IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Mодни декорации и козметички  средства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Mодни декорации и козметички средства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 20:50

ЕЛИКСИР НА МЛАДОСТА

7

Направете ги овие две рецепти и верувајте нема да зажалите! Ќе бидете здрави и заштитени од сите болести, а освен тоа младоста подолго ќе ви трае! Организмот старее пред време поради лошите животни навики, но овие лекови ќе го исчистат вашето тело од отровите и вашата кожа ќе блесне.

1.ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг мед

10 лимони-исцеден сок

10 главици лук-истолчени

ПОДГОТОВКА:

Свежо исцедениот сок од 10 лимони се меша со кашата добиена од истолчениот лук, па се’ заедно се меша со медот и се остава една недела да стои во затворена тегла.

Се пие по 4 лажички еднаш дневно, но не треба да се голта веднаш туку полека да се земаат една по друга четирите лажички. Да не се пропушти ниту еден ден. Оваа количина треба да биде доволна за два месеца.

2.ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г лук-толчен

24 лимони-исцеден сок

ПОДГОТОВКА:

Лукот се толчи, се цеди сокот од 24 лимони, се’ заедно се меша и се става во стаклена тегла, се покрива со газа и се остава 24 часа. Пред употребата треба да се промеша. Се зема еднаш дневно-пред спиење: една лажичка се меша со половина чаша вода и се пие.

По 1-14 дена заморот исчезнува и се враќа здравиот сон. Ова средство против отежнато дишење, исто така, е средство за помладување на крвта, посебно кај исцрпените и ослабени лица, претставува еликсир на младоста.



Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 10:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 21:31

Алки за рака

Наместо да давате многу пари за различни алки, кои сепак нема да бидат со дезенот што го сакате, зошто не направите сами на овој едноставен начин? 
Исечете пластично шише, обвиткајте го со дакт трака, изберете материјал по ваша желба и залепете го со супер лепак, a за прецизно нанесување, искористете гопиштолот за лепење.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Април.2014 во 14:54

Направете сами: Практична наметка за секоја пригода


Отсекогаш посакувавте да имате едно универзално парче облека кое ќе можете да го носите за секоја пригода, со маички, здолништа, над фустани?

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-01

Сега оваа желба може да ви се оствари за само 20 минути. Сè што треба да купите е парче материјал со боја по желба кое брзо и лесно ќе го претворите во наметка.

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-02

Материјалот треба да е растеглив, да паѓа и да е со димензии 150cm x 102cm.

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-03

Поставете го материјалот по должина, одбележете го делот кој ќе го исечете за рацете, на 30cm од краевите.

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-04

Добро затегнете, па пресечете линија од 10 до 15 сантиметри.

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-05

Раширете го материјалот и вашата наметка е готова.

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-06

Еве како можете да ја носите:

napravete-sami-prakticna-nametka-za-sekoja-prigoda-07

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 21:57

Како сами да си направите течна пудра?

Секоја жена трага по идеалната пудра..

Секоја жена трага по идеалната пудра. Секогаш прв услов за совршен изглед на кожата на лицето е нејзиното негување, а потоа следи шминката. Совршената пудра е основен и најважен елемент на шминкањето, па затоа е многу важно да се комбинираат и бараат оние што најмногу одговараат на кожата. Ви ја прикажуваме постапката како од природни состојки и минерална пудра во прав да направите течна пудра.

Потребни состојки:

- минерална пудра во прав (нијанса и вид кој најмногу ѝ одговара на вашата кожа)

- масло за лице (бадемово, кокосово, маслиново…)

- некоја капка етерично масло

Начин на подготовка: 

Во еден сад ставете ја пудрата во прав и маслото, во сооднос 2:1. Мешајте додека не се растопат сите грутчиња. Додавајте пудра и масло додека не добиете густина која ќе ви одговара. Откако ќе ја добиете потребната густина, капнете некоја капа етерично масло.

Се нанесува како и секоја друга течна пудра, а можете да ја зацврстувате со нанесување на малку минерална пудра во прав, особено кога времето е повлажно или ако имате масна кожа.



Изменето од Valerija - 03.Април.2014 во 21:58
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 19:18

Домашен пилинг за тело од кафеав шеќер

Препорачан е од страна на луксузниот спа-центар во хотелот Dove Mountain, Аризона..

Едноставен да се направи по дома и суперевтин, овој пилинг за тело е многу понежен за вашата кожа од оние коишто се базирани на сол. Тој ќе ви ја подобри циркулацијата и ќе ви ги отстрани мртвите клетки од вашата кожа. Препорачан е од страна на луксузниот спа-центар во хотелот Dove Mountain, Аризона. 

Потребни состојки:

- 200 грама кафеав шеќер

- 150 грама бадемово масло

- 1 супена лажица витамин Е

- 1 супена лажица ванилин екстракт

Начин на употреба: 

Искомбинирајте ги сите течни состојки и потоа додадете го шеќерот. Можете да додадете и неколку капки етерично масло од рузмарин, кој е еден вид природен конзерванс кој ќе го одржува рокот на употреба на вашиот природен пилинг. Употребувајте го пилингот во када, пред да се туширате, триејќи го на вашата кожа, во кружни движења. Потоа измијте го шеќерот со тушот, но не го измивајте маслото со сапун, за кожата да ви остане свиленкасто мазна и да има совршена влажност.

Откако ќе го направите рецептот, можете да го складирате во стаклен сад со капаче, а истиот ќе можете да го користите во времетраење од околу 1 месец.



Изменето од Valerija - 03.Април.2014 во 19:18
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 19:05

Домашен спа третман со киви


Кивито е интересна и корисна овошка за оние кои сакаат да ги ублажат брчките на лицето и да ја зачуваат еластичноста на кожата. Ова егзотично овошје е богато со витамин Ц, поточно едно киви ви е повеќе од доволно за да ги покриете дневните потреби на овој витамин.

domasen-spa-tretman-so-kivi-01

Високото количество на витамин Ц ја регенерира кожата, па затоа маската од киви е препорачлива за сите оние кои имаат над 25 години, добата кога количината на колаген и еластин во кожата опаѓа.

Постојат неколку варијации на маските од киви.

Ефикасна е маската од свежи кругови киви поставени на целото лице. Доволно е да дејствуваат околу 10тина минути за да забележите огромна промена. По оваа маска од свежо киви, задолжително исплакнете го лицето со млака вода и нанесете хранлива крема.

Можете да направите и мешавина од пасирано киви и половина банана. Одлична храна за кожата, која е доволно да делува 15-20 минути пред да ја исплакнете.

domasen-spa-tretman-so-kivi-1

Кивито и медот се исто така добитна комбинација за оние кои сакаат да ја сочуваат меката и еластична кожа. Леплива и вкусна маска која за само 10тина минути ќе го постигне посакуваниот ефект.

Егзотичната маска од киви, маслиново масло и путер од кокос, освен тоа што мириса одлично, на кожата и дава доволно хранливи материи за претстојната седмица. Што значи, доволен е еден ваков третман неделно, од само 15 минути за да ја зачувате младоста.

domasen-spa-tretman-so-kivi-2

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 13:53

Одлична маска за чистење на порите


Маската можете сами да ја подготвите.

Речиси не постои жена која немала проблем со „запушени" пори. Тоа е неизбежен и природен процес. Темните точки на вашето лице се составени од себиум и мртви клетки од вашата кожа. Можеби не изгледаат најдобро, но за среќа постои начин на кој тие можат да се исчистат - со едноставна маска за лице која можете да ја направите дома. 

Потребно:

1 лажица желатин

2 лажици вода

Подготовка: 

Желатинот и водата измешајте ги во мала стаклена здела и ставете ги во микробранова печка на 7 секунди. По 7 секунди смесата би требало да биде глатка и доволно густа да се лепи на вашата кожа. Маската нанесете ја на претходно исчистена кожа.  Почекајте да се исуши (околу 20 минути) и потоа исплакнете.



Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 13:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 13:36

Направете маска од лук и подмладете се за 20 минути!

Маската од лук и помага на кожата да остане млада подолго време.

Маската од лук и помага на кожата да остане млада подолго време и да добие свеж изглед. 

Миризбата не е многу пријатна, и да се направи таква процедура не е лесно, но затоа пак, оваа маска е неверојатно ефектна. 

Земете една мала главица лук и изрендајете ја. Додадете една супена лажица бела глина и една мала лажичка мед. 

Нанесете ја маската на лицето и чувајте ја 10 минути. На крајот измијте го лицето со ладна вода.



Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 13:37
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 13:33

Најдобри домашни лекови за подуени подочници


Надуените подочници се еден од најчестите утрински проблеми на жените. Косата може да се исчешла, акните може да се покријат со коректор, но подуени кесички под  очите не можат да се скријат ниту со најдобрата пудра.

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-01

Затоа, погледнете како да ги спречите подочниците, но и како да ги излечите со помош на домашни состојки.

Ладни краставици

Краставиците одамна се користат како лек за подуени подочници. Сигурно сте виделе дека жените тоа го прават. Краставиците содржат многу антиоксиданси и флавоноиди кои помагаат за црвенилото, отоци и иритација.

Едноставно, исечкајте ја краставицата на тенки кругови, кои ќе ги ставите на очите. Оставете ги да отстојат 30 минути и веднаш ќе се чувствувате посвежо и подмладено.

Свеж компир

Наместо краставица може да користите и свеж изладен компир. Тој подолго останува ладен и содржи соединенија кои може да ви помогнат во отстранувањето на вишокот течности од подочниците.

Компирот можете исто како и краставицата да го исечете на кришки или ставете го во блендер и добиената смеса ставете ја на тенка газа, па направете облоги за уморни очи.

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-1

Млеко

Често се користи за оваа намена, а најдобро делува полномасното млеко. Едноставно натопете парче вата во ладно млеко, исцедете го вишокот и ставете ја на очи. Оставете ја да отстои десетина минути и ќе видите дека отоците спаднале.

Зелен или црн чај

Кесичките со чај се уште еден популарен домашен лек против подуените подочници. Црниот и зелениот чај содржат кофеин кој ги смирува крвните садови во кожата околу очите.

Исто така, кесичките со чај ја поттикнуваат циркулацијата. За да го направите овој третман , ставете две кесички чај во топла вода и оставете ги да отстојат неколку минути. После тоа извадете ги кесичките и оставете ги да се изладат.

Ладните кесички ставете ги на очите и оставете ги да делуваат околу 15 минути. Правете го ова двапати неделно и ќе видите како кожата околу очите ќе почне да ви се затегнува.

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-2

Камилица

Камилицата не содржи кофеин, но затоа е позната по своите антибактериски и антиинфламаторни својства. Се користи за лечење на многу болки, но и за подочниците е одлична, бидејќи го намалува црвенилото и ги одмора очите.

Белка од јајце

Одвојте ја белката од жолчката и изматете ја добро додека не стане цврста и пенеста. Најдобро е тоа да го направите со миксер. Таквата смеса нанесете ја со прсти на подочниците и оставете ја да делува околу 15 минути. Додека белката се суши, ќе почувствувате како кожата ви се затегнува.

najdobri-domasni-lekovi-za-podueni-podocnici-3

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 22:20

Домашен лосион од кој косата повеќе нема да опаѓа


Пред да посегнете по хемиските средства, помогнете си со некои природни средства.

Не ретко се случува да се соочуваме со овој проблем, опаѓање на косата. Пред да посегнете по хемиските средства кои се наменети токму за опаѓање на косата можеби и може да си помогнете со некои природни средства. Обидете се со лосионот кој може и самите да го подготвите дома.

Потребни состојки за домашниот лосион се:

15 лажици сува коприва ситно исецкана

5 лажици цвет од камилица

300 мл вински оцет

Начин на подготовка:

Во 1,2 литри вода која врие ставете ја копривата. Потоа поклопете, тргнете го садот од оган и оставете нека стои два часа. По два часа ставете го садот повторно на оган и кога ќе се стопли ставете ја камилицата. Тргнете од оган и оставете нека отстои уште два шаса. Потоа процедете и додадете го винскиот оцет.

Секоја втора вечер мачкајте се со овој лосион. Или правете го тоа кога знаете дека ќе бидете дома.

За да ефектот биде поголем потребно е и да се масирате со лук, но поради силниот мирис многу често го избегнуваме. Затоа практикувајте го лосионот, но бидете редовни за да постигнете резултати.



Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 13:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 21:53

Направете сами освежувач за тело



Освежувачот за тело е идеален за оние кои се излезени поголем дел од денот. Наместо за него да плаќате, можете и самите да си го подготвите. 

Подготовката е многу едноставна. За само неколку минути ќе имате прекрасен освежувач кој може да го понесете со себе каде и да одите.

180 мл дестилирана вода

25 капки етерично масло од лимон и портокал

Измешајте ги овие состојки во боца со распрскувач. Измешајте пред употреба. Не го користете во близина на очи.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 21:53
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 16:22

Две испитани рецепти за отстранување на брчки под очите


Брчките под очите можат да се појават од различни причини и во по млада возраст..

Тоа зависи од здравствената состојба, од шминката или просто од гримасите кои често ги правиме.

Кожата околу очите е многу тенка и чувствителна, така што брчките на неа многу брзо се појавуваат. Следните природни рецепти ќе ви помогнат во грижата за проблематичната зона околу очите.

Во топло млеко ставете срединката од лепчето, и направете мека каша. Нанесете ја околу очите и почекајте 15-20 минути. Потоа исплакнете со топла вода.

Измешајте 1 белка од јајце со една лажица мед и една лажица брашно, но претходно истопете го медот на пареа, за да го направите течен. Нанесте околу зоната на очите и почекајте 10 минути. Потоа убаво исплакнете со вода.




Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 16:22
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 16:13

Домашен крем против брчки- фантастичен ефект за 7 дена!

За жал, појавата на брчки е неизбежна кај секоја жена..

И со нивното доаѓање почнуваме френетично да се бориме, со помош на разни кремови, методи и козметички третмани. Но, дури и најскапите креми не ни гарантираат целосно ослободување од овие козметички недостатоци , особено што кожата многу брзо се навикнува на купечките креми и не секогаш има соодветни резултати.

Ако имате време и желба да подготвите домашен крем против брчки , тогаш можете да ги искористите предностите на оваа одлична рецепта.

Оваа домашна крема е совршен лек за кожата: хидрира, го израмнува тенот, ги намалува брчките и стареењето на кожата. Нејзината предност – се природните состојки и безбедноста. Погодна за сите типови на кожа.

Резултати се видливи веќе за 7 дена. Оние кои се однесуваат со почит кон нивната кожа, овој крем ќе го засакаат . Рецептот е лесен и навистина неверојатен.

Домашен крем против брчки- Рецепт:

За да го подготвите овој крем ви биде потребно:

- 1 свежа жолчка од јајце

- 2 лажици бадемово масло ( може да го замени маслиново )

- Половина лажица квалитетен мед (било кој)

- 2 лажички медицински вазелин

Подготовка:

Вазелинот се растопува на водена пареа. Тоа ќе потрае неколку минути.

Го тргаме од шпоретот и ги додаваме другите состојки : медот , жолчката од јајце и маслото.

Сите состојки темелно се мешаат . Мешајте неколку минути додека не добиете хомогена смеса.

Ставете ја смесата во една кутија, може во кутија од стара крема, ќе биде доволна кутија од 50 мл.

Со лесна масажа се нанесува на чиста кожа. По 30 минути отстранете ја кремата со памукче натопено во минерална вода ( кисела) или влажно шамивче за лице.

Забелешка: Кремот се апсорбира во кожата повеќе од еден час , така што треба да се нанесува на лицето 2 часа пред спиење.

Чувајте ја кремата во фрижидер. Кога ќе се потроши , и ако сте задоволни , направете си нова доза. Овие состојки се природни, и не правете двојна доза одендаш , за да не се расипе.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 16:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 13:55
ДОМАШНА КРЕМА ПРОТИВ БРЧКИ

Рецепт:
За подготовка на оваа крема потрено е:
1 свежа жолчка од јаце
2 лажици бадемово масло (може да се замени со маслиново)
½ лажица квалитетен домашен мед
2 мали лажички медицински вазелин

ЛОСИОН ЗА АКНИ
За приготвување на овој лосион потребни ви се 3-4 ловорови листови (суви) и 200 мл. вода.
Водата се става на оган да зоврие и се додаваат листовите од ловор. Се намалува на тивко огнот се промешува, се става поклопецот на тенџерето и се вари 5-7 мин. Течноста се лади и процедена се пресипува во шишенце. Овој лосион може да се користи наутро и навечер и се препорачува на лица со проблематична и масна кожа.

ЛОСИОН ЗА БУБУЛИЦИ СО АЛКОХОЛ
Издробете 3-4 суви листови ловоров лист и прелијте ги со медицински алкохол 200 мл. (помешан со вода соодност 1:1) или домашна ракија (52%). Се остава да одстои на собна температура 5-6 дена. После тоа лосионот е спремен за користење. Се процедува и се става во шишенце, се користи наутро и навечер за елиминирање на бубулици и воспалителни процеси.
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 7891011 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,514 секунди.