|
Помош - ми опаѓа косата! |
Внеси реплика | страница <1 234 |
Автор | ||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Изменето од Valerija - 23.Ноември.2019 во 09:54 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Домашен лосион од кој косата повеќе нема да опаѓаПред да посегнете по хемиските средства, помогнете си со некои природни средства. Не ретко се случува да се соочуваме со овој проблем, опаѓање на косата. Пред да посегнете по хемиските средства кои се наменети токму за опаѓање на косата можеби и може да си помогнете со некои природни средства. Обидете се со лосионот кој може и самите да го подготвите дома. Потребни состојки за домашниот лосион се: 15 лажици сува коприва ситно исецкана 5 лажици цвет од камилица 300 мл вински оцет Начин на подготовка: Во 1,2 литри вода која врие ставете ја копривата. Потоа поклопете, тргнете го садот од оган и оставете нека стои два часа. По два часа ставете го садот повторно на оган и кога ќе се стопли ставете ја камилицата. Тргнете од оган и оставете нека отстои уште два шаса. Потоа процедете и додадете го винскиот оцет. Секоја втора вечер мачкајте се со овој лосион. Или правете го тоа кога знаете дека ќе бидете дома. За да ефектот биде поголем потребно е и да се масирате со лук, но поради силниот мирис многу често го избегнуваме. Затоа практикувајте го лосионот, но бидете редовни за да постигнете резултати. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Уникатна маска од кромид против опаѓање на косата Маската за коса со кромид е моќна исхрана на главата заради минералите и витамините кои се наоѓаат во овој плод. Таа ја хидрира кожата, го спречува опаѓањето на косата, ја подобрува структурата на влакото и го забрзува растот. Со помош на оваа маска ќе се ослободите и од првутот, па затоа е одлична алтернатива за скапите козметички препарати кои најчесто и не се делотворни.
Сите состојки добро промешајте ги и втријте ги на главата. Ставете капа за туширање или обична кеса. Главата замотајте и во пешкир. Маската чувајте ја 1 час, по што ќе ја измиете со благ шампон и умерено топла вода. За постигнување на долгорочни, позитивни резултати маската применувајте ја 2 пати неделно. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
3 грешки заради кои косата ви се проретчува и ви паѓаПроретчувањето и опаѓањето на косата е чест женски проблем од повеќе причини, но најважна е начинот на кој ја одржувате. Следните 3 навики најмногу влијаат на кршењето и пукањето на влакното, затоа ослободете се од нив што побрзо: Постојаното носење на патец на средина од темето ги ослабува влакната на секој можен начин. Пробајте на неколку дена или барем недели, да ја менувате неговата позиција.
Опавчето е најбрзиот и најлесниот начин косата да ја тргнете од лицето, но ви прави повеќе штета отколку корист. Подобро одвојте 5 минути плус за да сплетете опуштена плетенка. На тој начин ќе го спречите корнењето на влакната од темето, а со тоа и опаѓањето на косата.
Додека ја сушите косата, фенот секогаш треба да биде на растојание од барем 5 сантиметри од косата. Исто така најпаметно е да ги користите само прстите додека ја сушите, а дури откако 80% од влакната ќе бидат суви, да ја исчешлате. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Домашен витамински шампон против косопад: Додадете ги само овие 3 состојки и веќе никогаш нема да видите влакна по четкатаЕсента е период кога луѓето се најмногу склони да развијат косопад, а често оваа непријатна состојба е поврзана и со прекумерениот стрес, менопауза, бременост, загуба на телесна тежина и слично. Доколку од неодамна сте се соочиле со поголемо опаѓање на вашата коса, тогаш следниот домашен рецепт е вистинскиот за вас. Домашен шампон против косопадНајпрво, ќе биде потребно да купите шампон на природна база со неутрална рН вредност. За таа цел, може да употребите најобичен детски шампон. Природниот шамон се користи како основа во овој рецепт, а во истиот потребно е да додадете 3 клучни состојки. 1. Етерично масло од рузмаринМаслото од рузмарин придонесува за зголемување на крвотокот при скалпот, при што на овој начин е гаранција за целокупното здравје на косата. 2. Етерично масло од лимонМаслото од лимон ќе ја освежи косата и воедно важи за одличен антисептик. 3. Две капсули витамин ЕКапсулите може да ги пронајдете во аптека, а истите ефикасно ќе го спречат косопадот. Начин на подготовкаДодадете 10 капки етерично масло од рузамрин и 10 капки од етеричното малсо од лимон во шампонот. Следно додадете ги и капсулите витамин Е и добро протресете го шишето со шампон, пред истиот да го употребите. Начин на употребаОд голема важност е вака приготвениот домашен шампон да го користите секој ден. Нанесете го на врвот на косата и со нежни масирачки движења и триење, распространете ја добро смесата на скалпот. Оставете ги состојките да дејствуваат 10 минути, а потоа исплакнете со топла вода. По неколку недели редовна употреба, ќе ги добиете посакуваните резултати! |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
На секоја втора жена ѝ паѓа косата во моментот, но со оваа домашна маска, проблемот исчезнува веднашУште на почеток, експертите појаснуваат дека паѓањето меѓу 60 до 100 влакна дневно, не е сигнал за загрижување. Но, за време на стресни ситуации, ова количество може значително да се зголеми. Доколку количество ја надмине нормалата, тогаш е потребно навремено да реагирате. За таа цел, денес ви откриваме еден многу едноставен, евтин и моќен трик како да ставите крај на овој проблем, во домашни услови. Домашна пивска маска за растење на косатаПотребни состојки
Начин на подготовка и употребаПоставете ги бананата и жолчката во блендер и добро измешајте ги. Следно, додадете мед, исипете го и пивото (пивото претходно затоплете го) и повторно измешајте ги сите состојки заедно, користејќи го блендерот. Нанесете ја добиената смеса на скалпот, користејќи ги врвовите на вашите прсти. Третманот треба да се нанесе на чиста и влажна коса. Најпрво масирајте ја вашата коса нежно, а потоа завиткајте во крпа, но не заборавајте претходно да ставите пластична капа. Оставете ја маската да дејствува 2-3 часа, а потоа обилно исплакнете со топла вода. Користете ја маската 2 пати неделно. Зошто оваа маска е ефикасна?Пивото е моќен извор на витамини од групата Б, кои се неопходни за потхранувањето и нормалното функционирање на фоликулите на влакната. Тоа воедно содржи фосфор, железо и магнезиум- чудесна комбинација на елементи кои го поттикнуваат процесот на растење на косата, правејќи ја истата значително погуста. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
3 волшебни домашни маски против косопадот во студениот период: Ги зајакнуваат и обновуваат влакнатаЕсента и зимата се периодите од годината во која луѓето се најмногу склони кон развивање косопад. Тоа се должи на фактот што во текот на летото, косата била изложена на поинтензивни фактори, што значително ја ослабнале. Како резултат на тоа, таа започнува да паѓа, да станува потенка. За да го спречите овој непријатен процес, потребно е вашата коса да ја потхраните со правилните природни производи. За таа цел, денес ви претставуваме 3 волшебни домашни рецепти, кои се подготвуваат многу едноставно, а се неверојатно ефикасни! 1. Маска со рузмаринРузмаруинот е билка со чудесни својства. Таа го стимулира растот на косата, ја подобрува текстурата на влакната и ја подобрува нивната густина. Потребни состојки
Начин на подготовкаСварете ја водата, а потоа додадете го во неа и рузмаринот на неколку минути. Прецедете ја добиената течност и оставете ја истата да се излади. Масирајте ја претходно измиената коса со шампон, со домашниот раствор. Откако истиот добро ќе го нанесете на косата, оставете го да отстои 15 минути, а потоа само исплакнете, без повторно да ја миете вашата коса. 2. Маска со зелен чајЗелениот чај е исклучително богат со антиоксиданти. Тие ги обновуваат влакната и го спречуваат нивното понатамошно оштетување. Потребни состојки
Начин на подготовкаИзмешајте ги состојките, откако претходно сте го свариле и изладиле чајот. Добиената смеса нанесете ја врз вашиот скалп со помош на четка или масирајќи со вашите прсти. Оставете ја маската да дејствува 20 минути, а потоа измијте со ладна вода и добро исплакнете. Протеините во оваа маска длабоко ја потхрануваат косата и ја подобруваат состојбата на скалпот. 3. Маска со пченичен микроб, лимон и павлакаЛимонот ја прочистува косата и ги отстранува масните наслаги при истата, со што се смета за природен ексфолијант. Пченичниот микроб длабоко ги потхранува влакната, а павлаката ги хидратира и косата и кожата. Потребни состојки
Начин на подготовкаИзмешајте ги состојките во еден сад, откако претходно сте го исцедиле природниот сок од лимоните. Добро измешајте ја маската, а потоа нанесете ја по целата должина на косата, од коренот до врвот. Оставете да дејствува околу 90 минути, а потоа измијте ја вашата коса. Маската ги одзатнува порите на скалпот, ги отстранува масните наслаги и го помага обновувањето на косата. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Наша читателка ја споделува нејзината домашна маска, со која го спречи косопадот и косата ѝ стана двојно погустаСекоја дама мечтае за густа и здрава коса. Хемиските и термички процеси резултираат со значителни штети, при кои косата станува кршлива и склона кон опаѓање. Бројните купечки производи понекогаш немаат ефект, а пронаоѓањето на идеалниот шампон може да биде невозможна мисија, но и да нè чини скапо. За таа цел, денес ви споделуваме совршена алтернатива- домашно приготвена медена маска, која ефикасно ја прочистува косата и чудесно ја зајакнува. При нејзина редовна употреба, косата добива сила, волумен и сјај, а воедно се подобрува и забрзува и нејзиното растење. Домашна медена маска за косаПотребни состојки
Количеството на состојките може и да се зголеми, во зависност од должината на косата. Начин на подготовкаИзмешајте ја жолчката и додадете го медот и сенфот и добро измешајте ги состојките заедно, а потоа додадете го и чичковото масло и повторно измешајте ги состојките. Доколку смесата е премногу густа, може да додадете малку вода. Добиената маска се распределува по целата должина на сувата коса и се остава да отстои 15 минути, а потоа е потребно косата да ја измиете со топла вода. Температурата на водата е многу важна, бидејќи врелата вода може дополнително да ја оштети косата. Иако многумина стравуваат од мирисот на жолчката, истиот набрзо исчезнува, по темелно миење на косата. Потребно е определен период на време за да ги видите резултатите и редовно да го практикувате нанесувањето на маската, но по само неколку месеци, косата ќе го врати својот сјај и ќе се ослободите од проблемот со косопадот. Зошто оваа маска е ефикасна?
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Најефикасната домашна маска која веднаш го запира косопадот и ја обновува косата по бојадисувањеБез разлика на која возраст се, 18 или 60, речиси секоја дама мечтае за беспрекорно луксузна и раскошна коса со совршен волумен. Но, токму сега во есента поретко изглегуваме на чист воздух, а пак се изложуваме на надворешни фактори, од голема важност е правилно да се грижиме за косата. Денес ви откриваме како да ја подготвите најдобрата домашна маска проти косопад, за која ќе ви бидат потребни само 3 состојки. Истата содржи коњак, кој уште од дамнешно време е познат по тоа што ја зајакнува косата и значително го забрзува нејзиниот раст. Бадемовот масло ја одржува хидратацијата на корените, а јајцето го спречува прекумерениот првут. Најефикасната домашна маска против косопадПотребни состојки
Начин на подготовка и употребаВо соодветен зад, добро измешајте ги сите состојки заедно до добивање на една соединета смеса. Со помош на четка или прсти, нанесете ја маската врз целата коса, распоредувајќи ја подеднакво, започнувајќи од корените. Потоа завиткајте ја косата во крпа, бидејќи топлината ќе бидете вашиот најголем сојузник, кој ќе го зајакне ефектот на состојките. По половина час, измијте ја косата со топла вода и подобро исплакнете ја со шампон. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Внеси реплика | страница <1 234 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |