Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Март.2014 во 19:59 |
КРЕМ-СУПА ОД ТИКВА СО ФСТАЦИ Потребно: 500 г тиква 60 г павлака за готвење 20 г фстаци сол Подготовка: Излупете ја тиквата, исчистете ја и, исечкана на коцки, варете ја во вода што врие додека не омекне. Прецедете ја водата и чувајте ја. Испасирајте ја тиквата. Испасираното месо од тиква вратете го во тенџерето и проварете го со павлаката за готвење, додавајќи од водата според желбата за густина на супата. Исечкајте ги фстаците и наросете врз супата пред послужување
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:57
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Март.2014 во 08:09 |
КРЕМ СУПА ОД МОРКОВИ Потребно:
- 300 г моркови - 100 г кромид - 50 г путер - 3 лажици масло - малку шеќер - 1/2 лажичка мелен лут црвен пипер - 500 мл инстант супа (од коцка) - 100 г кисела павлака - 4 лажици слатка павлака - магдонос - сол Приготвување: излупените моркови изрендајте ги, па пржете ги со ситно сечканиот кромид и со малку шеќер на загреаните путер и масло. Откако ќе омекнат, прелијте ги со супата и додадете во нив поголем дел од мелениот лут црвен пипер. Сето тоа варете го 15-тина минути. Потоа, ставете ги киселата павлака и две лажици од слатката павлака, па со миксер испасирајте ги во крем супа. Смесата загрејте ја. Сипајте ја во чинии и украсете ја со слатката павлака, па посипете ја со остатокот од мелениот црвен пипер и со ситно сечканиот магдонос.
Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 17:58
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 21.Март.2014 во 05:10 |
На средно силен оган се растопува путерот и во него се додава сецканиот кромид па се пржи со мешање да стане стаклест, околу 5 мин. Се додаваат на подебели плочки исецканите шампињони и се пржи уште околу 5 мин. Се додаваат коперот, црвениот пипер, водата и коцката за супа, се зоврива и на средно тивок оган се остава покриено да вари околу 15 мин. Се помешува млекото со брашното да нема грутчина и се истура мешајки во супата која врие. Повторно се остава да вари на тивко околу 15 мин. Ако сакате пикантна супа сега можете да додадете 1/2 ситно сецкано луто пиперче. Се посолува и забиберува по ваш вкус. Се разматува киселата павлака и се меша во супата, па кратко се проврива, околу 5 мин. да се згусти.
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 22.Март.2014 во 07:23 |
Ароматична супа од печурки
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:- 20 милилитри Суво бело вино
- малку Сол
- 400 грама Печурки
- малку Мешан зачин
- 70 милилитри Маслиново масло
- малку Лимон/и
- 1 Главица лук
- 1 Јајца/це
- Време за подготовка: 15 мин.
- Време за готвење: 30 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:Бидејќи содржат голем процент на вода, печурките со термичка обработка видно го намалуваат обемот, а заради својата сунѓереста структура впиваат и повеќе маснотија.
Свежите исечени шампињони можете да ги подготвите како салата со додавање на маслиново масло и сок од лимон, со ливчиња исечен пермазан или измешајте ги со различни сорти зелена салата во мешана салата со француски прелив за салата.
Како топло предјадење, јадењата од печурки нудат многу фантастични комбинации на продукти и ароми. За појадок можете да подготвите кајгана, ставете во земичка со динстани шампињони, како и сендвич. Но, и како самостоен оброк, омлет со шампињони. ПОДГОТОВКА:Главицата црн лук исчистите и ситно исецкајте ја. Печурките исчистете ги на тенки ливчиња.
Загрејте го маслиновото масло во длабок огноотпорен сад, додадете ситно исецкан црн лук и динстајте додека лукот не стане стаклест, водејки сметка да не порумени.
Потоа вмешајте ги печурките и мешајте 1-2 минути.
Сипете вино и 4 шољи вода, поклопете и варете на тивок оган 20 минути.
Потоа додадете исецкан малд лук и зачини, измешајте, поклопете и варете уште 15 минути.
Посолете и побиберете. Пенесто изматете ги јајцата со малку сол.
Оддвојте малку чорба и сосема малку лесно додавајте наизменично по малку лимонов сок и чорба во јајцата.
Оваа смеса полека сипајте ја во чорбата, цело време мешајќи, поклопете и оставете да отстои 10 минути. Пред служењето посипете со свеж бибер и малку мешан зачин.
Изменето од Valerija - 22.Март.2014 во 07:23
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2014 во 19:11 |
УНГАРСКА СУПА ОД КОМПИРИ Потребно:
н 300 г компири н 1 главица кромид н 2 чешниња лук н 60 г чадена сланина н 40 г путер н 50 г брашно н 2 лажици мелен црвен пипер н сол н бибер н 1 гранче мајчина душица н 1 дафинов лист н малку оцет н сечкана мајчина душиа за посипување Приготвување: излупете го и ситно исечкајте го кромидот, а лукот истолчете го. Излупените компири исечете ги на мали коцкички, па ставете ги во ладна вода. Сланината исечете ја на мали коцкички. Во доволно големо тенџере пропржете ги кромидот и сланината додека не добијат златно-жолта боја. Истурете го вишокот маснотија, па додадете го путерот. Во маснотијата пропржете го брашното, а потоа додадете го мелениот црвен пипер. Веднаш потоа прелијте ги со оцетот, па со 750 мл вода. Во течноста ставете ги ситно сечканата мајчина душица, дафиновиот лист, лукот и компирите. Ставете сол и бибер, па варете ја супата на тивок оган дваесетина минути. По потреба ставете уште малку вода. Пред послужување, супата посипете ја со ситно сечкана мајчина душица. (Фото: Ол ресепис) 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2014 во 19:12 |
ЛУТА КРЕМ СУПА Потребно:
н 1 помала главица кромид н 1 чешне лук н 150 г моркови н 1 јаболко н 1 лажица путер н 1/2 лажица брашно н 200 мл инстант супа (од коцка) н сол н чили во прав или луто пиперче н 1 жолчка н 2 лажици слатка павлака Приготвување: исчистете ги и покрупно исечете ги кромидот и лукот. Морковите измијте ги, исчистете ги и исечете ги на парчиња. Јаболкото излупете го, поделете го на четвртинки, извадете ги семките и исечете го на коцкички. Стопете го путерот во поголемо тенџере и во него издинстајте го кромидот. Додадете го лукот и продолжете со динстањето. Потоа ставете ги морковите и јаболкото и кратко пропржете ги. Сето тоа посипете го со брашно, уште малку пропржете го и прелијте го со супата. Оставете го да зоврие и на тивок оган продолжете да го варите 20-тина минути. Зачинете го со сол и со чили во прав или со ситно сечканото луто пиперче. Испасирајте ја смесата заедно со водата во која се варела. Изматете ја жолчката и додадете ја со мешање во топлата, но никако жешка супа. Потоа, супата сипајте ја во чинии, додадете во секоја чинија во средината слатка павлака и со врв од нож разматете по супата, за да добиете убава шара. 
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2014 во 19:13 |
СУПА ОД ОРИЗ Потребно:
н 150 г свинско месо н 1 главица кромид н 1 чешне лук н 1 лажичка масло н 1 лажица ракија н 1 лажица лутеница н 125 мл инстант супа (од коцка) н 40 г ориз со долгнавесто зрно н сол н 1 страк праз н бибер н малку сок од лимон Приготвување: исечете го свинското месо на коцки. Кромидот и лукот ситно исечкајте ги. Загрејте го маслото, па во него додадете ги кромидот и лукот, па малку динстајте ги. Потоа, во нив додадете ги ракијата и лутеницата. Сето тоа прелијте го со супата и динстајте го на тивок оган 45 минути. Сварете го оризот според упатството на омотот и исцедете го. Празот исчистете го и исечете го на тркалца, па ставете го во месото и варете го околу пет минути. На крај, во смесата додадете го оризот, па сето тоа зачинете го со сол, бибер и малку сок од лимон. 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 23.Март.2014 во 19:14 |
ТОСКАНСКА СУПА Потребно:
н 1 комплет зеленчук за супа н 2 лажички оригано н 600 г домати н 1/2 л инстант супа (од коцка) н 200 мл бело вино н 100 мл слатка павлака н 1 жолчка н сол н бибер Приготвување: исчистениот комплет зеленчук за супа измијте го и ситно исечкајте го. Ставете го во супата, додадете ги исечените домати и сето тоа варете го 20 минути. Потоа, со миксер сето тоа добро измешајте го за да добиете каша. Во смесата додадете го виното, па супата загрејте ја. Поголем дел од павлаката измешајте ја со жолчката, па постепено додавајте ја во супата со постојано мешање додека се загрева. Внимавајте, супата не смее да зоврие. На крај, супата зачинете ја со сол, бибер и оригано, па одозгора сипајте го остатокот од павлаката. 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Април.2014 во 04:52 |
Во тенџере со вода ги ставаме сечканите моркови, домати, пиперки, кромидот, компирот и оставаме зеленчукот да се вари околу 20 минути. Потоа ги додаваме оризот и портокаловата леќа и оставаме да се вари уште 20 минути. Го додаваме лукчето, зачинот наросуваме од биберот (јас користам 4 вида бибер во мелница-има подобра арома од обичниот црн бибер), го додаваме сечканиот магдонос и додаваме масло. Оставаме чорбата да врие уште неколку минути и ја тргаме на страна. Одлично и лесно предјадење без запршки. Портокаловата леќа е одлично средство за згуснување на секаков вид чорби и варива, без додавање на брашно. Пријатно јадење...
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Април.2014 во 20:20 |
СУПА ОД ПЧЕНКАНа загреаниот, растопен маргарин кратко пропржете го брашното, а потоа додатете ја водата, коцката супа, пченката и зачинете. Оставете нека се вари 30 минути. На крајот ставете магдонос. Потребни состојки: 350 гр пченка 2 лажици брашно 50 гр маргарин 1,5 дл вода коцка за супа од зеленчук сол и бибер магдонос
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
SVOJA
Сениор
Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Април.2014 во 10:20 |
 Ajde da pobaram malce pomos od vas ,supa od jagneski dzigercina koj znae recept nesto ,ajde da vidam .
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 19.Април.2014 во 13:35 |
Го вариш џигерот .Го сечеш на мали коцки .Во друго тенџере динсташ млад кромид , морков и пиперка .Додаваш кон нив малку ориз .Потоа додавар и џигерот , зачинувааш со вагета и повеќе нане .Ставаш и малку доматтен сос .Кога оризот е гготтов поппржубааш супаѕа со путер и црвен пипер и е готова .
|
 |
SVOJA
Сениор
Регистриран: 28.Мај.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2159
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Април.2014 во 00:38 |
 ete bas taka go spremaf ,blagodaram mnogu emilco
|
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 20.Април.2014 во 06:57 |
Вкусна ли беше ?
|
 |