Испечати | Затвори го прозорот

Политичко дезертерство

Испечатено од: IDIVIDI forum
Категорија: Македонија и Свет
Име на форумот: Политика и вести
Опис на форумот: Вести од МК, партии, скандали, протести...
URL: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=27236
Датум на принтање: 21.Ноември.2024 во 19:18
Верзија на софтверот: Web Wiz Forums 10.03 - http://www.webwizforums.com


Тема: Политичко дезертерство
Постирано од: Анастеа
Наслов: Политичко дезертерство
Датум на внесување: 22.Јули.2014 во 13:32

Неодамна имаше една колумна (мислам од Ванковска) токму со ваков наслов.
Од почетокот на осамостојувањето, низ македонската политичка сцена продефилираа политичари од секаков профил, меѓу кои имаше и подоста вакви политички дезертери. Некои ги викаат сончогледи, некои опортунисти, некои конформисти, некои пак идеалисти, демек се бореле за своите идеали.... Заедничко им е тоа што во одреден момент “дезертирале“ од својата матична партија: дали со менување ставови, дали со неподдржување на официјален партиски став, дали со излегување од партијата па дури и преминување во други партии.

Последниве случаи со пратеничките Солза Грчева, Буралиева, Роза Топузовска... ги разбрануваа партиите од кои доаѓаат, предизвикаа внатрепартиски кавги и јавни препукувања, делење на табори, кланови, поддржувачи и плукачи...

Како гледате на овие луѓе?
Дали ваквите постапки на јавно разијдување од партијата на која припаѓаат (и од симпатизерите и гласачите кои им дале поддршка и глас) им го припишувате како плус или како минус во нивното политичко CV?размислување

 


-------------
http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg&feature=related" rel="nofollow - Прав сме и ќе бидеме.
Ни воздух, ни оган, ни вода, туку земја,
само земја ќе бидеме и можеби
неколку жолти цветови.



Коментари:
Постирано од: Орка
Датум на внесување: 22.Јули.2014 во 18:58
Нивното политичко CV,е еднакво регуларно како и моето
кога би конК*рирал во НАСА.
Јас се извинувам за несериозноста во една крајно сериозна
тема.Но основен предуслов е да се има и сериозна држава во прашање.
Пред некоја година Амди(аман човеков ќе се утепа од икање денес)
изјави како он морал да биде во позиција,оти само така ќе им помогнел
на граѓаните кои го избрале.Најверојатно и за другиве тоа е изговорот
или маската за пред народот.Зад која секако се кријат личните интереси,
цената на нивното криминално минато,промискуитетот за власт и ред ред
други работи.Јадните не им е лесно сето тоа да го прекријат.



Испечати | Затвори го прозорот

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03 - http://www.webwizforums.com
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd. - http://www.webwiz.co.uk