IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Патувања...
  Активни теми Активни теми RSS - Најубавите пештери
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Најубавите пештери

 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Најубавите пештери
    Испратена: 25.Февруари.2014 во 16:06

Пештера со мраз во близина на вулканот Мутновски, Русија

najubavite-pesteri-vo-svetot-4.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-5.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-6.jpg



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 18:52
Најголемата пештера во светот: Цел нов свет под површината на Земјата
Доколку отсекогаш сте биле маѓепсани од убавините на пештерите, тогаш сигурно ќе бидете пријатно изненадени од информацијата дека наскоро најголемата пештера во светот ќе биде и официјално отворена за туристите.
Станува збор за пештерата Сон Донг, долга 8,8 километри, во која се сместени дури и џунгла и река, а истата е толку висока што во неа би можело да се изгради облакодер од 40 катови. Меѓутоа, пред четири години ова неверојатно место беше вистинска мистерија за човештвото.


Сепак, наскоро најголемата пештера во светот ќе стане една од најинтересните туристички атракции во Виетнам. Ова магично место било откриено во 1991 година од страна на локален жител, меѓутоа пештерата за првпат била разгледана дури во 2009 година.

Сега туристичката агенција "Oxalis" одлучила да организира туристичка обиколка на пештерата и според бројот на пријавени туристи, турите во траење од шест дена би требало да започнат да се изведуваат веќе следната година.


Човекот кој прв ја открил пештерата не се осудил да влезе внатре затоа што отворот бил премногу стрпен, па затоа и туристите ќе се спуштаат во пештерата на длабочина од 80 метри со помош на јажиња.

Според досегашните истражувања, Сон Донг изобилува со ретки пештерски бисери, па така, тука се стотина години старите кристали од калацит, огромниот сталагмит Кучешка рака и бројни други интересни атракции.


Научниците сметаат дека покривот од пештерата се срушил пред многу векови и тоа овозможило растенијата да пуштат корења, па така, денес во џунглата во пештерата живеат мајмуни и други животни. Откриени се и нови видови на билки покрај водопадот во пештерата... Едноставно, неверојатно!












Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Февруари.2014 во 18:53
          Пештера од школки во Англија за која никој не знае кој и зошто ја направил

Во Маргејт во Кент, идилично место во Англија, 21 метар под земјата сместена е пештерата украсена со повеќе од 4,6 милиони школки. Оваа англиска туристичка атракција е подеднакво прекрасна, колку што е и мистериозна, пред се затоа што никој не може да открие кој и зошто ја создал.
Приказната за оваа мистериозна пештера од школки започнува од 1835 година, кога локалниот жител Џејмс Њулов го натерал својот син Џош да влезе во премин во земјата кој што се појавил додека тие копале дупка.


Кога момчето излегло надвор веднаш му раскажало на својот татко за неверојатниот подземен тунел целосно покриен со мозаици од школки. Љубопитен за приказната на својот син, самиот Њулов се потрудил да влезе во пештерата и да се увери.

Кога еднаш ја погледнал таа неверојатна уметност, Њулов веднаш инсталирал гасни ламби се со цел да ја осветли оваа убавина и три години подоцна, тој ја отворил пештерата за посетители и истата инстантно станала вистинска атракција.


Жителите на Маргејт биле навистина изненадени, пред се затоа што ова место никогаш не било одбележано на ниту една мапа и никој не знаел дека воопшто постои. Така, откако првите посетители дошле и самите се увериле за мистериозната уметност, веднаш започнале дебатите за потеклото на подземниот тунел.

Додека дел од луѓето верувале дека станува збор за антички храм, голем бил и бројот на оние кои што верувале дека тоа е место каде што се состанувале членовите на тајна секта.


Во мозаиците создадени во оваа пештера секој посетител гледа нешто друго, па така, во оваа креација едни препознаваат богови и божици, додека пак другите гледаат дрвја на животот и човечки органи. Сепак, и покрај огромниот број на теории, никој никогаш не ја решил мистеријата за оваа пештера од школки.

Според пресметките, во пештерата се сместени околу 4,6 милиони школки од секаков вид и истите се залепени на ѕидовите и таванот од оваа мистериозна атракција во Кент. Во текот на годините осветлувањето кое што го поставил Џејмс Њулов оштетило дел од декорациите, а местото претрпело голема штета и за време на бомбардирањето во Втората светска војна.


Поради штетата, местото било обновено и денес, мозаиците од школки повторно целосно ја покриваат пештерата со површина од околу 185 метри квадратни. Научниците предвидуваат дека оваа уникатна туристичка атракција ќе остане една од најголемите мистерии која што ќе ги воодушевува и замислува туристите и посетителите и во годините што доаѓаат.








Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Февруари.2014 во 19:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 11:38

REED FLUTE – ПЕШТЕРА ВО КИНА

Reed Flute е природна пештера, настаната за време на милиони години на варовничките планини и е една од најпознатите атракции на  Guilin…

Името го добила по зелените трски кои растат надвор од неа и од кои може да направите мелодична флејта. Во рамките на оваа пештера се наоѓа спектакуларен свет на различни сталактити, сталагмити, камени столбови и формација на карпи кои се создадени со седиментација на карбонат и осветлени со разнобојни светла, со цел да се создаде нерелано фантастично искуство.

Оваа 240 метри долга пештера е исполнета со интересни форми и формации на карпи што личат на многу чудни работи. Многу формации имаат посебна форма на митолошки суштества или природни слики. Некои личат на зеленчук, а една дури и личи на Статуата на слободата.

Внатре, има преку 70 натписи направени со мастило, кои датираат дури од 792 година пред нашата ера, односно од времето на династијата Танг. Тоа се забелешки и песни кои се составени од страна на нивните литерати кои го посетувале оваа магично место. Овие стари забелешки ни зборуваат за тоа дека оваа пештера била атракција во Guilin уште во античките времиња. Оваа пештера е речиси заборавена околу илјада години, пред во 1940 година да биде откриена од страна на група на бегалци. Таа сега е дел од скоро сите планови за патување…


Guilin-Reed-Flute-Cave


Reed_Flute_Cave



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:11
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 17:18

ПРЕКРАСНИ ПЕШТЕРИ НА БАХАМИТЕ... ЗА ХРАБРИТЕ, КОИ СЕ ЗАДОВОЛУВААТ СО НАЈУБАВОТО ОД ПРИРОДАТА


Овој пат, Ве носиме на едно интересно место, кое доколку биде поддржано од Вашиот авантуристички дух, ќе го доживеете едно од најубавите патувања, кои некогаш сте го имале во животот.

И не само патување… Туку и животна шанса да се нурнете во водите на совршеноста, каде што Ве очекува прекрасна, блескава приказна, во која овој пат, прецизноста не е дело на човечката рака, туку на мајката природа.

Ви претставуваме навистина прекрасни фотографии од поводните пештери, кои за жал, поради глобалното затоплување, можат да бидат потопени…

Се надеваме дека последицата од глобалното затоплување нема да се случи, односно дека ова место ќе продолжи да сведочи за она што сé може природата…


1 (2)

1 (5)



1 (11)

1 (12)

1 (13)

1 (16)



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 20:19

СОЛЕНАТА ПЕШТЕРА GALOS

8

Велат, животот е книга, а оној кој не патува…има поминато само неколку страници. Затоа, Ви нудиме место кое задолжително мора да го посетите, а кое освен што ќе ви донесе позитивно искуство ќе Ви понуди и голема доза на релаксација. Овде, инспирација е хармонијата. Нема да погрешите доколку ги посетите пештерите Galos.

1

Во 1912 година, на Светската изложба во Париз, кримската сол била наградена од група специјалисти со златен медал. Истата е толку мистериозна, како и морето од кое што доаѓа- Црното Море. Постапката за настанувањето на солта е природна: водата од Црното Море се влева во специјални базени каде што 4-5 години е изложена на сонце. Така настанува процесот на кристализација, кој е основата на прекрасните градби во вид на пештери- наречени Galos.

7

Стекната на овој начин, солта има деликатна розова боја, како онаа од крилјата на птицата фламинго или боја на младо вино. Големите кристали кои настануваат, треперат како дијаманти и имаат деликатен мирис на цветови.

2

Технологијата на градење на пештери од јодирана сол, е развиена во  108 држави, а компанијата Everes во Полска, во 2000 година за прв пат ја гради пештерата Galos. По нејзин пример е изградена и втора пештера изработена од јонизирана сол, во Чикаго.

3

Условите за престој во пештерите Galos се следниве:  носење удобна спортска облека, храна и пијалоци не се дозволени во истата, една сесија во пештерата трае 45 минути  а истите ќе Ви бидат можеби  најубавите 45 мин во животот. Дозволете си ги…



Изменето од Valerija - 23.Март.2018 во 08:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2014 во 20:21

ЕДНА ОД НАЈУБАВИТЕ ПЕШТЕРИ - БАЛА, ЛИБАН

f42

Интересната пештера, или поточно да се каже “јама” се наоѓа во близина на селото Бала, на околу 70 километри од Бејрут во Либан. Длабока е околу 250 метри, а настанала под влијание на водата пред околу 160 милиони години. Во текот на зимата и пролетта, во ова место постои прекрасен водопад и водена пареа се крева на површината.

Пештерата иако изгледа како идеално место за патување и излети, кампувањето е забрането од страна на Министерството за животна средина.

slike-liban-vrtaca 2

slike-liban-vrtaca 3

slike-liban-vrtaca 4

slike-liban-vrtaca 5

slike-liban-vrtaca 7

slike-liban-vrtaca

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 13:03
Cave of the Crystals, Мексико




 Glowworm Caves, Нов Зеланд


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јуни.2014 во 09:30
Пештерата Son Doong - Позната како најголемата пештера на светот, пештерата Son Doong се простира во Националниот парк во Phong Nha-Ke Bàng, во Виетнам. Таа исто така претставува дом на една од најголемите брзи подземни реки на светот.



Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Август.2014 во 11:07

Пештерата Маијишан

Маијишан е името за вкупно  194 пештери во покраината Ганса во Кина. Овој неверојатен, архитектонски зафат содржи 7.200 будистички скулптури и повеќе од 1000 квадратни метри украсени со ѕидни украси.

neverojatni-gradbi-na-vrvot-na-karpi-5



Изменето од Valerija - 04.Август.2014 во 11:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2015 во 15:03

Неверојатните пештери низ светот


  Пештерите кријат некоја неверојатна мистичност, која не тера да прошетаме длабоко во неа и да откриеме што се крие. Уште поубави се кога сончевите зраци продираат до длабочината и ја осветлуваат. Токму поради нивната беспрекорна убавина, ви ги прикажуваме најубавите пештери во светот, во кои ќе посакате да прошетате, да јадете или можеби да пливате.

Ресторан „Summer cave“, Италија


Замокот на Буда во пештера, Мјанмар



Длабока сина замрзната пештера, Исланд



Природно богатство во внатрешноста на пештера, Гватемала



Сина мермерна пештера, Чиле



Замок во пештера, Словенија



Длабока подземна пештера, Русија



Црна длабока пештера, Австралија



Неверојатно осветлена пештера, Јапонија



Најголемата пештера во светот, Виетнам



Замок во внатрешноста на пештерата, Тајланд

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Декември.2015 во 15:53

ПЕШТЕРА ВО КОЈА Е СКРИЕН ЦЕЛ ЕДЕН СВЕТ

12
Луѓето со векови ги истражуваат пештерите во азиските планини, а најголемата пештера скриена во длабоките шуми на Фонг На Ке Банг националниот парк во Виетнам ја пронашле дури во 1991 година.

Приказната за пештерата гласи „локалниот фармер Хо Кан одеше по бујната шума во срцето на Фонг На Ке Банг”. Тоа е регион кој што му бил познат, но не обраќал посебно внимание на опкружувањето се додека џунглата под него не се отворила. Согледал дека се појавила врата која повикувала во темнината. Овој човек го открил влезот кој бил сокриен милиони години откривајќи ја најголемата пештера во светот.

Пештерата Сон Донг нема статуи, нема праисториски слики – таа самата по себе е уметничко дело на природата.

Во 2009 година група научници се впуштиле да ја истражуваат оваа голема пештера. Пет пати поголема од претходно најголемата забележана пештера во Виетнам, Сон Донг го добила името по виетнамскиот збор за „планинска река” затоа што во самата пештера се наоѓа огромна и брза река. Оваа пештера има и своја пештера која истражувачите ја нарекле „Градината на Адам” како и највисоките сталагмити во светот високи и до 70 метри.

Потребна била цела година за истражувачите Ховард и Деб Лимберт да го достигнат крајот на пештерата заобиколувајќи го 60 метри долгиот ѕид од калцит кој бил наречен „Големиот ѕид на Виетнам”. На другата страна од ѕидот, тие пронашле големи пештерски бисери со големина на безбол топка. Тие се формирале со концентрација на калциумови соли и вода.

Се верува дека оваа пештера е формирана пред повеќе од 2 милиони години, а тоа време е сосема доволно пештерата да формира своја клима. Присутноста на калциум карбонат потврдува дека пештерата произведува свои облаци кои носат дожд. Во 2013 година, првата група авантуристи ја истражувале пештерата со водич, а цело тоа истражување ги чинело 3.000 долари по човек.



Изменето од Valerija - 19.Декември.2015 во 15:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јануари.2016 во 14:08

Скриеното е секогаш прекрасно: Најубавите пештери во светот


Честопати најубавите работи се сокриени некаде длабоко и само малкумина ја имаат привилегијата да ги видат. Земјата ги создала најубавите пештери токму во својата внатрешност за истите да претставуваат тајна која ќе можат да ја видат само најхрабрите и најупорните.

najubavite-pesteri-vo-svetot-22.jpg

Сепак, за наша среќа голем број од овие храбри истражувачи се и професионални фотографи па може да ни ги доловат убавините сокриени во длабочините.

Голем дел од овие пештери се формирале под дејство на водата која тече низ варовнички карпи на тој начин создавајќи пукнатини кои со текот на времето се прошируваат во пошироки ходници и прекрасни пештери.

Ова се најубавите пештери:

1. Son Doong Cave, Виетнам

najubavite-pesteri-vo-svetot-001.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-2.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-3.jpg


2. Пештера со мраз во близина на вулканот Мутновски, Русија

najubavite-pesteri-vo-svetot-4.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-5.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-6.jpg


3. Naica, Мексико

najubavite-pesteri-vo-svetot-7.jpg


4. Vatnajokull, Исланд

najubavite-pesteri-vo-svetot-8.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-9.jpg


5. Batu пештерите, Малезија

najubavite-pesteri-vo-svetot-11.jpg


6. Mendenhall, Канада

najubavite-pesteri-vo-svetot-12.jpg


7. Пештера во Алгарве, Португалија

najubavite-pesteri-vo-svetot-13.jpg


8. Glowworms, Нов Зеланд

najubavite-pesteri-vo-svetot-14.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-15.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-16.jpg


9. Tham Lod, Тајланд

najubavite-pesteri-vo-svetot-17.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-18.jpg


10. Kyaut Sae, Мјанмар

najubavite-pesteri-vo-svetot-19.jpg


11. Marble пештерите, Патагонија

najubavite-pesteri-vo-svetot-20.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-21.jpg


12. Phraya Nakhon, Тајланд

najubavite-pesteri-vo-svetot-22.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-23.jpg


13. Пештерата Ellison, САД

najubavite-pesteri-vo-svetot-24.jpg


14. Reed Flute, Кина

najubavite-pesteri-vo-svetot-25.jpg

najubavite-pesteri-vo-svetot-26.jpg

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 1,063 секунди.