IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мода и убавина
  Активни теми Активни теми RSS - Модни и козметички вести, совети,сугестии,идеи...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Модни и козметички вести, совети,сугестии,идеи...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:31
3

Продолжете ја трајноста на маскарата и тушот за очи


Квалитетните маскари не се ефтини, па затоа многу жени користат дури и кога им истече рокот на траење. За да спречите иритација на очите, обавезно придржувајте се до рокот на траење на сите козметички производи, а многу внимание обратете на маскарата. Бидејки во иднина е погодно тло за размножување на бактерии, маскарата е важно да ја менувате секои четири месеци. Нема различни правила исто и за тушот за очи.

Ако маскарата ја користите секој ден и почне да суши и пред четири месеци, трајноста можете да ја продолжите со едноставен трик. Се што ви е потребно се капки за очи. Кога ќе приметите дека маскарата почнала да се суши, во шишенцето маскара капнете три до четири капки. Сипајте ги капките така што не го допирате грлото на маскарата. Маскарата протресете ја и спремна е за употреба.

Истиот начин можете да го употребите и за тушот за очи. Бо шишенцето додајте една до две капки за исушениот туш биде повторно употреблив.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:32
1

Сокријте го целулитот: Четири начини за успешно прикривање на овој женски непријател!


Не мора целулитот секогаш да победи. Постојат дури четири начини како овој женски непријател успешно да го покриете. Пробајте барем еден.

Секоја жена мака мачи со целулитот на нозете и газот. Обично премногу доцна ќе се сетиме дека треба нешто да направиме со таа “кора од портокал“, а тогаш е веќе се изгубено и целулитот не победува. Меѓутоа, тоа не е причина да облекуваме само панталони и долга сукња.

Нашиот предлог е да пробате еден од овие четири начини со кои можете да го покриете целулитот на нозете и газот.

Потемен тен

Во текот на летните месеци, особено после годишниот одмор кожата изгледа свежа и мека но причината не е само морето и лосионот туку и потемниот пигмент на кожата ги покрива сите неправилности. Доколку планирате за некоја свечена прилика да го облечете омилениот фустан, веднаш почнете да користите крема за самопотемнување или размислете за третмани.

Мидер

Мидер за обликување на телото е во моментот многу популарен, а различните модели се прилагодени за секаков вид на облека. Мидерите во облик на кратки панталони кои се користат под гламурозните фустани ги носат и популарните лепотици како Кејти Холмс, Сара Џесика Паркер и Ева Лонгорија.

Хулахопки

Хулахопките во боја на кожа се вратија во мода, а овој практичен детаљ покрај тоа што ги покрива неправилностите, го обликува и телото. Изберете нијанса која е слична на вашиот тен и избегнувајте висок сјај. Доколку планирате да облечете кратка сукња изберете хулахопки кои немаат задебелување односно “гаќи“.

Нега на кожата

Дехидрираната кожа станува сува и ја губи еластичноста, а правилната нега може да направи чудо. Подгответе ја својата кожа така што еднаш до два пати неделно направете пилинг на целото тело. После тоа кожата нахранете ја со крем или лосион за тело и најдобро би било да го нанесувате секој ден.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јуни.2014 во 22:37
111

Лоши навики поради кои изгледате постаро


Сите сакаме да бидеме здрави и да изгледаме убаво и младолико. Но постојат одредени навики кои често ги применуваме и не размислуваме како ни штети на нашата кожа. Применете ги овие неколку правила и подмладете се.

Пиете ли од сламка – Пиете ли често напитоци со сламка? Тоа може да придонесе правење на бори. Кожата околу усната се напрега, па обите од двете страни на устата се продлабочуваат.

Претерано чистење на лицето – Чистата кожа е убава, но пречестото миење не е ефикасно против стареење. Водата и агресивните состојки во некои производи кои ги користите можат да го спечат или намалат вашето природно масло кое ја одржува кожата хидрантна. Доколку имате сува кожа, измијте го лицето само еднаш и тоа навечер, а потоа нанесете ноќна крема. Доколку имате масна или мешовита кожа, измијте се наутро и навечер, а при тоа користите благо средство за чистење.

Главата горе – Колку често на работната маса седите со брадата наслонета на рацете? Ако тоа зачестило, болката во грбот и вратот не е единствената причина да почнете да седите исправено. Толку силно истегнување на вратот, ќе ја растегне кожата и ќе направи бори.

Нередовно или воопшто не вежбате – Вежбањето го подобрува дотокот на крвта во кожата и така таа станува поубава и поздрава. Американските експерти препорачуваат минимално 30 минутно вежбање против умерениот интензитет најмалку 5 дена во неделата, или 25 минути интензивнин аеробик вежби најмалку три пати неделни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2014 во 11:23

4 совети за парфемот да трае подолго


Парфемот ќе трае подолго ако се нанесува на т.н. пулсирачки точки: зглобовите, зад ушите, на дното од грлото, од внатрешната страна на лактите...

4-soveti-parfemot-da-trae-podolgo

Еве уште неколку совети за подолго да мирисате на својот омилен парфем.

1. Држењето на парфемот подалеку од извор на светлина помага парфемот да ги задржи хемиските својства непроменети, бидејќи светлината може да го промени составот на парфемот што доведува и до промена на мирисот.

2. Нанесете го парфемот директно на кожата ако сакате неговиот мирис да трае подолго. Нанесете го парфемот на „жешките“ точки, односно на точките на телото на кои можете да го почувствувате пулсот.

3. Многумина откако ќе стават парфем на надлактицата ги тријат рацете. Ова не помага парфемот да остане постојан, напротив, така се „кршат“ молекулите на парфемот и се уништува вистинската срж на мирисот.

4. Намачкајте малку вазелин или маслиново масло на пулсирачките точки каде што планирате да нанесете парфем. Ова е одличен начин мирисот подолго време да го задржите на своето тело.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 21:49

СПРЕЧЕТЕ ГО ОПАЃАЊЕТО НА КОСАТА СО КОПРИВА

17

Копривата е една од најдобрите и најделотворните лековити билки. Целото растение е лековито, така што се користи и коренот, и листовите и семето.

Копривата е богата со разни корисни состојки, калциум, фосфор, железо, витамин Ц, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина и др. Копривата е најпозната како средство за прочистување на крвта и зголемување на бројот на црвените крвни зрнца. Во народната медицина се користи и за други цели како регулирање на нивото на шеќер во крвта, против заболувања на јетрата, слезинката и жолчката, против грчеви и чиреви на желудникот, за белодробни заболувања, за лечење на болести предизвикани од вирузи и бактерии и т.н.

Копривата одлично делува на косата, го спречува нејзиното опаѓање и го поттикнува растот. Тинктурата од коприва посебно благотворно делува на секој тип на коса. Ако ја миете косата со чај од коприва, таа ќе биде убава и бујна, ќе го спречите паѓањето и прекумерното мрсење. 4 до 5 раце свежа или сува коприва се преливаат со 5 литра вода и се варат на тивок оган додека водата не зоврие. Се остава да стои 5 минути и потоа се користи за миење на косата. Ако се користи корен од коприва, една полна рака се остава да отстои во ладна вода преку ноќта, и наредниот ден се загрева на тивок оган додека водата не зоврие. Потоа се остава да отстои десетина минути, па се мие косата. Користете благ и квалитетен шампон и на крај убаво измијте ја косата со чајот од коприва. Исто така, одличен лек против опаѓање на косата ќе добиете и ако копривата ја смешате со жалфија и чичков корен. 25 г. коприва, 25 г. жалфија, 25 г. чичков корен се прелеваат со 3 литра вода и се варат додека водата не зоврие. Се остава да се излади, се прецедува и потоа се мие косата.

Можеби најпознатиот лек од коприва против опаѓање на косата е тинктурата од коприва и алкохол, која навистина дава одлични резултати. Се подготвува едноставно: 100 грама корен од коприва убаво се мие и се става да отстои во 1 литар ракија или 70% алкохол 8 дена. Шишето ставете го на сонце. После тоа се прецедува во друго чисто шише се додаваат неколку капки рицинусово масло. Масирајте го коренот на косата секој втор ден.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 21:49

КАКО ДА ГО СПРЕЧИТЕ ПОЈАВУВАЊЕТО НА БРЧКИТЕ

11

Американците ќе се обидат на сите начини, колку што е можно повеќе,  нивната кожа да изгледа како да нема брчки.

Постои лепеза од препарати за лице што се користат, меѓу другите вклучувајќи и уникатни состојки, ласери, пчелен отров, па дури и сопствената крв. Освен овие третмани, постојат и скапи козметички креми, ботокс, па дури шлаканици на лицето.

Но, вие не мора да трошите огромни пари за да го спречите појавувањето на брчките.

Микаеле Промалико, уредничката за убавина во „Yahoo“ објави неколку совети преку кои можеме да дознаеме и да се информираме како да ги спречиме брчките бесплатно. Таа вели дека повеќето брчки се предизвикани од распаѓањето на колагенот и еластинот, додавајќи: „Најголемие виновници се, очигледно, пушењето и сонцето.“

Микеле ги нуди следниве седум лесни совети за спречување на брчките:

1. Избегнувајте пиење преку сламка. „Кога ги движите усните додека пиете преку сламка, само придонесувате да се појават оние мали линии околу усните. А тие не се симпатични,“ вели таа.

2. Ограничете го честото џвакање мастики. Повторувачките движења при џвакањето, обично повеќе на едната страна од устата, може да предизвика брчките да бидат понагласени на таа страна од лицето.

3. Секогаш носете очила за сонце, дури и кога е облачно. „Секогаш зажмирувате кога сте изложени на силна светлина. А тоа ќе предизвика фини линии околу очите“, истакна таа.

4. Обидете се да не ја растегнувате кожата при ставање или отстранување на шминката. „Само обидете се да бидете нежни со вашата кожа“, додаде таа. „Исто така, имаме тенденција да ги кренеме веѓите и да ја отвориме устата и да ги правиме сите тие смешни гримаси. Обидете се да не го правите тоа.“

5. Ограничете го консумирањето на рафиниран шеќер. „Рафинираниот шеќер воопшто не е добар. Придонесува за распаѓање на клетките“, вели таа, додавајќи дека тоа предизвикува воспаление.

6. Бидете свесни за тоа колку многу гледате надолу во вашите мобилни уреди. „Може да користите праќање гласовни пораки, држејќи го телефонот нагоре, без да гледате надолу“, вели таа.

7. Обидете се да не спиете настрана. „Кога спиете настрана, предизвикувате брчки на лицето, но, исто така, предизвикувате и раздвојување на истите“, изјави. Таа советува луѓето да спијат на грб и да користат свилени навлаки за перниците.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 21:50

25 ЕВТИНИ ТРИКОВИ ЗА УБАВИНА

Beauty

Знаеме дека жените се спремни на многу нешта кога станува збор за нивната убавина. За пофалба е фактот кој укажува на тоа дека иако постојат многу хемиски препарати за разубавување, сепак многу жени ги преферираат оние природните , домашно направени продукти.

Погледнете ја оваа листа на кратки и евтини совети за одржување на вашата убавина:

1. Крукчиња краставички за освежување на очите.

2. Два литри вода дневно.

3. Паста за заби на акни.

4. Ладни, влажни кесички чај на уморни очи.

5. Спиење во чорапи откако сте нанеле хидратантна крема за меки стапала.

6. Бричење на нозете со регенератор за коса.

7. Лимонов сок за посветли прамени.

8. Паста за заби врз убод од инсект.

9. Чување на лакот за нокти во фрижидер за да не се згусне.

10. Сода бикарбона за избелување на заби.

11. Завршно миење на косата со малку оцет за сјај.

12. Прскање на четката за коса со парфем.

13. Ладни лажички врз отечени очи.

14. Мед како маска за лице.

15. Супер лепило за скршен нокт.

16. Парење на лице над лонец со врела вода.

17. Загревање на виткачот за трепки пред употреба.

18. Спиење на грб за да не се брчка лицето.

19. Плакнење на косата со пиво.

20. Топли витлери за виткана коса.

21. Лимонов сок за избелување нокти.

22. Жолчка од јајце како маска за коса.

23. Масажа на лице со коцка мраз за смалување на брчки и намалување на умор.

24. Масло од кокос за одржување на бојата на коса.

25. Кафето како пилинг за тело во борба со целулитот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Март.2016 во 21:57

БРЗИ И ЕФИКАСНИ ТРИКОВИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПОДОЧНИЦИТЕ!

13

Подочниците се создаваат заради умор, задржување на течности во телото, стрес, а кај некои луѓе во прашање е генетиката. За среќа, постојат неколку брзи (и ефтини) трикови кои ќе ви помогнат да се ослободите од нив и да изгледате подобро.

1. Изладете компир во фрижидер, исечете го на парчиња, измијте го добро и ставете преку затворени очи. Држете го 10-15 минути, а потоа измијте се и исчистете го лицето со тоник.

2. Стариот добар трик со краставицата навистина е делотворен. Пресечете 2 парчиња и одморете десетина минути со краставици на очите, а потоа измијте го лицето.

3. Ставете 2 лажици во замрзнувач на пет минути, а потоа нежно наслонете ги на очите на неколку минути.

4. Употребуваните вреќички од чај од камилица или зелен чај, зачувајте ги и изладете ги во фрижидер. Наутро ставете на вреќичките капки и ставете ги на очите за да ја изработат својата работа. После 10 минути измијте го подрачјето и исчистете го лицето.

По овие постапки, нанесете хранлив крем за подрачјето околу очите за третманот да биде целосен.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 234
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.