IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Дом и градина
  Активни теми Активни теми RSS - Уредување на помали станбени површини
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Уредување на помали станбени површини

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 8>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 14:10

Неверојатно шармантен и елегантно осмислен стан од 40 метри квадратни


Иако со мали димензии, овој стан зрачи со шарм и би можел да биде совршено привремено решение за студенти или прв дом на млад брачен пар. Она што го пшарви посебен е многу добро осмислениот ентериер.

sarmantan-stan-od-40m2-2

Со оглед на квадратурата од 40 метри квадратни, овој еднособен стан би изгледал многу мал доколку не е вака добро испланиран.

sarmantan-stan-od-40m2-3

sarmantan-stan-od-40m2-4

sarmantan-stan-od-40m2-5

Од едната страна на собата сместена е удобна софа, масичка и кревет на спрат во структура на кутија. Под креветот има многу простор за скалдирање на гардероба.

sarmantan-stan-od-40m2-6

sarmantan-stan-od-40m2-7

Кујната се наоѓа на спротивната страна на собата. Отворена е и со паметен дизајн, со ѕидни ормани и со вградени погодности.

sarmantan-stan-od-40m2-8

sarmantan-stan-od-40m2-9

Бањата е голема скоро колку и кујната. Како што можете да видите на фотографиите, станот кој во теорија е многу мал, со паметена изведба може да биде многу шармантен и удобен.

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 14:12

Сон на секој студент: Фантастично уредени 22 квадрати

Многу пати до сега сме се увериле дека малиот простор може да овозможи многу, доколку го најдете правото решение. Погледнете го овој мал стан во Полска кој е прекрасно дизајниран и пред се практичен.

За овој стан може да се каже дека е сон на секој студент.

Палетата на бои е многу едноставна, што во главно вклучува нијанси на сива и бела. Мебелот е мултифункционален како што и се очекува во толку мал простор.

Погледнете ја фотогалеријата!

1 2 3 4 5

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Август.2014 во 17:18

Мал сончев стан од 31квадратни метри кој ќе ве воодушеви со своето уредување

< name="fb_xdm__http" border="0" allowtransparency="true" scrolling="no" id="fb_xdm__http" aria-="true" title="Facebook Cross Domain Communication " ="-1" ="http://static.ak.facebook.com/connect/xd_arbiter/FX-Xf5fQjUk.js?version=41#channel=f1a858131&origin=http%3A%2F%2Fboza.mk" style="margin: 0px; padding: 0px; border-style: none; font-family: inherit; font-size: inherit; font-style: inherit; font-variant: inherit; font-weight: inherit; line-height: inherit; vertical-align: line;">< name="fb_xdm__https" border="0" allowtransparency="true" scrolling="no" id="fb_xdm__https" aria-="true" title="Facebook Cross Domain Communication " ="-1" ="https://s-static.ak.facebook.com/connect/xd_arbiter/FX-Xf5fQjUk.js?version=41#channel=f1a858131&origin=http%3A%2F%2Fboza.mk" style="margin: 0px; padding: 0px; border-style: none; font-family: inherit; font-size: inherit; font-style: inherit; font-variant: inherit; font-weight: inherit; line-height: inherit; vertical-align: line;">

stan-31-kvadrat-terasa-1

stan-31-kvadrat-terasa-2

stan-31-kvadrat-terasa-3

stan-31-kvadrat-terasa-4

stan-31-kvadrat-terasa-5

stan-31-kvadrat-terasa-6

stan-31-kvadrat-terasa-7

stan-31-kvadrat-terasa-8

stan-31-kvadrat-terasa-9

stan-31-kvadrat-terasa-10



Изменето од Valerija - 15.Август.2014 во 17:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Август.2014 во 13:45

Животот може да биде прекрасен и во 29 метри квадратни


Овој светол и прозрачен минијатурен стан со отворен план е дизајнерски успех кој се протега на само 29 метри квадратни.

zivotot-moze-da-bide-prekrasen-i-vo-29-metri-kvadratni-01.jpg

Иако самиот стан е неверојатно малечок и животот во него не можете ни да си го замислите, палетата на свежи бои и добро одбрани парчиња мебел го прават неверојатно модерно место за живеење.

Со свежи, примамливи бои, паметно искористен простор и удобен мебел, нема човек кој не би сакал да се врати токму тука по напорниот ден.

Сопствениците на овој стан имаат минијатурна колекција на книги кои совршено се вклопуваат, додека сите кабли во куќата се скриени многу вешто.

Лажните ѕидови и масата која е продолжение на кујнските елементи се само дел од триковите кои го зголемуваат овој навидум минијатурен животен простор, а белата боја додава огромна свежина.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Септември.2014 во 15:12

Правила кои мора да ги почитувате ако живеете во мал стан


Ако живеете во мал стан, сигурно барате начини визуелно да го зголемите просторот, но и да го направите функционален, а во тоа ќе ви помогнат овие неколку корисни совети.

pravila-koi-mora-da-gi-pocituvate-ako-ziveete-vo-mal-stan-1jpg

Малиот стан може да биде тежок за уредување, бидејќи треба да се внимава кој мебел да се избере, какви бои да се користат и како да се усогласат...

Ако погрешите при декорирањето вашиот простор ќе стане уште потесен, па затоа почитувајте ги овие правила:

Огледала како декоративен елемент

Со помош на огледалата ќе ја осветлите целата просторија со дневна и наметната светлина. Поставете ги во дневната соба, а во однос на мебелот користете повеќенаменски. На тој начин, вашиот простор ќе биде повеќе функционален, но и ќе изгледа поголем.

pravila-koi-mora-da-gi-pocituvate-ako-ziveete-vo-mal-stan-2


Една боја за ѕидовите

Станот нека биде во една боја, а препорака е таа боја да биде во благ тон, кој нема да ја направи просторијата уште помала. Изедначениот тон кој ќе го имате во целиот стан ќе придонесе тој да изгледа поголем.

pravila-koi-mora-da-gi-pocituvate-ako-ziveete-vo-mal-stan-3


Пренатрупаност

Едно од правилата станот да изгледа поголем е да не биде пренатрупан ниту со мебел, а ниту со ситници. Избегнувајте теписи, а украсните фигури сведете ги на минимум.

pravila-koi-mora-da-gi-pocituvate-ako-ziveete-vo-mal-stan-6jpg


Создадете илузија на широк простор

Централниот дел од собата нека биде слободен, а доколку имате посебна спална соба слободно купете што поголем кревет. Тоа доминантно, но главно парче во спалната соба ќе го одвлече вниманието од фактот дека собата ви е мала, бидејќи големиот кревет ја направи да изгледа раскошна.

pravila-koi-mora-da-gi-pocituvate-ako-ziveete-vo-mal-stan-7jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Октомври.2014 во 21:25

И малиот стан може да изгледа убаво


Во овој текст ви претставуваме еден стан на скандинависки дизајнер. Ова е стан со голема функционалност, а кој се протега на само 42 квадратни метри. Ова е доказ дека и малиот стан може да изгледа убаво, а при тоа да биде идеално искористен секој негов сантиметар.

Внатрешноста на станот е уредена во земјени тонови, а ѕидовите се бели. Сепак малите станови не дозволуваат премногу боја на ѕидовите бидејќи тоа ќе ги направи само да изгледаат уште помали.

Циглата е еден од деталите кои ја прават позитивна и топла атмосверата во домот. Освен за шанкот, тие се употребени и на еден ѕид во станот, што го прави оригинален на посебен начин.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2014 во 18:39

Неколку идеи за средување на мал простор

Со малку креативност, вашите тесни домови можат да бидат навистина функционални. Погледнете неколку едноставни идеи за како од вашите мали соби да направите паметен простор.

Паметна лампа

За спални соби, кои се премногу мали, потребно е да закачите лампа на ѕидот, над вашиот кревет. Така ќе заштедите повеќе простор, а на ноќната масичка можете да ставите цвеќе, кое ќе даде посебен изглед на собата.

 

Магичен ходник

Сѐ што треба да направите е да закачите неколку закачалки за вашите палта и да ставите неколку полици за чевли.

 

Инстант шанк

Веднаш до прозорецот ставете обична даска и претворете ја во прекрасен шанк каде ќе можете да појадувате.

 

2 во 1

Доколку имате мал простор, а не знаете што да правите со него, само наместете мало креветче покрај прозорецот и неколку предмети кои ќе ѝ дадат пријатен изглед на собата. Така, собата ќе можете да ја користите и како ваше катче за читање и како гостинска соба.

ghk-small-guest-lgn

 

Паметен работен простор

Кој рече дека ако имате мал простор, не можете да имате своја работна соба? Искористете го вашиот стар шкаф, ставете биро и вашата работна соба е готова.

 

Трпезариски дел

Во некој агол од собата, сместете клупа, а до неа округла маса која ќе даде посебен изглед на собата.

Со малку креативност, вашите тесни домови можат да бидат навистина функционални. Погледнете неколку едноставни идеи за како од вашите мали соби да направите паметен простор.

Паметна лампа

За спални соби, кои се премногу мали, потребно е да закачите лампа на ѕидот, над вашиот кревет. Така ќе заштедите повеќе простор, а на ноќната масичка можете да ставите цвеќе, кое ќе даде посебен изглед на собата.

 

Магичен ходник

Сѐ што треба да направите е да закачите неколку закачалки за вашите палта и да ставите неколку полици за чевли.

 

Инстант шанк

Веднаш до прозорецот ставете обична даска и претворете ја во прекрасен шанк каде ќе можете да појадувате.

 

2 во 1

Доколку имате мал простор, а не знаете што да правите со него, само наместете мало креветче покрај прозорецот и неколку предмети кои ќе ѝ дадат пријатен изглед на собата. Така, собата ќе можете да ја користите и како ваше катче за читање и како гостинска соба.

ghk-small-guest-lgn

 

Паметен работен простор

Кој рече дека ако имате мал простор, не можете да имате своја работна соба? Искористете го вашиот стар шкаф, ставете биро и вашата работна соба е готова.

 

Трпезариски дел

Во некој агол од собата, сместете клупа, а до неа округла маса која ќе даде посебен изглед на собата.



Изменето од Valerija - 14.Октомври.2014 во 18:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Октомври.2014 во 08:13

Комфор во 34 квадрати


Минијатурниот стан од само 34 квадрати може да се претвори во пријатно место за живот, благодарение на неколку современи идеи и снаодливи одлуки.

komfor-vo-34-kvadrati-01.jpg

Водејќи се по овие правила, малечкиот стан во близина на Стокхолм е уреден во скандинавски стил, со употреба на дрвени материјали и нијанси, едноставни линии и ненаметливи детали.

Целиот план бил осмислен така што спалната го има главниот збор во ентериерот, па затоа е сместена во централниот дел, одделена само со ѕид од стакло.

Дневната, трпезаријата и кујната не се физички одделени, па токму затоа неутралните тонови се преплетуваат во една прекрасна целина.

Белите ѕидови, беспрекорно белиот ламинат и големите прозори го осветлуваат и освежуваат просторот, заради што се создава илузија на двојно поголем простор.

Ако за момент се посомневавте дека комфорот е изводлив во само 34 метри квадратни, овој стан ќе ве убеди во спротивното:

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2014 во 15:56

Живописен амбиент умно постигнат во мал стан


Добредојдовте во веселиот мал стан претставен од Geometrium, лоциран во близина на Санкт Петербург, Русија.

Станот е специјално направен за млад пар кој ја барал таа естетика и употребливоста на главните карактеристики на нивниот нов дом. Обоен со бели ѕидови кои визуелно го зголемуваат просторот, а светлото и шарено осветлување придонесува за живописниот амбиент. Отворениот простор го дефинира апартманот, а сепак, спиењето, јадењето и забавните области се добро индивидуализирани.

Севкупниот дизајн им оддава почит на креативноста и функцијата.

 

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Октомври.2014 во 15:57

Прекрасен дом од само 45 метри квадратни


Една од придобивките на живеењето во куќа, наспрема животот во стан, е тоа што лесно можете да придонесете за удобноста со ваш сопствен дизајн и можете да ја прилагодите според вашите сопствени потреби. Покрај тоа, куќите обично се поголеми и попространи од становите. Но не секогаш е така.

Совршен пример за тоа е и оваа современа куќичка чија површина изнесува само 45 метри квадратни, што е релативно многу малку за куќа, па дури и за стан.

Куќата е изградена во Кампо Гранде во Бразил. Прокетирана е од страна на архитектот Алекс Ногуира. Еден од условите за овој прокет бил едноставниот дизајн со чисти линии. Сопственикот не сакал куќата да биде конвенционална, но од друга страна сакал да биде многу практична.

Условот бил внатрешниот и надворешниот дел да се спојуваат па така задниот дел на куќата е изграден од стакло во облик на помошни врати. На овој начин се формира затворен простор и двор.

Дворот пак, исто така има интересен дизајн кој вклучува неколку скулптури изработени од материјалот кој останал од изградбата на куќата.

Предниот дел на куќата не е толку отворен како што е нејзиниот заден дел, со цел да се постигне ефект на контраст. Предниот дел на куќата е затворен и нема прозорци за да се обезбеди приватност и заштита од сонцето.

На фотографиите подоле ќе можете да ја погледнете неверојатно малата куќичка со големи идеи која ги исполнува сите услови.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Октомври.2014 во 22:18

Шармантен стан сместен на поткровје


Станот со необичен облик, сместен во поткровјето на зграда во Стокхолм, е идеално искористен, а веселите бои и додатоците создаваат пријатен простор за живеење на сопствениците.

Шарениот стан се простира на површина од 91 квадрат, има три соби и кујна. Сопствениците искористиле многу агли за сместување на ситниците, па така, во станот може да се забележат и дупки во ѕидовите во трпезаријата, каде што се сместени најразлични нешта.

Се со цел да се добие впечаток на поголем простор, скалите добиле правоаголна дупка од која се гледа трпезаријата, а поради тоа, и самите скали имаат многу светло.

Кујната е со нежен жолт тон, а пространата дневна соба има плафон со црно-бели риги. Овој детаљ можеби на многумина не им се допаѓа, меѓутоа истиот дава необичен и посебен печат на овој семеен дом.

Благодарение на жолтите клупи, терасата е уредена во согласност со внатрешноста, а од неа се овозможува прекрасен поглед на кон градот и неговите убавини.



Изменето од Valerija - 31.Октомври.2014 во 22:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Ноември.2014 во 08:44

Еднособен стан дизајниран за млади парови


Заедничкото живеење никогаш не било лесно. Дали заради кариерата, штедењето или самото започнување на едно ново животно поглавје, младите парови често не знаат како да го одберат идеалниот дом.

ednosoben-stan-dizajniran-za-mladi-parovi-1.jpg

За почеток, тој не треба да биде скап и луксузен, туку удобен, смирувачки и хармоничен. Токму таков е овој стан од 40 метри квадратни, дизајниран специјално по потребите на младите парови.

Дизајнот е фокусиран на поделбата на просторот на неколку корисни целини и зони, без подигнување на непотребни ѕидови.

Така, спалната соба, дневната, трпезаријата и кујната се една прекрасна целина од шаренило од бои и дезени.

Креветот и работната соба се одделени со само една скаличка која има улога на фиока, додека трпезаријата, дневната соба и кујната се потполно отворени.

Станот дури поседува и малечка, светла тераса, идеална за појадок и кафе во пар.

Сон на секој пар!



Изменето од Valerija - 05.Јуни.2015 во 13:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Ноември.2014 во 08:26

Идеи за минијатурни станови: Дневна и спална соба во ист простор (фото)


Ако живеете во миниајтурен еднособен стан, сигурно сте приморани дневната и спалната соба да ги уредите во иста просторија. Сепак, не очајувајте затоа што и за тоа постојат повеќе креативни решенија, трикови и предлози.

idei-za-minijaturni-stanovi-dnevna-i-spalna-soba-vo-ist-prostor-foto-01.jpg

Како најпривлечна и најповолна варијанта се истакнува одвојувањето на двете простории со завеси. Шипките за завеси лесно се монтираат и не заземаат многу простор.

Интересен начин за одвојување на спалната и дневната кој не зазема голем простор се лизгачките врати или стаклениот ѕид. Тие не го намалуваат просторот визуелно, а создаваат илузија на две одвоени соби.

Секогаш постои опција да ги раздвоите и со монтажна полица. Со нејзина помош ќе ги одвоите собите, а ќе добиете и дополнителен простор за сите ситници кои се наоѓаат во станот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Декември.2014 во 21:36
Урбана семејна приказна сместена во само 45 метри квадратни


Уште еден доказ дека големото не значи и поубаво е и овој прекрасен урбан стан кој со своите 45 метри квадратни, едноставно, воодушевува.

Имено, сопствениците на мал стан од само 45 метри квадратни посакале модерен дом во кој секој сантиметар е искористен максимално, барем кога станува збор за креативноста.


Така, овој дом сместен во југозападниот дел на Тел Авив изобилува со модерни детали кои создаваат удобна атмосфера за живеење. 

Под “палката” на Јулија Староселски, еден од архитектите во студиото “Tlocrt”, станот претрпел целосна промена на изгледот, без притоа да се рушат поголемиот дел од ѕидовите. Користејќи генијални креативни решенија, архитектите успеале да ги исполнат желбите на сопствениците. 


Еден од главните детали во овој ентериер е замената на ѕидот помеѓу спалната и дневната соба, па сега ваква улога имаат подвижните врати кои што на целиот ентериер му даваат тренди изглед. 

Ѕидот од цигли, силните и весели бои покрај модерните детали се совршено вклопени во малиот дом, па во продолжение накратко ѕирнете во станот и уживајте во разгледувањето. 











Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 8>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.