IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Салати
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Салати

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 26>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 04:58

Мешана салата со мисиркино месо (мисиркини гради)

Мисиркините гради ги сечкаме на поголеми коцки, ги зачинуваме со сол, бибер и ги пржиме во маслиново масло. Кога се готови ги тргаме на страна, во мегувреме ја подготвуваме зелената салата (марула) ја сецкаме на покрупно, додаваме сецкани домати исто така на поголеми парчиња, додаваме пченка, боранија, маслиново масло, балзамико, сол, бибер, и малку од сушениот зеленчук. Јас по зелба ставив и малку ким ( ми се допадна ).
Наместо со мисиркини гради, можи да се стави и пилешки гради или туна. Добар апетит !!




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 05:03

Кус кус салата

Се става водата да зоврие со маку сол. Кога ќе зоврие се полива врз кус кусот и се остава да ја впие целата вода.
Пиперките се печат, лупат и сецкаат. Доматите се лупат и сецкаат на ситни коцки. Се заедно се додава во веќе оладениот кус кус. Лукчето се сецка и се додава во смесата.
На крај се зачинува со исцедениот лимон, балсамико, сол, бибер,кориандер и маслиновиот зејтин се добро се меша. Одозгора украсете со малку магдонос.
Добар апетит
Оваа салата е одлична со свинско месо на скара




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 05:04

Камбоџанска салата

1. Во загрејан зејтин за кратко пропржете го лукот и веднаш додадете го исеченото месо на тенки лентички (жулиен), осолето го по ваш вкус и динстајте го во сопствениот сафт се додека омекне.
2. Кога веќе месото е омекнато, додадете го биберот и сосот од остриги и малку вода. Оставете го на тивко да крчка околу 15-20 мин, се додека се згусти повторно сосот.
3. На тањирот кој сте го избрале за сервирање, поставете ги листовите од марула, врз нив исецкана марула, потоа го ставате исечениот кромид, врз кромидот исечениот на плошки патлиџан, а врз патлиџанот поставете го месото. Сето ова залијте го со сосот додека е топол.

НАПОМЕНА

Сосот од остриги може да се замени со соја сос во кој се ддава малку густин и вода, не дава исти резултат, но би рекла дека сепак совршено одговара на оваа салата.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 05:06

Полнета салата

На пиперката и доматите отсечете им го горниот дел и исчистете ги пиперката од семките, а внатрешноста на секој домат ставете ја во посебен сад.
Сирењето испасирајте го со вилушка. Додадете ги мајонезот и павлаката. Измешајте. Изрендајте ја краставицата и морковот (за подекоративо можe и на ситни коцки). Лукот испасирајте го, а маслинките исечете ги на мали кругови. Сето ова заедно со коцките од внатрешноста на доматот додадете го во садот со сирењето. Измешајте на крај уште ситно сецкан магдонос, малку рузмарин и со лажиче полнете ги пиперката и доматите кои внатрешно сте ги обложиле со по еден лист зелена салатка.
Тиквичката исечете ја на кругови и во малку масло пропржете ги од двете страни. Одложете ги на хартија да се впие мрснотијата и посолете ги дури се топли.
Во малку масло или во она кое останало од тиквичките кратко пропржете го испасираниот лук, па додадете ја ситно сецканата внатрешност од другиот домат. Пржете неколку минути додека не се хомогенизираат состојките, додадете го мајонезот и пржете уште толку, колку сите состојки да се изедначат. На крај посолете и додадете малку оригано.
Со овој прелив ги преливаме пржените тиквички кои скалесто сме ги наредиле пред салатата со полнет зеленчук . Уште украсуваме со парчиња чаден кашкавал и 2 топки кисела павлака наросена со буковец. Крајот на декорацијата го завршуваме со листови магдонос и кругови маслинки.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 18:19

Салата од пилешко и макарони

1. Пилешкото месо се вари и се сечка на коцки.
2. Морковот се сече на коцки и се вари заедно со грашокот и пченката во малку солена вода.
3. На пилешкото му се додава исцедениот и оладен зеленчук, изренданиот кашкавал, сварените и оладени макарони и се заедно се измешува.
4. Во сад се ставаат киселата павлака, сенфот и малку сол се промешува се прелива врз салатата и се заедно се соединува.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 18:20

Урнебес салата

Урдата и сирењето добро се промешуваат. Се додава павлаката, ситно сецкано лукче и сите останати зачини, освен краставицата. Добро се промешува. Краставицата се лупи, сецка и се реди во тањир, а потоа се додава урнебес салатата. Одозгора се попрскува со кориандер и малку сол. Украсете со маслинки.
Брза и лесна салата да се освежите
Добар апетит




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 19:13
УЖИВАЈТЕ ВО ПРОЛЕТТА СО ВИТАМИНСКА САЛАТА

Уживајте во пролетта, а воедно внимавајте на својата тежина со оваа прекрасна и свежа Витаминска салата. Со ова свежо задоволство вие воедно ќе внимавате и на вашето здравје. Пробајте ја, верувајте нема да зажалите.

Состојки:

• пака црни маслинки, исечкани
• шака зелени маслинки со пиперче, исечкани
• една зелена салата
• главица црвен кромид
• 1 жолта пиперка
• 50 гр. сирење
• маслиново масло
• 1 лимон, исцеден


Подготовка:

Најпрво добро измијте ја зелената салата. Наша препорака е да ја оставите 30 минути во ладна вода да отстои, па потоа да ја исчистите, измиете и исцедите. Листовите исечете ги на покрупни парчиња. Потоа сирењето и црвениот кромид исечкајте го на коцки, а жолтата пиперка во прстени. 

откако ќе завршите со сечкањето на сите намирници, додадете ги во зелената салата. На смесата додадете маслиново масло и исцедениот сок од лименот. Зачинете по желба. Уживајте!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 15:12
00000Летна салата

Време на подготовка: 25 минути / ќе послужите: 2

  • 600 грама тортелини со сирење
  • 200 грама чери домати
  • 150 грама димена свинска печеница
  • 100 грама непечен бадем
  • 1 брокула
  • 2 лажички сецкан босилек
  • 2 лажички пармезан
  • 2 лажички сецкан магдонос
  • 2 чешниња лук
  • 1 дл маслиново масло
  • Мешавина од зачини по желба
  • Сол и бибер по желба

Чекор 1

Тортелините се варат во солена вода околу 7 минути. Кога ќе бидет тврдо сварени исцедете ги. Бадемите обарете ги и исецкајте ги на листови. Цветот од брокула исчистете го од листови, ситно исецкајте на стебленца и кратко проварете во солена вода, малку да омекнат.

Чекор 2

Чери доматите исецкајте ги на половина а свинската печеница на парченца.

Чекор 3

Посебно исецкајте ги и измешајте заедно, лукот, босилекот и магдоносот, во сместата додајте го пармезанот. Истурете малку маслиново масло и се заедно истолчете во аван додека да се добие кремаст сос.

Чекор 4

Во поголем сад ставете ги тортелините, чери доматите, бадемите, брокулите и печеницата. Додадете зачини по желба, прелијте со претходно припреманиот сос и полека измешајте.

 



Изменето од Valerija - 10.Април.2014 во 15:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2014 во 16:57

САЛАТА СО КОМПИРИ И МАСЛИНКИ

8

За подготовка на оваа салата од компири, потребни ви се следниве состојки:

  • Компир
  • Морков
  • Марула
  • Домати
  • Пиперки
  • Краставици
  • Зелка
  • Магдонос
  • Црни маслинки

Подготовка:

Сварете го компирот со лушпа во солена вода. Исечкајте ги морковот, марулата, доматите, пиперките, краставиците, зелката, магдоносот и црните маслинки. Зачинете ги со маслиново масло, бибер, сок од лимон, сол и малку јогурт. Количината зависи од тоа каков вкус преферирате. Излупете го компирот и исечкајте го на големи коцки.  Измешајте го со салатата и сервирајте ја топла. Ако повеќе сакате ладна варијанта, оставете го компирот да се излади и тогаш измешајте го со салатата и послужете.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 19:29

Салата “Грација”

Салата “Грација”
.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • малку   Сол
  • 20 милилитри Оцет
  • 1 лажица/ци Мед
  • 125 грама Мајонез
  • 50 грама Кисели пиперки
  • 500 милилитри Јогурт
  • 150 грама Јаболки
  • 50 грама Целер
  • малку   Црн бибер


  • Време за подготовка: 30 мин.
  • Време за готвење: 30 мин.

КРАТОК ТЕКСТ:

Салата “Грација”

ПОДГОТОВКА:

Излупете го целерот, измијте го и исечете го на коцкички. Исплакнете со малку топла вода, околу 10 минути, истурете ја водата и оставете да се олади. 

Во чинија ставете го мајонезот за салата, додадете го јогуртот, винскиот оцет, свежо мелениот црн бибер и лажичка мед. Добро измешајте. Јаболката исечете ги на четвртини, извадете ги семките и исчете ги по должина. 

Потоа додадете ги во претходно приготвениот сос. Црвената пиперка исечете ја на коцкички, а зелената исечете ја на четвртини, извадете ги семките и исечете ја потоа на долги парчиња. 

Претходно приготвениот целер и пиперките измешајте ги со останатата смеса, поклопете и оставете да отстои околу 1 час на ладно место. Пред  да послужите засолете по желба.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2014 во 20:18

САЛАТА СО ТОФУ СИРЕЊЕ

news_4556

Подготовка:

Изрендајте го морковот, а доматот, краствицата и кромидот ситно исецкајте ги и ставете ги во далбок сад. Останатите состојки ставете ги во блендер. Тофуто исецкајте го на коцки и додадете го во зеленчукот. Зеленчукот прелијте го со дресингот од блендерот. Инегралниот леб послужете го како прилог.

Состојки:

  • 300гр морков
  • 2 домати
  • 2 свежи краставици
  • Кромид
  • 200гр тофу сирење
  • 20мл вински оцет
  • Магдонос
  • Сусам
  • 2 лажици масло
  • Лук
  • 50гр маслинки
  • 40гр инегрален леб
  • Тофу сирење
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2014 во 20:23

ЛЕСНА САЛАТА

595b25cb77e38f9e4375a7d5008f60b3_header

Подготовка:

Краставица, сирење и мартадела (или некоја друг вид суво месо) изрендајте ги во сад. Додадете мајонез и посолете. Сите состојки убаво промешајте ги и може да послужите.

Состојки:

  • Краставици
  • Сирење (по ваш избор)
  • Мартадела
  • Мајонез
  • сол
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2014 во 20:25

САЛАТА СО КИКИРИКИ

img94772159

Подготовка:

Исечете ја моцарелата на коцки, посипете ги со лажичка пикантна вегета и додадете 1-2 лажици маслиново масло.
Исеченото сирење маринирајте го десет минути, а потоа додадете грав, пченка, авокадо, брусници и додадете сецкани кикирики.
Во садот со состојките истурете го останатото маслиново масло, оцетот и посипете го остатокот од пикантната вегета.

Состојки:

  • 200 гр моцарела
  • 1 лажичка вегета пикантна
  • 50 мл маслиново масло
  • 100 гр бел грав
  • 100 гр пченка
  • 120 гр авокадо исечено на коцки
  • 50 гр исушени брусница
  • 100 гр печени солени кикирики
  • 2-3 лажици оцет
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Април.2014 во 11:53

Лесна и вкусна Велигденска салата


Пред нас ни престојат велигденските празници, па поради тоа секој од нас полека започнува да си ја планира празничната трпеза. Ние денеска одлучивме да ви претставиме салата која одлично ќе се вклопи во вашето вкусно мени.

Потребни состојки:

  • 500 гр. изварка, урда
  • 50 гр. пржен сусам
  • 120 гр. маргарин
  • 150 гр. ореви
  • 3 лажици мајонез
  • 500 гр. сирење
  • 150 гр. шунка
  • малку магдонос и 1 чешне лук
  • 1 лажица буковска пипер

Подготовка:

Маграринот изматете го со миксер и додадете ја урдата, мајонезот и сирењето, па матете додека не добиете воедначена смеса. Смесата поделете ја на три парчиња. Во едното парче се додава буковска пипер и 50 гр. сецкани ореви па добро сетоа тоа се промешува. Во другиот дел се додава ситно исецканата шунка и магдоносот, додека во третиот дел се ставаат преостанатите ореви кои ќе ги истолчите со лукчето и додадете го и сусамот. Земете некој долг калап кој ќе го обложите со фолија и ставајте ги смесите една по друга. ставете го калапот некој час во фризидер, да се стегне. Од страна гарнирајте со варени јајца, марула и домати.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1819202122 26>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.