|
Политичко дезертерство |
Внеси реплика |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 22.Јули.2014 во 13:32 |
Неодамна имаше една колумна (мислам од Ванковска) токму со ваков наслов. Од почетокот на осамостојувањето, низ македонската политичка сцена продефилираа политичари од секаков профил, меѓу кои имаше и подоста вакви политички дезертери. Некои ги викаат сончогледи, некои опортунисти, некои конформисти, некои пак идеалисти, демек се бореле за своите идеали.... Заедничко им е тоа што во одреден момент “дезертирале“ од својата матична партија: дали со менување ставови, дали со неподдржување на официјален партиски став, дали со излегување од партијата па дури и преминување во други партии. Последниве случаи со пратеничките Солза Грчева, Буралиева, Роза Топузовска... ги разбрануваа партиите од кои доаѓаат, предизвикаа внатрепартиски кавги и јавни препукувања, делење на табори, кланови, поддржувачи и плукачи... Како гледате на овие луѓе? Дали ваквите постапки на јавно разијдување од партијата на која припаѓаат (и од симпатизерите и гласачите кои им дале поддршка и глас) им го припишувате како плус или како минус во нивното политичко CV? |
|
Орка
Сениор Регистриран: 30.Август.2008 Статус: Офлајн Поени: 44580 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Нивното политичко CV,е еднакво регуларно како и моето
кога би конК*рирал во НАСА. Јас се извинувам за несериозноста во една крајно сериозна тема.Но основен предуслов е да се има и сериозна држава во прашање. Пред некоја година Амди(аман човеков ќе се утепа од икање денес) изјави како он морал да биде во позиција,оти само така ќе им помогнел на граѓаните кои го избрале.Најверојатно и за другиве тоа е изговорот или маската за пред народот.Зад која секако се кријат личните интереси, цената на нивното криминално минато,промискуитетот за власт и ред ред други работи.Јадните не им е лесно сето тоа да го прекријат. |
|
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |