|
Менструација... |
Внеси реплика | страница <12 |
Автор | ||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Совет од гинеколог за сите девојки/жени за време на менструалниот циклус.
Кога се туширате млазот на вода секогаш да се слева од стомакот надоле,никако обратно,особено да се внимава на насоката на млазот кој не смее да оди кон вагиналиниот отвор,затоа што на тој начин се овозможува дел од нечистотијата да се врати внатре и со тоа да се создадат услови за инфекции,а сите знаеме дека во тој период жената е подложна на нив. Значи туширање на ваков начин да,а седење во када НЕ,заради истите причини и уште една дополнителна.....подолга изложеност на топлина,седење врз термо печка или подолго лежење во када со топла вода предизвикува продолжени и обемни крварења. Јас си ги следам овие упатства,а вие како сакате изборот е ваш. |
||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||
kumanovecot
Нов член Регистриран: 15.Јули.2009 Статус: Офлајн Поени: 5 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
imam 43 godini i vo poslednite tri meseci imam ciklus na 20 dena t.e. dvapati vo mesecot dali e toa nesto sto treba da me zagrizi i da se javam kaj ginekolog.Dosega imav redoven ciklus na sekoj 27 do 29 dena.Blagodaram za pomosta ako ima nekoj da mi pomogne so svoe iskustvo i predlog sto za ponatamu.
|
||||
Renatax
Сениор Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Што и да е да му/и одговориме,јас ќе се обраќам во женски род без оглед на никот.
Значи пред се да те растеретиме од стравот,се случува вакво нешто како последица на стресни состојби,кај некои жени стресна состојба се манифестира со доцнење намесечен циклус,а кај некои подранува. Можно е и дупла овулација. Постојат и други причини за вакви состојби( оваријални цисти,миоми на матка),но се надевам дека не е случај и со тебе. За да бидеш начисто,посети си гинеколог и едно вагинално ехо ќе ги избрише сомнежите и стравот. |
||||
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
||||
rodeoblue_xx
Нов член Регистриран: 21.Ноември.2012 Статус: Офлајн Поени: 11 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
VAKA SEGA MOLAM ZA POMOS DALI NEKOJ MU SE IMA SLUCENO VAKVO NESTO DEVOJKAMI TREBASE DA IMA MENSTRUACIJA PRED EDNA NEDELA A TAJA IMALO SAMO NEKOLKU KAPKI KAFONO I TO , PA SE PLASAM DA NE SE RABOI ZA NEKOJ BREMENOST STALNO SE PAZIME JAS LICNO NE VERUVAM, NIKOGAS NE SUM NAPRAVIL NISTO VO NEZE , PA MOLAM ZA POMOS DALI IMA NEKOJ VAKVA SLUCKA POZDRAV
Изменето од rodeoblue_xx - 12.Мај.2013 во 14:22 |
||||
gonzo
Сениор Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Купете тест за бременост, за работите да станат појасни...
|
||||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
||||
malaka
Група Регистриран: 22.Декември.2012 Статус: Офлајн Поени: 85 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
trudna e 100 posto abe ti moze ne si napravil, drug napravil |
||||
BiBi_G
Сениор СТАРОСЕДЕЛЕЦ Регистриран: 27.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 3175 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
ili pak da si pojdat na ginekolog da im se razjasni celosno |
||||
NO MATTER WHAT WILL HAPPEN I WILL ALWAYS SMILE! |
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Решение за болните менструални грчеви можете да пронајдете во мешавина од билни чаеви и лесна масажа во пределот на стомакот. Болките за време на менструацијата или менструалните грчеви не се ретки, а повеќето жени ги чувствуваат, но со различен интензитет. Активните болки во стомакот, придружувани од главоболка, мачнина, повраќање и надуеност најизразени се во првите денови на менструалниот циклус, но може да потраат и во следните денови. Познат лек е масирање на стомачниот предел со етерично масло од камилица, јасмин, жалфија и гераниум што ги смирува грчевите и ги намалува болките. Билниот чај подготвен од мешавина од малина, нане и маточина дава одлични резултати и ги намалува болките. Ѓумбирот е одличен лек против болните менструации, а од него може да направите чај или да го додадете свежо рендан во некој друг чај. Сварете неколку листови босилек во вода и подгответе си чај. Би требало да пиете по еден мал филџан на секој час, за време на менструалниот период. За да си го подобрите вкусот, може да додадете малку цимет. Ако ви е тешко да пиете чај од босилек заради вкусот, додајте го во храната која ја подготвувате. Слично дејство има и магдоносот. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Radmila Rada
Нов член Регистриран: 12.Декември.2013 Статус: Офлајн Поени: 38 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Валерија, Благодарам за добрите совети за намалување на менструалните болки со чаеви и масажа...Не сум ги знаела а имам страшни циклуси, така да ќе ги применам уште наредниов пат...само Дај Боже да не ми дојде...
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
5 начини како да ги победите менструалните болкиХормоните се главен причинител за ментруалните болки, но постојат и други фактори како што се недостаток на витамини и минерали, пресолена храна и алкохол и кофеин. Најчести симптоми на ПМС:-нагли промени на расположението Ако препознавте некои од овие симптоми време е да ги земете работите во свои раце и со помош на мали животни промени да се ослободите од најлошите симптоми. 1. ВежбиИако додека имате менструација не ви се прави ништо, а најмалку да вежбате, редовната, лесна физичка активност може значително да ги намали болките. Ќе ви го поправи и расположението, ќе ја засили циркулацијата и ќе ја намали подуеноста. 2. ИсхранаВо текот на циклусот јадете што повеќе овошје, зеленчук и цели житарки, но најважно е да избегнувате солена и блага храна, големи количини на алкохол и кофеин. 3. СонМногу жени во текот на циклусот или пред тоа не можат да заспијат или во текот на ноќта често се будат. Обидете се да бидете доследни и обидете се да отспиете 7 до 8 часа. 4. СтресЖените кои поминуваат низ стресен период две недели пред менструацијата имаат три пати поголеми шанси да имаат болен циклус и зголемени симптоми како раздразливост, тага и депресија, односно психички симптоми. Пронајдете го својот филтер со вежби за дишење, прошетка или некоја физичка активност. 5. ПушењеИако пушачите нема да бидат одушевени со оваа теза, докажано е дека цигарите ги зголемуваат менструалните болки. Како поради здравјето така и поради ПМС-от најдобро е да престанете да пушите или барем намалете го бројот на цигари на минимум. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
|
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||
Збогум за болната менстрација Кога сте во “оние денови”, често и најсилните лекови против болки немаат ефект.Но, затоа тука се растенијата, кои со своите лековити својства можат да ве ослободат од мачната менструална болка. Менструалните болки не се ретки, а повеќето од жените ги имаат искусено. Акутната стомачна болка, придружена со главоболка, гадење, повраќање и надуеност, се најчести во првиот ден од менструалниот циклус, но можат да потраат и до вториот, третиот, па дури и четвртиот ден. Доколку ја масирата стомачната област со етерични масла од камилица, јасмин или жалфија, грчевите и болките ќе се намалат. Исто така, билниот чај подготвен од мешавина на малини, нане и лимон дава одлични резултати во намалување на болките. Ѓумбирот исто така е одличен лек за болните менструации, а од него може да направите чај или да го користите свежо изрендан како додаток за чај. Сварете неколку листови босилок. За да ви биде полесно во текот на целиот циклус, пијте по еден мал филџан на секој час ( само за време на менструалниот циклус). За да го поправите вкусот, додајте цимет во прав. Ист ефект има и чајот од магдонос. |
||||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||||
Внеси реплика | страница <12 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |