|
Реинкарнација |
Внеси реплика |
Автор | ||||||||
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Испратена: 22.Април.2015 во 22:35 |
|||||||
наводници стаив! лукавко!
|
||||||||
едно е - не се две
|
||||||||
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
...шо на мене?
|
||||||||
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
||||||||
outlook123
Сениор Maya Регистриран: 16.Октомври.2014 Статус: Офлајн Поени: 1633 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
јас не верувам!.. ,
се сеќавам.. на "тебе" ! Изменето од outlook123 - 22.Април.2015 во 22:30 |
||||||||
едно е - не се две
|
||||||||
Joshua_Tree
Сениор Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
...во потполност верувам и се сложувам со горенапишаното
|
||||||||
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Проверете дали сте стара душа: 4 докази дека сте доживеале реинкарнацијаРеинкарнацијата е спиритуално верување дека душата го напушта физичкото тело и по кратко време влегува во сосема ново, штотуку родено тело. Можно е да сте живееле и порано, а да не сте свесни за тоа. Сега ве заинтересира како може да откриете? Овие 4 знаци се цврсти докази дека сте стара душа која и претходно живеела, само во поинаков облик. Самото набљудување на луѓето ви дава јасна слика за нивните карактеристики и начинот за живот кој го водат? Имате чувство како да поседувате вградена програма која ги детектира намерите на другите? Тоа е затоа што и порано сте имале блиски сретнувања и сте комуницирале со илјадници луѓе, па сте имале можност добро да ги проучите сите типови на однесување. Тоа не значи дека осудувате, туку само дека добро проценувате. Способноста да ги читате луѓето исто така ви помага да откриете кога некој ве лаже. Вие едноставно ги забележувате лагите во нивните очи, чувствувате промена во енергијата и во начинот на кој ги изговараат зборовите. Веројатно затоа што тоа сте го искусиле и порано, така што не сте друштвено наивни.
Сакате да поминувате време сами со себе, но не затоа што сте осамени, туку затоа што уживате во своето друштво. Задоволни сте сами со себе и тоа ви е најважно. Попрво би седеле сами под ѕвездите, отколку да се туркате во некој клуб. Ако се пронајдовте, тоа не значи дека сте недружељубиви, туку дека не ви требаат луѓе кои ќе ви дадат поголема вредност, пофалба или одобрување. Она што ве издвојува од сите останати е внатрешниот мир.
Едноставно не одговарате во повеќето друштва, уште се навикнувате на околината и не знаете како „правилно“ треба да се однесувате во одредена ситуација? Имате чувство дека сте лав кој постојано живее живот како овца? Вие всушност не сакате да се вклопите. Можеби понекогаш пробувате, но сепак не сакате целосно да ви успее и тоа е во ред. Не разбирате зошто некои луѓе се среќни само затоа што се вклопуваат во шаблонот, затоа што природно ви е да бидете екстравагантни и неконвенционални. Едноставно, не сакате да бидете „нормални“ и обични.
Луѓето со задоволство ви се обраќаат за совет, дури и ако сте помлади од нив. Тие ги ценат советите, затоа што поседувате многу мудрост за годините кои ги имате. Можеби не ви паднало на памет, но веројатно веќе сте живееле неколку пати, па сте имале повеќе од доволно време да ја извежбате трпеливоста и искреноста. Плус, ако брзо учите нови животни лекции и секогаш внимателно слушате што ви зборуваат секојдневните ситуации, тогаш сигурно сте богата душа која не е стара колку и вашето тело. |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
ШЕСТГОДИШНАТА МАРИЈА Е РОДЕНА ВО МАКЕДОНСКО СЕМЕЈСТВО, НО ЗБОРУВА И РАЗБИРА САМО АНГЛИСКИ Марија постојано на англиски повторува реченици со совршен нагласок, иако целото нејзино семејство се Македонци и никој не зборува по дома англиски. Многу интересно… и никој не се нафаќа подетално да го разгледа овој случај? Имено, во "Дневник" објавена е статија во која е опишана посетата на "Дневниот центар за аутистични деца" кој има наслов како што е наведен на почетокот на коментаров и кој во сиот текст го спомнува посоченото девојче само со ЕДНА реченица. Толку. Настрана од аутизмот и Домот, ова девојче претставува непроценлива вредност за истражување, нешто кое се случува извонредно ретко, а нашите гласила и авторитети минуваат покрај него само како покрај некакаква улична жонглерска атракција која вреди само за едно петминутно внимание. Девојчево е родено во македонско семејство во кое никој не говори англиски, а малово комуницира единствено на одличен англиски јазик и не говори македонски. Додека не се даде некое подобро објаснување, јас овој случај го ставам во темата за реинкарнација. Не тврдам дека е тоа, но за сега е валидна опција како и секоја друга. |
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
Zlatnik
Сениор Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Ц! Ич! Тоа очекување на повторување на некој „нов живот“ всушност е само уште една пуста човекова надеж и утеха од смртта. Зарем не е така и во другите религии? Зарем кај христијаните нема воскреснување (нов живот), зарем и тие не го очекуваат судниот ден после кој повторно ќе живеат? И тоа овојпат вечно! |
||||||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Изменето од Valerija - 12.Јуни.2014 во 17:26 |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Messenger
Администратор Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
Навистина, ништо ново... ова го говореле мистиците и религиите уште пред иљадници години, се разбира, без да спомнуваат квантна механика. |
||||||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
||||||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||
„Враќање во живот“: Мамо пред да се родам умрев како пилот!Рајан ги разгледува фотографиите од златната ера на Холивуд и на нив препознава пријатели како Рита Хејворт и Мерлин Монро. Се сеќава на мали детали од црно- белите филмови и раскажува за трачевите кои што биле актуелни зад сцената. Сепак, Рајан има само пет години. Тој како и многу други деца низ светот има необјасниви сеќавања кои
сугерираат на тоа дека станува збор за меморија од некој претходен
живот. И додека многу луѓе веруваат дека реинкарнацијата е чиста
бесмислица, тој и сличните на него, со своето уникатно искуство го
докажуваат токму спротивното.
Џејмс–загинат пилот Хантер–реинкарнација на голферот Боби Џонс Па така, по смртта она што народски се нарекува душа, патува низ времето и просторот и повторно се реинкарнира во телесна форма. Сепак, се уште останува непознато зошто сите луѓе немаат сеќавања од претходниот живот и зошто оние што веќе ги имаат започнуваат да ги забораваат по определен временски период. Некои од случаите кои што што биле предмет на истражување, се лажни, односно родителите ги навеле своите деца да зборуваат дека се реинкарнирани, но постојат и такви кои се целосно автентични и кои го оставаат прашањето за реинкарнацијата отворено и недообјаснето. |
||||||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||||||
Внеси реплика | |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |