IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Храната како лек!
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Храната како лек!

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9101112>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Март.2014 во 07:42

’Рдокви – салата која треба да ја консумирате што почесто


Кога ќе ги здогледате ’рдоквите во зеленчуковото шаренило на тезгите, немојте воопшто да се двоумите дали со нив да ја збогатите вашата салата.

’Рдоквите се идеален избор во пролетниот период и нив треба што почесто да ги консумирате бидејќи се особено корисни за здравјето. Овие црвени топчиња се преполни со калиум, фолна киселина, антиоксиданси и претставуваат одличен извор на бакар, манган, како и витамин Ц, К и Б6. Исто така, содржат и калциум, железо, фосфор, цинк и натруим, но во помали количини.


’Рдоквите се нискокалорични, на вода отпаѓаат 95 проценти од нив, на јаглехидрати 3,4 проценти, а протеини и масти речиси немаат. Заради сето ова, ’рдоквите се одлични и за оние кои сакаат да слабеат. 

Лековитост на ’рдоквите

’Рдоквите може да помогнат кај проблеми со астма и болести на дишните патишта проследени со кашлица. Направете мешавина од ’рдокви, лимон и мед и оставете ја да отстои еден ден, по што ќе добиете природен сируп за искашлување.

Свежиот сок од ’рдокви всушност е стар народен лек кој помага против воспаленија на мочниот меур. Тој исто така содржи и антибактериски и антигабични својства, а помага и при лекување на жолтица бидејќи го нормализира производството на билирубин.

Некои студии покажуваат дека заради големата количина на витамин Ц, фолна киселина и антоцијанин, ’рдоквите може да придонесат и во лечење на карцином на дебелото црево, бубрезите, желудникот и грлото.


Како да одбирате и да ги чувате ’рдоквите

При купување, внимавајте плодовите да бидат тврди, а листовите зелени и свежи.

Кога ќе ги донесете дома, отстранете ги листовите и ’рдоквите неизмиени ставете ги во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 08:59

Оризот ги смирува болките на дебелото црево


За луѓето кои страдаат од воспалување на дебелото црево, најстрого се забранети пржени јајца, свинска маст и конзервирани јадења.

Сите ние имаме предрасуда, дека диетите се држат само за симнување на телесната тежина. Таа всушност преставува специфичен режим на исхрана, кој треба да ја одржува равнотежата во организмот.

Затоа секогаш треба да се води сметка, особено кога се работи за некое заболување, и кога адекватната исхрана е еден од најважните предуслови за оздравување. Денеска ќе пишуваме за оризот и за неговата голема помош против заболувањето на дебелото црево.

Во исхраната на пациентите со хронично воспалување на дебелото црево би требало да доминираат продуктите варени во солена вода и прелиени со маслиново улје и путер. Сите продукти треба да бидат свежи. За ова заболување се користи најмногу ориз варен во солена вода. Ако проблемите се смират, тогаш постепено може да се јаде варен компир, младо сирење, јогурт, кисело млеко и варено младо месо. Се препорачуваат ровко варени јајца и двопек.

За луѓето кои страдаат од воспалување на дебелото црево, најстрого се забранети пржени јајца, свинска маст и конзервирани јадења.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 09:00
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 09:53

Која храна го намалува шеќерот во крвта

Живот со редовно вежбање и балансирана исхрана е одличен начин за да го одржувате нивото на шеќер во крвта. Така на пример, за одржување на нивото на шеќер во крвта, се препорачува исхрана богата со здрави протеини и масти и намалување на јагленохидрати.

Но надвор од општите принципи, постои храна која конкретно помага во одржувањето на шеќерот во крвта. 

Чај 

Испитувањата направени врз животни покажаа дека зелениот, црниот, белиот и улонг чајот помагаат за контролирање на шеќерот. Едно истражување покажа дека после пиење на шест чаши чај дневно во текот на осум недели, шеќерот во крвта кај пациентот се намали за 15-20%.

Темно чоколадо

Еден важен аспект во контролата на шеќерот во крвта е тоа колку вашето тело може да се справи со инсулин. Откриено е дека темното чоколадо ја намалува инсулинската отпорност, витален дел кој помага во одржувањето на нивото на шеќер во крвта. Ова е одлична вест за љубителите на чоколадо - но внимавајте, чоколадото треба да биде темно.

Оцет 
Во изненадувачко истражување од Државниот универзитет во Аризона, откриено е дека оцетот има ист ефект како лек против дијабетес. Во истражувањето, на пациентите им била даена оцет која требало да се консумира пред јадење богато со јаглени хидрати. 

Ореви

Кога пациентите со дијабетес ги заменуваат оброците богати со јаглени хидрати со ореви тогаш тие ќе бидат во можност да го намалат нивото на шеќер во крвта. Оревите се здрав извор на протеини, како и многу хранливи материи, па тие се одличен избор за исхрана.

Семе од чиа

Ова малечко семе доаѓа од Јужно Мексико и Централна Америка и ебогато со омега -3 масни киселини, протеини и влакна. Ги има сите предиспозиции за одлична храна за дијабетичарите. Всушност, едно истражување покажа дека семето од чиа им помогнало на пациентите со дијабетес да го контролираат шеќерот во крвта и крвниот притисок.

Грав

Уште една храна богата со влакна и протеини. Гравот помага во намалувањето на ризикот за дијабетес. Без разлика на тоа дали сакате да ги спречите идните проблеми или сте во потрага за помош со проблемите што веќе ги имате, гравот е одличен прилог за вашата неделна исхрана.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 11:28
Што треба да јадеме во зима за да бидеме здрави?

Студените месеци безспорно го прават изборот на полезни храни потежок. Навистина природно одгледаните овошја и зеленчуци намалуваат, но ова не значи дека не е возможно да се исхрануваме здраво и квалитетно и во зимата.

Еве четири популарни кај нас храни за во зима, кои истовремено се и многу полезни и здрави:

Само една порција ферментирана зелка ќе ви ја обезбеди  дневната потреба од витамин Ц, а освен тоа зелката е богата и со витамини од Б групата, одговорни за работата на нервниот систем, здравиот сон и доброто расположение, понатака витамин ПП неопходен за густа коса и чиста кожа.

Компирите – ако раците ви измрзнуваат тогаш ориентирајте се кон нив, тие содржат многу калиум, кој ја подобрува циркулацијата.

Лукот – богат е со алицин, помага на организмот да се справи по лесно со вирусите и бактериите .

Киселото млеко – тоа учествува и го помага процесот на варење на храната како и ја олеснува апсорбцијата на витамините , го подобрува имунитетот и го штити организмот од инфекции.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 16:03

Чудесна храна: Намирници кои ги обновуваат вашите органи


За срцето порано се мислело дека не се регенерира.

Сигурно знате дека црниот дроб се регенерира. Неговите клетки живеат околу 150 дена, по истекот на кои старите клетки ги заменуваат нови, па црниот дроб може да продолжи да ја извршува својата функција на исфрлување на отровите од организмот.

За срцето порано се мислело дека не се регенерира, дека цел живот имаме “исто” срце, но истражувањата покажаа дека оваа пумпа на човековиот организам може да се обнови од три до четири пати во текот на животот.

Кожата се обновува на 28 дена, на коските им требаат околу 10 години, црвените крвни зрнца живеат околу 4 месеци, а што се однесува на мозочните клетки, тие не се регенерираст па тпа што сме го добиле со раѓање, сме го добиле (и затоа треба да ги чуваме).

Здравјето значи и добро регенерирање на органите, затоа што старите клетки мора да се заменат со нови за животот да може да продолжи. Храната е многу важна за оваа обнова и корисно е да се знае кои намирници се од најголема помош.

Обновување на нервните клетки

Постои широк спектар на природни состојки кои делуваат регенеративно на нервите. Едно истражување од 2010, објавено во Rejuvenation Research вели дека комбинација од боровници, зелен чај и карнозин (кој се наоѓа во риба, свинско и јунешко месо) ја помага нервната регенерацијата, како и регенерацијата на матични клетни кај животни со неуродегенеративни болести.

Други состојки со слично дејство се: куК*рмин (коренот од растението К*ркума), апигенин (кој се наоќа во целер, магдонос и артичока), боровница, жен-шен, црвена жалфија, резвератрол (во црвено вино, црно грозје и црна чоколада), матичен млеч, теанин (во зелен чај), кафе итн.

Постојат и други материи кои помагаат во оздравувањето на нервите преку поправање на обвивката на нервните влакна – миелинот. Исто така, музиката и заљубеноста влијаат позитивно на регенерација и обновување на невроните.

Регенерација на црниот дроб

Glycyrrhizin е соединение кое се наоѓа во коренот на сладунец и кое, според една студија преставува силен стимул за регенерација кај животни на кои хируршки им е отстранет дел од црниот дроб. Други материи кои помагаат за регенерација на црниот дроб се: carvacrol (од масло од оригано), curcumin (корен на растението К*ркума), корејски жен-шен, артичока, витамин Е (кој го има во тофу, спанаќ, бадеми, семки од сончоглед, авокадо, ракчиња, риби, маслиново масло, брокула и тиква).

b2

Регенерација на бета клетки

Бета клетките произведуваат инсулинот во панкреасот. Со следниве соединенија е успешно експериментирано за да им помогне на дијабетичарите: витамин D (кој го има во риби, кавијар, јајца, сирење), К*ркумин, аргинин (го има во црвено месо, соја, јајца, морска храна, сусам), авокадо, диња, блитва, пченична свила, стевија, сулфорафан (во брокула, кељ, прокељ, зелка, карфиол).

Хормонска регенерација

Една од состојките која ги обновува хормоните, ослабени поради губење на електроните, е витамин Ц (кој најмногу го има пиперки, кељ, киви, брокула, јагоди, портокали, грашок). Овој витамин има способност за враќање на формата и функцијата на естрадиолот (естроген, Е2), прогестеронот и тестостеронот, кој може да биде добар додаток или замена за хормонска терапија.

Mixed Nuts

Регенерација на срцевиот мускул

До неодамна се сметаше дека мускулното ткиво не е предмет на регенерација. Новите истражувања покажуваат дека постојат елементи кои ги стимулираат клетките од кои е изграден срцевиот мускул што го сочинува здравото срцево ткиво. Што да јадеме? Resveratrol (црвено вино, црно грозје, темно чоколадо) , сибирски жен-шен, N-ацетил-цистеин (овесни снегулки, свинско, пилешко , пченица, младо сирење).

Регенерација на ‘рскавицата и зглобовите на’ рбетот

К*ркумин и ресвератролот добро се имаат покажано при закрепнување од повреда на ‘рбетниот мозок, и за остеоартритис – дегенеративно заболување на зглобовите. Постои широк спектар на потенцијално регенеративни супстанции кои се наоѓаат во: коприва, рибино масло, и друга храна богата со витамин Е.




Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 16:03
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 18:13

Продукти за здрав црн дроб


Лукот е богат со сулфур, минерал кој му помага на телото да се ослободи од токсините.

Еден од најважните органи во организмот е секако црниот дроб, бидејќи е одговорен за повеќето функции на метаболизмот. За да го зачувате здрав и функционален, ви препорачуваме шест здрави продукти кои би требало да ги консумирате.

Авокадото го содржи антиоксидантот глутатион, кој му е потребен на црниот дроб за отстранување на штетните материи.

Лукот е богат со сулфур, минерал кој му помага на телото да се ослободи од токсините. Лукот го намалува холестеролот и нивото на триглицеридите. Исто така се користи во лекувањето на вискиот крвен притисок, атеросклероза и болестите предизвикани од бактерии.

К*ркумата или индискиот шафран може да се користи како зачин во вашата исхрана. Тој ја интензивира бојата, а корисен е за црниот дроб. Му помага на организмот во варењето на мастите и се однесува како природен детоксикант на црниот дроб.

Грејпфрутот е богат со витамин Ц, а содржи и антиоксиданти. Со внесувањето на ова овошје или на неговиот сок му помагате на телото да ги отстрани канцерогените и токсините.

Спанаќот е зеленчук кои ги неутрализира хемикалиите и го подобрува одбранбениот механизам на црниот дроб.

Цитрусите како лимонот и портокалот се богати со витамин Ц, а на телото му помагаат при отстранување на токсините. Освен тоа, го подобруваат и процесот на варење.




Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 18:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 22:07

Спанаќ за подобар вид


Спанаќот содржи А, Ц и К витамини, магнезиум, калциум, влакна и бета каротен..

Повеќе од 30 отсто луѓе на светот почнуваат на одреден начин да го губат видот кога ќе влезеш во 50-тата година од животот. Еден од најдобрите зеленчуци што го спречуваат губењето на видот е спанаќот. Предност на спанаќот е и што е нискокалоричен, а богат со хранливи материи.

Спанаќот содржи А, Ц и К витамини, магнезиум, калциум, влакна и бета каротен.

Макуларната дегенерација е болест на окото поврзана со стареењето која постепено го уништува централниот вид.  Ја зафаќа жолтата пега, таканаречена макула која е најразвиен дел од мрежницата. Затоа постепено се губи централниот, а останува периферниот вид.

Дел од заштитата на мрежницата е и лутеинот, природна материја која делува како филтер на сончевата светлина, апсорбирајќи ги опасните УВ зраци. Исто така е и антиоксиданс кој помага за одржување на здравјето на очите. Самиот пигмент доаѓа од здравата исхрана која секако го вклучува и спанаќот.

Спојот на каротеноиди односно, лутеин и зеаксантин , што ги содржи спанаќот, го намалува ризикот од губење на видот. За уште подобра заштита комбинирајте го спанаќот со производи што се богати со витамини Ц и Е, бета каротен и цинк.

Спроведено е и истражување кое го утврдило влијанието на спанаќот врз видот. Била вклучена група луѓе кои имале рани знаци на болеста. Одредено им било шест месеци да јадат секојдневно спанаќ и на крајот, кога научниците го испитале нивниот вид увиделе дека спанаќот ја забавил, па дури и ја поправил штетата која старосните години им ја направиле на испитаниците.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 22:07
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 22:10

Зошто треба да се јаде пиперка?

Паркинсоновата болест е болест којашто го пореметува движењето..

Новото истражување објавено во магазинот „Annals of Neurology“ открива дека консумирањето  на пиперките може добро да влијае врз мозокот и е добра превенција од можно развивање на Паркинсонова болест.


Паркинсоновата болест е болест којашто го пореметува движењето. Вистинската причина за болеста се'уште не е позната, но се појавува кога е присутен нерамномерност меѓу два молекули во мозокот - допамин и ацетилхолин. Тие пренесуваат пораки меѓу нервните клетки кои ја контролираат мускулната функција.

Симптомите вклучуваат треперење на телото, забавени движења, вкочанетост и нестабилност. Звучи прилично страшно особено затоа што се'уште не е пронајден лек.

Научниците од Универзитетот Вашингтон спровеле истражување на 490 заболени лица и 644 здрави лица во кое ги зеле во предвид нивните навики во исхраната. Од  зеленчукот најефикасна се покажала пиперката, а нејзиното консумирање минимум четири пати неделно го намалува ризикот од развивање на оваа болест за дури 30%.

Резултатите покажуваат дека пиперките содржат мали дози на таканаречен никотин што се јаде. Никотинот во пиперката е сличен на оној во цигарите, но помалку токсичен и штетен за останатите делови на организмот.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 22:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 22:15

Чудо од десерт: Лимон и јајца против грип и настинка


Десертот е вкусен и делотворен во борбата против настинките.

Потребни состојки:

* 2 лимона – кората и сокот

* 100гр шеќер во прав

* 100гр кафеав шеќер

* 60гр несолен путер

* 3 јајца

Подготовка:

Изрендајте ја ситно кората на лимоните (претходно добро измиени) и исцедете го сокот. Измешајте ги двата вида на шеќер, додадете го путерот, сокот и кората од лимон. Изматете ги добро јајцата и додадете ги во смесата со лимон. Смесата ставете ја да се вари на пареа, постојано мешајќи, додека не се згусне како крем, а шеќерот не се стопи целосно. Кремот не треба да зоврива! Додека е уште топол ставете го во тегли и превртете ги да се ладат со капачето надолу. 

Чувајте го кремот на ладно место. Може да стои неколку месеци.



Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 22:15
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Април.2014 во 08:33

Брокули за третман на рак на дојка


Според истражувачите за голем ефект брокулата треба да се конумира по 3 - 4 пати неделно.

Брокулите ги зголемуваат заштитните ензими во ткивото на градите, со што штитат од развој на рак на дојка.

Се чини дека материите содржани во брокулите, помагаат за создавањето на друга супстанција - сулфорафан, која се препишува на пациенти болни од рак. Научниците од САД од Институтот за храна открија дека супстанцата помага за одржување на здрав баланс на антиоксиданси во човечкиот организам, пишува агенцијата БГНЕС.

Според истражувачите за голем ефект брокулата треба да се конумира по 3 - 4 пати неделно за да може да помогне за забавување на растот на клетките, при што ќе го зголеми нивото на заштитните ензими во ткивата на дојката, така барем тврдат истражувачите.

Брокулата е богата со витамин Ц,микроелементи - калциум, магнезиум, железо, калциум и цинк. Со овој состав брокулите се редат не само над сите свои роднини, но и излегуваат на првите места меѓу сите хранива во светот. Многу се корисни и за сите идни мајки поради бројните витамини и микроелементи и тоа во природна форма.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2014 во 17:24

Што се можеме да излечиме со листови од зелка


Со помош на листови од зелка можеме да лечиме и воспаление на тетивите.

Облогите направени од листови зелка се мошне полезни при лечење на разни болести. Тука можеме да спомнеме болести како што се гангрена, епилепсија, бронхитис, главоболка, глисти, воспаление на грлото, гнјни чиреви, осип и сл.

Со помош на листови од зелка можеме да лечиме и воспаление на тетивите, болки во зглобовите, болки во колениците, проширени вени, воспаление на мочниот меур, мигрена, воспаление на мускулите, акни, изгореници, отоци и сл.

За лечење на горе набројаните болести и потешкотии, а ги има навистина многу, најдобро е да ги користите најголемите листови од зелката. Се употребуваат сите видови зелки за лечење, но најефикасна е црвената зелка. Пред употреба листовите се мијат и се сушат, па се поставуваат на болното место. Се прицврстуваат со завој и фластер, па треба да отстојат цела ноќ, додека спиете. Секој ден се прави нова облога.



Изменето од Valerija - 02.Април.2014 во 17:24
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2014 во 08:12

Кељ-неверојатно здрав зеленчук

Тој е добар извор на калциум, магнезиум, витамин К, витамин А, витамин Ц.

Ако сакате да бидете здрави, не можете да го избегнувате зелениот зеленчук, а кељот е еден од најхранливите.

Тој е добар извор на калциум, магнезиум, витамин К, витамин А, витамин Ц, растителни влакна, железо, фолна киселина, аминокиселини, антиоксиданти флавоноиди и лутеин. Лесно се приготвува на разновидни и вкусни начини. Само 70 грама кељ содржат 206% од дневно препорачаната дозана витамин А, 134% витамин Ц, 684% витамин К! Ваква концентрација на витамини и антиоксиданти ретко ќе најдете во било кој друг зеленчук. Значи, зеленчук што ќе ви обезбеди здравје за очите, коските, кожата, забите и имунолошкиот систем. Делува превентивно против неколку видови на рак Истражувањата покажале дека со внесувањето на кељот, не само што ги намалуваме шансите за настанување, туку му помагаме на телото да се лекува од 5 видови на рак, вклучувајќи го тука ракот на бешика, на дојка, на дебело црево, јајници и простата. Превентивните својства на кељот се поврзани со необично големи концентрации на два вида на антиоксиданти, каротиноиди и флавоноиди. Од каротиноидите значајни се лутеинот и бета каротинот кои имаат антиоксидативни својства и го намалуваат ризикот од развој на катаракта, атеросклероза и хронични опструктивни болести на белите дробови. Иако се смета за зимски зеленчук, кељот го има во текот на целата година. Во зима е најсладок, а доколку овене или стане кафеавкаст, станува малку погорчлив. Може да се вари, но може и да се јаде сиров или да се додаде во миксерот кога се прави сок од зеленчук. Може да се бланшира, да се вари на пареа или да се пржи. Во јадењата може да ги замени спанаќот или зелката. Можете да го исечкате ситно како магдонос и да се додаде во салати или супи. Му дава боја и специфичен вкус на речиси секое јадење.




Изменето од Valerija - 03.Април.2014 во 08:13
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
pajser Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
kloshar

Регистриран: 04.Март.2011
Локација: Lao People's Dem. Rep.
Статус: Офлајн
Поени: 13921
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pajser Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Мај.2014 во 22:44
,,,malku ,da zaprzham chorba i tuka,,,eve mu  mozhnost i na sveto da postira recepti,,ako ima slichna tema ,,spojuvajte ,,prefrlajte ,,,sho sakate praite,,голема насмевка,,,


Похован кромид

  
Кромидот претставува вистински склад на витамин Ц и фолна киселина, а потоа за калиум, калциум и фосфор.

Познато е и дека кромидот помага во намалување на зголемениот холестерол, па заради тоа често се препорачува за одржување на здравјето на срцето и крвните садови. Уште од дамнешни времиња е познат и признат како антибиотик и антиретик - благодарение на витаминот Ц и кверцетинот. Заради тоа, многу луѓе редовно го користат.





Изменето од pajser - 22.Мај.2014 во 22:45
nesluchajno ne veruvam vo sluchajnosti<>sekoja sluchajnost e kontrolirana
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Мај.2014 во 10:41

10 добри причини за полна чинија цреши


Пролетта пристигна, што значи дека сега ќе можете неограничено да уживате во дивиот вкус на црешите и нивните бројни позитивни влијанија.

10-dobri-cinii-za-polna-cinija-cresi-01

Освен свежи, црешите се здрави и како додаток во колачите и слатките десерти.

А, овие 10 причини ќе ве натераат уште денес да посегнете по чинија полна цреши:

1. Го подигнуваат нивото на енергија

Со консумирањето на цреши на природен начин ја враќате енергијата во телото. Природните шеќери во нив ви го подобруваат расположението, па затоа доволни ви се само 10-тина цреши за да се чувствувате посреќно.

2. Ви помагаат полесно да спиете

Ако имате проблем со непреспани ноќи, секојдневно консумирајте по неколку цреши. Тие содржат мелатонин кој им помага на луѓето кои страдаат од несоница.

3. Добри се за видот и кожата

Богати се со витамин А кој го подобрува видот, а ретинолот кој е составен дел од овој витамин и помага на кожата да изгледа здраво и свежо.

4. Го спречуваат ракот

Дали знаевте дека со редовно консумирање цреши може да се изборите со одреден тип на рак? Антиоксидансите кои се нивна главна состојка ги намалуваат шансите за брзо стареење на телото.

5. Го подобруваат варењето

Заради големата количина на влакна, црешите го подобруваат варењето и го намалуваат нивото на холестерол во крвта.

10-dobri-cinii-za-polna-cinija-cresi-02

6. Ја намалуваат болката

Црешите се одличен извор на антоцианин кој ги намалува болките и отоците, а покрај тоа и ги ублажува симптомите на артритисот.

7. Ги спречуваат грчевите во мускулите

Иако бананите имаат многу повеќе калиум од црешите, оние кои не го сакаат ова јужно овошје, лесно можат да го заменат со чинија полна цреши. Тие делуваат благотворно на грчевите во мускулите, но и ја намалуваат болката при менструалниот циклус.

8. Ги подобруваат функциите на мозокот

Ако чувствувате дека сè почесто сте заборавени, црешите може да ви помогнат да си ја вратите концентрацијата.

9. Добри се за срцето

Со консумирањето на цреши барем еднаш во денот го намалувате ризикот од срцеви болести, па затоа јадете ги колку повеќе можете.

10. Имаат антивоспалително дејство

Едно од најважните својства на црешите е токму антивоспалителното. Затоа, препорачливи се за сите спортисти и повозрасните лица кои страдаат од болки во телото.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 9101112>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,187 секунди.