IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Италија ...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италија ...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
Автор
Порака
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 16:59

Има уште многу вакви прекрасни местенца.
Едно од нив е Cinque Terre, во Лигурија.
Зоната е прогласена за национален парк и под заштита на УНЕСКО.


















Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 17:04

АРБЕЛОБЕЛО, ИТАЛИЈАНСКИОТ МОЗАИК ОД УНИКАТНИ ЖИВЕАЛИШТА...


Image result for photos of АРБЕЛОБЕЛО
Image result for photos of АРБЕЛОБЕЛО

Image result for photos of АРБЕЛОБЕЛО


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 17:20

VERNAZZA, ИТАЛИЈА – МИСТЕРИОЗНОТО МЕСТО КОЕ ЌЕ ВИ ГО СМЕНИ ЖИВОТОТ

Vernazza е град во  северна Италија, едно од местата кои го сочинуваат регионот Cinque Terre. Oва е местото во кое нема сообраќај и градот кој ќе Ви ги отвори очите. Зошто ??? Зошто овде ќе ја имате вистинската прилика да почувствувате дека животот е убав, без да бидете зависни од секојдневните политички случувања и без да бидете „ во чекор со последните случувања “…

1 (2)

Во превод, овој град значи мајчин град, што можеби е некоја случајност, поврзана со фактот дека местово дава некоја чудна енергија што Ви го сменува животот. Ова место е и признато како светско културно наследство на УНЕСКО. Денес, главен извор  за приходи, овде, е туризмот. Како сведоштво за старата традиција на риболов, производство на вино и маслиново масло, денес повторно се одржуваат значајни манифестации кои прават овие вредности да заживеат.

1 (4)

На 25 Октомври 2011 година, овој град беше погоден од поројни дождови, масивни поплави и лизгање на земјиштето, предизвикувајќи огромна штета. Градот беше евакуиран и континуирано продолжи вонредната состојба. Сепак не згаснува можноста дека ова место повторно ќе биде безбедно и ќе го менува Вашиот живот, позитивно…

Falling Tide - (Vernazza, Cinque Terre, Italy)

1 (6)

1 (7)

1 (8)

1 (9)

1 (10)

1 (12)

1 (13)

1 (14)

 



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 08:35

МИЛАНО, ИТАЛИЈА ВО МАЛО

NaslovnaMilano

На патот кон Милано веројатно ќе пројавите желба за шопинг, фудбал и опера, но само еден поглед кон Дуомо катердаралата и веќе ќе бидете воодушевени. Милано се смета за модна престолнина и центар на гламурот и фудбалот, но немојте да го потцените како историски град, бидејќи има што да се види.

Пред се, посетата на Милано не е комплетна ако не ја посетите операта. Уживајте во прекрасните звуци на познатите композитори како Моцарт, Росини и Верди, познатиот Скала.

Во Милано, постојат десетици средновековни цркви да се откријат и прекрасен замок Сфорцеско, кој е нешто најдобро што Милано може да го понуди, Нереалниот Дуомо, градската катедрала на која има над 3500 статуи и која е најдобриот пример на готската архитектура. Ова гигантско уметничко дело е преплавено со статуи од светлуцав бел мермер. Доколку се качите на нејзиниот врв пред вас ќе се појави спектакуларниот поглед кон градот. Изградбата на оваа катедрала е започната во 1386 година, а завршена е во 1805, бидејќи Наполеон сакал да биде крунисан како крал на Италија.

milano01

Можеби неможе да се натрпеварува со Рим, Фиренца или Венеција, но сепак Милано има што да понуди, а тука треба да се спомене пред се “Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи. Неколку уметнички и историски музеи можете да ги посетите и да обрнете особено внимание, за тоа ќе ви треба еден ден. „Brera” е најдобрата уметничка колекција која можете да ја видите во овој град, која вклучува 700 години уметничка историја и има дела на Рафаел “Венчавката на Марија и ЈОсиф“,на Микеланџело, Белот и Каналет. Историската библиотека Амброзија, ги чува нацртите и записите на Леонардо да Винчи.

milano03

Место каде се раѓаат модните трендови. Се рзбира неможете да отидете во Милано, а да не направите барем еден шопинг на улицата Монтенаполеон. Познатите модни бутици се подеднакво интересно направени како и најдобрите музеи. Миланските бутици и продавници се меѓу најдобрите во светот. Прошетајте низ улиците Дела Спига, Сант Андреа и Манкони и откријте ги најдобрите марки во светот, од Армани, Долче и Габана, Валентино, Версаче. Ги има илјадници бутици, а секој може да си најде нешто по свој вкус.

milano02

Милано може да понуди различни видови инспиративни ноќни забави за сечиј вкус. Вечер помината во Миланската скала е врвно искуство за љубителите на операта и балетот. За друг вкус пак постои познатиот фудбалски стадион Сан Сиро. Ако пак сакате да воздивнете од градската врева одете до градината Публичи, каде оваа голема зелена оаза има фонтани, споменици и статуи и претставува одлично место за одмор и уживање.

milano04



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 08:38

ТОСКАНА, ИТАЛИЈА

toskana

Тоскана е еден од најголемите и најважни региони во Италија поради своето културно-историско и уметничко наследство. Сместена во Централна Италија, на северо-запад се граничи со Лигурија, на север со Емиља-Ромања, на исток со Марке и Умбрија, на југ со Лацио. Површината која го зафаќа овој регион на Апенинскиот Полуостров е 22.997 км², а името произлегло од првите жители кои ја населувале таа зона, Етрурците или Туски, кои му ги дале на регионот првите форми на територијална организација. По нив, регионот бил завземен од страна на Римјаните а по паѓањето на Римската Империја, Тоскана паднала под власт на Готите, Лонгобардите и на Каролинзите. Во средновековниот период биле основани независните општини кои не издржале под превласта на Фиренца со која управувало семејството Медичи.

Ligurien_Korsika_Toskana_Elba

Тоскана се смета за лулката на италијанскиот јазик во која се родиле едни од најпознатите италијански уметници и поети. Освен тоа, Тоскана е своевиден регион-музеј: нејзините градови чуваат многубројни ремек дела како палати, цркви, галерии, кои привлекуваат туристи од целиот свет.


Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата убавина и многубројните културно-историски споменици, но и по природната убавина. Во овој регион се сместени и други познати градови како Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно.

toskana-2007-35



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 08:39

ВЕНЕЦИЈА, ИТАЛИЈА

Venice-Gondola1

Венеција е една од најважните туристички дестинации во светот, поради тоа што градот е еден од најголемите и најубавите градови на уметноста во светот. Во градот доаѓаат во просек 50.000 туристи дневно. Во 2006 година, тoj беше 28-ми меѓународно нajпосетeн град во светот, со 2.927.000 меѓународни пристигнувања таа година.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Туризмот е главен сектор на Венецијанскaтa индустрија уште од 18 век, кога беше еден од главните центри за големата турнеја, поради неговиoт убав градски пејсаж, уникатност и богатото музичко и уметничкo културно наследство. Во 19 век, стана модерен центар за богатите и славните, кои често престојувале или вечерале во луксузните објекти како Даниели Хотелот или Кафе Флориан. Тој продолжил да биде модерен град во раниот 20 век. Во 1980 година, Карневалот во Венеција беше оживеан и градот стана еден од главните центари зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, културни, филмски, уметнички и музички продукции.

VENEZIA 3

Денес постојат голем број атракции во Венеција, како што се базиликата Свети Марко, Големиот канал и Плоштадот Свети Марко. Lido di Venezia е исто така популарна меѓународнa луксузнa дестинација, која привлекува илјадници актери, критичaри, познати личности и луѓе филмската индустрија.

Venezie Venecija

Сепак, популарноста на Венеција како главна туристичка дестинација во светот предизвика неколку проблеми, вклучувајќи го и фактот дека градот може да биде многу пренатрупан на некои периоди од годината. Некои тоа го сметаат за туристичка замка, а од другите како „жив музеј“. За разлика од повеќето други места во Западна Европа и во светот, Венеција стана широко познатa по своите елементи на елегантна рушевина.

arco_venezia

Kомпетитивноста на странците што сакаат да купат дом во Венеција направи цените да се зголемат толку многу што голем број од жителите се принудени да се преселат во попристапни области како Венето и Италија, собено Местре.

 

VenecijaItalija



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:14
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 11:05

Посетете го срцето на Италија – Тоскана


Ако имате потреба да ја нахраните душата со патување во скоро време, а се уште немате одлучено каде, еве една туристичка дестинација во Европа која ќе ве опие со својата убавина и експлицитна италијанска кујна.

posetete-go-srceto-na-italija-toskana-01

Добрата страна е што од скоро имаме и евтини летови до Италија, па во комбинација со авион и воз, брзо и едноставно може да стигнете до оваа дестинација.

Што мора да посетите додека сте таму?

Тоскана е поделена на девет провинции кои подеднакво го одземаат здивот.

Не пропуштајте да го посетите главниот град - Фиренца, култната Пиза, средновековната Сиена, палатите и возвишените катедрали, фонтаните, тврдините, плоштадот del Kampo, гробницата на семејството Медичи, идеалниот Ливорно и мистичната Лука.

Што да пробате од италијанската кујна?

Тоскана е срцето на италијанска кујна. Традиционално, од 19 до 28 април се одржува познатиот фестивал на храната и виното, кој привлекува голем број туристи од целиот свет - Castagneto Carducci.

Задолжително пробајте ги вкусните пецива Lambredotto, палачинките со костени Necci, неверојатниот гулаш од свежи риби и по малку од сите мистични зачини кои може да се најдат свежи на пазарот.

Со храната не заборавајте да се напиете од најпознатите вина во светот Carmignano, Chianti, Chianti Classico, Brunello di Montalcinо - вино и храна е комбинација која ги активира сите ваши сетила кога сте во Италија.

Покрај традиционалните италијански пици и тестенини, дозволете си барем два вида сирење и чаша бело сортно вино во некој од преубавите ресторани.

posetete-go-srceto-na-italija-toskana-02

Што да понесете со вас?

Совршена комбинација која нема да зафаќа голем простор во вашиот куфер, е портокалова комбинација, сандали, голема чанта, очила за сонце, впечатлив накит и моден додаток за коса, како што се цветовите или шапките.

Овој стајлинг ќе ве натера да се соедините со духот на незаменливата Тоскана.

posetete-go-srceto-na-italija-toskana-03



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Мај.2014 во 22:22

Сега е вистинското време да побегнете од секојдневието и да уживате во убавините на слаткиот живот, или како што тие би рекле „dolce vita!“

vasata-sledna-destinacij-portofino-italija-01

На помалку од 40km од Џенова, Портофино е сокриен во националниот парк со неверојатно бистра вода. Некогаш важело за рибарско село, но во 1950 година започна неговата популаризација.

Денес, Портофино е синоним за италијанскиот гламур, преполн со луксузни вили во сопственост на Армани и Долче и Габана.

Непосредно пред почетокот на летото не пропуштајте да го посетите овој италијански природен бисер, затоа што во шпицот на сезоната цените се вртоглаво високи.

Кога еднаш ќе отпатувате таму, морате да ги обиколите некогашните рибарски колиби кои сега се претворени во ексклузивни бутици, но мора и да испловите по водите по заоѓањето на сонцето.

Не бидете мрзеливи, шетајте низ прекрасните градини, а не ја пропуштајте ниту посетата на San Fruttuoso, до која можете да стигнете со брод или пешки.

Тука ќе пронајдете црква која датира од 7 век и ќе имате извонредна можност за вкусен ручек на терасата на ресторанот „ Da Giovanni.“

vasata-sledna-destinacij-portofino-italija-02

Ако немате можност да престојувате во него, задолжително барем разгледајте го „Belmond Hotel Splendido,” кој е еден од најдобрите во цела Италија.

vasata-sledna-destinacij-portofino-italija-03

Вечерајте во ресторанот „Liguria“ ако сте љубители на песто и фокача, а во „Chuflay” доколку планирате романтична вечера со домашни специјалитети.

vasata-sledna-destinacij-portofino-italija-04

Не заборавајте да понесете пакување песто сос за дома!



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2014 во 16:08

Медитеранско опуштање на југот на Италија


Сместен во некогашната тврдина со поглед кон море, луксузниот хотел Don Ferrante кој се наоѓа во малечкото местенце Монополи, Бари нуди уживање и опуштање со мирис на солена вода и божури.

mediteransko-opustanje-na-jugot-na-italija-01.jpg

Хотелот располага со 10 соби, сите уредени во медитерански стил и опремени по најмодерни стандарди, сопствен ресторан, рајска градина и прекрасен базен.

Најголема атракција која привлекува по неколку стотици туристи дневно се каскадните скалила со поглед кон море.

На најголемата од нив, гостите можат да уживаат во медитеранските специјалитети подготвени во ресторанот кој е сместен во некогашното складилиште за оружје од 16-ти век.

Don Ferrante е оддалечен на само неколку минути од најубавите италијански плажи и локали кои го заокружуваат пријатното доживување.



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:16
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Октомври.2014 во 21:08

УБАВИНИТЕ НА ИТАЛИЈА

5

< border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1412222815222" name="I0_1412222815222" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=http%3A%2F%2Fpopara.mk&=http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Fpatuvanja%2Fdestinacii%2Fubavinite-na-italija%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.AHMRz54syrk.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Ft%3Dzcms%2Frs%3DAItRSTNeilZtZkJqZtx68_JIBTZ3K2-JVA#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1412222815222&parent=http%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=40404558" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px; : transparent;">


Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:19
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2014 во 06:37
Бурано - Италија 


















Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2015 во 00:19

Џенова, град - музеј. На секој чекор историја, еден куп замоци, катедрали, тврдини, музеи. Има толку многу да се види, што времето секогаш е кратко. Роден град на Кристифор Колумбо, Николо Паганини и уште многу други значајни историски личности.

Родната куќа на Кристифор Колумбо т.е. она малку што останало од неа, сега музеј. И Porta Soprana, веднаш до неа:







Палатата San Giorgio веднаш на старото пристаниште до аквариумот, која некогаш била затвор и во која затворски денови има поминато и Марко Поло.








Катедралата San Lorenzo:





Palazzo Ducale, некогашно седиште на античката Република, сега музеј:




 

Piazza De Ferrari, ама сликана од неубав агол, без споменикот на Џузепе Гарибалди:




Една од атракциите е пиратскиот брод Нептун,  во старото пристаниште. Вистинскиот брод од филмот “Пирати“ на Роман Полански, отворен за посети. Само не даваат да се пука од топовите.голема насмевка




















Изменето од Анастеа - 25.Февруари.2015 во 00:21
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2015 во 00:41

И најголемата атракција за децата (и не само за децатаголема насмевка) - Аквариумот. Втор по големина во Европа, со големи базени со делфини на отворено, како и на 8 метри под морското ниво, со пингвини, фоки, ајкули, па и крокодили и најразлични видови риби и морски свет.

Делфините се нешто неповторливо.љубов




















Изменето од Анастеа - 25.Февруари.2015 во 00:47
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2015 во 08:59

10 работи од кои ќе се разочарате кога ќе ја посетите Италија за прв пат


Пица, тестенини, еспресо, кожни чанти, историски знаменитости, катедрали и многу порции превкусен џелато се дел од работите кои туристите очекуваат да ги затекнат во Италија.

10-raboti-od-koi-ke-se-razocarate-koga-ke-ja-posetite-italija-za-prv-pat-01.jpg

Додека истражуваме за земјата која сакаме да ја посетиме многу често ги занемаруваме информациите за локалното население, а всушност тие се срцето и душата на една земја.

Патувањето во Италија ќе ви остане во сеќавање како прекрасна авантура, но пред да ги спакувате торбите, мора да ги имате предвид овие 10 работи.

1. Вревата е често неподнослива

Кога на странците некој ќе им спомне Италијанци, првата асоцијација секогаш е вревата. Постојаната, сеприсутна, заглушувачка врева. За туристите, кои првпат се во Италија секое излегување од хотелот е авантура сама по себе кога ќе се најдат на улиците полни со луѓе кои разговараат, викаат, се караат гласно по телефон, свират додека возат...

Имајте предвид дека ѕидовите во Италија се прилично тенки, па може да се случи заедно со соседите, и вие да гледате, односно слушате телевизија. За жал, решение за овој проблем нема, но знајте дека со време ќе се навикнете и на најголемата врева и викотница.


2. Јадењето е составено од неколку различни порции

Не очекувајте јадењето да ви биде послужено одеднаш. Традиционалниот италијански оброк е составен од најмалку три различни порции.

Менито се состои од антипасто, вид на предјадење составено од салама и мариниран зеленчук,прими пиати (рижото, тестенини или њоки), главното јадење е секонди пиати кое може да се служи со или без конторно - зеленчуков гарнир. Оброкот се завршува со десерт кој најчесто е турамису, панакота или џелато.

На странците им е чудно да јадат тестенини без месо, прилози и салата, но во Италија порциите не се служат заедно.


3. Појадокот е лесен и сладок

Типичниот италијански појадок колационе се состои од филџан топол пијалак како кафе, капучино, топло чоколадо или црн чај и слатко печиво како бриош леб, кроасан или колаче. Ако сте навикнати на обилен (и солен) појадок, најдобро би било да појадувате во хотел.

10-raboti-koi-ke-gi-razocaraat-turistite-koi-prvpat-odat-vo-italija-1

4. Гестикулациите се задолжителни

Италијанците не би биле Италијанци кога не би гестикулирале со раце. Туристите тешко ја забораваат глетката на група Италијанци кои гласно разговараат додека рацете им летаат наоколу.

Гестукулацијата Италијаните ја наследиле од далечното минато кога грците дошле да го колонизираат Непал. Тогаш Италијанците почнале меѓусебно да комуницираат со гестови за да не ги слушнат непријателите и така почнала традицијата која сè уште постои во италијанската крв.

Сакате да научите како невербално да комуницирате со Италијанците? Ако нешто ви се допаѓа, спојте ги прстите и бакнете ти. Некој ве нервира? Поминете со задниот дел од прстите нагоре по вратот и преку брадата. Но, сепак, внимавајте со последната гестикулација, Италијанците се многу темпераментен народ.


5. Децата се главни

Странците за многу кратко време забележуваат дека на Италијанците семејството им е на прво место. Децата им се најважни во животот, тие се смислата на нивното постоење.

Децата во Италија имаат поголема слобода од нивните врсници низ светот и им се дозволува да прават сè што сакаат во јавност. Тие се добредојдени во сите ресторани, дури и во најелитните, и никој не е изненаден од глетката на разиграни деца кои се бркаат околу масите додека гостите јадат.


6. Италијанците возат како луди

Размислете двапати пред да седнете зад волан во Италија и осигурете се дека ќе може да возите покрај лудите (иако вешти) италијански шофери. Да, тие нема да држат растојание, постојано ќе се обидуваат да ве претекнат и воопшто нема да ги почитуваат сообраќајните знаци. 

Сè ова е сосема нормално во Италија и затоа воопшто не изненадува податокот дека секоја година последователно ги прогласуваат за најлоши возачи во цела Европа.

Ако сè уште сакате да изнајмите автомобил во Италија, возете со самодоверба и научете неколку италијански пцовки, верувајте дека ќе ви требаат.

10-raboti-koi-ke-gi-razocaraat-turistite-koi-prvpat-odat-vo-italija-2

7. Личен простор, што беше тоа?

За Италијанците сосема е нормално да застанат блиску (односно да се „залепат“) до личноста со која разговараат, како и тоа постојано да го допираат соговорникот за рака и дланка. Што се однесува до Италијанците, близината и телесниот допир се задолжителен дел од вербалната комуникација.


8. Продавниците затвораат на пладне

Однапред планирајте си го денот со внимание бидејќи во Италија продавниците затвораат во периодот од 12:30 до 15:30. За разлика од шпанската „сиеста“, Италијанците не спијат туку времето го користат да одат дома, да зготват нешто и да одморат пред да се вратат на работа.


9. Кафето има различна цена во зависност дали ќе седите или стоите

Додека сте во Италија, искористете го времето да уживате во неповторливиот вкус на вистинското еспресо, капучино, макијато, кафе лате, кафе фредо... Кафето во Италија се пие во посебен „кафе бар“ но немојте овие италијански барови да ги поистоветувате со нашите во кои се точи алкохол.

Тука ќе влезете, ќе најдете слободна каса, ќе платите, ќе и се придружите на колоната бучни Италијанци и кога ќе дојде вашиот ред, ќе порачате кафе.

Ќе забележите дека најголемиот дел од мештаните стојат додека пијат кафе, тоа е сосема нормално во Италија. Но, ако сте навикнати да седите додека пиете кафе бидете подготвени дека ќе мора да доплатите ако сакате да ве сместат на некоја од масите.

10-raboti-koi-ke-gi-razocaraat-turistite-koi-prvpat-odat-vo-italija-3

10. Италијанците доцнат, и тоа многу!

Нешто што многу ги изненадува туристите е сознанието дека Италијанците, кои важат за многу динамичен народ, всушност се многу опуштени. Обидете се да не се фрустрирате додека чекате, но Италијаните се озлогласени по тоа што многу и постојано доцнат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 45678 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,221 секунди.