|
Италија ... |
Внеси реплика | страница <1 45678 13> |
Автор | |
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Има уште многу вакви прекрасни местенца. Едно од нив е Cinque Terre, во Лигурија. Зоната е прогласена за национален парк и под заштита на УНЕСКО. |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
АРБЕЛОБЕЛО, ИТАЛИЈАНСКИОТ МОЗАИК ОД УНИКАТНИ ЖИВЕАЛИШТА...Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:13 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
VERNAZZA, ИТАЛИЈА – МИСТЕРИОЗНОТО МЕСТО КОЕ ЌЕ ВИ ГО СМЕНИ ЖИВОТОТVernazza е град во северна Италија, едно од местата кои го сочинуваат регионот Cinque Terre. Oва е местото во кое нема сообраќај и градот кој ќе Ви ги отвори очите. Зошто ??? Зошто овде ќе ја имате вистинската прилика да почувствувате дека животот е убав, без да бидете зависни од секојдневните политички случувања и без да бидете „ во чекор со последните случувања “… Во превод, овој град значи мајчин град, што можеби е некоја случајност, поврзана со фактот дека местово дава некоја чудна енергија што Ви го сменува животот. Ова место е и признато како светско културно наследство на УНЕСКО. Денес, главен извор за приходи, овде, е туризмот. Како сведоштво за старата традиција на риболов, производство на вино и маслиново масло, денес повторно се одржуваат значајни манифестации кои прават овие вредности да заживеат. На 25 Октомври 2011 година, овој град беше погоден од поројни дождови, масивни поплави и лизгање на земјиштето, предизвикувајќи огромна штета. Градот беше евакуиран и континуирано продолжи вонредната состојба. Сепак не згаснува можноста дека ова место повторно ќе биде безбедно и ќе го менува Вашиот живот, позитивно…
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:14 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МИЛАНО, ИТАЛИЈА ВО МАЛОНа патот кон Милано веројатно ќе пројавите желба за шопинг, фудбал и опера, но само еден поглед кон Дуомо катердаралата и веќе ќе бидете воодушевени. Милано се смета за модна престолнина и центар на гламурот и фудбалот, но немојте да го потцените како историски град, бидејќи има што да се види. Пред се, посетата на Милано не е комплетна ако не ја посетите операта. Уживајте во прекрасните звуци на познатите композитори како Моцарт, Росини и Верди, познатиот Скала. Во Милано, постојат десетици средновековни цркви да се откријат и прекрасен замок Сфорцеско, кој е нешто најдобро што Милано може да го понуди, Нереалниот Дуомо, градската катедрала на која има над 3500 статуи и која е најдобриот пример на готската архитектура. Ова гигантско уметничко дело е преплавено со статуи од светлуцав бел мермер. Доколку се качите на нејзиниот врв пред вас ќе се појави спектакуларниот поглед кон градот. Изградбата на оваа катедрала е започната во 1386 година, а завршена е во 1805, бидејќи Наполеон сакал да биде крунисан како крал на Италија. Можеби неможе да се натрпеварува со Рим, Фиренца или Венеција, но сепак Милано има што да понуди, а тука треба да се спомене пред се “Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи. Неколку уметнички и историски музеи можете да ги посетите и да обрнете особено внимание, за тоа ќе ви треба еден ден. „Brera” е најдобрата уметничка колекција која можете да ја видите во овој град, која вклучува 700 години уметничка историја и има дела на Рафаел “Венчавката на Марија и ЈОсиф“,на Микеланџело, Белот и Каналет. Историската библиотека Амброзија, ги чува нацртите и записите на Леонардо да Винчи. Место каде се раѓаат модните трендови. Се рзбира неможете да отидете во Милано, а да не направите барем еден шопинг на улицата Монтенаполеон. Познатите модни бутици се подеднакво интересно направени како и најдобрите музеи. Миланските бутици и продавници се меѓу најдобрите во светот. Прошетајте низ улиците Дела Спига, Сант Андреа и Манкони и откријте ги најдобрите марки во светот, од Армани, Долче и Габана, Валентино, Версаче. Ги има илјадници бутици, а секој може да си најде нешто по свој вкус. Милано може да понуди различни видови инспиративни ноќни забави за сечиј вкус. Вечер помината во Миланската скала е врвно искуство за љубителите на операта и балетот. За друг вкус пак постои познатиот фудбалски стадион Сан Сиро. Ако пак сакате да воздивнете од градската врева одете до градината Публичи, каде оваа голема зелена оаза има фонтани, споменици и статуи и претставува одлично место за одмор и уживање. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:15 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ТОСКАНА, ИТАЛИЈАТоскана се смета за лулката на италијанскиот јазик во која се родиле едни од најпознатите италијански уметници и поети. Освен тоа, Тоскана е своевиден регион-музеј: нејзините градови чуваат многубројни ремек дела како палати, цркви, галерии, кои привлекуваат туристи од целиот свет. Главен град на регионот Тоскана е Фиренца, град кој е прочуен во светот по својата убавина и многубројните културно-историски споменици, но и по природната убавина. Во овој регион се сместени и други познати градови како Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:15 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ВЕНЕЦИЈА, ИТАЛИЈАВенеција е една од најважните туристички дестинации во светот, поради тоа што градот е еден од најголемите и најубавите градови на уметноста во светот. Во градот доаѓаат во просек 50.000 туристи дневно. Во 2006 година, тoj беше 28-ми меѓународно нajпосетeн град во светот, со 2.927.000 меѓународни пристигнувања таа година. Туризмот е главен сектор на Венецијанскaтa индустрија уште од 18 век, кога беше еден од главните центри за големата турнеја, поради неговиoт убав градски пејсаж, уникатност и богатото музичко и уметничкo културно наследство. Во 19 век, стана модерен центар за богатите и славните, кои често престојувале или вечерале во луксузните објекти како Даниели Хотелот или Кафе Флориан. Тој продолжил да биде модерен град во раниот 20 век. Во 1980 година, Карневалот во Венеција беше оживеан и градот стана еден од главните центари зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, културни, филмски, уметнички и музички продукции. Денес постојат голем број атракции во Венеција, како што се базиликата Свети Марко, Големиот канал и Плоштадот Свети Марко. Lido di Venezia е исто така популарна меѓународнa луксузнa дестинација, која привлекува илјадници актери, критичaри, познати личности и луѓе филмската индустрија. Сепак, популарноста на Венеција како главна туристичка дестинација во светот предизвика неколку проблеми, вклучувајќи го и фактот дека градот може да биде многу пренатрупан на некои периоди од годината. Некои тоа го сметаат за туристичка замка, а од другите како „жив музеј“. За разлика од повеќето други места во Западна Европа и во светот, Венеција стана широко познатa по своите елементи на елегантна рушевина. Kомпетитивноста на странците што сакаат да купат дом во Венеција направи цените да се зголемат толку многу што голем број од жителите се принудени да се преселат во попристапни области како Венето и Италија, собено Местре.
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:14 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Посетете го срцето на Италија – ТосканаАко имате потреба да ја нахраните душата со патување во скоро време, а се уште немате одлучено каде, еве една туристичка дестинација во Европа која ќе ве опие со својата убавина и експлицитна италијанска кујна. Добрата страна е што од скоро имаме и евтини летови до Италија, па во комбинација со авион и воз, брзо и едноставно може да стигнете до оваа дестинација. Тоскана е поделена на девет провинции кои подеднакво го одземаат здивот. Не пропуштајте да го посетите главниот град - Фиренца, култната Пиза, средновековната Сиена, палатите и возвишените катедрали, фонтаните, тврдините, плоштадот del Kampo, гробницата на семејството Медичи, идеалниот Ливорно и мистичната Лука. Тоскана е срцето на италијанска кујна. Традиционално, од 19 до 28 април се одржува познатиот фестивал на храната и виното, кој привлекува голем број туристи од целиот свет - Castagneto Carducci. Задолжително пробајте ги вкусните пецива Lambredotto, палачинките со костени Necci, неверојатниот гулаш од свежи риби и по малку од сите мистични зачини кои може да се најдат свежи на пазарот. Со храната не заборавајте да се напиете од најпознатите вина во светот Carmignano, Chianti, Chianti Classico, Brunello di Montalcinо - вино и храна е комбинација која ги активира сите ваши сетила кога сте во Италија. Покрај традиционалните италијански пици и тестенини, дозволете си барем два вида сирење и чаша бело сортно вино во некој од преубавите ресторани. Совршена комбинација која нема да зафаќа голем простор во вашиот куфер, е портокалова комбинација, сандали, голема чанта, очила за сонце, впечатлив накит и моден додаток за коса, како што се цветовите или шапките. Овој стајлинг ќе ве натера да се соедините со духот на незаменливата Тоскана. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:16 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Сега е вистинското време да побегнете од секојдневието и да уживате во убавините на слаткиот живот, или како што тие би рекле „dolce vita!“ На помалку од 40km од Џенова, Портофино е сокриен во националниот парк со неверојатно бистра вода. Некогаш важело за рибарско село, но во 1950 година започна неговата популаризација. Денес, Портофино е синоним за италијанскиот гламур, преполн со луксузни вили во сопственост на Армани и Долче и Габана. Непосредно пред почетокот на летото не пропуштајте да го посетите овој италијански природен бисер, затоа што во шпицот на сезоната цените се вртоглаво високи. Кога еднаш ќе отпатувате таму, морате да ги обиколите некогашните рибарски колиби кои сега се претворени во ексклузивни бутици, но мора и да испловите по водите по заоѓањето на сонцето. Не бидете мрзеливи, шетајте низ прекрасните градини, а не ја пропуштајте ниту посетата на San Fruttuoso, до која можете да стигнете со брод или пешки. Тука ќе пронајдете црква која датира од 7 век и ќе имате извонредна можност за вкусен ручек на терасата на ресторанот „ Da Giovanni.“ Ако немате можност да престојувате во него, задолжително барем разгледајте го „Belmond Hotel Splendido,” кој е еден од најдобрите во цела Италија. Вечерајте во ресторанот „Liguria“ ако сте љубители на песто и фокача, а во „Chuflay” доколку планирате романтична вечера со домашни специјалитети. Не заборавајте да понесете пакување песто сос за дома! Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:17 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Медитеранско опуштање на југот на ИталијаСместен во некогашната тврдина со поглед кон море, луксузниот хотел Don Ferrante кој се наоѓа во малечкото местенце Монополи, Бари нуди уживање и опуштање со мирис на солена вода и божури. Хотелот располага со 10 соби, сите уредени во медитерански стил и опремени по најмодерни стандарди, сопствен ресторан, рајска градина и прекрасен базен. Најголема атракција која привлекува по неколку стотици туристи дневно се каскадните скалила со поглед кон море. На најголемата од нив, гостите можат да уживаат во медитеранските специјалитети подготвени во ресторанот кој е сместен во некогашното складилиште за оружје од 16-ти век. Don Ferrante е оддалечен на само неколку минути од најубавите италијански плажи и локали кои го заокружуваат пријатното доживување. Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:16 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
УБАВИНИТЕ НА ИТАЛИЈА< border="0" ="0" marginheight="0" marginwidth="0" scrolling="no" ="0" ="0" width="100%" id="I0_1412222815222" name="I0_1412222815222" ="https://apis.google.com/se/0/_/+1/fast?usegapi=1&size=medium&count=true&origin=http%3A%2F%2Fpopara.mk&=http%3A%2F%2Fpopara.mk%2F2014%2Fpatuvanja%2Fdestinacii%2Fubavinite-na-italija%2F&g=3p&ic=1&jsh=m%3B%2F_%2Fscs%2Fapps-static%2F_%2Fjs%2Fk%3Doz.gapi.bg.AHMRz54syrk.O%2Fm%3D__features__%2Fam%3DAQ%2Frt%3Dj%2Fd%3D1%2Ft%3Dzcms%2Frs%3DAItRSTNeilZtZkJqZtx68_JIBTZ3K2-JVA#_methods=onPlusOne%2C_ready%2C_%2C_%2C_resizeMe%2C_renderstart%2Concircled%2Cd%2Ce%2C&id=I0_1412222815222&parent=http%3A%2F%2Fpopara.mk&pfname=&rpctoken=40404558" -gapiattached="true" title="+1" style="margin: 0px; padding: 0px; border-width: 0px; border-style: none; outline: 0px; vertical-align: line; max-width: 100%; : static; top: 0px; width: 90px; left: 0px; visibility: ; height: 20px; : transparent;"> Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 09:19 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
evangeline
Модератор Регистриран: 22.Август.2011 Локација: Naxos Статус: Офлајн Поени: 6758 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Бурано - Италија
|
|
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел. Being RICH is not about how much you have, BUT about how much you GIVE |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Џенова, град - музеј. На секој чекор историја, еден куп замоци, катедрали, тврдини, музеи. Има толку многу да се види, што времето секогаш е кратко. Роден град на Кристифор Колумбо, Николо Паганини и уште многу други значајни историски личности. Родната куќа на Кристифор Колумбо т.е. она малку што останало од неа, сега музеј. И Porta Soprana, веднаш до неа: Палатата San Giorgio веднаш на старото пристаниште до аквариумот, која некогаш била затвор и во која затворски денови има поминато и Марко Поло. Катедралата San Lorenzo: Palazzo Ducale, некогашно седиште на античката Република, сега музеј: Piazza De Ferrari, ама сликана од неубав агол, без споменикот на Џузепе Гарибалди: Една од атракциите е пиратскиот брод Нептун, во старото пристаниште. Вистинскиот брод од филмот “Пирати“ на Роман Полански, отворен за посети. Само не даваат да се пука од топовите. Изменето од Анастеа - 25.Февруари.2015 во 00:21 |
|
Анастеа
Администратор ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И најголемата атракција за децата (и не само за децата) - Аквариумот. Втор по големина во Европа, со големи базени со делфини на отворено, како и на 8 метри под морското ниво, со пингвини, фоки, ајкули, па и крокодили и најразлични видови риби и морски свет. Делфините се нешто неповторливо. Изменето од Анастеа - 25.Февруари.2015 во 00:47 |
|
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
10 работи од кои ќе се разочарате кога ќе ја посетите Италија за прв патПица, тестенини, еспресо, кожни чанти, историски знаменитости, катедрали и многу порции превкусен џелато се дел од работите кои туристите очекуваат да ги затекнат во Италија. Додека истражуваме за земјата која сакаме да ја посетиме многу често ги занемаруваме информациите за локалното население, а всушност тие се срцето и душата на една земја. Патувањето во Италија ќе ви остане во сеќавање како прекрасна авантура, но пред да ги спакувате торбите, мора да ги имате предвид овие 10 работи. Кога на странците некој ќе им спомне Италијанци, првата асоцијација секогаш е вревата. Постојаната, сеприсутна, заглушувачка врева. За туристите, кои првпат се во Италија секое излегување од хотелот е авантура сама по себе кога ќе се најдат на улиците полни со луѓе кои разговараат, викаат, се караат гласно по телефон, свират додека возат... Имајте предвид дека ѕидовите во Италија се прилично тенки, па може да се случи заедно со соседите, и вие да гледате, односно слушате телевизија. За жал, решение за овој проблем нема, но знајте дека со време ќе се навикнете и на најголемата врева и викотница.
Не очекувајте јадењето да ви биде послужено одеднаш. Традиционалниот италијански оброк е составен од најмалку три различни порции. Менито се состои од антипасто, вид на предјадење составено од салама и мариниран зеленчук,прими пиати (рижото, тестенини или њоки), главното јадење е секонди пиати кое може да се служи со или без конторно - зеленчуков гарнир. Оброкот се завршува со десерт кој најчесто е турамису, панакота или џелато. На странците им е чудно да јадат тестенини без месо, прилози и салата, но во Италија порциите не се служат заедно.
Типичниот италијански појадок колационе се состои од филџан топол пијалак како кафе, капучино, топло чоколадо или црн чај и слатко печиво како бриош леб, кроасан или колаче. Ако сте навикнати на обилен (и солен) појадок, најдобро би било да појадувате во хотел. Италијанците не би биле Италијанци кога не би гестикулирале со раце. Туристите тешко ја забораваат глетката на група Италијанци кои гласно разговараат додека рацете им летаат наоколу. Гестукулацијата Италијаните ја наследиле од далечното минато кога грците дошле да го колонизираат Непал. Тогаш Италијанците почнале меѓусебно да комуницираат со гестови за да не ги слушнат непријателите и така почнала традицијата која сè уште постои во италијанската крв. Сакате да научите како невербално да комуницирате со Италијанците? Ако нешто ви се допаѓа, спојте ги прстите и бакнете ти. Некој ве нервира? Поминете со задниот дел од прстите нагоре по вратот и преку брадата. Но, сепак, внимавајте со последната гестикулација, Италијанците се многу темпераментен народ.
Странците за многу кратко време забележуваат дека на Италијанците семејството им е на прво место. Децата им се најважни во животот, тие се смислата на нивното постоење. Децата во Италија имаат поголема слобода од нивните врсници низ светот и им се дозволува да прават сè што сакаат во јавност. Тие се добредојдени во сите ресторани, дури и во најелитните, и никој не е изненаден од глетката на разиграни деца кои се бркаат околу масите додека гостите јадат.
Размислете двапати пред да седнете зад волан во Италија и осигурете се дека ќе може да возите покрај лудите (иако вешти) италијански шофери. Да, тие нема да држат растојание, постојано ќе се обидуваат да ве претекнат и воопшто нема да ги почитуваат сообраќајните знаци. Сè ова е сосема нормално во Италија и затоа воопшто не изненадува податокот дека секоја година последователно ги прогласуваат за најлоши возачи во цела Европа. Ако сè уште сакате да изнајмите автомобил во Италија, возете со самодоверба и научете неколку италијански пцовки, верувајте дека ќе ви требаат. За Италијанците сосема е нормално да застанат блиску (односно да се „залепат“) до личноста со која разговараат, како и тоа постојано да го допираат соговорникот за рака и дланка. Што се однесува до Италијанците, близината и телесниот допир се задолжителен дел од вербалната комуникација.
Однапред планирајте си го денот со внимание бидејќи во Италија продавниците затвораат во периодот од 12:30 до 15:30. За разлика од шпанската „сиеста“, Италијанците не спијат туку времето го користат да одат дома, да зготват нешто и да одморат пред да се вратат на работа.
Додека сте во Италија, искористете го времето да уживате во неповторливиот вкус на вистинското еспресо, капучино, макијато, кафе лате, кафе фредо... Кафето во Италија се пие во посебен „кафе бар“ но немојте овие италијански барови да ги поистоветувате со нашите во кои се точи алкохол. Тука ќе влезете, ќе најдете слободна каса, ќе платите, ќе и се придружите на колоната бучни Италијанци и кога ќе дојде вашиот ред, ќе порачате кафе. Ќе забележите дека најголемиот дел од мештаните стојат додека пијат кафе, тоа е сосема нормално во Италија. Но, ако сте навикнати да седите додека пиете кафе бидете подготвени дека ќе мора да доплатите ако сакате да ве сместат на некоја од масите. Нешто што многу ги изненадува туристите е сознанието дека Италијанците, кои важат за многу динамичен народ, всушност се многу опуштени. Обидете се да не се фрустрирате додека чекате, но Италијаните се озлогласени по тоа што многу и постојано доцнат. |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|
Внеси реплика | страница <1 45678 13> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |