IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Италијанска кујна
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Италијанска кујна

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Март.2014 во 14:29

Паста „Arrabbiata”


Згответе си  една поинаква паста. Ви даваме предлог за италијанска  „аrrabbiata” , во превод – лута паста.За да ја приготвите ќе ви биде потребно:

Состојки:

2 лажици маслиново масло
3 лукчиња, ситно сечкани
3/4 лажички лут црвен пипер
1 конзерва домати
300 гр сос од домати
1/2 чаша  бело вино
500гр лингвини
пармезан по вкус

Начин на подготовка:

Ставете ја пастата да се вари.  Во меѓувреме, во тава, загрејте го  маслото, додадете го  лукот и црвениот пипер. Додадете ги доматите, сосот од домати и виното. Мешајте го сосот околу 8-10 минути, додека да почне да се згуснува. Сварените тестенини исцедете ги и додадете ги во тавата каде што го подготвувавте сосот. Послужете со пармезан и лут црвен пипер.



Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Март.2014 во 08:16

Канелони

италијанската кујна е една од најпопуларните кујни во светот, па ако во некое место постои ресторан со странски специјалитети, сигурно е италијански. За денеска одбравме канелони – автентичен италијански рецепт кој нема да ве остави рамнодушни.

Состојки:

За канелони

100г брашно
3 јајца
сол

За фил

Маслиново масло
200г мешано мелено месо
250г спанаќ
оригано
магдонос
3 јајца
2 лажици презла
сол
доматен сос
путер
рендан кашкавал

Подготовка

Од брашното, јајцата, солот и 1/8 вода измешајте тесто како за палачинки. Оставете го два часа, а потоа на врел зејтин во тавче испечете тенки палачинки. Меленото месо, магдоносот, спанаќот и зачините испржете ги на масло, оставете ги да се оладат, а потоа измешајте јајца, презла и доматен сос. Кога ќе се олади филот нанесете го врз секоја палачинка, свиткајте и ставете во огноотпорен сад за печење. Одозгора врз свитканите палачинки ставете путер и рендан кашкавал. Печете во рерна на 200 степени, 15 минути.

Добар апетит



Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Март.2014 во 18:31

Вкусни тестенини со пилешко и зеленчук


Едноставен оброк кој ќе си поигра со вашите сетила. 

Потребни состојки за 4 порции:

  • 300/400 гр. тестенини
  • 4 парчиња пилешки гради (стек)
  • 2 моркови
  • 1 или 2 црвени пиперки
  • 8 шери домати (или пак 2 до 3 нормални)
  • Неколку листа магдонос
  • 2 лажички сусам
  • 1 лажица густин
  • Соја сос, сол, бибер, маслиново масло

Подготовка:

Пилешки гради исечете ги на ленти, зачинете ги со сол, свежо мелен бибер и посипете ги со густин. 

Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Морковот и пиперките исечете ги на тенки парчиња, а шери доматите исечете ги на половина. 

Во вок тава на маслиновото масло испржете ги лентите од пилешките гради и тргнете ги на страна. Доколку е потребно, додадете масло и пржете ги морковите и пиперката, а потоа тргнете ги на страна. 

На преостанато масло на силен оган попржете ги доматите.

Вратете ги сите состојки во вок тавата, измешајте ги тестенините и грубо исецканиот магдонос, зачинете потоа со соја сос, сусамот и биберот.

Можете да ја употребите својата фантазија и над секоја порција да изрендате малку кашкавал или сирење.

Пријатен апетит!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2014 во 16:32
ЊОКИ СО ЧЕТИРИ ВИДОВИ СИРЕЊЕ.

Њоките се тестенини во кои главната состојка е компирот, а може да се комбинираат со стотици различни сосови.

Денес ви предлагаме да направите њоки во сос од четири видови сирења.

Потребно: 
 50 мл.слатка павлака
 70 г.пармезан
 30 г.горгонзола
 70 г.моцарела
 70 г.тврдо сирење
 1/2 лажица брашно
 1 кг.смрзнати њоки
 2 лажици презла
 малку сецкан магдонос
 сол, бибер
 2 јајца


Подготовка: 
 Сварете ги њоките според упатството дадено на пакувањето, а потоа почнете со подготовка на сосот. 

 Во широко и плитко тенџере, на тивок оган, ставете ја павлаката и сирењата. Мешајте додека сирењата да се стопат. Додајте го брашното, зачинете со сол и бибер, па тргнете од огнот.

 Измешајте ги јајцата и додајте малку магдонос. Њоките ставете ги во голем огноотпорен сад. Прелијте ги со подготвениот сос и посипете со малку презла.

 Печете на загреана рерна од 200 степени околу десетина минути.

Добар апетит!



Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 07:09

Лути макарони со сос од домати

1. Ставете ги доматите во зовриена вода за 2-3 минути.
2. Излупете ги и исечете ги на мали коцки.
3. Ставете ги макароните во зовриена и посолена вода за 10 минути.
4. Во меѓувреме, во тава загрејте го маслиновото масло и додајте го исецканиот лук (внимавајте да не изгори) и лутото пиперче.
5. Додајте ги доматите и магданосот во тавата и оставете ги да се пржат 5 минути. Посолете по вкус.
6. Потоа сервирајте ги макароните и ставете го сосот од домати. Позолете со пармезан.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 20:07

ЊОКИ ВО КРЕМ СОС СО ПИЛЕШКО И ТИКВИЦИ

news_67

Подготовка:

Њоките сварете ги во посолена вода, а потоа исплакнете ги. Пилешкото исецкајте го на коцки и пропржете го на загреано масло. Кога месото ќе потемни, додадете ги тиквичките исецкани на коцки и оставете ги 3-4 минути.

Додадете павлака, зачини и претходно сварените њоки. Промешајте на тивок оган неколку минути.

Пред да послужите  декорирајте со сецкан магдонос.

Состојки:

  • 600гр њоки (замрзнати)
  • 1 лажица масло
  • 400гр пилешко бело месо
  • 2 тиквици (400гр)
  • 200гр павлака
  • Сол, бибер
  • магдонос


Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2014 во 20:15

ВКУСНИ МАКАРОНИ

vkusni makaroni

Сварете ги макароните и измијте ги со ладна вода. Пропржете ги исецканите домати и обарениот морков, па во нив додадете ги исцедените макарони и се заедно нека се пропржи. Во друг сад растопете го маргаринот, па додадете му 2 лажици брашно и добро измешајте. Додека се вари додадете го млекото и мешајте без престан. Додадете сол, бибер и други зачини по желба, и варете додека не се згусне. Подмачкајте ја тавата и ставете еден ред од макароните со зеленчук. Потоа ставете од бешамел сосот, па коцките шунка, малку кашкавал и повторете ја постапката уште два пати. Изматете ги јајцата и прелијте ги макароните. Одозгора ставете кашкавал и посолете со сусам. Тавата ставете ја во ререна да се пече 15 минути.

Потребни состојки:

300 гр макарони

200 гр шунка

100 гр кашкавал

100 гр маргарин

1 домат

1 варен морков

2 јајца

2 шољи млеко

2 лажици брашно

сусам

сол и бибер

 



Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2014 во 20:17

РАВИОЛИ СО СИРЕЊЕ

ravioli

Ставете го сирењето во една чинија и со вилушка изгмечете го. Во него измешајте ги јајцата, пармезанот, и посолете со сол и бибер. Покријте ја чинијата и оставете нека одстои. Со овој фил полнете ги равиолитеи сварете ги. Ставете ги во чинија за послужување, полијте ги со растопениот путер и ставете повеќе рендан пармезан.
Потребни состојки
500 гр тесто за равиоли
200 гр бело сирење
100 гр пармезан
2 јајца
70 гр путер
сол и бибер



Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Април.2014 во 20:22

ЛАЗАЊИ СО ТИКВИЦИ

e192daa9ab692051004b4fb7cf0dd8b4_view_l

Подготовка:

Тиквиците измијте ги, исушете ги и исецкајте ги на тенки кругови. Неколку минути варете ги во солена вода претходно зовриена, а потоа веднаш измијте ги со ладна вода.

Отстранете ги рачките од цветовите и исечете ги на ленти.

Ставете во тавче ситно исецкан кромид на претходно загреано масло. Пред крај истурете 0,5дл вода и варете додека водата не испари. Додете ги цветовите од тиквицата и динстајте уште 2-3 минути. Посолете, додадете бибер и тргнете ги од рингла.

Во зовриена солена вода со малку масло, варете го тестото за лазањи, потоа исцедете го и раширете на хартија која ќе ја упие водата.

Младото сирење и павлаката добро измешајте ги, додадете сол и бибер.

Во ватростален сад, подмачкан со остатокот од путерот, ставете ред лазањи, ред крем од сирење, ред варени тиквици и цветови од тиквици и ред домати исецкани на кругови. Повторете ја постапката додека не ги потрошите намерниците, а на крајот посипете со пармезан.

Печете 35 минути во задреана рерна на 180 степени.

Состојки:

  • 250гр готово тесто за лазањи
  • 400гр свежо сирење
  • 20гр путер
  • 800гр тиквици
  • 300гр домат од конзерва
  • 50гр пармезан
  • 12 цветови од тиквици
  • Кромид
  • 2дл слатка павлака
  • Маслиново масло
  • Сол и бибер

 



Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2014 во 18:59

ЛАЗАЊИ

lasagna

Подготовка:

Сварете го тестото и оставете го да се исуши. Од павлаката, пармезанот и путерот направете сос.

На малку маслиново масло пропржете го кромидот и морковите, додадете го месото, а потоа и останатите состојки и оставете го на оган додека не се згусти смесата. Потоа додадете го сосот и со целата смеса фулувајте ги лазањите.

Кога ќе завршите со филувањето, посипете со пармезан и печете 20 минути во загреана рерна на 220С.

Состојки:

  • 12 кори за лазањи
  • 150гр мелено месо
  • 150гр печурки
  • 600гр павлака
  • 200гр пармезан
  • 2 лажци путер
  • Една главица кромид
  • Морков
  • Масло
  • Путер
  • Пире од домати
  • Лажица брашно
  • Сол, бибер
  • Мајчина душица и оригано
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 17:54

ЛАЗАЊИ СО АРТИЧОК И СПАНАЌ

recept1

Потребни состојки:

  • 500 гр. млад спанаќ
  • 4 артичоки
  • 2 главици лук
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица босилек
  • 200 гр. сирење со зачини
  • 200 гр. Кашкавал
  • Коцка за супа од зеленчук
  • 1 пакување лазањи
  • 200 гр. доматно пире
  • Масло за јадење
  • Сол и црн пипер

Подготовка:

Во тенџере на оган сварете ја коцката за супа од зеленчук. Откако ќе се свари, оставете ја да се излади.

Во солена вода на оган ставете ги лазањите да се варат 8-10 минути. Откако ќе се сварат, измијте ги во студена вода и оставете ги да се исцедат.

Во две посебни тенџериња издинстајте ги артичоките и спанаќот. Спанаќот издинстајте го во солена вода, па процедете го. Артичоките динстајте ги во солена вода со малку зејтин. Откако ќе омекнат, тргнете го тенџерето од оган и артичоките исецкајте ги на ситни парчиња.

Кромидот и лукот ситно исецкајте ги и пржете ги во тава со масло на средна температура околу 3 минути. Откако ќе омекнат, додајте го доматното пире, претходно сварената коцка за супа, босилекот и наросете сол и црн пипер. Смесата динстајте ја околу 10 минути, се додека не се згусне. Потоа додајте го спанаќот и артичоките и гответе уште 5 минути.

Со четка за готвење намачкајте тава за печење со масло. На дното на тавата додајте од ¼ од подготвената смеса, па врз смесата наредете ¼ од лазањите. Врз лазањите рамномерно наредете рендан кашкавал. Постапката повторете ја 4 пати, а на крајот врз кашкавалот додадете го издробеното сирење со зачини.

Печете ги лазањите покриени со алуминиумска фолија околу 40 минути на температура од 200 степени целзиусови. Потоа отстранете ја фолијата и печете уште 15 минути, односно се додека не се потпече кашкавалот.

Вака приготвените лазањи оставете ги да се изладат 10тина минути пред да ги послужите. Послужете ги во чинија за сервирање, во која ќе наредите две парчиња лазања и две топки павлака. Добар апетит!



Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 17:55

ФЕТУЧИНИ ВО СОС ОД ПЕЧУРКИ И КОПАР

fettucini-with-mushrooms

Потребни состојки:

  • 500гр. фетучини
  • 200 гр. свежи шампињони
  • 10 гр. Буковка
  • 1 главица лук
  • Копар
  • Масло за јадење
  • 200 гр. Павлака
  • 1 лажичка пармезан
  • Сол и црн пипер

 

Подготовка:

Сварете ги фетучините, меѓутоа немојте да ги преварите.Откако ќе се сварат, измијте ги со ладна вода и оставете ги на цедалка да се исцедат.

Лукот ситно исецкајте го. Шампињоните и буковката исецкајте ги на листови. Загрејте масло за јадење во тава на оган, па пропржете го лукот. Откако ќе се испржи, додадете ги шампињоните и буковката и пропржете ги додека не потемнат.

Тргнете ја смесата од оган и додадете ја павлаката со постојано мешање. Потоа вратете ја тавата на оган и динстајте ја смесата околу 5 минути. Тргнете ја тавата од оган и во сосот додајте ги ситно исецканиот копар и пармезанот, и наросете сол и црн пипер по желба. Уживајте во овој италијански специјалетитет, кој се служи со добро изладено бело вино.



Изменето од Valerija - 28.Април.2018 во 10:25
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 15:50


Тестенини со тиквички и сирење

Состојки:

  • 1 голема тиквичка
  • 200 гр младо сирење
  • млад лук
  • млеко со намалена содржина на лактоза
  • сол и бибер
  • 1 јајце (по потреба)

Подготовка:

Исчистете ја тиквицата и изрендајте ја, додадете го ситно исечканото младо лукче и сирењето и зачинете ја смесата. Сварените тестенини (шпагети, макарони – по желба) помешајте ги со смесата која ја подготвивте и ставете ја во сад за печење, прелијте ја смесата со млекото во кое го имате додадено живото јајце и запечете во рерна.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 17:45
Домашно песто



За сите љубители на италијанската традиционална кујна ова е вистинскиот избор за да го направите вашиот оброк сензационален и уникатен.

Посебноста на овој сос му ја дава специфичноста и остриот вкус на босилокот кој се користи свеж. Навистина е интересно тоа што за сосот не ви се потребни многу состојки како и тоа дека не одзема многу време за подготовка , напротив вашиот оброк ќе биде готов за помалку од 15тина минути, а ќе добиете вистинско чудо. 

Песто сосот е совршен во комбинација со тестенини, како и одлчен намаз кога станува збор за вкусни сендвичи.

Подготовка на песто сос:

- Китка свеж босилок
- 200 мл маслиново масло
- 2 чешниња лук
- 30гр индиски ореви
- 50гр рендан пармезан
- Сол по избор

Босилокот најпрво треба убаво да се измие и заедно со лукот ситно да се исечка. Потоа се додадваат состојките во блендер каде ќе ги ставите и индиските ореви, притоа додавајќи го маслиновото масло. На крајот додадете пармезан и сол, по ваш избор. 

Ние ви предложуваме да го сервирате во комбинација со тестенини или пак во комбинација како намаз на брускети со моцарела и чери домати и чаша добро бело вино. 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 56789 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,235 секунди.