање: 26.Април.2024 во 08:16
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Како да направиш сапун
Постирано од: fiks
Наслов: Како да направиш сапун
Датум на внесување: 11.Март.2014 во 00:21
Значи во неколку постови во оваа тема ќе објаснам колку што можам најпросто како може да направите Сапун во Домашни Услови,макар да поставката изгледа доста лесно но во основа сака познавање на процесот и барем малку искуство во гледање кога некој правел сапун.

Сапуните во основа преставуваат соли на масни киселини со:
- Натриум хидроксид(NaOH) при што се добива тврд сапун и 
- Калиум Хидроксид (КOH) при што се добива течен сапун

За да направите сапун потребно ви е прво Маснотија,каде под маснотија се подразбира маст животинска или пример некои видови на растително масло како,сончогледово,кокосово,маслиново и т.н.
Втора работа која е потребана е база или во народот познато како Жива или Каустична Сода а тоа е Натриум Хидроксид,ова се користи за тврди сапуни,додека за течни сапуни е потребен Калиум Хидроксид.

Трета работа е Вода,и најдобро е да користите дестилирана вода.

Потребен ви е и еден метален сад по можност од челик што не рѓосува со поширок дијаметар,затоа што процесот зависи од допирната површина на сите реагенси(маснотија или масло,лужина(NaOH,KOH),вода) кои се користат во процесот

И нешто за мешање,најдобро некоја дрвена лажица или од пластика.
Исто така потребни ви се и едни гумени ракавици,затоа што Натриум Хидроксидот е опасна хемикалија, и има силни нагризувачки својства.Исто така и препорачливо е да имате и некоја престилка.
За секој случај при рака имајте алкохолен оцет во близина,доколку некои делови од кожата дојдат во допир со Натриум Хидрооксидот за да го неутрализирате,или најпросто кажано да го измиете од кожата.
Доколку имате мали деца,најдобро е да ги тргнете или пак испратете ги кај баба им  и дедо имсреќа

Потребни ви се исто така и калапи во кои ќе го излиете добиениот сапун,може да послужат калапи со било каков облик,од дрво или пластика,или најпросто кажано како што се прават домашни колачиња во тие пластичните калапи,и тие може да се искористат во случајов.

Сите состојки за процесот Сапунификација(Добивање на Сапуни) ви се познати и знаете како изгледаат,освем Натриум Хидроксидот кој преставува бела лушпеста супстанција или пак во гранули а Калиум Хидроксидот е исто така со бела боја во вид на лушпи или гранули(малечки топчиња).

За изработка на сапуни постојат неколку постапки:Ладна постапка,Топла постапка,Крем сапун,Течен сапун и Глицерински сапун.
Сите ови погоре напишаните ќе се потрудам да ги објаснам во наредните постови.
За денеска толку.

Темата ќе биде затворена додека не ззавршам,за било кое прашање пишете ми по лична поракасреќа


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.




Коментари:
Постирано од: fiks
Датум на внесување: 13.Март.2014 во 00:07
ЛАДНА ПОСТАПКА ЗА ПРАВЕЊЕ НА САПУН

Во овај пост ќе напишам како се прави сапун со ладна постапка на сапонификација.Сигурно погодувате дека помеѓу ладна и топла постапка разликата е во температурата и во времетраењето на процесот,додека состојките остануваат исти.

Кај Ладната постапка,температурата на состојките варира помеѓу 30-50 степени по целзиус,но самиот просец на сапонификација може да трае 3-6 недели.

Значи пред почеток спремете ги сите состојки со кои ќе правите сапун.
Значи Натриум Хидроксид,маснотии-во случајов за полесно ќе опишам процес со масла(Кокосово,Маслиново и Палмино),дестилирана вода,ракавици гумени,еден сад и ќе мешаме со Миксер(со тој дома што се мешаат теста за колачи и слично,заборавив во првиот пост да напишам),вага со која ќе ги измерите точните состојки и калап за излевање.

Прво го земате садот и ги одмерувате количините на масла што ќе бидат наведени на крајот од постот.Садот се загрева додека не се растопат заситените масла(Кокосовото и Палминото) и се добие температура од 30 до 50 степени по целзиус.
Во стаклен сад измерете го количеството вода и во посебен сад количеството на Натрумхидроксид.Потоа ставете го Натриумхидроксидот во водата,не обратно.

Маслата ги земате и полека во нив турете го водениот раствор на Натриумхидроксид,и содржината малку ќе се замати.Земете го миксерот и мешајте ја содржината 1-2 минути.
Содржината ќе стане матна и со кафеава боја поради почетокот на реакцијата на сапунификација,а исто така и миризбата ќе биде поинаква,нема да мириса на маслоата.
Продолжете со мешање уште 1-2 минути и смесата ќе стане како редок пудинг.
Во тој момент може да ставите додатоци како што се разни етерични масла за мирис или мелени билки за боја.
Содржината миксајте ја се додека не добиете вискозност како за пудинг и излијте ја во калапот.
Калапот покријте го со некоја полимерна фолија(најлон пример), и завиткајте го во крпа(за да не му студиголема насмевка Шала мала).
Во идните 24 часа ќе се изврши најголемиот дел од сапонификацијата,масата ќе се загрее,ќе стане како проѕирна,бојата ќе се интензивира и после падот на температурата ќе се врати во нормала.
После најмалку 24 часа може да го извадите сапунот од калапот.межутоа внимавајте,се уште постои опасност од Хатриумхидроксид па работете со ракавици.
После вадењето од калапот можете да го исечето сапунот во каков што сакате облик.
На крајот ставете со на собна температура во сува и темна просторија и повремено превртувајте ги облиците кои сте ги исекле.
Сапунот треба да зрее од 3-6 недели и постоа може да го употребувате.

Состојки кои ќе ви се потребни

Маслиново масло       360 грама
Палмино масло           270 грама
Кокосово масло          270 грама
Дестилирана вода     326,06 грама
Натриум хидроксид   125,62 грама




-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 13.Март.2014 во 00:12
Може да пишувате коментари,али ве молам сериозни бидете
Благодарамсреќа


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Анастеа
Датум на внесување: 13.Март.2014 во 00:52

Е како да бидам сериозна?
Јас да го правам ова дома, може да излезе нуклеарна бомба, наместо сапун голема насмевка



-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.


Постирано од: zamislena
Датум на внесување: 13.Март.2014 во 00:58
и откако ќе го направите сапунот
за што го користите највеќе...
за миење на раце... лице ....коса..перење ...?
и каков мирис има овој сапун ?


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 13.Март.2014 во 00:59
Не бе зошто бомба,ептен е едноставно,ова овде е како еден патоказ и целта му е да го поттикне некого да проба да направи сапун дома.

Ако некој се заинтересира може на интернет да најде еден куп материјали за ова,дури и видеа на ју туб има среќа


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: fiks
Датум на внесување: 13.Март.2014 во 01:01
Originally posted by zamislena zamislena напиша:

и откако ќе го направите сапунот
за што го користите највеќе...
за миење на раце... лице ....коса..перење ...?
и каков мирис има овој сапун ?
 

Значи Сапун како тие купечките е,немаш никаква штета од него освем што може како и секој друг кожата малку да ја суши и ништо повече.

За мирис сама ќе си одредиш,какво етерично масло ќе му ставиш така ќе си мирисасреќа

За све можеш да го користиш,за миење раце,коса и перењеда


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 08:38
Постапка за правење на сапун со лимон

Во рачно изработените сапуни нема алкохол, адитиви и конзерванси.

Во светот на козметиката, сапуните од полиците во продавниците ги избуткаа речиси сите купки и гелови за бањање. Сепак, квалитетот на домашните, рачно изработени сапуни, секогаш доаѓа до израз, бидејќи во нив нема алкохол, адитиви, конзерванси, па шансите да предизвикаат алергии или лупење на кожата се минимални…Покрај тоа, имаат “шарм”, мирисаат убаво и од нив се чувствувате добро.

Направете го својот сапун со лимон, а тоа воедно може да биде и одличен подарок за вашите пријатели.

Како база потребни ви се само сапун од козјо млеко, етерично масло од лимон, како и изрендана кора од четири лимони.

Исечете ги на коцки сапунот од козјо млеко, загрејте во микробранова на 30 секунди или во метален сад на шпорет, додека сапунот не се растопи, односно да премине во течна форма. Потоа, додадете етерично масло и кора од лимон и добро помешајте.

Смесата ставете ја во саканите калапи и оставете да се зацврсти (најмалку 60 минути).



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 31.Март.2014 во 08:55

http://falanga.com.au/napravete-sami-aromatichen-sapun-od-maslinovo-maslo" rel="nofollow -

Многу е пријатен за кожа, а рацете ќе ви бидат миризливи, мазни и нежни.

За да направите ароматичен сапун за раце, потребно ви е само маслиново масло и остаток од вашиот стар сапун. Многу е пријатен за кожа, а рацете ќе ви бидат миризливи, мазни и нежни.

Потребни состојки: 1/2 кг остаток од истрошено парче сапун, 2 лажички дестилирана вода, лажичка глицерин, пола лажичка етерично масло од цимет и масло од сладок портокал и маслиново масло.

Подготовка: Иситнете го сапунот, ставете го во голем сад, додадете ја водата, глицеринот, етеричните масла и добро промешајте. Додадете маслиново масло, но не претерувајте со количината за да нема јак мирис. Садот покријте го со чиста кујнска крпаи оставете да отстои десетина минути, додека не омекне за да можете да го обликувате. Колку е сапунот поста, толку побрзо ќе омекне. Потоа смесата обликувајте ја по желба, а најлесно е да правите форми од топчиња. Кога ќе завршите, наредете ги на хартија за печење и оставете ги да отстојат ден или два за целосно да се стврднат.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 08.Август.2014 во 23:02
Originally posted by fiks fiks напиша:

Состојки кои ќе ви се потребни

Маслиново масло       360 грама
Палмино масло           270 грама
Кокосово масло          270 грама
Дестилирана вода     326,06 грама
Натриум хидроксид   125,62 грама



Како што знам во минатото наместо Натриум хидроксид ставале сол.
Ќе го биде ли рецептов со обична сол збунетост


-------------
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 08.Август.2014 во 23:22
Originally posted by Gabriela_S Gabriela_S напиша:


Originally posted by fiks fiks напиша:


Состојки кои ќе ви се потребни

Маслиново масло       360 грама
Палмино масло           270 грама
Кокосово масло          270 грама
Дестилирана вода     326,06 грама
Натриум хидроксид   125,62 грама




Како што знам во минатото наместо Натриум хидроксид ставале сол.
Ќе го биде ли рецептов со обична сол збунетост


,,,,ni pod razno da ne si ni pomislila da stavaš sol kako zamena za odredeni sostojki vo recepturata,,,od p,rvut ne ke možeš da se oslobodiš,a zgora na se kožata na skalpot ima da ti bide ko gjon,,,,:),,,

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 08.Август.2014 во 23:24
па ова е за сапун, не за шампон изненадување

-------------
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен


Постирано од: pajser
Датум на внесување: 08.Август.2014 во 23:29
,,,pa da de za sapun zboruvame,,,ne ke da e lošo malku pepel da staviš,,,,,zaboravi ja solta,,, ,,,

-------------
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 09.Август.2014 во 21:40
Ја запоставив темава, ќе треба да допишам тоа што требашеголема насмевка 
Полека Габи, не оди тоа така.

За да се оствари процес на сапунификација потребна ти е база или Натрриум - Калиум хидроксид.
Со сол место база не можам да сконтам што би добиле, ама сигурен сум дека сапун не, може нешто друго, ама колку што знам хемија, не гледам како би реагирала солта ( натриум хлорид  NaCl )  со масна киселина...ќе проверам и ќе ти кажам.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 09.Август.2014 во 22:24
ами кај наоѓале на времето бабите натриум хидроксид збунетост

-------------
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 09.Август.2014 во 23:14
Порано не правеле сапун како што денес се прави Габи.
Натриум хидроксид прв пат е пронајден од Хемфри Деј во Англија  1808 година.

Предходно се правеле средства за чистење налик на денешните сапуни, мислам дека мешале претежно пепел со масла и така добивале некаква си супстанција со која се чистеле.
Исто така порано биле многу користени и песочниците, тоа ти е вид на спаун со песок и се триеле по кожата.

Денешниве модерни сапуни се произведуваат од 1830 година па навака, во основа се сите исти, било да е Палмолив,Доув или некој од 20 денари од Кина или Турција,најчесто од растително масло и тоа најефтино се сите до еден, нормално Палмолив или Јонсон имаат највисока цена, не дека се нешто поарно, туку секако името и традицијата.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Gabriela_S
Датум на внесување: 09.Август.2014 во 23:27
http://manufakturamiletin.wordpress.com/2012/04/08/sapun-star-preko-30-godina-uputstvo-za-kuvanje-domaceg-sapuna/" rel="nofollow - http://manufakturamiletin.wordpress.com/2012/04/08/sapun-star-preko-30-godina-uputstvo-za-kuvanje-domaceg-sapuna/
http://seoskiposlovi.com/2013/05/16/pravljenje-domaceg-sapuna-od-svinjske-masti/" rel="nofollow - http://seoskiposlovi.com/2013/05/16/pravljenje-domaceg-sapuna-od-svinjske-masti/

или овие се само за перење не знам


-------------
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен


Постирано од: fiks
Датум на внесување: 09.Август.2014 во 23:37
Абе сапун си е сапун, сите се исти.
Разликата меѓу домашен и произведен по строг технолошки процес е само во миризбата и многу попрецизното водење на процесот на сапунификација.

Значи јас имам направено малку сапун од сончогледово масло и си беше сапун, како и купечките, само што немаше уваба миризба како купечките.
Ја измив еднаш и косата, и еве сеуште ми стои на глава, ретка е и мека како предходно голема насмевка

Баба ми правеше сапун од масти и лој, и со него переше алишта и супер корисен беше за тоа, переше подобро од купечките.

Сум слушал за луѓе што домашен сапун користеле за миење на косата и немале проблеми никакви, се сеќавам ова ми го кажуваше бербер еден.


-------------
Само шлаг пена ќе бидеме.
Ни воздух,ни оган,ни вода,туку шлаг пена,
само шлаг пена ќе бидеме и можеби
неколку жолти ракии.



Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 29.Ноември.2014 во 22:39

Направете сами сапун со билки кој ја смирува кожата



Ова е еден интересен рецепт за тоа како да подготвите домашен сапун со билки.

За да го подготвите потребно ви е: 150 гр глицерински сапун кој ќе го изрендате. Подгответе 90 мл од вашиот омилен чај ( камилица, нане, липа, хибискус…) Во чајот ставете 40 мл лимонов сок  и ставете го и сапунот. Додадете една и пол лажица исецкан рузмарин и една супена лажица овесни снегулки. Капнете 5-6 капки од вашето омилено етерично масло и оваа смеса ставете ја во калапи. Доколку сакате може да ставите цимет, екстракт од ванила или друг ваш омилен зачин.



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Февруари.2016 во 16:37
Домашен чоколаден сапун

Чоколадото многумина го нарекуваат  “сладкиот грев”. Желбата за црното”задовоство” понекогаш ги надминува сите граници…

Доколку Вие спаѓате во групата кои го обожаваат вкусот, мирисот на црното чоколадо можат на многу едноставен начин освен што ќе ги задоволат сетилата за вкус, мирис да го задоволат и сетилото за допир.

Чоколаден сапун е идеалната можност да ја наградите вашата кожа во овие ладни зимски денови, верувајте ќе ви биде бескрајно благодарна а Вие ќе го достигнете врвот на задоволството кои го нуди чоколадниот рај.

За подготовка на чоколаден сапун потребни ќе ви бидат неколку едноставни состојки кои ќе може да ги набавите во најблискиот супер маркет и 20 минути слободно време.

120 милилитри слабо – ароматичен течен сапун

20 капки етерично масло од чоколадо

2 -3 лажички какао во прав

Подготовка на чоколадниот сапун

Течниот сапун ставете го во мал сад на рингла и варете го на тивок оган. По 10 минути варење од садот извадете 2 големи супени лажици од зовриениот течен сапун и во друг сад настрана со помош на мало лажиче измешајте ги со какаото. Мешајте додека не добиете густа маса. Во добро измешаната маса во која нема грутки од какаото додадете ги 20 те капки од етеричното масло од чоколадо. Измешаните состојки ставете ги во претходно зовриениот течен сапун.

Течниот сапун од чоколадо ставете го калап по ваша желба и за половина до 1 час Вие веќе го имате чоколадното задоволство во вашата бања.

Уживајте во неверојатно задоволството!!!



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!


Постирано од: Valerija
Датум на внесување: 05.Мај.2018 во 20:26

https://www.kafepauza.mk/zanimlivosti/napravete-sami-recepti-za-domashen-sapun/" rel="nofollow - - Направете сами: Рецепти за домашен сапун

Многу луѓе денес повеќе веруваат во рачно изработените сапуни, отколку во индустриските. Вистина е дека индустриските пријатно мирисаат и убаво се спакувани, но се поставува едно клучно прашање: Како тие влијаат на вашата кожа? Често може да се сретнат личности на кои од овие сапуни им се појавуваат различни алергиски реакции или пак, им се суши кожата.

Направи сам: Рецепти за домашен сапун

Но, освен што е потреба, правењето домашни сапуни е бизнис-хоби со кое се занимаваат многу луѓе, нудејќи ја својата рачна изработка, а притоа од истата заработуваат. Најубав дел во целата оваа приказна е тоа што вие самите можете да си изберете состојки и мириси кои ги сакате, а нивната изработка е многу лесна и истата можете да ја видите во продолжение.

Домашен сапун од комбинација на масла

Потребни состојки
  • 350 милилитри палмово масло
  • 350 милилитри маслиново масло
  • 89,5 грама сода бикарбона
  • 230 милилитри вода
  • 10 милилитри етерично масло (по желба)
Начин на подготовка

1. Мешајте ги водата и сода бикарбоната додека не се стопат.

2. Соединете ги сите масла во еден сад и загрејте ги за да се измешаат.

3. Многу е важно стопената сода бикрбона и измешаните масла да бидат на иста температура, па дури потоа можете да ги соедините.

4. Потоа, смесата мешајте ја со блендер додека не стане густа и изедначена. После оваа постапка, веќе ја имате добиено основата за сапун.

5. Во основата за сапун можете да додадете етерично масло по желба (од лаванда, еукалиптус и слично), а исто така слободно можете да додавате и каква боја сакате. Што се однесува до мирисот, можете да го постигнете така што ќе користите екстракти, како на пример од ванила.

6. По додавањето на сите сакани состојки, потребно е да ја разделите смесата во различни калапи и да чекате еден ден. По 24 часа, сапунот ќе може да се извади од калапите, но потребно е да го оставите да „созрее“, што би се случило после 4 до 6 недели по правењето.

Направи сам: Рецепти за домашен сапун

Домашен сапун од глицерин

Потребни состојки:
  • 500 грама глицерин (цврст или течен)
  • Етерични масла (по желба)
Начин на подготовка:

1. Доколку имате купено цврст глицерин, тогаш исечете го на коцки, ставете го во сад и во микробранова за да се стопи. Со течниот глицерин процесот е ист. Ставете го во 2 чаши од 2 децилитри во сад и потоа во микробрановата.

2. Глицеринот се топи на 40 секунди на највисока температура. По 40 секунди, извадете го садот, измешајте го глицеринот и вратете го повторно уште 10 секунди.

3. Кога ќе се стопи и изедначи, во него можете да додадете етерично масло, делови од растенија или што друго и да посакате (на пример можете да додадете и одредена боја).

4. Откако ќе ги измешате сите состојки, потребно е да ги оставите да отстојат, за да се подигнат меурчињата собрани во сапунот.

5. Кога ќе се направи тоа, смесата испрскајте ја со алкохол кој ќе ги уништи меурчињата.

6. Готовата смеса ставете ја во калапи и оставете ја добро да се олади. Најдобро е да ја ставите во фрижидер, бидејќи на овој начин полесно ќе можете да го извадите сапунот.

Направи сам: Рецепти за домашен сапун



-------------
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk