IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Топ 10 острови на светот
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Топ 10 острови на светот

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 17:40

КОЗУМЕЛ – МЕКСИКАНСКИОТ ОСТРОВ НА СТРАСТА …

1 (5)

Козумел е популарен остров во карипското море, на источниот брег на Мексико и една од деветте општини на сојузната мексиканска држава Кинтана Ро…

Главен град на овој егзотичен остров е Сан Мигел де Козумел. Козумел е најголемиот остров во Атланскиот океан, кој се наоѓа 20 километри од копното и 60 километри од прочуеното монденско летувалиште Канкун.

1 (1)

Најголем дел од популацијата, која брои околу 77.000 жители живее во градот Сан Мигел. Од доста значајното археолошко наоѓалиште во Сан Гервасија до познатата зелена црква во Ел Седрала, Козумел е место кое навистина има што да Ви понуди, а Вашиот одмор да го направи незаборавен. Први доселеници биле древните Маи, кои островот го населиле околу 300та година. Пред да стане туристичка атракција, местово било познато како верска локација. Многу жени доаѓале да оддадат почит на Божицата на плодноста Ixchel. Влијанието на Маите се чувствува и денес. Тоа е и причината поради која островот се разликува од другите острови.

1 (2)

Денес, овој остров е една од најважните туристички атракции во Мексико. Годишно го посетуваат најмалку 2 милиони туристи од сите делови на светот. Овој податок не е изненадувачки, со оглед на егзотичните плажи со најубава песок, тропското море богато со корали и разни видови риби.

Доколку се одлучите да го посетите рајскиот Козумел, нема да погрешите…

1 (3)

1 (4)

1 (5)

1 (6)

1 (7)

1 (8)

1 (9)

1 (10)

11

12



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Април.2014 во 16:52

Најубавиот остров, Мауи

По повод годишната на Conde Nast Traveler читателите избираат Топ 25 острови во светот, во кој Мауи излезе на врвот, и на кој е исто така последните 20 години. Исто така се врати на врвот на ранг листата Топ 10 Острови во САД.

Како еден остров би можел да остане популарен толку долго? Погледнете зошто!


Image result for убавините на МАУИ


Image result for убавините на МАУИ



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2014 во 22:31

ОСТРОВ СИЛУЕТА – СЕЈШЕЛИ

9

Сејшелите претставуваат архипелаг надарен со легендарна убавина, на западниот брег на Африканскиот континент, составен од 115 корални острови во Индискиот океан…
Овој изолиран рај ви нуди преубави плажи, тиркизно сино море и пријатно, топло време. Поради тоа не не изненадува фактот што Сејшелите се сметани за најубавиот архипелаг на светот





Изменето од Valerija - 17.Јуни.2014 во 22:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 06:24

ГРЧКИОТ БИСЕР – ОСТРОВОТ МИКОНОС



Островот Миконос е светски познат. Не случајно е најкосмополитскиот остров во цела Грција кој привлекува многу посетители од целиот свет. Со своите златни плажи, градчиња со бели куќички, космополитски живот и забавна атмосвера островот Миконос е навистина еден автентичен допир до романтика на грчките острови.

Островот се протега  на површина од 85,5км2 и се издига до височина од 341 метри (1.119 метри) во својата највисока точка. Островот е составен главно од гранит. Живеат 9.320 жители (2001) од кои повеќето се населени во најголемиот град  Mykonos, исто така познат како Chora кој лежи на западниот брег.




Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2014 во 06:26

ДЕСЕТТЕ НАЈДОБРИ ТРОПСКИ ОСТРОВИ


Полека почнуваат жешките летни денови и настапува оној период во годината кога сите почнуваме да поставуваме тропски и егзотични фотографии на нашиот десктоп.
Некои едвај чекаат да отидат на одамна испланираниот одмор, некои сеуште не се сигурни околу терминот или дестинацијата…Доколку припаѓате на втората група, еве неколку интересни и егзотични предлози, кои ќе ви овозможат фотографијата од десктоп да ја замените со фотка што сами ќе ја направите. Ви ги претставуваме десетте најдобри тропски дестинации кои секако нема да ве остават рамнодушни:

1. Heron Island, Австралија

 

2. Piha Island, Нов Зеланд

 

3.Shikoku Island, Јапонија

4. Belize, Америка

5. Koh Tarutao, Тајланд

6. Bazaruto Island, Мозамбик

7. Vieques, Порторико

8. Scrub Island, Британските Девствени острови

9. Mabul Island, Малезија

10. Zanzibar, Танзанија

 

 

Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Август.2014 во 00:06

Еве зошто е ова најубавиот остров во Европа!


World Travel Awards повторно го прогласи Мадеирa за најубав остров во Европа заради неверојатната природа, природните базени од магматски карпи, прекрасните карпи кои гледаат на океанот и шармантните градчиња. Погледнете зошто е ова желба на многу туристи.

Мадеира, која се наоѓа во Португалија, е најголем остров  на истоимениот архипелаг, во кој се наоѓаат и Porto Santo и Desertas. Просечната температура тука изнесува 22 степени во лето и 18 во зима, што значи дека тука владее вечна пролет.

Тука постојат и природни базени од магфматски карпи.

Мадеира е преполна со прекрасни плажи, како што е Калета. Водата е чиста и мирна – совршена за пливање или нуркање и истражување на морските длабочини.

Најдобар начин да го истражите островот, е да го обиколите со брод. Секако, и погледот кој се шири од највисоките делови на островот е спектакуларен.




Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Септември.2014 во 17:15

Рајска убавина: Најубавите острови на светот


Природата често знае да биде предарежлива, сместувајќи го најдоброто од себе на едно место. Факт е дека на планетата постојат дестинации кои се вистински рај, а голем дел од нив се наоѓаат на острови. Тиркизна вода, бел песок, тропска клима, палми... Кој би посакал повеќе?

Иако не е лесна задачата да се изберат најубавите острови, сепак читателите на британското списание „Condé Nast Traveller“ ги издвоија своите фаворити. Според нивните гласови, белите песоци им ја донесоа на Малдивите титулата најпопуларна дестинација, а гостопримливоста беше најважен фактор за островите на Грција да го добијат второто место на егзотичната листа.

Еве кои се најомилените острови меѓу туристите:

МАЛДИВИ

Малдивите се сон за секој турист и идеална дестинација за меден месец. Кристално чистата вода, бескрајните плажи и незаборавните огнени зајдисонца се само мал дел од причините што секој посакува реприза на одморот на овие атрактивни острови.

МалдивиМалдивиМалдивиМалдивиМалдиви

ГРЧКИТЕ ОСТРОВИ

Грците ги придобиваат туристите со љубезноста и гостопримливоста, но најзаслужни за огромната популарност се медитеранските волшепства кои во изобилство ги има на места како Санторини.

Грчките островиГрчките островиГрчките островиГрчките островиГрчките островиГрчките острови

СИЦИЛИЈА

Најголемиот остров во Средоземното Море, Сицилија, крие едни од најубавите плажи, но привлекува и со највисокиот активен вулкан во Европа, Етна.

СицилијаСицилијаСицилија

СВЕТИ ВАРТОЛОМЕЈ

Нарекуван и Св. Бартс, овој елитен остров на Карибите редовно е посетуван од богатите и славните и е во позадината на најегзотичните фотосесии.

Свети ВартоломејСвети Вартоломеј

БАЛЕАРСКИ ОСТРОВИ (МАЈОРКА, МЕНОРКА, ИБИЦА, ФОРМЕНТЕРА)

Балеарите минатата година убедливо беа на првото место. Тие можат да ви понудат најоткачен одмор исполнет со луди забави какви што има само на Ибица, но и спокоен одмор во прекрасните селца на крајбрежјата.

Балеарски ОстровиБалеарски ОстровиБалеарски ОстровиБалеарски Острови

СЕЈШЕЛСКИ ОСТРОВИ

Сејшелите нудат природна убавина недопрена од човечката рака. Интересен е фактот што сејшелското општество основно е матријархално.

Сејшелски ОстровиСејшелски ОстровиСејшелски ОстровиСејшелски Острови

КАПРИ

Капри е едно од најголемите богатства на Италија. Неповторливиот микс од историја, спектакуларни природни убавини и култура е причината зошто овој остров со векови е популарна дестинација меѓу уметници, писатели и интелектуалци.

КаприКаприКапри

БАРБАДОС

На забавниот Барбадос можете да пиете рум пунч додека уживате во топлата сина вода и да јадете летачка риба додека сфаќате дека релаксацијата ви станала приоритет.

БарбадосБарбадосБарбадосБарбадосБарбадос

МАВРИЦИУС

Маврициус е совршено место за романтично бегство од реалноста. Овој остров е дом на многу писатели, поети и артисти кои се инспирираат од природната убавина и мултикултурниот идентитет на земјата.

МаврициусМаврициусМаврициусМаврициус

МАЛТА

Средоземната клима, историските и археолошките знаменитости, како и 9-те локации кои се заштитени од УНЕСКО, се причините што Малта се сместува на листата на омилени туристички дестинации. Валета, главниот град на Малта, крие во себе прекрасни барокни палати, градини и цркви.

МалтаМалта

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zaratustra Кликни и види ги опциите
Група
Група
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 69
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zaratustra Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2014 во 10:05
http://www.tripadvisor.co.uk/TravelersChoice-Islands-cTop-g4
allemagne dix points! (such is life) - Del Boy
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Декември.2014 во 08:42

Островот Палаван е рајот е на земјата


Тешко е да поверуваме дека Филипини е едно место кое што не е доволно истражено, а поседува неверојатна убавина. Иако има многу острови, ние би рекле дека островот Палаван е рајот на планетата Земја.


Островот Палаван е скриеното место кое плени со неверојатен мир и убавина. Неслучајно е на врвот на листата на најубавите острови во светот. Проѕирната сина вода се меша со неверојатната зелена боја, додека планините кријат своја џунгла, опколувајќи го океанот. Малите рибарски селца околу островот дополнително ја надополнуваат целата атмосфера.



До стариот остров од 50.000 години, може да се стигне со брод или авион, а идеално време е од октомври до мај. Ова значи дека доколку имате добар буџет, а се уште немате испланирано каде ќе одите за новогодишните и божиќните празници, островот Палаван е совршеното место.



На островот живеат разни диви животни кој може да се најдат на сите острови на Филипините. Овде може да сурфате, да нуркате и да го истражувате океанското дно.



Ако не се осмелувате да се спуштите под водата, можеби возењето со кајче по една од најуникатните реки низ светот на Палаван или пак да се возите меѓу островите со брод е идеален начин за истражување. Штом се вратите на копно, може да изнајмете трицикл, омиленото превозно средство на жителите на овој остров.



Сигурни сме дека по пливањето, возењето, нуркањето и истражувањето – никогаш нема да сакате да го напуштите овој рај.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
evangeline Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Август.2011
Локација: Naxos
Статус: Офлајн
Поени: 6758
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај evangeline Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2015 во 13:59
Сите нијанси на Санторини - еден од најубавите острови во светот

Покрај класичната грчка сино-бела бајка, Санторини е единствениот остров на кој портокаловите и црвени земјени нијанси се мешаат со жолтото сонце, зелените површини и пастелните фасади.

site-nijansi-na-santorini-01.jpg

Санторини е некогашен вулкан, и тоа многу активен, сместен 300 километри југоисточно од Атина.

Самата мешавина од карпи и сол ја создала фантастичната палета од бои и нијанси по кои е препознатлив овој грчки остров.

Тука грчката култура на живеење е доведена до хедонистички врв. Нешто што не се пропушта е дегустацијата на врвни локални вина, бројни салати и морски плодови.

site-nijansi-na-santorini-02.jpg

Дури и плажите на Санторини доаѓаат во многу облици и бои. Всушност, мапата на плажи е распоредена по боите - Црвена плажа, Бела плажа, Црна плажа...

Санторини е едно од ретките места каде можете буквално да лежите на лава. Плажите со црн и топол песок се туристичка атракција која не смее да ја пропуштите, а воедно се и неверојатно мирни и тивки дури и во врвот на сезоната.

site-nijansi-na-santorini-03.jpg

Што се однесува до урбаната страна и самата градба, ако се упатите кон Санторини и прошетате низ најпознатото туристичко место Оиа, сигурно ќе искачите неколку илјадници скалила за само неколку дена.

За крај, пронајдете си го омиленото место и дозволете му на зајдисонцето да го финишира ова прекрасно патување.




Изменето од evangeline - 20.Март.2015 во 14:00
Внимавај кому му веруваш.
И ѓаволот еднаш беше ангел.


Being RICH
is not about how much you have,
BUT about how much you GIVE

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2015 во 13:58

ФОТО: 10 најубави острови на светот според TripAdvisor

Покачувањето на температурите го разгорува копнежот за тропски авантури на егзотични дестинации. Кој може да ѝ одолее на рајската убавина на островите низ светот?

TripAdvisor, најпознатиот сајт за патувања, направи листа од десетте најубави острови на светот, кои дефинитивно ќе посакате да ги посетите. Листа е направена врз основа на квалитетот и квантитетот на рецензиите и коментарите на посетителите на сајтот во текот на една година, а кои се однесуваат на хотелите, знаменитостите и угостителските објекти на секој остров.

ПРОВИДЕНСИЈАЛС, ТУРКС И КАЈКОС

Најубави островиНајубави островиНајубави острови

МАУИ, ХАВАИ

Најубави островиНајубави островиНајубави острови

РОАТАН, ХОНДУРАС

Најубави островиНајубави острови

САНТОРИНИ, ГРЦИЈА

Најубави островиНајубави островиНајубави острови

КО ТАО, ТАЈЛАНД

Најубави островиНајубави островиНајубави острови

МАДЕИРА, ПОРТУГАЛИЈА

Најубави островиНајубави острови

БАЛИ, ИНДОНЕЗИЈА

Најубави островиНајубави островиНајубави островиНајубави островиНајубави острови

МАВРИЦИУС, АФРИКА

Најубави островиНајубави островиНајубави острови

БОРА БОРА, ФРАНЦУСКА ПОЛИНЕЗИЈА

Најубави островиНајубави островиНајубави островиНајубави острови

ФЕРНАНДО ДЕ НОРОЊА, БРАЗИЛ

Најубави островиНајубави острови

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2015 во 15:49

НАЈУБАВИТЕ ОСТРОВИ ВО СВЕТОТ

7

Често можеме да прочитаме како Бил Гејтс, Џорџ Клуни и останатите богати и славни личности од сите страни на светот си дозволиле одмор на скапи, познати и прекрасни места, и затоа ве водиме на некои од нив. Секако, само виртуелно, но можеби читајќи го ова и ќе се заљубите…

Тахити


Ова чудо се наоѓа во Француска Полинезија, а покрај прекрасните плажи може да појдете и на планинарење, со оглед на тоа што највисокиот врв на островот е висок 2.241 метри. Разно овошје, кокос и рум ви се на дофат на рацете на целиот остров. Покрај уживање во сонцето, морето, планинарење и нуркање, на Тахити може ќе најдете и инспирација како, како на пример познатиот сликар Пол Гоген, кој живеел таму.

Миконос

Тешко е со зборови да се опише овој прекрасен грчки остров, а уште е потешко да се направи листа на сите богаташи кои таму поминале годишен одмор. Најважното место на островот се нарекува Кора и покрај него поминуваат сите рибарски бродови кои доаѓаат на овој остров. Миконос е познат и по извонредниот ноќен живот, па така го има добиено и прекарот „Грчка Ибица“.

Сејшели

Еден од најлуксузните светски острови го пронашол своето место во Индискиот океан. Пред се`, ова е туристичка земја, затоа што туризмот вработува 30% од жителите и учествува со 70% во приходот на земјата. Најголемиот остров во Сејшели е Махе, кој е познат и по легендата за закопаното богатство. Ако имате авантуристички дух, може да направите долги прошетки и да го побарате богатството, а ако не, уживајте во убавината и белиот песок на Сејшели.
 


Капри

Овој италијански остров се наоѓа на јужната страна на заливот од Наполи. До него се доаѓа исклучиво со брод, а убавината на Капри ја сочинуваат мистериозни пештери и прекрасни плажи. Од 50-тите години на 20-тиот век, Капри станал омилена дестинација на меѓународниот џет-сет, што продолжило и до ден денес. На островот ќе наидете и на оригинална, селска архитектура, но и на многу скапи ресторани и луксузни продавници.

Нантукет

Тука сме и на Атлантикот. Нантукет се наоѓа на 50 километри од брегот на САД. Има 10.000 жители, но преку лето тој број се зголемува за пет пати. Целиот остров го покрива историскиот округ Нантукет, кој воедно е и национална историска знаменитост. До островот може да се стигне и со авион, со оглед на тоа што таму има аеродром. Сепак, најмногу слетуваат приватни авиони, со оглед на тоа што многу богати луѓе имаат изградено вили на овој остров.





Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2016 во 08:22
Неверојатниот Фиџи: Толку совршен, што би требало да постои само во соништата


Со повеќе од 300 острови кои ни ги нуди, истражувањето на Фиџи е како сложување на голема магична сложувалка – едноставно не знаете од каде да почнете.

Некои од овие острови веќе ви се познати, секако, благодарение на Холивуд. Нивните природни убавини се како разгледници од некои дамнешни времиња, со бел песок и палми полни со кокосови ореви. Поради тоа, ако планирате да го посетите Фиџи, еве за почеток неколку острови кои вреди да се посетат и да уживате во нив.




Овој остров можеби ви е познат од филмот „Бродолом на животот“ каде што заглави Том Хенкс. Островот е ненаселен, но можете да направите тура за да го посетите и да ги видите клучните локации каде што се одвивало дејството на филмот. Тука исто така се нурка, желките оставаат јајца, но најдобрата работа е што по посетата на овој остров можете да се пофалите дека Том Хенкс не е единствениот кој доживеал бродолом на животот.



Половина од популацијата на Фиџи живее на овој остров каде што се наоѓа и главниот град Сува. Во главнот град ќе можете да го разгледате Собранието, музеите, многуте хотели и барови и шарениот пазар. Овој е најголемиот остров во архипелагот и со самото тоа е посетуван од многу туристи. Ако сакате да ја запознаете комерцијалната страна на Фиџи, тука нема да се разочарате.




На овој остров постојат неколку колиби на плажа во кои можете да си подготвите јадења и да уживате во магичниот поглед, но тука нема никакви барови, ресторани и слично. Овој остров е идеален за посета на оние кои сакаат да ја запознаат дивата страна на Фиџи.



Тука се снимало познатото ТВ шоу 'Survivor' што може да ви каже дека островот е доволно модерен и пријатен за да биде домаќин на телевизиска екипа, а има и доволно песочни плажи и кокосови дрва кои камерите секогаш ги сакаат. Помалку е населен од споменатиот Вити Леву, но нуди многу планински тури. Тука вреди да изнајмите автомобил бидејќи овој остров е вистински тропски рај кој треба да се доживее.



Најголемиот град на овој остров, Левука, некогаш бил главен град на Фиџи. Тоа значи дека за разлика од останатите острови, тука ќе наидете на историски згради во европски стил, кои зборуваат за колонијалната историја. Траектот обично од Сува ги префрлува туристите во Левука и Овалау ресортот или хотелот Ројал, кој може да се пофали со фактот дека е најстариот хотел во јужниот дел на Пацификот.






Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 11:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2016 во 08:05

Топ 10 најубави острови за 2016-та, одбрани од патниците


Островите отсекогаш претставувале нешто посебно, места кои пловат низ бескрајното синило на морската шир и нудат поглед кој не може да се види на ниедно друго место.

top-10-najubavi-ostrovi-za-2016-ta-odbrani-od-patnicite-001.jpg

Егзотичните острови се наоѓаат на врвот на листата како место за совршен одмор, каде ќе можете да се релаксирате и да избегате од градската бучава и работните обврски.

„TripAdvisor“ секоја година прави листа на најубавите острови според мислењето на патниците, а за 2016-та година таа листа изгледа вака:

1. Мауи, Хаваи

top-10-najubavi-ostrovi-za-2016-ta-odbrani-od-patnicite-1.jpg

2. Санторини, Грција

top-10-najubavi-ostrovi-za-2016-ta-odbrani-od-patnicite-2.jpg

3. Јамајка

top-10-najubavi-ostrovi-za-2016-ta-odbrani-od-patnicite-3.jpg

4. Провидансиал, Туркс и Каикос

top-10-najubavi-ostrovi-za-2016-ta-odbrani-od-patnicite-4.jpg

5. Бали, Индонезија

top-10-najubavi-ostrovi-za-2016-ta-odbrani-od-patnicite-5.jpg

6. Мајорка, Балеарски Острови

top-10-najubavi-ostrovi-za-2016-ta-odbrani-od-patnicite-6.jpg

7. Маурициус, Африка

top-10-najubavi-ostrovi-za-2016-ta-odbrani-od-patnicite-7.jpg

8. Пукет, Тајланд

top-10-najubavi-ostrovi-za-2016-ta-odbrani-od-patnicite-8.jpg

9. Бора Бора, Друштвени Острови

top-10-najubavi-ostrovi-za-2016-ta-odbrani-od-patnicite-9.jpg

10. Фернандо де Норона, Бразил

top-10-najubavi-ostrovi-za-2016-ta-odbrani-od-patnicite-10.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 4567>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,359 секунди.